Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран возврати напад: Иран испрати ракети кон ОАЕ и Кувајт – најмалку 12 загинати

Израелските итни служби денеска соопштија дека осум лица загинале во иранскиот ракетен напад врз градот Бејт Шемеш, додека Обединетите Арапски Емирати пријавија три жртви, а Кувајт една жртва во одмаздата на Иран.Иранската револуционерна гарда објави дека со четири балистички проектили ја гаѓала американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, пренесуваат иранските државни медиуми. Според Агенцијата за поморска трговија на Обединетото Кралство, еден брод бил погоден со непознат проектил на 17 наутички милји северозападно од пристаништето Мина Сакр во емиратот Рас Ал Хајма во ОАЕ.Големи облаци чад се видени во пристаништето Зајед во главниот град на Емиратите, Абу Даби, изјави очевидец за Reuters. По воздушните напади на Иран низ Персискиот залив, советникот на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, повика Техеран „да се врати во разум“, истакнувајќи дека ова не е војна со соседните арапски заливски држави.Израел денеска започна нови напади врз Техеран, со цел да доминира на небото откако силите на Израел ликвидираа ирански висок функционер. Портпаролот на израелската војска, потполковник Надав Шошани, изјави дека остануваат бројни цели, вклучувајќи објекти на воената индустрија. „Имаме капацитет и цели да продолжиме колку што е потребно“, додаде тој, нагласувајќи дека во изминатите 24 часа израелските авиони ги демонтирaле повеќето системи за воздушна одбрана во западен и централeн Иран.

Свет | пред 1 месец

media-libraryu2p91kvetonp59LETAZ

(Видео) Иран ја нападна француската морска база во Абу Даби

Иранскиот Корпус на чувари на Исламската револуција (IRGC) соопшти дека покренал нов бран проектили и дронови кон земјите во регионот.Од облаците чад се подигнуваат од област во близина на пристаништето во Абу Даби по силните детонации што се слушнале над градот.На снимките се гледа чад над пристаништето, додека жителите пријавиле дека слушнале летала над градот. Остатоците од ирански дрон погодиле седиште на израелската амбасада во Абу Даби. Иран тврди дека гаѓал и француска морска база.

Свет | пред 1 месец

media-librarys7umbsfbh93g1pRlduq

(Видео) Иран: Соборивме моќен американски дрон

Иран тврди дека неговите сили собориле американски беспилотен летач MQ-9. Американскиот MQ-9 Reaper е мултифункционален беспилотен летач кој го користат американското воено воздухопловство и други западни армии. Станува збор за голем воен дрон наменет за долготрајно набљудување, извидување и собирање разузнавачки податоци, како и за изведување прецизни воздушни напади. Летачот може да остане во воздух повеќе од 24 часа и да дејствува на големи височини, без пилот во кабина. Покрај сензорите за набљудување и камерите со висока резолуција, MQ-9 може да носи и навоѓени проектили и бомби, што го прави еден од клучните алати на САД во модерните воени операции.САД се уште не се огласиле по овие тврдења.

Свет | пред 1 месец

media-libraryklkeu7adfdhke3yxzIk

Американската војска: Потопивме ирански воен брод

Американската војска објави нови информации за нападите врз ирански цели, тврдејќи дека погодила „иранска корвета од класата Џамаран“.„Бродот моментално тоне на дното на Оманскиот залив кај пристаништето Чах Бахар“, се наведува во соопштението. Исто така, упатена е порака до иранските сили, цитирајќи го американскиот претседател: „Како што претседателот рече, припадници на иранските вооружени сили, на Гардијците на исламската револуција и полицијата, мора да се предадете. Напуштете го бродот.“

Свет | пред 1 месец

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конзул на Македонија во Србија, премиерот не одговори. Избегна да одговори поради тоа што одговорот не му одговара“, рече Филипче.Тој додаде дека наместо одговори, јавноста постојано сведочи на обиди за пренасочување на вниманието и лажни весто.„Секогаш е дефокус, Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа, тоа одговара премиерот. Тоа е недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води владата и државата“, истакна Филипче.Како што кажа Филипче, исто е и со прашањата за доаѓањето на Артан Груби, власта нема  одговор на ниту едно прашање.„Еве ги прашањата за Артан Груби ние ги поставуваме од моментот кога дојде, еве и сега ги поставувам. Како е можно да на тој начин се врати бегалец од правдата? Да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор. Сте слушнале одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не, ниту ќе слушнете поради тоа што имаат договор, тоа е вистината“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb43sb3hme96baBgRtOs

Иранска гарда тврди напад врз американски носач на авиони

Иранската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека лансирала четири балистички проектили кон американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, јавија иранските државни медиуми. Станува збор за петти носач на авиони од класата Нимиц во составот на Американската воена морнарица.На Abraham Lincoln се наоѓаат најновите невидливи борбени авиони F-35, способни да избегнат непријателски радари. Ударната група на носачот ја сочинуваат три разурнувачи опремени со крстосувачки проектили Tomahawk за напади на копнени цели, а обично го следи и нуклеарна подморница со исто вооружување.Според сателитски снимки потврдени од BBC Verify, носачот последен пат бил забележан на 15 февруари крај брегот на Оман.САД сè уште не одговориле на тврдењето на Иран.

Свет | пред 1 месец

media-library9f93unejdh9m0M2skpi

Брод погоден со проектил кај брегот на Обединетите Арапски Емирати

Еден брод бил погоден од засега непознат проектил на 17 наутички милји северозападно од пристаништето Мина Сакр во Обединетите Арапски Емирати, соопшти во неделата британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO), пренесува Ројтерс.Инцидентот се случил во емиратот Рас ал Каима. Според соопштението, проектилот предизвикал пожар на бродот, кој во меѓувреме бил изгаснат. Бродот планира да го продолжи своето патување.

Свет | пред 1 месец

media-library5cebgbhuv8sm8OY6uWB

(Видео) Тоне танкер во Ормускиот теснец: Иран потврди напад, бродот ја игнорирал наредбата

Иран денеска потврди дека извршил напад врз нафтен танкер, наведувајќи дека причината била непочитување на наредбата бродот да не минува низ стратешкиот Ормуски теснец. Според извештај на државната телевизија, танкерот се обидел незаконски да го премине теснецот, пренесува агенцијата Анадолу.Оманскиот Центар за поморска безбедност соопшти дека во нападот врз танкерот „Скајлајт“, кој пловел под знамето на Палау, биле повредени четири лица. Бродот бил погоден на пет наутички милји северно од пристаништето Хасаб, во гувернератот Мусандам. Сите 20 членови на екипажот, од кои 15 индиски и пет ирански државјани, биле евакуирани. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа танкерот како тоне додека од него се издига густ чад.Инцидентот се случува во услови на засилена ескалација на конфликтот. Соединетите Американски Држави и Израел вчера извршија напади врз Иран, по што Техеран возврати со ракетни удари и беспилотни летала. По американско-израелските напади, иранските медиуми објавија дека Ормускиот теснец практично е затворен за сообраќај.Иран денеска ја потврди и смртта на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, како и на неколку високи функционери кои загинале во нападите на САД и Израел.Вашингтон и Тел Авив со години го обвинуваат Техеран дека развива нуклеарна и ракетна програма што претставува закана за Израел, единствената земја во регионот со нуклеарен арсенал, како и за американските сојузници. Иран, пак, постојано тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирољубива намена и дека не се стреми кон производство на нуклеарно оружје.

Свет | пред 1 месец

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Најмалку шестмина загинати во ирански ракетен напад врз израелски град

Најмалку шест лица загинале во удар на ирански балистички проектил врз израелскиот град Беит Шемеш, кој се наоѓа недалеку од Ерусалим, соопштија израелските служби за итна помош.Според првичните информации, во нападот се повредени 23 лица, од кои две се во тешка состојба. Уште две лица се сериозно повредени, додека 18 имаат полесни повреди. Израелската војска соопшти дека на местото на ударот испратила спасувачки и медицински тимови, како и хеликоптер за евакуација на повредените.На снимки што се шират на социјалните мрежи може да се види моментот на ударот на проектилот. Беит Шемеш се наоѓа во централниот дел на Израел, западно од Ерусалим, меѓу Тел Авив и главниот град, и во изминатите години често бил цел на ракетни напади за време на ескалации на конфликтите во регионот.

Свет | пред 1 месец

media-library629arsds371ibGZ0G8B

(Видео) Иранската Револуционерна гарда започна нов бран напади, експлозии одекнаа во Абу Даби

Иранскиот Корпус на чувари на Исламската револуција (IRGC) соопшти дека започнал нов бран ракетни и дронски напади кон земји во регионот. Силни детонации одекнале над главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, по што биле забележани облаци густ чад во близина на пристаништето.Засега не е јасно што точно го погодило подрачјето, но на снимки објавени на социјалните мрежи се гледа чад што се издига над пристанишната зона. Жителите сведочат дека слушнале авиони како летаат над градот непосредно пред експлозиите.Според првичните информации, мета на нападот било станбено подрачје, додека властите сè уште не објавиле официјални податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 месец

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: Власта кумуваше на пренесувањето 5 тони дрога преку граница

Оваа власт кумуваше на трансферот на пет тони дрога преку граница, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.Филипче укажа дека власта упорно молчи и не дава одговор на ниту едно прашање, како толкава количина дрога поминала на македонската граница.„Пет тони дрога не можат да се пренесат без знаење на власта, без структурите од царината и без структурите во полицијата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема визија за напредокот на државата, единствено што знаат е да шират лажни вести и да ги интересираат сопствените интереси.„Оваа власт ја гуши слободата на говорот. Има своја мрежа на медиуми преку кои што шири лажни вести, оцрнува, дискридитира, спинува. Ние имаме работа со еден би рекол терминално неспособен премиер, терминално неспособна влада кои што немаат ниту капацитет, ниту знаење, ниту визија каде ја водат државата и се интересираат само за сопствениот интерес“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Кипар демантира дека бил цел на ирански ракети

Се појавија информации дека ирански ракети биле испукани кон Кипар, но портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, ги демантираше тврдењата дека кон земјата биле лансирани какви било проектили.„Во врска со изјавите и објавите кои се однесуваат на лансирање ракети во правец на Кипар, се појаснува дека тоа не е случај и дека нема индикации оти постоела закана за земјата“, изјави тој, додавајќи дека надлежните власти внимателно ја следат ситуацијата.Претходно, британски одбранбени извори тврдеа дека кон Кипар, каде што се наоѓаат британски воени бази, биле испукани два ирански проектила.

Свет | пред 1 месец

media-library73c5nbf64hhu5OIqELC

(Видео) Израелското воено воздухопловство погодило два ирански борбени авиони на аеродромот во Табриз

Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони од типот Ф-5 и Ф-4 на аеродромот во градот Табриз, во западен Иран, додека се подготвувале за полетување, соопшти израелската армија.Во соопштението, придружено со видеоснимка од нападот, се наведува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на противвоздушната одбрана на режимот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Десет возачи лишени од слобода за еден ден – алкохол, забрана и возење без дозвола

Во текот на 28 февруари 2026 година, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода десет возачи поради тешки прекршоци во сообраќајот, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Од нив, пет лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, и тоа на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје. Четири лица биле санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територијата на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.Еден возач во Скопје бил лишен од слобода поради управување возило со изречена забрана за управување од Б категорија.По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност на патиштата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvqq5et9fgn288Pl1HUS

Ескалација на Блискиот Исток: Над 200 мртви во Иран, напади во Дубаи и Бахреин, сирени низ Израел

Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира откако Иран соопшти дека во нападите загинале повеќе од 200 лица, а над 700 се повредени. Според иранската државна агенција IRNA, 53 лица загинале во напад врз училиште за девојчиња.Во нов бран ирански напади погодени се објекти во регионот, меѓу кои хотел во Дубаи и зграда во Бахреин. Властите во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека еден цивил загинал од крш што паднал по пресретнување на проектил.Истовремено, Катар , Кувајт, Јордан и Бахреин наведоа дека пресретнуваат проектили и беспилотни летала истрелани од Иран.Според агенцијата Reuters, во нападите биле убиени ирански министер и висок командант на Револуционерната гарда. Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните удари во Техеран биле насочени кон локации каде се собираат високи политички и безбедносни функционери.Сирени за воздушна опасност непрекинато одекнуваат низ Израел, додека тензиите се шират низ целиот регион.Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на иранските граѓани: „Се приближува часот на вашата слобода“, изјава што дополнително ја зголеми дипломатската напнатост.Светските лидери во меѓувреме повикаа на итно враќање кон дипломатски решенија и деескалација, предупредувајќи дека постои реална опасност конфликтот да се прошири на поширокиот регион.

Свет | пред 1 месец

media-library6gvg6mttmcefbs54Zru

Таткото на загинатата Надица од „Пулс“: Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз смртта на нашите деца

„Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз туѓа трагедија. Нема да дозволиме никој да гази врз смртта на нашите деца за да ја спаси сопствената позиција или углед.“ Со овие зборови Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, повторно се обрати пред јавноста, нагласувајќи дека родителите остануваат обединети во борбата за целосна одговорност.Тој посочи дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со случајот, но дека, според него, постојат и други со „многу поголема моќ, обврски и надлежности“ кои засега не се опфатени со обвинението. „Тоа што денес не се опфатени не значи дека се ослободени од одговорност. Законот е јасен – ова дело не застарува. Ќе има ден и ќе ги чекаме и нив на обвинителна клупа“, рече Наунов.Осврнувајќи се на информациите дека се бара свикување колегиум за повторно разгледување на обвинението и евентуално ослободување на дел од обвинетите, тој порача дека „колегиумот може да прегледува документи, но не може да брише факти, пропусти и нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт“.Наунов направи разлика меѓу човечкиот инстинкт за самоодбрана и службената должност. „Кој помогнал – чест му и слава. Кој не помогнал – тоа е слабост на човекот, а не доказ за вина. Но суштината е во тоа кој имал должност, а не ја извршил. Кој имал овластување и не го употребил. Кој имал моќ, а ја свртел главата“, истакна тој.Тој нагласи дека родителите не бараат одмазда, туку правда и систем што ќе ги штити децата. „Ревизијата е техничка процедура, не е амнестија. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Вистината ќе излезе на виделина, сакал некој или не“, порача Наунов, најавувајќи дека борбата ќе продолжи сè додека не се утврди целосната одговорност за трагедијата.

Македонија | пред 1 месец

media-library2tufpgr908ebfm1HBas

(Видео) Гори луксузен хотел во Дубаи

Во Дубаи избувна пожар близу влезот на луксузниот хотел Fairmont The Palm, предизвикан од остатоци кои паднале од небото за време на иранскиот ракетен напад. На социјалните мрежи се проширија снимки од оган и чад, а нивната автентичност ја потврди Sky News. Според податоците од туристичката агенција Tui, хотелот нуди врвни ресторани, наградуван спа центар и базени со поглед на градот.Иранските државни медиуми соопштија дека нападот е насочен кон Дубаи, додека Министерството за одбрана на ОАЕ објави дека пресретнал нов вал ирански проектили и беспилотни летала. Не е соопштено кои биле конкретните цели, но во Емиратите се стационирани американски воени сили.Ова следи по утринскиот напад на САД и Израел врз Иран, при што во Техеран и во други ирански градови се слушнале најмалку три експлозии. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападот има за цел да го заврши безбедносниот ризик за САД и да им понуди на Иранците можност да ги сменат своите влади. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со дронови и балистички проектили.Pentagon го нарече американскиот напад „Епски гнев“, додека Израел својата операција ја нарече „Лавовски рик“. Иран возврати со испукување ракети кон Израел и врз американските воени бази во Бахреин, ОАЕ и Катар.

Свет | пред 1 месец

media-library4efo16ujl066bJDzoL3

(Фото и видео) Снимки од Техеран покажуваат големи сообраќајни гужви по американско-израелските напади

Снимки кои пристигнуваат од Техеран прикажуваат долги колони автомобили и големи сообраќајни метежи на главните градски улици. До застој дојде по денешниот бран американски и израелски напади, поради што многу жители се обидуваат да ја напуштат иранската престолнина, известува CNN.

Свет | пред 1 месец

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Иран ги демантира тврдењата за ликвидација: Хамнеи е жив – подготвени за деескалација

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи, и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се живи по американските и израелските напади врз Иран. „Сите високи функционери се живи, сите се на своите места, ја контролираме ситуацијата и сè е во ред… Врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи, сè уште е жив колку што знам“, рече тој во интервју за NBC.Аракчи, говорејќи директно од Техеран по заедничките напади, додаде дека двајца команданти загинале, но високи официјални лица на режимот, вклучително министерот за правда и претседателот на парламентот, преживеале.

Свет | пред 1 месец

media-libraryphmc102mggm96kangY4

(Видео) Ирански напад погодил цели во Дубаи, експлозии во најелитниот дел од градот каде живеат и наши граѓани

Воздушен напад од Иран погодил цели во Дубаи, поточно во најелитниот дел кај Палм Џумеира, јавуваат македонски иселеници за „Скопје1“.Според нивните сведоштва, во текот на вечерта се слушнале силни експлозии во близина на луксузниот туристички и станбен комплекс, по што биле активирани безбедносните протоколи. Засега нема официјална потврда од властите на Обединети Арапски Емирати за обемот на нападот, ниту информации за евентуални жртви или материјална штета.Претходно, регионални медиуми објавија дека Иран извршил ракетни напади врз повеќе американски воени локации на Блискиот Исток, при што експлозии беа пријавени и во делови од Емиратите.

Свет | пред 1 месец

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Убиени иранскиот министер и командантот на Револуционерната гарда

Во израелските напади на Иран, според неофицијални извори, загинале иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур. Оваа информација за агенцијата Reuters ја потврдиле три извори – два блиски до израелските воени операции и еден регионален извор.Исто така, се појавиле информации за убиството на Али Шамкани, секретар на Иранскиот Врховен совет за национална безбедност и еден од главните советници на врховниот лидер Али Хамнеи. Шамкани, кој долго време беше столб на иранскиот безбедносен систем, наводно загинал во американско-израелските воздушни напади.САД и Израел започнаа воени удари врз Иран, на што Техеран возврати со напади врз повеќе американски воени објекти во регионот, изјавил американски официјален претставник за NBC News. Според официјалната агенција Fars, Иран истовремено гаѓал четири американски бази со повеќекратни ракетни удари – воздушната база Ал Удеид во Катар, базата Ал Салем во Кувајт, воздушната база Ал Дхафра во ОАЕ и базата на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.Пред тоа, бахреинската државна агенција BNA соопшти дека центарот на Пета флота бил погоден од ракетен напад.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd209dr4s2kg3bhJnTqr

Почина хирургот и професор Владо Јаневски

По повеќегодишно боледување, денеска на 71-годишна возраст почина познатиот хирург и професор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Јаневски остави значаен придонес во областа на хирургијата и медицинската едукација, пренесувајќи знаење и искуство на бројни лекари кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во приватните здравствени установи.Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

(Видео) Израелски проектил погоди училиште , најмалку 53 загинати

Најмалку 53 лица, меѓу кои и ученици, загинаа, а 63 се повредени во напад на основно училиште за девојчиња во градот Минaб на југот на Иран. Според иранската државна радиотелевизија IRIB, која се повикува на локален функционер од провинцијата Hormozgan, училиштето било директно погодено. Засега нема повеќе детали за нападот, јавува агенцијата Anadolija (AA).Нападот се случи како дел од поширока воена операција иницирана од САД и Израел, со цел отстранување на заканите што ги претставува иранскиот режим. Во одделни видео пораки, американскиот претседател Donald Trump и израелскиот премиер Benjamin Netanyahu наговестија поддршка за промена на власта во Техеран.Иран го осуди нападот како кршење на суверенитетот, најави одговор и започна контранапади. Ескалацијата се случува во чувствителен момент, додека Оман посредува во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за иранскиот нуклеарен програм, со последен круг разговори одржан во Женева оваа недела.

Свет | пред 1 месец

media-library9f401ov1hbbf0jsie3i

Израел ги затвори училиштата и забрани собирања поради нападите од Иран

Израел забрани јавни собири, затвори училишта и работни места, а пациентите во болниците ги премести во подземни објекти, откако Иран лансираше проектили кон земјата како одмазда за заедничкиот американско-израелски напад.Министерот за одбрана, прогласи вонредна состојба низ целата земја и ја предупреди јавноста за иранските напади со проектили и беспилотни летала. Војската ги повика граѓаните да се придржуваат кон вонредните упатства и повика десетици илјади резервисти на служба за обезбедување на копнените граници. Полицијата предупреди против непотребни патувања за да се овозможи непречено движење на возилата на итните служби и безбедносните сили.Израелските безбедносни сили соопштија дека нападите врз Иран ќе траат „колку што е потребно“, со цел да се осигура дека иранскиот режим не може да ја загрози стабилноста на регионот и меѓународната стабилност. Паралелно со воздушните напади, системите за противвоздушна одбрана идентификуваат и пресретнуваат закани испукани од Иран кон Израел.Некои Израелци се чувствуваа безбедно благодарение на софистицираниот противвоздушен систем и излегоа на плажа во Тел Авив, изразувајќи поддршка за операцијата против Иран. По првиот ирански одговор, се забележани мал број повреди и штети, а граѓаните имаат пристап до засолништа по предупредувањата од националниот систем за рано известување.Израел ја затвори воздушната зона за цивилни летови, но копнените граници со Египет и Јордан останаа отворени. Американското амбасадорство во Ерусалим им препорача на своите службеници да се засолнат или да ја напуштат земјата доколку сакаат.Во медицинскиот центар Sheba Medical Center персоналот ги премести одделите под земја како дел од подготовките за евентуален напад.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr0hm4pip2fav6D8iyKI

(Видео) Проектил падна на улица во Катар

На социјалните мрежи се шири видео снимка на која се гледа моментот кога проектили паѓаат во близина на група луѓе на улица во Катар. Ситуацијата се случува по американско-израелските напади на Иран, на кои Иран одговори со напади врз повеќе американски воени објекти во регионот, според изјави на американски официјален извор за NBC News.Според официјалната иранска новинска агенција Fars, целта биле четири американски бази: воздушната база Al Udeid Air Base, базата Al Salem Air Base, воздушната база Al Dhafra Air Base и центарот на Пета флота на американската морнарица.Бахреинската државна агенција BNA претходно објави дека центарот на Пета флота на американската морнарица бил изложен на ракетен напад, што ја зголеми тензијата во регионот.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања