Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Свет
media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF
unsplash / Илустрација

Најмалку четири лица се повредени откако автомобил влетал во група луѓе во германскиот град Нојштат ам Рибенберге, во близина на Хановер. Според информациите објавени од „Билд“, никој од повредените не е во животна опасност, иако дел од нив се здобиле со потешки повреди.

— реклама —

Инцидентот се случил непосредно пред полноќ. Полицајци кои во близина спроведувале редовна сообраќајна контрола забележале што се случува и отвориле оган кон возилото во обид да го запрат. Сепак, осомничените избегале, а нивниот точен број засега не е познат.

Првичните сознанија упатуваат на тоа дека инволвираните лица се познавале меѓусебно и дека групата била цел на нападот. Оштетениот автомобил останал на местото на настанот, а повредените биле пренесени во болница.

— реклама —

Оштетени биле и неколку други возила, од кои дел имале дупнати гуми, а на едно било скршено задното стакло.

— реклама —

На местото биле испратени полициски, противпожарни и медицински екипи. Во потрагата по осомничените биле вклучени и хеликоптер и полициско куче. Подрачјето било блокирано неколку часа за собирање форензички докази.

Истрагата е во тек, а околностите на инцидентот и одговорноста на вмешаните лица сè уште се утврдуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 1 ден

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 2 дена

media-libraryfmf297qm0efodpCHC5O

Гори „Орловото гнездо“ на Хитлер: Историскиот објект во пламен, полицијата приведе осомничен

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања