Група граѓани се собраа пред Универзалната сала на протест против најавите за нејзино рушење.
Граѓаните испратија апел и побараа реконструкција и да не се урива Универзална, на собирот во организација на граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“.
Поддршка на иницијативата дадоа голем број музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери и менаџери.
Собирот доаѓа после најавата на градските власти за рушење на Универзана сала и претворање на просторот во отворена летна сцена.