Свет

СЗО: Младите се одговорни за последното ширење на коронавирусот

Светската здравствена организација вели дека последното ширење на коронавирусот низ Европа можеби се должи на зголемениот број заразени меѓу млади луѓе. Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа, вели дека властите треба подобро да комуницираат со младите.

„Поголем број земји се соочуваат со локални ширења на коронавирусот и со пораст на бројот на нови случаи. Она што го знаеме е дека тоа е последица на промената на однесувањето на луѓето. Примаме извештаи од здравствените власти од повеќе држави дека е регистрирано зголемување на бројот на нови случаи на зараза меѓу млади луѓе“, изјави Клуге.

 

На почеток