Сите патници кои синоќа со авион од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку се ставени во карантин и ќе бидат тестирани за ковид-19.
Риита Лиукса, директор на Одделот за цивилна заштита на Турку, изјави дека патниците кои живеат во Финска ќе одат во домашен карантин, а за другите карантин обезбедуваат локалните власти.
Сè уште нема информации колку од околу 130 патниците кои пристигнаа од Скопје се Финци, а колкумина се странци.