Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

sutka-zatvor

Почина млад осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка

На 7 март 2026 година од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р. (23) од Скопје, осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Скопје. По насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукцијаа јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Поради агресија кон полицијата во Волково – приведен 47-годишник

На 7 март 2026 година во 22:50 часот во дворно место од куќа во селото Волково, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.П. (47) од истото село.Тој се однесувал агресивно кон полицајците додека тие извршувале службени дејствија.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Тепачка во Центар – приведени две лица

На 8 март 2026 година во 00:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле З.В. (42) и Р.М. (23), двајцата од Скопје.Тие биле приведени по пријава дека на подрачјето на Центар го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Скопје | пред 4 седмици

pistol-kursumi-zaplena

Полицијата пронајде пиштол, карабин и муниција при претрес во Брвеница

По наредба на Основниот суд Тетово, на 7 март 2026 година во периодот од 08:30 до 10:30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории кај П.Б. (43) од селото Брвеница.При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ со две празни рамки, карабин „бенели“ калибар 30-06, рамка од автоматска пушка со 28 куршуми калибар 7,62 милиметри, кутија со 126 куршуми различен калибар, две празни рамки за карабин и дополнителна муниција.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

kokain

Претрес во дом во Скопје: пронајдени кокаин и дигитална вага

СВР Скопје поднела кривична пријава против Е.Ф. (20) од Скопје поради сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.При претрес извршен во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага и други предмети.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryfgvh7b599obe7jNveCs

Моторџија тешко повреден на „Партизански одреди“

На 7 март 2026 година во 07:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, Ф.А. (38) од Скопје, управувајќи мопед „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Скопјанец уапсен во Карпош по пријава дека ја нападнал сопругата

Шеесет и едногодишен жител на Скопје е лишен од слобода по пријава за семејно насилство на подрачјето на Карпош.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 21:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Д.(61) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Жена од Скопје пријавена за навреди и насилство врз снаата

Педесет и четиригодишна жена од Скопје била повикана на службен разговор во Полициското одделение Шуто Оризари по поплака од нејзината снаа за долгогодишно вознемирување и навреди.Според информациите од полицијата, на 7 март 2026 година во 16:00 часот полициски службеници извршиле службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа.Како што е наведено во пријавата, во текот на изминатите две години пријавената постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички ја нападнала.При извршување на службените дејствија, жената се однесувала агресивно и кон полициските службеници.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Маж уапсен во Центар откако ја нападнал партнерката, таа во самоодбрана го удрила со стаклено шише

Триесет и осумгодишен жител на Скопје е лишен од слобода по пријава за семејно насилство на подрачјето на Центар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 07:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.А.(38) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.Како што е наведено во пријавата, жената во самоодбрана го удрила со стаклено шише.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 седмици

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Скопјанец уапсен во Шуто Оризари: Физички ја нападнал и силувал сопругата со која не живеел заедно

Четириесет и тригодишен жител на Скопје е лишен од слобода откако бил пријавен дека физички ја нападнал и извршил обљуба врз својата сопруга.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 20:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г.(43) од Скопје. Тој бил уапсен по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга.Од полицијата информираат дека сопружниците извесен период не живееле заедно.По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 седмици

media-library791innqblcehbE1GKoF

НАТО ќе одржи заедничка воена вежба со Србија

Во мај годинава, НАТО ќе организира заедничка вежба со српската армија, објави Командата на здружените сили на НАТО во Наполи, Италија. Вежбата ќе се одржи на покана на Србија на полигон Боровац, кој српските вооружени сили го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучувајќи операции за одржување мир под окрилието на Обединетите нации. Командата нагласи дека активноста ќе се спроведе со целосно почитување на прогласената политика на воена неутралност на Србија.Адмирал Џорџ Викоф, командант на здружените сили на НАТО, во петок ја посети Белград и се сретна со претседателот Александар Вучиќ. На средбата се дискутираше за зајакнување на соработката меѓу Србија и НАТО, со цел зачувување на воената неутралност на земјата.Вучиќ на својот профил на Инстаграм истакна дека ја потенцирал важноста на мисијата KFOR за одржување мир и безбедност, особено за заштита на српската заедница на Косово. Тој нагласи дека стабилноста во регионот зависи од продолжувањето на дијалогот и градењето меѓусебно доверба меѓу сите чинители.Претседателот Вучиќ потврди дека Србија останува посветена на соработката со НАТО преку програмата „Партнерство за мир“, со целосно почитување на своите национални интереси, суверенитет и политика на воена неутралност.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

(Видео) Темно небо над Техеран по израелските напади врз нафтени складишта

Небото над делови од Техеран се затемни откако Израел изврши бомбардирање на нафтени складишта, при што густ чад се надвисна над главниот град. „Иако денес во Техеран имаме облачност, моменталното темно небо не е природно и е резултат на комбинација од чад и облаци“, изјави Садег Зејаејан за државната новинска агенција IRNA.Новинската агенција Tasnim предупреди на здравствени ризици од сулфурни и азотни оксиди во атмосферата, кои можат да станат опасни ако се комбинираат со дожд. Граѓаните се советуваат да не ги напуштаат домовите доколку паѓа дожд.Израел соопшти дека ноќеска извршил напади врз неколку складишта за гориво во Техеран, тврдејќи дека се користеле за воена инфраструктура. Според иранската државна телевизија IRIB, Револуционерната гарда ја потврди бомбата врз рафинеријата на нафта на југот од главниот град.

Свет | пред 4 седмици

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Иран го избра новиот врховен лидер, но неговото име сè уште не е соопштено

Во јавноста веќе една недела се шпекулира дека можен наследник на покојниот Али Хамнеи би можел да биде неговиот син, Моджтабе Хамнеи, кој важи за еден од највлијателните луѓе во иранската влада.Покрај него, за позицијата на врховен лидер се разгледуваат и други кандидати, меѓу кои се споменува и Хасан Хомеини, внук на основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухола Хомеини.Израел во изминатите денови веќе соопшти дека новиот врховен лидер ќе биде „цел“, додека поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за порталот Axios истакна дека нема да прифати Моджтабе Хамнеи да ја преземе функцијата.Именувањето на новиот врховен лидер се случува во време кога Иран се соочува со интензивни напади, од Техеран до Исфахан.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryjkiribuolhq2cAxLuW6

Возбудливо осмомартовско патување во светот на гитарата со Дејан Милевски

Националната установа „Охридско лето“ вчеравечер организираше осмомартовски концерт во црквата „Света Софија“ во Охрид, на кој настапи младиот виртуоз на класична гитара Дејан Милевски, охриѓанец со меѓународна уметничка кариера.Во магичниот акустичен амбиент на црквата, Милевски создаде посебна атмосфера со дела од барокната музика и композиции од романтизмот, а вечерта ја заокружи со избор од шпански и латиноамерикански автори, што предизвика силни аплаузи и воодушевување кај присутната публика.Директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека институцијата со задоволство покрај врвните странски уметници ги промовира и македонските.„Овој концерт е еден од низата што ги организираме во оф-програмата на ‘Охридско лето’, со цел охридската публика да може да ужива во класичната музика и надвор од летните месеци. По успешниот новогодишен концерт, решивме во пресрет на 8 Март, како подарок за сите дами во Охрид, да организираме бесплатен концерт што ќе им ги стопли срцата. На програмата е македонскиот гитарист Дејан Милевски, кој првпат настапува во рамките на ‘Охридско лето’. Особено ми е драго што станува збор за охриѓанец кој живее и работи во Австрија“, изјави Цуцковски.Милевски има настапувано на бројни концерти во САД, Германија, Италија, Австрија и Македонија и е добитник на повеќе награди на меѓународни фестивали за гитара. Своето знаење го пренесува и како професор по класична гитара во музичкото училиште „Helmut Schmidinger“ во Грац, Австрија.„Во црквата ‘Света Софија’ се враќам по 15 години. Последен пат настапив во 2011 година како ученик во ОМУ ‘Методи Патчев’. За мене е посебна чест што сум дел од одбележувањето на празникот на жената со концерт. Се обидов да го доловам романтизмот, а некои дела, според моите истражувања, премиерно ги изведов во Македонија“, изјави Милевски.Цуцковски информираше дека официјалната програма за претстојното 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ е веќе затворена и се очекува да биде промовирана во текот на април.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Трамп: Не сакам Курдите да влегуваат во војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста курдските борци да се вклучат во војната против Иран, истакнувајќи дека не сака тие да бидат изложени на опасност.„Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влегуваат. Не сакам Курдите да бидат повредени или убиени. Имавме добри односи. Подготвени се да влезат, но навистина им реков дека не сакам да влегуваат“, изјавил Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан.Тој додал дека Соединетите Американски Држави „не сакаат да ја направат војната посложена отколку што веќе е“.Многу ирански Курди живеат во соседен Ирак поради, како што се наведува, долгогодишен системски прогон во нивната татковина. Дел од нив сега гледаат можност за соборување на иранската власт и за добивање поголема заштита и слободи доколку дојде до промена на раководството.Трамп неодамна телефонски разговарал со неколку курдски лидери. Според пишувањето на The Wall Street Journal, повикувајќи се на претставници на американската влада, Трамп размислувал за поддршка на ирачките Курди во борбата против иранското раководство.Според некои медиумски извештаи, американската разузнавачка агенција Централна разузнавачка агенција почнала да вооружува курдски групи во регионот пред неколку месеци, но Белата куќа ги отфрлила тие информации како неточни.Курдите се етничка група од околу 30 милиони луѓе кои живеат претежно во Ирак, Иран, Сирија и Турција. Со децении се борат за сопствена држава и долго време биле прогонувани и маргинализирани во овие земји. Автономниот курдски регион во Ирак беше воспоставен по соборувањето на диктаторот Садам Хусеин во 2003 година.

Свет | пред 4 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Утрово -3 степени во Берово, на Попова Шапка 67 сантиметри снег

Утрово најстудено во државата е во Берово, каде што се измерени -3 степени Целзиусови, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.Според податоците на УХМР во 08:30 часот, минималната температура изнесувала 0 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, Маврови Анови и на Попова Шапка. Еден степен е измерен во Штип, додека по 2 степени се регистрирани во Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Крушево, Велес и Куманово. Во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци температурата изнесувала 3 степени, а 4 степени се измерени во Виница, Демир Капија и Гевгелија.Од УХМР информираат дека снежната покривка на Попова Шапка изнесува 67 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 12 до 17 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryp01ir032hp815kmqANU

(Видео) Експлозии во Багдад, се огласиле сирени кај комплексот на американската амбасада

Експлозии вечерва се слушнале во ирачката престолнина Багдад во услови на ескалација на регионалните тензии.Локалните медиуми јавија дека се огласиле сирени во комплексот каде што се наоѓа американската амбасада во Багдад, а наводно биле активирани и системите за противвоздушна одбрана. Засега не може со сигурност да се потврди дали е погодена зградата на амбасадата.До овој настан доаѓа и покрај тоа што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран ќе се воздржи од напади врз соседните земји, освен доколку нападите врз Иран бидат започнати од нивна територија.Иран од 28 февруари започна да лансира ракети и беспилотни летала кон Израел и кон земјите од Персискиот Залив во кои се распоредени американски воени единици. Дел од нападите предизвикаа жртви и материјална штета на цивилни локации, вклучително и во пристаништа и станбени згради.Техеран тврди дека нападите се одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, во која, според иранските власти, загинале стотици луѓе, меѓу кои и врховниот верски лидер Али Хамнеи и високи воени функционери.

Свет | пред 4 седмици

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп формира воена коалиција против наркокартелите

Американскиот претседател Доналд Трамп прими повеќе латиноамерикански лидери во Флорида за да го објави создавањето на воена коалиција против наркокартелите, во согласност со аргументите што ги изнесуваше во текот на својот втор мандат.Трамп ги посочи наркокартелите како главна причина за поголемо ангажирање на неговата администрација во Латинска Америка. На самитот „Штит Америка“, што го свика Трамп, учествуваа најмалку десетина лидери од Централна Америка, Јужна Америка и од Карибите, а на настанот беше потпишана и декларација за формирање на коалицијата.„Тоа е прекрасен дел од светот, но за да се оствари тој огромен потенцијал, мора да го скршиме притисокот на картелите, криминалните банди и ужасните организации кои во некои случаи ги водат вистински ѕверови, и навистина да ги ослободиме нашите луѓе“, изјави Трамп.Тој најави дека Кристи Ноем ќе биде специјална пратеничка на иницијативата „Штит Америка“. Ноем беше министерка за внатрешна безбедност сè додека Трамп оваа недела не ја разреши од функцијата поради зголемените критики од Конгресот.Администрацијата на Трамп истовремено бара начини да го ограничи растечкото влијание на Кина во регионот. Самитот се одржа во период кога американскиот претседател се подготвува за разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг кон крајот на март.Вашингтон се надева дека ќе ја приближи Латинска Америка кон Соединетите Американски Држави по години на растечка кинеска трговија, кредитирање и инфраструктурни инвестиции во регионот.На состанокот присуствуваа лидерите на Аргентина, Боливија, Чиле, Костарика, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Гвајана, Хондурас, Панама, Парагвај и Тринидад и Тобаго, кои му се приклучија на републиканскиот претседател во неговиот голф-клуб на Флорида, каде подоцна годинава треба да се одржи и самит на групата Г-20.Идејата за собир на истомисленици конзервативци од западната хемисфера произлегла од планираното десетто издание на Самитот на Америките, кое беше откажано за време на американското воено засилување долж брегот на Венецуела минатата година.Доминиканската Република, како домаќин, под притисок на Белата куќа им забрани на Куба, Никарагва и Венецуела да учествуваат на регионалниот собир. Откако левичарските лидери во Колумбија и Мексико се заканија со бојкот во знак на протест, претседателот на Доминиканската Република, Луис Абинадер, во последен момент реши да го одложи настанот, повикувајќи се на „длабоки разлики“ во регионот.

Свет | пред 4 седмици

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Отпуштени 50 македонски работници, се реализира планот за „економските работници“

Според СДСМ, компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила педесетина македонски работници ангажирани на изградбата на Коридорот 8, иако нивните договори за работа се уште важат. „На работа се задржани претежно странски државјани“, пренесуваат од партијата.„Најави за отпуштања на македонски работници има и во други странски компании. Се реализира подготвениот план за ‘економските работници’“, велат од СДСМ.Од партијата наведуваат дека „Владата на Мицкоски ги отвори вратите за така наречените ‘економски работници’ со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година, иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени“.СДСМ посочува дека владата прво склучила „стратешки договор“, а потоа го сменила Законот за странци, „ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија“. „Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има ‘стратешки партнер’“, додаваат од партијата.„Владата одби да ја покачи минималната плата на 600 евра и ги држи македонските работници со најниски плати во регионот и во Европа. Со носењето ‘економски работници’ ќе се намали цената на трудот и платите за работниците нема да пораснат. Не тоа не се мигранти, тоа се ‘економски работници’“, завршува соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryg0mpa9hf1pi1atA7hUP

(Видео) Хеликоптерска акција на Шар Планина: Италијанка спасена од непристапен терен

Полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ успешно евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата била спроведена денеска, откако во претпладневните часови бил примен повик за помош. Веднаш по добиената информација, хеликоптер со тим од САЕ „Тигар“ полетал кон локацијата и го презел повреденото лице од непристапен планински терен.Станува збор за италијанска државјанка која била извлечена во тешки услови од планината.По спасувањето, таа со хеликоптер била транспортирана до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош.

Македонија | пред 4 седмици

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

САД започнаа да користат британски бази за одбранбени операции против Иран

Соединетите Американски Држави започнаа да ги користат британските воени бази за одредени операции против Иран во конфликтот на Блискиот Исток, соопшти британската влада.Британското Министерство за одбрана наведе дека САД користат воени локации за „одредени одбранбени операции со цел да се спречи Иран да лансира проектили во регионот“. Премиерот на Велика Британија, Кеир Стармер, ја разгневи американската страна, предводена од претседателот Доналд Трамп, откако првично одби да учествува во американско-израелскиот конфликт против Иран, кој започна на 28 февруари.Подоцна, Стармер се согласи со американскиот предлог за користење на две британски воени бази за „одредени и ограничени одбранбени цели“. Едната се наоѓа во Феирфорд, а другата, британско-американската база Диего Гарсија, на островите Чагос во Индискиот Океан.Во саботата, бомбардерот на американските воздушни сили B-1 Lancer слета во Феирфорд, додека американскиот авион C-5 Galaxy беше забележан на пистата, додека противвоените демонстранти протестираа пред базата.Трамп ја критикуваше Велика Британија и го исмеа Стармер, велејќи дека „ова не е Винстон Черчил“ со кого разговара. Стармер, поранешен адвокат за човекови права, ја бранеше својата почетна одлука истакнувајќи дека Обединетото Кралство „секогаш мора да има правна основа и одржлив, добро промислен план“.Тој додаде дека бил во право кога ја промени својата позиција, бидејќи иранските одмазди со дронови и проектили по американско-израелските напади ја загрозуваа британската безбедност и интереси на сојузниците во регионот.Сепак, членовите на владејачката Лабуристичка партија сѐ уште се соочуваат со критики за катастрофалната поддршка на поранешниот премиер Тони Блер за американската инвазија на Ирак во 2003 година.Анкетата спроведена меѓу 1045 Британци, објавена во петок, покажува дека 56 отсто сметаат дека Стармер бил во право што не ја вклучил Велика Британија во почетните напади, додека само 27 отсто мислат дека згрешил.

Свет | пред 4 седмици

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: СДСМ ќе поднесе предлог до Собранието за помош на производителите на зелка

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци производители на зимска зелка, во валандовско Јосифово, порача дека СДСМ во наредниот период ќе предложи предлог во Собранието за надминување на проблемот со откупот на зимската зелка.„Свесни сме дека оваа власт нема да има слух да им помогне на овие земјоделци, како што немаше слух за лозарите,  за грозјето. Во текот на следните недели ќе дадеме предлог во Собранието, да се постигне соодветна откупна цена  на зимската зелка, поради тоа што овие земјоделци издржуваат семејства, тие сега практично се соочени со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.Тој додаде дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на зимската зелка, откупната цена е драстично намалена, а власта нема слух да им помогне.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка.Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Оваа влада го доведе до пропаст земјоделството, земјоделците се на раб на егзистенција

Сите земјоделски гранки се соочуваат со сериозни проблеми, власта ги понижи и измами земјоделците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделците производители на зимска зелка во валандовско Јосифово.Филипче посочи дека проблемите со откупот и цената на производителите на зелка, се дел од низата проблеми со кои сите земјоделци се соочуваат поради незаинтересираноста на власта за поддршка и развој на земјоделството.„Ова е само еден од сегментите од практично сите во земјоделството кои што се сочуваат со огромни проблеми. Не беше решен проблемот со откупот на грозјето се намали цената по килограм, се скратија европските пари поради тоа што оваа власт беше фатена во кражба на европските фондови,  се намалија парите за субвенции и тоа и за тутун и за други продукти во земјоделството“, рече Филипче.Тој додаде дека дополнителен удар за земјоделците покрај намалувањето на субвенциите се и новите правила за добивање државна поддршка.„Се најавува закон и нови правилници со кои што се зголемува прагот на земја која што земјоделците треба да имаат за да воопшто аплицираат за субвенција од 3 на 5 декари, а над 80% барем во овој регион се мали земјоделци. Тие воопшто нема да може да аплицираат за субвенции“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, попладнево во валандовско Јосифово имаше средба со земјоделците производители на зимска зелка од овој регион, на која се разговараше за откупот на зелката и начинот како да им се помогне на земјоделците. На средбата земјоделците беа револтирани од моменталната откупна цена на зимската зелка која како што кажаа, не ги покрива ниту производните трошоци.Филипче посочи дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем, мака мачат да го продадат производството, а откупната цена на зимската зелка е понижувачка.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка“, рече Филипче.Тој додаде дека власта со своето однесување покажа дека не ѝ е грижа за земјоделците и покрај нивните апели за помош.„Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.Околу 90% од производството на зелка е токму во валандовско, кој е специфичен регион по производство на ваква зелка и е единствен во Македонија каде се негува производство на зимска зелка. Денеска земјоделците, револтирани од игнорантскиот однос на Владата, наместо да ги берат, се принудени да ги изораат зелките.

Македонија | пред 4 седмици

vrnezi-dozd-vreme

Сончево денес, утре претежно облачно со локални врнежи

Според информациите од УХМР, денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 5 степени на Попова Шапка до 19 степени во Скопје-Петровец, а висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 67 сантиметри.Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Утре се очекува претежно облачно и тивко време, со услови за слаби врнежи од дожд. Минималните температури ќе бидат од -1 до 4 степени, а максималните од 12 до 16 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и можност за слаб локален дожд, со слаб променлив ветер и температури од 4 до 16 степени.Следните денови, утре и во понеделник претпладне, ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи, додека од вторник се очекува стабилно време со услови за утринска магла по котлините.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања