Скопје

Вработен во Град Скопје вербално нападнал жена, Шилегов се извини и најави дисциплинска комисија

Во врска со денешниот вербален инцидент помеѓу вработен во Град Скопје во барака 16 и граѓанка која барала услуга од Градот, ја известувам јавноста дека ќе биде формирана дисциплинска комисија во рамките на Градот, која ќе ја утврди одговорноста на вработениот, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој во продолжение на својата објава  се извини до госпоѓата која била вербално нападната:

Во мое лично име, но и како градоначалник на Скопје, се извинувам на граѓаните и кон госпоѓата која беше вербално нападната. Не постои оправдување за таков однос кон граѓаните !

На почеток