Македонија

Македонските „Анонимуси“ најавија дека следна цел им се извршителите

Анонимните хакери од земјава најавија преку „Твитер“ дека следна цел им се извршителите.

„Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, се наведува на профилот на анонимната хакерска група.

Откако утрово беше хакирана веб-страницата на Министерството за здравство, хакерите на „Твитер“ пишуваат дека тие во ниту еден момент не го загрозиле серверот за е-пошта на здравство, туку направиле екстракт на е-поштата.

„Сајтовите и серверот за е-пошта се изгасени од страна на шалабајзерите кои се систем-админи во тие министерства“, се наведува на профилот „AnonOpsMKD“.

Претходно од Министерството за здравство објавија дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените е-адреси на вработените во институцијата.

Одговорноста за хакерскиот напад ја презеде групата што стои зад профилот „AnonOpsMKD“, а која претходно призна дека е одговорна и за паѓањето на македонскиот агрегат за вести Тајм.мк.

 

На почеток