Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Арсовски: Ковачевски да се извини на македонскиот народ затоа што ја носи државата против волјата на граѓаните кон ново национално предавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
arsovski18022022

„Димитар Ковачевски е срам за македонскиот народ. Продолжувањето по стапките на неговиот ментор Зоран Заев, каде што убедливо ја носи државата кон патот на пропаст и национален срам, го прави уште полош премиер и од самиот Заев. Прашањето кое што го поставува јавноста е следново: Зошто Ковачевски бега од соочување со граѓаните на референдум? Дали со тоа што вели дека е чекор назад референдумот во целиот процес значи дека е свесен дека граѓаните не го поддржуваат?“, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

— реклама —

Да, граѓаните не ја поддржуваат неговата политика. Тоа што Ковачевски се плаши да оди на референдум е само доказ дека граѓаните не даваат поддршка на преговарачката рамка која што тој ја промовира и турка, што во превод значи асимилација и бугаризација. Граѓаните не се за ова.

— реклама —

Ако говориме за чекори наназад, Република Македонија чекори наназад цело време откако е дојдена СДСМ на власт. Со Ковачевски само се интезивира тоа темпо на чекорење наназад.

— реклама —

Димитар Ковачевски треба да се извини на македонскиот народ, на граѓаните затоа што ја носи државата против волјата на граѓаните кон ново национално предавство.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав по ниту една цена. Цената што сака Ковачевски да ја платат граѓаните и државата е преголема.

Манипулациите на Ковачевски и кликата околу него ќе пропаднат ако тој прифати и излезе на референдум и затоа и е исплашен и се плаши од народот, како што всушност видовме дека е исплашен и на онаа приватна партиска прослава која што ја имаше направено во Крушево каде што не им допушти на граѓаните да го чествуваат празникот како што доликува и треба.

Дополнително, додека Ковачевски оди против сопствениот народ, на државата и се случува економски крах. Ценовни шокови, поскапувања, инфлација, најнизок раст на БДП во регионот, најмалку странски директни инвестиции во државата.

Ова е класичен неуспех на Ковачевски и на целиот тим на СДСМ во владата. Ковачевски и сите тие околу него кои што управуваат со владата се срам за Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 6 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања