На социјалните мрежи се шири видео од Бејрут, на кое се гледа како татко се обидува да го заштити и смири синот по огромната експлозија во која загинаа повеќе од 100 луѓе.
На снимките се гледа како таткото го гушка својот син, а потоа го зема во рацете и се обидува да го стави под маса.
„Ова ме доведе до солзи, толку тажно и толку нереално“, напишаа твитерџиите откако беше објавено видеото.
Во огромна експлозија во Бејрут загинаа од 100 луѓе и повредени се повеќе од 4.000, јави АФП, повикувајќи се на либанскиот Црвен крст. Официјалните лица очекуваат бројот на загинатите да продолжи да расте.