Добитничката на два Оскара, Оливија де Хевиленд почина мирно од природни причини во неделата во нејзиниот дом во Париз, откако го прослави 104. роденден на 1 јули.
Родена како Оливија Мери де Хевиленд во 1916 година во Токио, таа беше последната голема филмска sвезда од златното време на Холивуд.
Таа се истакна како партнерка на Ерол Флин во авантуристичките филмови „Капетан Блад“ во 1935 година и „Авантурите на Робин Худ“ во 1938 година.
Најпозната е по улогата на Мелани Хамилтон во филмот „Одвеано со виорот“ од 1939 година. Таа ја доби првата од петте номинации за Оскар за оваа споредна улога.
Престижната награда ја доби во 1946 година за најдобра актерка во филмот „Секому своето“, а потоа во 1949 година за улогата во филмот „Наследничка“.
Де Хевиленд е постарата сестра на актерката Џоан Фонтејн.
