Македонија

Георгиески: Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите – вонредни активности за чистење на Охрид

Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите кои престојуваат во Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведуваат секојдневни вонредни активности за чистење на повеќе јавни локации во градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот додава:

Освен отстранување на несоодветно депонираниот отпад, секое утро се врши и чистење на градскиот парк, градскиот кеј, чаршијата, плоштадот, пристаништето, стариот дел на градот и пешачката патека кон Горица.

Ваквите активности за одржување на јавната чистота во градот, ќе продолжат интензивно и во текот на наредниот период.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.647691692503104/647691282503145/?type=3&theater

На почеток