Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Австралија одбива однапред да се обврзе за можен конфликт околу Тајван: „Одлуката ќе ја носи идната влада“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
tajvan-voeni-avioni

Австралија нема однапред да се обврзе за евентуално испраќање свои трупи во случај на воен конфликт меѓу САД и Кина околу Тајван, изјави министерот за одбрана Пат Конрој во неделата. Изјавата е реакција на медиумски извештаи дека Пентагон врши притисок врз Канбера да појасни каква би била нејзината улога доколку избие војна во Индо-Пацификот.

„Австралија нема да дискутира за хипотетички сценарија. Одлуката дали ќе учествуваме во некаква воена интервенција ќе ја носи владата која тогаш ќе биде на власт“, изјави Конрој за националната телевизија ABC.

— реклама —

Весникот Financial Times објави дека поранешниот заменик-министер за одбрана на САД, Елбриџ Колби, вршел притисок врз австралиски и јапонски функционери да кажат дали би се вклучиле во евентуален конфликт околу Тајван – иако ниту самите САД формално не гарантираат дека ќе ја бранат таа островска држава.

„Политиката на САД се води од стратегијата Америка на прво место, што значи дека се очекува и сојузниците да вложат повеќе во одбраната“, објави Колби на социјалната мрежа X.

— реклама —

Кина го смета Тајван за своја територија и не ја исклучува употребата на сила за враќање под своја контрола. Тајванскиот претседател Лај Чинг-те, пак, изјави дека само народот на Тајван има право да одлучува за иднината на државата.

— реклама —

Во меѓувреме, во Сиднеј започна најголемата воена вежба во историјата на Австралија, Talisman Sabre, во која учествуваат над 30.000 војници од 19 земји, вклучувајќи и САД.

Министерот Конрој изјави дека Австралија е загрижена поради нагомилувањето на кинеско нуклеарно и конвенционално оружје, и се стреми кон рамнотежа во Индо-Пацификот без доминација на поединечна сила.

— реклама —

Исто така, изрази загриженост дека Кина се обидува да воспостави воена база во Океанија, што би било „неповолно за Австралија“, додека земјата се обидува да остане примарен безбедносен партнер во регионот.

Паралелно, австралискиот премиер Ентони Албанезе отпатува во Шангај на шестдневна посета, каде се очекува да разговара и за прашања поврзани со безбедноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс ги смирува Американците по гласините за 90-дневен прекин на струјата: Нема причина за паника

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Одборот на Трамп предупредува на неуспех на примирјето: Газа ја очекува уште една зима во шатори и урнатини

Свет | пред 14 часа

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 1 ден

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања