Свет

(Видео) Во штала за коњи откриена најголемата лабораторија за кокаин во Холандија

Најмалку 17 лица се во притвор, откако полицијата изврши рација во поранешна штала за јавање во Холандија.

Шталата била претворена во најголемата лабораторија за производство на кокаин во земјата, пренесоа тамошните медиуми. Лабораторијата имала капацитет за производство до 200 килограми кокаин на ден.

Тринаесет уапсени се колумбиски државјани, тројца се Холанѓани, вклучувајќи го и 64-годишниот сопственик, а еден од осомничените е од Турција, соопшти полицијата.

Запленети се десетици илјади литри хемикалии, заедно со опрема како буриња, плински боци, пластични цевки и пет мешалки за цемент кои се користат за извлекување на кокаинот од таканаречената база.

На почеток