Арсовски:Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bisera-kostadinovska-kultura

„Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се во улога на „Големиот брат” како во орвеловата книга 1984, Стојчевска сака да диктира и да цензурира уметниците што смеат, а што не смеат да пишуваат во своите дела“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

Протоколот кој го потпиша владата на Ковачевски и овозможува на Бугарија секое уметничко творештво да го оценува дали преставува говор на омраза и таквите дела од културата да не смеат да бидат финансирани со народните пари. Ете затоа скафандер министерката за култура дава цензурирачки насоки до уметниците да не творат дела со историски наратив. Оттука е и нејзината скандалозна изјава која што сите за жал ја слушнавме: „Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор“, што според неа е „нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“.

— реклама —

Сега веќе е јасно и кој давал наредби за цензурирање на строфи од песни кои ги пее официјален хор на МОБ, како и цензурирање на официјална државна химна.

Замислете, со вакви доктори на науки и професори, во која насока ни се движи образованието коешто ни ги подучува новите идни генерации, а не пак да размислиме во која насока ни се движи културата со ваква министерка.

Според Бисера Костадиновска Стојчевска безмалку најубавите филмски дела кои што ги има оваа држава, романи, песни и драми треба да се зафрлат во подруми и да не се говори за историјата на Република Македонија, нешто што е најсвето. Недостига уште сето тоа да биде поставено на клада целото тоа творештво и да биде спалено.

Еве неколку прашања за кои што јавноста треба да ги размисли, а треба владата да ги одговори бидејќи се многу реални и можно е набрзо да се случат.

-Дали следно ќе биде прогонување на режисерите и сценаристите кои што ги реализирале ваквите дела за кој што говореше Костадиновска Стојчевска и дали можеби ќе им бидат одземени сите награди кој што ги собрале низ годините?

-Дали следно е цензурирање на имињата и укинување на имињата на одредени културно уметнички друштва?

Почитувани,

Ова е невидена цензура на творештвото, согласно Протоколот кој што го потпиша владата на Ковачевски. Ваквата изјава на Костадиновска Стојчевска е скандалозна и за тоа мора да понесе одговорност, односно да си поднесе оставка.

Комедијантката Стојчевска која што нели им наложува да пишуваат комедии, уметниците во Македонија треба да се извини на македонскиот народ и веднаш, ама веднаш дури и денес во недела да отиде да си го собере парталите од министерството и да го напушти. Што повеќе говори на темата, толку повеќе ја срами цела држава. СДСМ и Стојчевска ќе бидат запаметени како мрачно минато во историјата на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања