Жестоки реакции на социјалните мрежи за тоа што се случува деновиве во Градиште. Тоше Зафиров премалку објави статус во кој објаснува што затекнал таму. Зафиров пишува:
- За да го поминеш овој мост, доколку сакаш да одиш на некој од плажите на Градиште треба на овој момци да им платиш 200 ден небаре нивни е мостот.
Покрај тоа нивниот арогантен однос на највисоко ниво
- Не носење на никаква заштитна опрема (Маска, нараквици) со што го загрозуваат здравјето на посетителите.
- Немаат никаков означен документ дека тие си го купиле мовчето, не издаваат никаква фискална сметка.
- И ти стваат печат на рака како на животно пред колење.
- како на прiмер во Ибица – Шпанија ни на една плажа не се наплаќа влез, ниту пак паркинг за кола, затоа секогаш е преполно.
Од каде ваква дрскост, прашува Зафиров, некој да ти го ограничи правото на движење.
Тој додава:
- 15 минити на оваа паранормална пораја не можев да издржам и си заминав од нашето Градиште. Секоја чест на Градските плажи како: Парк, Кадмо, Голден … и многу други кои што нудат навистина професионален пристап, напиша Зафиров на ФБ.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=955176898279816&id=100013625445097