Македонија

И за во Србија задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи кризниот штаб. Одлуката важи за Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и за Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.

Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат во сила од утре.

ПЦР-тест не е потребен за српските државјани што доаѓаат од земјите во соседството.

На почеток