Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата Влада за Законот за игри на среќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски со која тој најави ревидирање на Игрите на среќа, ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) сакаме да го поздравиме пристапот на новата Влада и воедно порачуваме дека сите членки на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои во ниту еден момент не смеат да бидат исклучени од процесот на одлучување или менување на Законот за игри на среќа.

— реклама —

Како приредувачи на игри на среќа секогаш делуваме конструктивно, со низа аргументи и предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на индустријата. Затоа, очекуваме и конструктивна соработка со новата Влада, која ќе биде во интерес на сите чинители.

— реклама —

Како што најави и премиерот Мицкоски, потребно е целосно преиспитување и ревидирање на досегашниот пристап, со цел да се дојде до сеопфатно законско решение кое ќе биде поправедно, како за граѓаните, така и за приредувачите на игри на среќа, но и за нивните вработени.

Оттука, порачуваме да не се направи истата грешка како претходно и ние, легитимните претставници на индустријата на игри на среќа кои сочинуваме 95% од лиценцираните компании во државата, да бидеме целосно вклучени од процесот на ревидирање.

— реклама —

Повикуваме на конструктивна соработка со новата Влада во интерес на граѓаните, но и на нашите вработени и воедно потсетуваме дека од оваа гранка живеат повеќе од 10.000 вработени, а над 54.000 индиректно го остваруваат својот приход од игрите на среќа.

— реклама —

Индустријата за игри на среќа е сериозна стопанска гранка од која во буџетската каса по сите основи се слеваат повеќе од 280 милиони евра и затоа, заедно со новата Влада, треба да работиме партнерски за да се превенира злоупотребата на игрите на среќа и да се изнајде европско решение и квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени и ќе се унапреди индустријата.”, изјавија од Асоцијацијата на спортcки обложувалници на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

social_wedding

Крај на „лајк и освој“ без правила: Giveaway игрите од 14 јули под строга контрола

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
Casino

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

Македонија | пред 2 седмици

media-library07fe7rtsqt1o4IizbJY

Секој четврти ученик се коцкал: најголем дел си оделе и на слот машини

Македонија | пред 5 месеци

canmathshelp

Казината среќни: Вработените се заштитени! Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања