Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско усогласување на кратењето на времетрањето на школските часови и онлајн настава.
Таа наведе дека Главниот кризен штаб побарал од нив како Министерство да дадат одредени препораки и побарал да ги усогласат плановите, моделите и проколите согласно нивните насоки, меѓутоа, како што рече, за да се воведе настава со учење од далечина од дома, за да се скратат часовите на 30 минути за основно, 35 минути за средно училиште потребно е да се направат измени во законот.
„Доколку ние на 1 септември би ја отпочнале учебната година Законот вели дека треба да се одвива наставата во училиште со времетраење на часови од 40 и 45 минути. Бидејќи знаеме дека во моментот како се одвиваат политичките договори, преговори, имаме Собрание кое се уште е нефункционално да носи закони или законски измени, ние како Министерство веќе подготвуваме измени на законот кои ќе ги доставиме до Владата, меѓутоа сметаме дека до 1 септември тие не можат да бидат по соодветни закокнски процедури излгасани во Парламентот и затоа очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е ништо страшно. Гледаме дека и во Хрватска од 7 септември почнува учебната година“, посочи Наумовска во вестите на телевизија Сител.