fbpx
саб. Авг 1st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Професор Пановски: Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски во изјава за ТВ Телма вели дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

„Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска“, вели д-р Пановски.

Според него, протоколите мора да бидат сменети, бидејќи прописите што се носат, како овој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.

„Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно“, вели професорот.