„Гладна кокошка просо сонува„ напиша пред неколку часа потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил.
Овој негов статус доага по пишувањата на весникот на албански јазик Коха, според кој дека е постигнат договор за премиер, со тоа што три години владата ќе ја раководи премиер од СДСМ и една година премиер Албанец, според концепт на “ротирачки премиер”.
Инаку информацијата дека е постигнат договор со ротирачки премир ја демантираше и генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби.
Тој на Фб напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните. Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста.