Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Десет возачи лишени од слобода за еден ден – алкохол, забрана и возење без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Во текот на 28 февруари 2026 година, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода десет возачи поради тешки прекршоци во сообраќајот, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.

Од нив, пет лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, и тоа на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје. Четири лица биле санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територијата на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.

— реклама —

Еден возач во Скопје бил лишен од слобода поради управување возило со изречена забрана за управување од Б категорија.

— реклама —

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library22ehvslmdm22arH0l94

По семејна расправија ја нападнал сопругата и ѝ ги зел парите и клучевите од автомобилот

Македонија | пред 14 минути

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Расправија за паркинг во Тетово завршила со тепачка

Македонија | пред 16 минути

Kursum

Заталкан куршум оштетил автомобил во Гостивар

Македонија | пред 16 минути

media-library8nbn985udqtt8ntW5yR

Уапсен жител на Равен, при претрес во неговиот дом пронајдени дрога и куршуми

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања