Македонија

Костовски: Нѐ наместија, ако се прифати стечајот ќе ја тужиме државата и Народна банка

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.

Костовски потенцираше дека нивното семејството го изгубило угледот и 60 -70 милиони евра. За нив е чудно затоа што пред два месеца најавиле дека имале инвеститор и дека ќе ја спасат банката. За нив одлуката на гувернерката била избрзана.

Тој на денешната прес-конференција, заедно со неговиот син најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

„Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти“, најави Коста Костовски.

Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.

„Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, не пренесоа жедни преку вода, нè наместија. Ова е смислено сценарио, но не знам точно кој има интерес да го направи ова“, рече Костовски.

Костовски најави кривични пријави против претходниот управен одбор и најави дека правдата ќе ја бараат пред меѓународните институции со оглед дека тоа е странска инвестиција.

На почеток