На Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина експлодира боца со кислород, пренесува „Косово онлајн“.
Во несреќата повреден е пациент кој се лекувал од Ковид-19 и кој бил на кислородна терапија, пишува „Љајми“.
Приштинскиот медиум наведува дека пациентот се здобил со повреди и изгореници на горните екстремитети.
Сведок посочува дека експлозијата се случила затоа што немало никој да му помогне на пациентот во лични потреби.