Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува под зајакнати мерки за заштита од коронавирус. Пратениците се со заштитни маски, а на влезот им се мери температура пред да им биде дозволен влез во зградата на парламентот.
Поради неопходноста од одржување растојание меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието, односно во салата позната како Големата купола. Гласањето ќе се одвива рачно, со картончиња.
Според Уставот, претседателот Стево Пендаровски е должен да му го довери мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот потоа има рок од 20 дена да формира влада. Ниту една партија го нема потребното мнозинство.
На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата АА и Алтернативата – 12, Левицата два и еден ДПА.