Скопје

Парк шумата Гази Баба ќе добие фитнес зона

Тендот на поставување фитнес зони низ општините во Скопје продолжува во општина Гази Баба.

Денеска, градоначалникот на општина Гази Баба, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го означија почетокот на изградбата на фитнес зоната во парк шумата Гази Баба, во Железара.

Реквизитите кои ќе бидат поставени, ќе бидат прилагодени за секоја воздраст, а дел од нив ќе бидат и адаптирани за лица со хендикеп. Фитнес зоната ќе се простира на површина од 200 метри квадратни, а рокот за изградба е 30 дена.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски потенцира дека искористеноста на фитнес зоните е на максимално ниво, што претставува мотивација за поставување на дополонителни фитнес зони и во останатите општини во Скопје.

Следна општина каде што граѓаните ќе можат да се рекреираат на отворено ќе биде Кисела Вода

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток