Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска неформално позната по реченицата „од утре да го нема“ нареди да ги нема 100 вработени во Водовод, обвинува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

„Градоначалничката Данела Арсовска своите фрустрации не треба да ги истура врз недолжни луѓе вработени во ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Најавата за отпуштање на 100 лица, од кои дел се наследени од претходното раководствo и работат чесно веќе две па и повеќе години е крајно бесмислен и неразумен потег. Арсовска неформално позната по реченицата “од утре да го нема“ нареди да ги нема 100 вработени во ЈП Водовод и Канализација, оставајќи без работа и без егзистенција. Можеби нервозата на градоначалничката е резултат на извештајот на ЕИБ, кој ги негира нејзините обвинувања и потврдува дека тендерската постапка за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е водена правилно. Но нејзините лични чувства не смеат да бидат причина да им се осветува на вработените во јавното претпријатие“, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

Впрочем за тоа дека Арсовска не е во право говорат и апелите на гранковите синдикати при ССМ, особено ако се има предвид економската состојба во која се наоѓа државата и егзистенцијата на 100 семејства од платата во ЈП Водовод и Канализација.

— реклама —
— реклама —

Патем инспекцискиот надзор од пред два месеци направен од страна на Државниот инспекторат за труд во јавното претпријатие увидел кристално чиста состојба, што само покажува дека овие 100 лица совесно и одговорно си ја вршеле својата работа. Оттука сметаме дека Арсовска треба да се вразуми и своите битки да не ги води врз грбот на граѓаните.

— реклама —

Скопје и граѓаните од неа очекуваат работа, проекти и модерно Скопје, а не нервозни реакции на градоначалничката. Таа треба да ги исполнува своите ветувања за кои е избрана и за кои е платена од народни пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања