Скопје

Виршли со отров расфрлани низ Кисела Вода

Жители на Кисела Вода забележале отров во расечени виршли расфрлани на улица Марко Орешковиќ, објави Сител. Преку фотографии испратени до медиумите граѓаните алармираат на опасноста која демне од јавните површини во оваа општина, пишува Фокус.

Проблемот со труење на животните е се уште актуелен. Невладината организација за заштита на животни „Анима Мунди“ со месеци предупредува дека трујачите се се уште активни и дека е забележан отров на повеќе локации низ Скопје, кој претставува опасност како за животните, така и за граѓаните.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток