Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Авион усмрти пешак на пистата на аеродромот во Денвер: Изби пожар на моторот, патниците евакуирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
avion-t
Фото: Илустрација

Авион на компанијата „Фронтиер ерлајнс“ удрил и усмртил пешак на пистата на аеродромот во Денвер, што предизвикало пожар на моторот и итна евакуација на патниците, пренесуваат светските медиуми.

Инцидентот се случил во петок доцна навечер по локално време, кога авион тип „ербас А321“, со 224 патници и седум членови на екипажот, почнал да забрзува за полетување кон Лос Анџелес.

— реклама —

Официјални лица потврдиле за ABC News дека лицето, кое од непознати причини се движело по пистата, загинало откако било вовлечено од еден од моторите на леталото.

— реклама —

Пилотите веднаш го прекинале полетувањето, а патниците биле евакуирани преку тобогани за итни случаи поради чадот што ја исполнил кабината.

„Кула, удривме некого... имаме пожар на моторот“, се слуша на аудио снимка од контролата на летот објавена од порталот ATC.com.

— реклама —

Од компанијата „Фронтиер ерлајнс“ соопштиле дека се длабоко потресени од овој настан и дека соработуваат со аеродромските власти и истражителите.

Во инцидентот полесно е повредено едно лице од авионот, додека пожарот на моторот го изгасила противпожарната служба на Денвер.

Федералната управа за воздухопловство (FAA) и Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB) започнале истрага за тоа како неовластено лице се нашло на пистата во моментот на полетување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7qolcra8u68v38Ffq44

(Видео) Четворица пилоти загинаа во судир на два воени авиони на Филипините

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Патнички авион испратил сигнал за киднапирање, пресретнат од хрватски и германски ловци

Балкан | пред 2 седмици

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 3 седмици

media-librarybod9lccgpmi76I9B9GO

(Видео) Воен авион со 32 лица се урна во Нигерија, на местото на несреќата пронајдени делови од тела

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања