Македонија

Изречена најстрога дисциплинска мерка за советникот на Чулев

Во однос на информациите објавени во јавноста во текот на изминатиот период, а за постапување на советникот во Кабинетот на Министерот Чулев на денот на изборите, ја информирам јавноста дека во текот на вчерашниот ден на лицето Зоран Ѓоргевски по предлог на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди му беше изречена суспензија од работното место,  а во текот на денешниот ден по иницијатива на истиот оддел беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност при што од страна на дисциплинска комисија до Министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка.  Предлогот е прифатен од страна на Министерот Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка.

Во текот на изминатиот период во неколку наврати Министерот Чулев потенцираше дека законите се спроведуваат неселективно без разлика на партиската, верската и национална припадност, а постапувањето во конкретниот случај е уште една потврда за таа заложба.

На почеток