Актуелно

Нухиу одржа работна средба со Италијанскиот заменик амбасадор Ликуори    

Денеска, министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со заменик амбасадорот на Италијанската  Република во  Скопје г. Алесио Ликуори.

На средбата беа потврдени пријателските односи,  довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од взаемен интерес,  со фокус  на продлабочувањето на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам. Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведуваа во нашата држава, активностите кои се преземаат по нивното  завршување, како и активностите  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид – 19“.

На почеток