Свет

Падна либанската влада, протестите продолжуваат

Владата на Либан, предводена од Хасан Диаб, поднесе оставка, но протестите во земјата по големата експлозија во Бејрут продолжуваат.

Демонстрантите продолжуваат со протетсите иако нивното главно барање беше Владата да понесе одговорност за експлозијата во која загинаа најмалку 160 лица. Тоа и се случи попладнево, кога министерот за здравство Хамад Хасан соопшти дека владата е во оставка. – Целата Влада поднесе оставка, соопшти Хасан. Истражен судија денеска почна да ги испитува директорите на безбедносните агенции на Либан за разорната експлозија. Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 160 луѓе, а 6.000 се повредени, додеа 20 се водат како исчезнати.

На почеток