Македонија

Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

Македонските војници кои се дел од мисијата на Обединетите нации во Либан УНИФИЛ се безбедни  и сигурни по огромната експлозија што го стресе главнот град Бејрут вчера попладне, соопшти Министерството за одбрана.

„Во мисијата во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут“, велат од Министерството за одбрана.

По вчерашната експлозија близу пристаништето во Бејрут има повредени морнарички мировници во мисијата УНИФИЛ на ОН.

Во експозијата загинаа над 100, а повредени се над 4.000 луѓе.

На почеток