Вчера, во 12.40 часот, било пријавено дека на локалниот пат с. Пирок – с. Раковец, патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б. К. (49) од с. Камењане, излетало од патот.
Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот Ј. С. (41) од с. Пирок, а телесни повреди добиле другите сопатници А. С. (46), А. С. (66) и М. С. (67), сите од с. Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Тетово.