Промени тема
Контакт

Австралискиот премиер Ентони Албанез евакуиран поради закана за бомба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library84gmk1d1cvb319qDuNS

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави денес дека не ја зема својата безбедност „здраво за готово“, откако во вторник беше евакуиран од својата резиденција на неколку часа поради наводна закана со бомба.

— реклама —

Албанез беше евакуиран од својата резиденција во Канбера во вторник доцна навечер по локално време поради безбедносна закана, а се врати неколку часа подоцна откако не беше пронајдено ништо сомнително, пренесува Ројтерс и наведува дека полицијата соопшти дека нема постојана закана.

— реклама —

„Мислам дека ова е само потсетник, искористете ја секоја прилика да ги предупредите луѓето и да ја намалите напнатоста. Не можеме овие работи да ги земаме здраво за готово“, рече денес Албанез на настан во Мелбурн.

Заканата со бомба била испратена до претставникот на Шен Јун, класична кинеска танцова трупа забранета во Кина, која требало да настапи во Австралија овој месец.

— реклама —

Во е-пошта напишана на кинески јазик и испратена до локалните организатори на групата, било наведено дека експлозив бил поставен околу резиденцијата на Албанез и дека ќе биде активиран ако таа танцова група настапи во земјата.

— реклама —

„Сите закани се пријавени кај австралиските безбедносни служби и органи за спроведување на законот. Го цениме преземеното за обезбедување на јавната безбедност и заштита на избраните функционери, вклучително и на премиерот“, соопшти кинеската танцова група.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygal299kgmbs391sF2Ow

(Видео) Австралија преплавена со молци: Она што изгледа како инвазија всушност е охрабрувачки знак

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryclm4cujh0svvdxxcqU9

Мајка во Австралија со нож ги нападнала децата во автомобил, починало петгодишно момче

Свет | пред 1 седмица

media-librarypiitdqq7ifci7cwo7aA

Трагедија во Австралија: Дете пронајдено мртво во автомобил, две деца и жена во критична состојба

Свет | пред 2 седмици

media-librarydemtnjl35n3j5M4Zl4G

(Видео) Човек во костим на Бетмен се искачи на Сиднејската опера

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања