Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ева Петковска

media-libraryj6omk8o74vvvewFNMws

Стојкоски: Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива со проекти за младите и инвестирање во училишта и градинки

Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше актуелниот  градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој ги истакна сите проекти кои се реализирано во општината и на кои тој е особено горд, наведувајќи ги проектите во инфраструктурата, доградбата на училишта, зголемувањето на капацитетите во детските градинки, воведувањето на едносменска настава, како и вложувањата во спортската инфраструктура.„Направивме сериозни исчекори во сите области, делот на инфраструктурата, се радувам на доградбите на училиштата коишто ги завршивме на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ и на подрачното училиште во Хром, зголемувањето на капацитетите на детските градинки, на новата градинка во Стопански двор,  се радувам што воведовме во четири од шест објекти едносменска настава, во основните училишта во Ѓорче Петров, обезбедивме средства за доградба на три училишта, направивме многу за спортската инфраструктура, 9 нови спортски терени, мултифункционални игралишта  со тартан подлога. Мислам дека ја поставивме општината на здрав колосек, најперспективна општина во градот Скопје и општина која дополнително во иднина најдобро ќе се развива и ќе има најдобри фискални капацитети, вели Стојкоски.Градоначалникот Стојкоски ги истакна клучните точки на кои ќе се фокусира општината во иднина, притоа стави акцент на новата населба за млади која што се планира, се со цел да се создадат подобри услови за младите да основаат семејство.„Клучните точки пак се однесуваат најмногу на училишта и детски градинки, ќе имаме и нешто за пензионерите, ќе имаме  нова населба за млади, ќе кажам во текот на кампањата  начинот локацијата каде планираме тоа да се направи и од Владата има добар слух и од Народната банка излегоа со поволности за младите луѓе, целта ние да создадеме услови реални, да овозможиме локации каде младите брачни парови можат да си купат земја, да градат, да основаат семејства. Ќе бидеме поврзани за младите за иднината, за просперитетот“, рече Стојкоски.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarytfg839p8gjjtfMiWi8O

(Видео) Автомобил гори во Идризово, Кадински пат: се запалил во движење

Автомобил во движење се запали во Идризово. Според првичните информации нема повредени лица.Пожарот се случил за момент, а возилото се запалило во движење. Патниците навреме излегле.Беше повикана противпожарна бригада која го изгасна огнот, но автомобилот е веќе пеплосан.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryoi3bs1ul7a6n3GwI5Bu

Лишени од слобода 15 лица, меѓу кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие, со пустошење на шуми предизвикале штета од околу 6.405.000.000 денари

На 18/19.09.2025, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за гранични работи и миграции и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“, „давање поткуп“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Берово и една локација во Пехчево. Притоа, од слобода се лишени 15 лица, од кои дел од нив се службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи, во ЈП „Национални шуми“ - подружница „Малешево“ и службено лице вработено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лица кои вршеле сеча и транспорт на дрва. При претресите се пронајдени и одземени парични средства околу 185.000 евра, 318.000 денари, повеќе телефонски апарати, документација, две ловечки пушки и воздушна пушка, 75 куршуми калибар 12 мм и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.Денека (19.09.2025), Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против сите 15 физички лица и против едно правно лице, и тоа против Т.К.(35) за „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“ и „давање поткуп“, против О.М.(37)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Е.И.(29) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.Р.(46) , В.В.(49) , Б.Ш.(49) , Д.В.(61)  и Б.М.(47) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.А.(39), А.К.(38) и Н.А.(43) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „пустошење на шуми“ и „примање поткуп“, против П.К.(61), М.С.(30)  и В.М.(54)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Ј.А.(36)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“ и против правно лице од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомненеи за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.Имено, во текот на 2025 година пријавените Т.К., О.М. и Е.И. формирале злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело пустошење на шуми, на начин што покрај легалната сеча на дрвна маса на територијата на општина Берово (с.Двориште), вршеле и нелегална сеча, транспорт и продажба, како би оствариле противправна имотна корист за себе и за сметка на правното лице, а на штета на државниот буџет.Пријавените Г.А., А.К. и Б.Ш., спротивно на Статутот, Законот за шумите, Правилникот за видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни асортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечени дрва, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници (чл.8, чл.9, чл.12 и чл.13) и Правилникот за систематизација на работни места при ЈП „Национални шуми“ им овозможувале на организаторите нелегално исечената дрвна маса да биде транспортирана, ставена во промет и дистрибуирана до правното лице, како и до крајните корисници, наводно поткрепена со соодветна документација, за што им бил исплаќан паричен надоместок-поткуп за да го извршат дејствијето. Исто така, покрај вработените во ЈП „Национални шуми“, организаторите биле навремено известувани за вршење на контроли по пријави од граѓани и од страна на пријавената Д.В..Во нелегалната сеча се приклучил и пријавениот Н.А., кој во два наврата за две различни локации побарал и примил поткуп, со тоа што во август и септември им понудил на организаторите да извршат сеча на опожарена шума, без да биде објавен јавен повик, со што им овозможил дрвната маса слободно да ја пуштат во легалниот промет.В.В., Б.М. и Г.Р., заедно со Е.И. и по насоки на Т.К., оддавале информации за движење на контролните патроли од МВР во пределот на с.Двориште, како и не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности. Исто така, В.В. посредувал при продажбата на нелегално исечената дрвна маса, иако бил запознаен дека организаторите за добивање на документацијата давале поткуп, додека Б.М. оддал информација за реализација на предмет поврзан со криминалната група.П.К., татко на Т.К., М.С. и Ј.А., по насока на Т.К. вршеле бесправна сеча во пределот на с.Двориште, утовар на истата и превоз до одредена локација, иако не биле вработени во правното лице кое имало добиено лиценца за сеча, истите знаеле и биле свесни дека вршат сеча надвор од локацијата, додека пак пријавената В.М. евидирала како сопственик и управител на правното лице преку кое се вршела продажба на дрвна маса, како преработка на дрвна маса за даски и греди за градежни потреби  и изработка на пелети за греење.Со горенаведените инкриминирани дејствија, пријавените физички лица и правниот субјект предизвикале опустошување на околу 6.000 хектари шумска површина и исекле околу 1.500.000 кубни метри дрвна маса во вредност околу 6.405.000.000 денари.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryp7gaduiomondeWRp1zE

Пожар во скопско Морани, Ангелов вели пожарите ги предивикуваат дрвокрадците!

Вечерва избувна пожар на ридот во скопското село Морани.Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов упатени се екипи на терен, а тргаат и неколку пинцгауери.„Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци“, вели Ангелов.Тој додава дека Кире Михаилов, директор на Национални шуми, им го расипал бизнисот со кражба на дрва.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryq9lt4ptuhfu38MQ4Np6

Мицкоски: Има основани сомненија за инспираторите за пожарите, има и приведени, одговорност ќе има, граѓаните да бидат спокојни, државата е стабилна и напредува

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алсат говорејќи за последните случувања со пожарите истакна дека постојат индиции кој може да биде инспиратор за сето тоа, веќе има поголема група на осомничени, и потенцираше дека институциите брзо се справија со предизвикот, ситуацијата е нормализирана, а одговорност ќе има за сите тие кои не сакаат да имаме стабилна и држава која напредува.„Има индиции, имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, но можам да кажам дека сум исклучително задоволен што за многу кратко време институциите во една координирана акција успеаја да го совладаат предизвикот и денеска можам да кажам дека состојбата и во Дрисла, и Вардариште, и во Трубарево е нормализирана и нема ни чадење“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски нагласи дека се ова што го зборува е врз основа на информациите со кои располага, но она кое е најважно е дека состојбата е под контрола, граѓаните да бидат мирни и спокој и институциите кога се пред предизвик се организираат и екстремно брзо реагираат.„Веќе имаме една група од дваесетина лица која е под мониторинг за која постои основано сомневање дека девијантно се однесувала во изминатиов период и оставам органите на прогон да си ја завршат својата работа. Многу лесно можете да дојдете до тоа кои се тие центри на моќ, тоа се тие кои не сакаат Македонија да биде успешна земја, кои не сакаат да имаме стабилна Македонија која ќе се развива, ќе ниже успеси, ќе расте ќе владее правото, ќе нема корупција и криминал, тие сакаат да ја видат таа Македонија од претходните 7 години понижена, ограбена, засрамена, со политичари со свиткани кичми. Многу лесно граѓаните ќе дојдат до одговорот“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека од почетокот на сезоната на пожари до денеска има повеќе од 30 лица приведени за кои постојат основани сомненија, но и докази дека учествувале подметнување на пожари.„Ќе се сетите од случувањата во јуни кога наеднаш во околината на Скопје на неколку локации се случија неколку пожари, неколку лица беа приведени, за некои постоеше основано сомневање дека учествувале во подметнување, а во текот на летото исто така, и сега во Вардариште имаше акција, МВР приведе неколку лица и е одредена мерка притвор, исто и во Трубарево и Дрисла. Сите овие пожари кои се случуваат, можеби има кои не се од човечки фактор, но најголемиот дел од нив се предизвикани од човечки фактор“, додаде премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека тоа што минатата влада седум години го уништуваше системот, ги клекнаа институциите на колена и го направи најголемиот грабеж во историјата не може да се поправи за 15 месеци, но оваа влада досега успеа да поправи многу, а уште многу останува да се направи.„Дали ние за 15 месеци можеме да поправиме се што е уништувано тие седум години, не. Ние направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ние сме единствената влада која привела министер од сопствените редови, тоа не се случило никому, а знаеме дека голем е бројот на министри кои учествувале во такви девијантни однесувања во минатото“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

trubarevo

Пожарот во Трубарево резултат на незаконско складирање батерии и електронска опрема

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири физички лица и едно правно лице со седиште во Трубарево, поради сомнение за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, согласно член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според МВР, прво- и второпријавените, 56-годишниот М.Д. и 26-годишната Л.Д., како соизвршители, спротивно на Законот за управување со отпад и прописите за заштита на животната средина, повеќекратно оставале, фрлале, собирале и транспортирале пратки со опасен отпад – остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии, акумулатори и тонери. Тие го складирале отпадот на катастарска парцела во Трубарево, со што предизвикале значително оштетување на почвата и воздухот и создале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.Третопријавениот, 43-годишниот В.М., како овластено лице и раководител на подружница, постапувал по насоки на првоосомничениот и ги распоредувал работните задачи на вработените во врска со складирањето и обработката на отпадот. Четвртиот пријавен, 59-годишниот З.С., иако немал формален работен однос, организирал понатамошно одлагање на електронскиот отпад, го примал, складирал, сортирал и механички обработувал надвор од објектите за кои фирмата имала дозвола.На 13 септември, токму во објектот каде што бил непрописно складиран отпадот, изби голем пожар кој не можеше да се стави под контрола. Огнот зафати најголем дел од складираниот електронски отпад и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвика масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух.„Како последица на тоа, со мерењата на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост“, велат од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarytmtdt8826n4r5YcNh4H

Истрага против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица. Како управител на друго правно лице, тој го избирал правниот субјект каде формален управител била неговата ќерка како мнозински коминтент за складирање на отпад, го организирал целокупното работење и ги извршувал одлуките околу работењето, а оттука имал и обврска да се грижи за законитоста на работењето на друштвото и подружницата за рециклирање.Затоа во истрагата се опфатени тој и неговата ќерка, како соизвршители кои постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина вршеле повеќекратно оставање, фрлање, собирање и транспортирање на една или повеќе поврзани пратки од отпадоци и остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии и акумулатори и отпадни тонери, како опасен отпад. Отпадот го складирале на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата и воздухот односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.Третиот осомничен е овластено лице – раководител на подружница, кој постапувал по насоките на првиот осомничен и ги распоредувал работните задачи на вработените при складирањето и обработката на електричниот отпад.Четвртиот осомничен, иако немал формален акт за засновање на работен однос во правниот субјект, сепак преземал дејствија со кои го организирал понатамошното одлагање на електронскиот отпад. Тој го примал, складирал, сортирал и механички обработувал и електричниот отпад надвор од објектите за кои била издадена дозвола за управување со отпад.На 13 септември, објектот со непрописно складиран отпад се запалил. Поради обемот и опасноста, пожарот не можел да се стави под контрола и зафатил најголем дел од складираниот електричен отпад како и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух. Како последица на тоа, со извршените мерења на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РС Македонија и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост.Имајќи ги предвид дејствијата на осомничените и ризиците за постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите тројца побарано е определување куќен притвор.Во исто време, продолжува да се испитува потенцијална одговорност и на други лица, а јавниот обвинител издава наредби за обезбедување докази по кои постапуваат надлежните органи.

Скопје | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Кривични пријави против 11 лица за сторени повеќе кривични дела при плаќање давачки за увоз на половни моторни возила и нивна регистрација во државата

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР - Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „употреба на исправа со невистината содржина“ по член 380, против Б.П.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б, против Д.З.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за „давање лажен исказ“ по чл.367 и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “ член 278-б и против К.П.(39), М.П.(37) , Д.М. (36), Д.С.(35), С.С.(40), М.М.(37) и М.М.(24), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б од Кривичниот законик.М.П. и Ф.Т. во текот на 2024 година се договориле Ф.Т. да наоѓа сопственици на моторни возила кои сопствениците со странски регистарски таблички ги управуваат на територија на државата и во соработка и договор со Б.П ги наоѓале сопствениците и за половина од цената што треба да jа платат на име царински и други давачки за увоз на половни моторни возила М.П. ги регистрирала и внесувала во електронскиот систем на регистрирани моторни возила без да ги платат давачките за увоз на половни моторни возила, за сообраќајна дозвола, административни такси, такса за користење на регионални и локални патишта и надомест за издавање на регистарски таблички.Ф.Т., користејќи го своето работно место, а откако претходно се договорил со Б.П. Д.З., К.П., М.П., Д.М., Д.С., С.С., М.М., и М.М., изготвувал електронски табели налик на табелата која се издава од Бирото за метрологија при издавање на хомологација за возила увезени од странство, во кои внесувал податоци за возилата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-17-221122

(Видео) Орце Ѓорѓиевски: Мицкоски го почитувам како родител, тој 15 години ќе биде премиер

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кисела Вода, во Претрес со Ландов рече дека Христијан Мицкоски 15 години ќе биде премиер.„Орце е ВМРО-вец и секогаш ќе биде.Мицкоски го почитувам како родител. Секогаш ќе застанам зад него.Јас не менувам дрес. Од 2018 не сум имал контакт со Груевски”, рече Ѓорѓиевски.На СДСМ им порача да постават 15 столчиња на Бихачка колку што им останаа членови и да организираат дебата за се.Не сака да шпекулира колку гласови ќе има Левица . Немал никогаш контакт со Амар Мециновиќ.„Ја почитувам Каја како жена, но 7 години беше на клучно место во една институција, имаше можност да сработи нешто, но ништо не направи за животната средина”, рече Ѓорѓиевски.Следете не на :

Студио | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-17-214907

(Видео) Ѓорѓиевски: Шах-мат ќе направам на избори

Орце Ѓорѓиевски, кој е гостин во Претрес со Ландов е убеден дека ќе биде нов градиначалник на Град Скопје.„Шах-мат ќе направам на избори.Му требам на градот. Не гледам дека има подобар од мене.Со Перински сум пријател, но анкетите го кажаа своето”, рече Ѓорѓиевски.Прва работа која ќе ја направи е да ги тргне рампите околу град Скопје.Тоа вели, не е Пентагон.Освен состојбата која е спротивна на закон се ќе преземе за да се решат проблемите во Скопје.Вети нови автобуси и ќе го реши проблемот со градскиот превоз.„Над 80 проценти од одлуките во Кисела Вода, се едногласно донесени зошто биле образложени и договорени. Очекувам конструктивен нов советнички состав во Скопје. Мора да соработуваме.Ако опозицијата има добар предлог, ќе го реализираме”, рече Ѓорѓиевски и посочи дека ако не може да го реализира ветеното нема да го држи народот во голгота. Потсети дека како претседател на ЗЕЛС ја започнал идејата за сменливост на градоначалниците.Следете не на:

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-17-211258

(Видео) Орце Ѓорѓиевски:Премиер не сакам да бидам, министер можеби, сега го живеам својот сон

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е гостин во Претрес со Ландов.Тој е убеден дека по октомври ќе биде нов градоначалник на Град Скопје.„Јас го живеам сега својот сон. Ние имаме најдобар премиер. Јас не сакам да бидам по градоначалничкото место во Скопје премиер, министер можеби”, рече Ѓорѓиевски.Од работата има добиено шеќер и сака по се да се посвети на семејството.Во Претрес говореше за реализираното во Кисела Вода, тешко му е што се уште не е решен проблемот со Центарот за зависници, но задоволен е што салата во Припор почна да се реализира, има велосипедски патеки.Не секогаш бил задоволен од неговиот тим, но вели дека е добар менаџер.„Јас бев прв кој се извини за Данела. Тоа ќе го поправам, ќе поправам за се што им направи на скопјани и тоа ми е дополнителен мотив.Данела и Каја не ми се таргет”, рече Ѓорѓиевски.Ја потенцираше идејата за Вардариште. Соодветен третман на Вардариште ќе има, ќе се засади трева и ќе има парк.Следете не на:

Скопје | пред 5 месеци

slavjanka-petrovska

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

„Росица месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство, палење на автомобил. Повторувала повици до институциите да ја заштитат. Наместо заштита добила игнорирање. Наместо санкција насилникот останал слободен. Резултатот? Убиена е Росица. Убиен е и нејзиниот татко“, напиша пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска на социјалните мрежи.Петровска која го изрази револтот по вчерашното свирепо убиство на 21 млада девојка од Велес и нејзиниот татко пишува дека тие не се жртви само на еден убиц туку на сите кои не постапиле по пријавите за малтретирање и насилство.„Убиецот е тој што го изврши злосторството но тој не е единствениот виновен. Виновни се и сите што премолчеле, одбиле да реагираат или свртеле глава. Тие се соучесници“, пишува пратеничката Петровска.Таа пишува дека ова убиство не е изолиран инцидент туку повторување на трагичен образец во кој не потфрла системот, туку луѓето кои избирале да не го спроведуваат.„Додека вината ја префрламе на системот, поединци од системот ќе продолжат да убиваат со своето молчење и непостапување. Избираат да не помогнат. Да не заштитат. И со тоа избираат да бидат дел од проблемот“, оценува Петровска.Пратеничката Петровска исто така пишува дека солзите на Росица и нејзиниот татко засекогаш ќе ги следат оние коишто земале плата за работните задачи кои не ги извршиле. За нив таа бара лична одговорност.„Секое непостапување има име и презиме и мора да биде казнето. Доста е со изговори. Време е за лична одговорност“, напиша Петровска.

Македонија | пред 5 месеци

1-1

Претрес во скопско, пронајдени стебла канабис, приведено едно лице

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници го затекнаа лицето во близина на полуотворена фолија за одгледување на растенија во која се гледаа насадени повеке стебла од канабис.Местото беше обезбедено и подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес, при што пронајдоа и одземаа повеќе стебла од растението канабис. Д.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 месеци

IMG_5168

Крвав злостор во Велес: Убиени ќерка и татко, почина и напаѓачот

Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува збор за 31-годишната Р.К. од Велес, која итната медицинска помош ја пренела во болницата, но лекарите констатирале смрт.Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, бил пронајден мртов и нејзиниот татко К.К. (68), исто така со повреди од остар предмет.Во истиот дом со повреди од остар предмет бил затекнат и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К. Според првичните информации, токму тој ги нападнал ќерката и таткото, по што сам си нанел повреди. И.С. бил пренесен во болницата во Велес, каде што лекарите исто така констатирале смрт.Увид на местото на трагедијата врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 6 месеци

53a94d68-e8f3-43c0-9507-d11d24831277

Meџити: По завршувањето на подземните работи, следува асфалтирање и ново јавно осветлување на улица 157

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска беше на терен на улица 157 во населба Гази Баба во Чаир, каде што одблиску ја следеше динамиката на работите што се изведуваат на оваа улица.„Атмосферската канализација е речиси завршена и многу скоро ќе се поврзе со главната цевка на булеварот. Паралелно, се одвиваат и работите за водоводната мрежа, кои се движат според планот. Овој проект ќе ги подобри условите за живот на околу 90 семејства, жители на маалото“, изјави Меџити.Како што беше ветено, додаде тој, по завршувањето на подземните работи, проектот ќе продолжи со асфалтирање на улицата и поставување на ново јавно осветлување.Меџити им упати апел на жителите за разбирање, потенцирајќи декавременските услови се поволни и дека се очекува работите да завршат вонајкраток можен рок.

Скопје | пред 6 месеци

bogdanka-SDSM

Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и повика на одговорност за еколошката катастрофа.Како што кажа Кузеска, остануваат отворени прашањата за тоа колкаво количество токсичен отпад изгоре вчера, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето кои се шират низ воздухот.„Дали денеска воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички? Дали е целосно безбедно да се биде на отворено во одредени делови на Скопје и околината, за деца, бремени жени, возрасни, болни?“, изјави Кузеска.Таа посочи дека ова што се случува со пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште е врв на неодговорност и незаинтересираност, а клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други.„Премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“. Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, како да сме во шпионски филм, а не во реална еколошка катастрофа. Панче Тошковски е целосно загубен помеѓу измислените приказни и префрлање на одговорноста на некој друг и исто како да не постои.Орце Ѓорѓиевски не гледа чад, туку „политички пожари за политички поени“. Граѓаните се гушат а не гледаат институционален одговор на оваа еколошка катастрофа“, рече Кузеска додавајќи дека нема ниту еден институционален план, ниту една мерка, ниту едно решение.На прес-конференцијата Кузеска потенцираше дека целата состојба е резултат на некадарност, безобразие и криминална рамнодушност. Затоа како што кажа Кузеска, СДСМ бара итна и темелна истрага за сите овие случаи и одговорност.„Политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот но и за оние од институциите кои не постапиле навреме а имале обврска да го сторат тоа. Одговорност за овој екоцид мора да има. Наместо држава, имаме шатор на циркузантска влада која прави шоу додека горат депонии и фабрики“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Скопје | пред 6 месеци

kaja-sukova

Шукова: Црн чад над Скопје граѓаните бараат одговорност, а не молк

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагирашеза големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии.„Скопје повторно под црн чад!Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола.ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш!Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење.Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните"-напиша Шукова на Фејсбук.

Скопје | пред 6 месеци

IMG-78360b44545b7e95d1189ae967f4d9c6-V-1440x1382-1

Промовирана фотомонографијата „Свето таинство“ на Зоран Вељаноски Летра

Денес точно напладне, во охридскиот лапидариум, беше промовирана фотомоногрфијата „Свето таинство“ од охридскиот уметник и фотограф, Зоран Вељаноски Летра. Во ова уникатно дело се поместени 90 уметнички фотографии, проследени со 9 текста на еминенти уметници и професори. Промотор на книгата беше прославениот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, кој во оваа пригода истакна:– Фотозаписите на Зоран Летра се далеку од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање мигови и физичко пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од повеќе аспекти. Мислам дека тој прави вонреден напор фотографијата сама да се избори за да стане модел на стварноста, природата непосредно да му позира и да му наметнува своја содржина, а тој само да ја надградува со своите знаења и вештина.   Во име на локалната самоуправа, која е издавач на книгата, се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска.– Чест и задоволство ми е што овој убав септемвриски ден, тука во срцето на Охрид, имам можност да бидам дел од промоцијата на книгата „Свето Таинство“ од уметникот и фотограф Зоран Вељаноски-Летра.„Свето Таинство“ е издание кое ја слави убавината и не повикува на почит и одговорност, затоа што Охрид е богатство што ни е доверено, а нашата задача е да го чуваме и да го пренесуваме на идните генерации.Општина Охрид со гордост го поддржа овој проект, затоа што секое вложување во уметноста е поддршка за иднината. Со ова издание, локалната самоуправа уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон уметниците, но и кон зачувување и промоција на нашата културна ризница.Почитувани, со оваа промоција, не славиме само едно уметничко дело, славиме една визија за Охрид како вечна инспирација, како место каде што уметноста и духовноста секогаш се прегрнуваат.Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упатувам искрени честитки до Зоран Летра за ова големо остварување и му посакувам уште многу вакви изданија и уметнички дела, кои секогаш ќе не потсетуваат дека живееме во град кој е самиот по себе – Свето таинство.Заблагодарувајќи се на присуството на настанот и на сите кои учествувале во креирањето на „Светото таинство“, авторот истакна дека ова е само еден циклус од неговото творештво и изрази уверување дека во иднина заедно со неговите сродни уметнички души ќе ни подари уште многу нови уметнички дела.

ОО | пред 6 месеци

viber_image_2025-09-13_12-52-21-441

Ѓорѓиевски ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска официјално ја поднесе својата кандидатура пред Државната изборна комисија.„Со голема чест и уште поголема одговорност, ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на Скопје пред ДИК. Овој ден е нашата заедничка борба за Скопје какво што сите го сакаме: достоинствено, модерно, чисто и полно со живот,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој им се заблагодари на својата матична партија и на претседателот Христијан Мицкоски за поддршката, како и на граѓаните кои, како што нагласи, веруваат дека Скопје може и мора да биде подобро.„Подавам рака на сите кои Скопје го сакаат како свој град. Подавам рака да го направиме Скопје симпатично, пристојно и убаво место за живеење. Подавам рака за Скопје на сите негови граѓани,“ порача кандидатот.Ѓорѓиевски најави дека ќе ја води кампањата со енергија, визија и решителност, со цел, како што рече, „да изградиме град кој ќе биде гордост и дом за сите генерации“.

Скопје | пред 6 месеци

GORAN6

Марковски: Скопје доживува клиничка смрт, потребни се експерти и трајни решенија

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, остро реагираше на состојбата со загадувањето и депониите во главниот град, оценувајќи дека градот се наоѓа во „клиничка смрт“.„После вчерашната поддршка на граѓаните од населбите Аеродром и Ново Лисиче кои, заедно со сите нас, систематски се трујат во гасната комора на неодговорноста, можам само уште еднаш да констатирам дека нашето Скопје доживува клиничка смрт од која можат да го спасат единствено докажани независни експерти во своите области,“ напиша Марковски.Тој предупреди дека политиканството може само дополнително да го уништи градот, споредувајќи го со „инекција за еутаназија“.„Потребни се итни, конкретни мерки за трајно решавање на проблемот со новото и постојното ѓубре – болни, но современи и долгорочни решенија без манипулативен популизам. Нема лесни и ефикасни решенија за долготрајно наталожени проблеми,“ порача независниот кандидат.

Скопје | пред 6 месеци

Нема фотографија

Манасиевски: Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата

„Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата“, вели Валентин Манасиевски и додава:Димитар Апасиев, кој пред јавноста се претставува како чесен и скромен човек, земал над 700 илјади денари од касата на партијата Левица, за свои приватни потреби.Лицемерието на Апасиев и Левица е огромно, од една страна не земаат патни трошоци како пратеници и глумат скромни пред камера, меѓутоа позади камерaте, ја молзат и цицаат партијата, правејќи стотици трансакции и земајќи стотици илјади денари за свои лични потреби.Имено, на ден 17.03.2023 година, Апасиев земал 52.000 денари нето, од партиската каса за приватни цели, можеби ја реновирал кујната. На 14.04.2022 година, земал 25.480 денари, потоа на 12.07.2022 година, земал 27.300 денари, па на 19.08 истата година – 24.050 денари, и така натаму и така натаму, за да Апасиев достигне до сума над 700 илјади денари средства земени во неговиот џеб од сопствената партија.Почитувани, крајно лицемерно е Апасиев да глуми жртва и скромност пред јавноста, додека во позадина краде од Буџетот на неговата партија. Пари кои граѓаните ги донираат на таа партија, Апасиев си ги користи за свои приватни цели. Замислете ваков човек како Апасиев да добие можност да води општина, град или пак Влада. Буџетот ќе се потроши за рекордно брзо време.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_0854

Герасимовски: Денеска поставуваме фотоволтаични панели во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Денес започна поставувањето на фотоволтаични панели во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот Горан Герасимовски утрово го посети ова центарско училиште и им посака успешна работа на екипите задолжени за инсталацијата.„Денеска сме во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ каде што ги поставуваме фотоволтаичните панели на нашите кровови. По завршување на поставување на фотоволтаични панели на училиштето „Киро Глигоров“ сега продолжуваме и во другите училишта. Општина Центар е енергетски независна општина, општина којашто е прва и има основано претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар“. Продолжуваме да го користиме сонцето и преку обновливи извори на енергија да ги задоволуваме потребите за струја во нашите училишта и со тоа ги намалуваме сметките на самите училишта“, рече Герасимовски.Со поставувањето на фотоволтаични панели во училиштата се обезбедуваат подобри услови за наставниот процес, се поттикнува еколошката свест кај младите генерации и се создава пример којшто може да го следат и други институции.

Скопје | пред 6 месеци

11.09.2025

Стаменкоска Трајкоска: Сета енергија и сиот фокус ќе ги ставам во насока на подобра Кисела Вода

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидатка за градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ на општина Кисела Вода, беше гостинка во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Стаменкоска Трајкоска зборуваше за нејзината кандидатура, што според неа да се биде градоначалник значи голема пожртвуваност, фокус, енергија и посветеност.„Со сегашниот градоначалник и идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имавме многу тесна соработка. Ние мораме да знаеме со какви проблеми е општината или делот од каде што живееме, бидејќи тоа е микросредина која што на нас ни е многу битна. Тоа е нашиот дом“, рече Стаменкоска Трајкоска.Таа истакна дека да се биде градоначалник значи пожртвуваност, енергија, фокус и посветеност.„Како таа енергија те храни за да издржуваш во тие тешки моменти, а секако многу тешка функција од аспект на тоа што бара навистина пожртвуваност, бара многу енергија, бара многу фокус посветеност и ред други работи“, кажа Стаменкоска Трајкоска и додаде:„Кога се разговарало пак за темата Град Скопје, јас секогаш сум знаела да кажам, Кисела Вода не ја оставам и склопот на сите околности. Во еден момент морам да признаам, предизвикот заради тоа што сум жена ми даде еден мотив да кажам од една страна, да навистина почнам да размислувам во тоа што значи да се биде градоначалник на една општина. Општина Кисела Вода е општина која што навистина заслужува многу треба многу треба многу за општина кисела вода ќе се прави“.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-10-221058

(ВО ЖИВО) Џамбазов: Груевски ме носеше на ушка

Игор Џамбазов во Прегрес со Ландов, се потсети дека со експремиерот Никола Груевски настапувал во „Чија си” и во „Грев или шприцер”. Тој, вели Џамбазов, уживаше во тоа.„Беше вљубеник во театар.Имаше сцена во Грев или шприцер, во која Груевски ме носеше на ушка кога ме испраќаа во војска.Не знам дали сега оди во театар, чуден е јазикот таму”, рече Џамбазов.Не верува дека ќе дочека да настапи во реновираната Универзална сала во која има најмногу настапувано.„Не требаше таа да се урива, таа се замозапали”, вели Џамбазов чија голема желба е повторно да заживее Универзална сала.Тој говори и за неговиот неуспешен обид да влезе во политиката, иако вели дека имал освоено повеќе гласови од Павле Трајанов и Тупурковски заедно.Да влезел во Парламентот немаше да дозволи министер да не знае да го говори македонскиот јазик.„Унковски е најдобар режисер, но најлош министер за култура. Љутков е неподготвен”, рече Џамбазов.Следете не на линкот:

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-10-220652

(ВО ЖИВО) Џамбазов: Уметникот не треба да се занимава со политика

Познатиот глумец, шоумен, пејач и писател, Игор Џамбазов е гостин во првиот Претрес со Ландов во третата сезона. Тој говори за неговиот живот, кариера, политиката, семејството.„Сакам спомените за се, да ми останат убави. Петнаесет години во Драмски не сум бил. Избегнувам да одам на гробишта.Драмски заслужува нова зграда.Истото важи и за МНТ. Театар без бифе не го бива”, вели Џамбазов.Сегашниот министер за култура доаѓа од актерската фела, но вели Џамбазов, уметникот не треба да се занимава со политика.Следете не на линкот:

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања