Бојко Борисов рече дека ќе поднесе оставка ако бугарскиот парламент го одобри неговиот план да распише избори за Големото народно собрание, заради промена на Уставот.
„Време е за одговорност и за решителност. За нов почеток,” изјави Борисов, но не спомена конкретен датум.
Тој рече дека сака да го подобри судството и да го преполови бројот на пратеници, пренесува „Ројтерс“.
Како што е соопштено, две третини од 240 бугарски пратеници мора да гласаат за да се распишат избори за Големото народно собрание.
Борисов, кој веќе 37 дена е под притисок на протестите во Бугарија, рече дека ваквите измени ќе помогнат да се рестартира земјата и нејзиниот претерано голем политички систем.