Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

markica-1

Свикана осмата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ОСМАТА СЕДНИЦА   НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.03.2026 година (петок) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДПредлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Христо Узунов“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Братство – единство“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Кoчо Рацин“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООМУ„Методи Патче“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот финансиски извештај и завршна сметка на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот 01.01.-31.12.2025 година.Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на ЈП„Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето и завршната сметка на ЈП „Градски Пазар“ Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката остварена во работењето на ЈП Водовод Охрид за период 01.01. – 31.12.2025 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменет Годишен план за вработување за 2026 година на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Oдделението за даноци за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година (Н1) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година (НА) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година (Н2) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 година (НБ) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 година (ВА) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за здравствена и социјална заштита за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работа на општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот Извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈМ капитални расходи за паркови и зеленило за 2025 година – Подпрограма ЈМА – реализација на проект „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈE изградба на простор за паркирање за 2025 година – Подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – Подпрограма ЈИА – реализација на проектот „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици Малесија, Александар Гушо, Трајче Дојчиноски, Први мај, Вангел Николоски, Дебарца и Момчило Јорданоски“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година – Подпрограма ЈГЦ – реализација на „Основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (прв повик).Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (втор повик).Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за отстапување на времено користење недвижен имот – зграда на старото училиште во село Долно Лакочереј на Здружение за заштита на природното и националното богатство „Енхелеус – Лихнид“.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-3025/106.03.2026 год.О х р и д

ОО | пред 1 месец

ChatGPT

Њујорк сака да им забрани на AI-четботи да даваат правни и медицински совети

Законодавното тело на американската сојузна држава Њујорк разгледува предлог-закон со кој на четботи базирани на вештачка интелигенција би им се забранило да даваат правни и медицински совети.Предлогот предвидува и можност корисниците да ги тужат сопствениците на четботи доколку ја прекршат оваа одредба, објави порталот Statescoop.Станува збор за сенатскиот предлог-закон S7263, кој беше претставен на последната седница и минатата среда едногласно помина во Комитетот за интернет и технологија со шест гласа „за“. Тој е дел од поширок пакет мерки за регулирање на четботите со вештачка интелигенција.Законот се однесува на AI-четботи кои се претставуваат како лиценцирани професионалци, како лекари или адвокати, и им забранува да даваат „суштински одговор, информација или совет“ што би можел да претставува кршење на законите за професионално лиценцирање или неовластено вршење професија.Исто така, сопствениците на четботи ќе мора јасно и видливо да ги известат корисниците дека комуницираат со систем на вештачка интелигенција. Известувањето мора да биде на ист јазик како четботот и со читлива големина на буквите. Сепак, во предлогот се нагласува дека ваквата напомена не ги ослободува компаниите од одговорност.Благодарение на предвиденото право на приватна тужба, корисниците би можеле да покренуваат граѓански постапки против сопствениците на четботи и да бараат надомест на штета и адвокатски трошоци.Експертите сметаат дека токму ова право е клучно за спроведување на законот, бидејќи регулативите за податоци или системи со вештачка интелигенција без ваков механизам често се покажуваат послаби.Главниот државен обвинител на сојузната држава Мејн, Арон Фреј, неодамна оцени дека ваквиот механизам има „значаен одвраќачки ефект“.Доколку законот биде усвоен, тој ќе стапи во сила 90 дена по потпишувањето од гувернерот. Во истиот законодавен пакет се и мерки за заштита на малолетниците од небезбедни функции во четботите, како и правила за одредени интернет-платформи, меѓу кои и гејминг платформата Roblox, за која се смета дека има слаба заштита на приватноста на младите корисници.Дополнителни предлози предвидуваат задолжителни известувања на генеративните AI-системи, како и нови правила за ракување со биометриски податоци и создавање синтетичка содржина.Авторката на предлог-законот, државната сенаторка Кристен Гонзалез, која претседава со Комитетот за технологија, изјави дека пакетот мерки има цел да обезбеди развојот на вештачката интелигенција „да не оди на сметка на безбедноста на жителите на Њујорк, особено на децата“.Во јануари апликацијата за генеративни AI-четботи Character.AI и компанијата Google решија неколку тужби поврзани со улогата на нивните четботи во самоубиства на неколку малолетници.„Луѓето заслужуваат вистинска грижа од вистински луѓе. Заслужуваат транспарентност, одговорност и гаранција дека нивните податоци се безбедни додека ја користат технологијата“, изјави Гонзалез.

Свет | пред 1 месец

marihuana

Колумбиската морнарица заплени двa тони марихуана вредни над 21 милион долари

Колумбиските вооружени сили запленија две тони марихуана од пловило на кое се наоѓале четири лица, за време на операција за поморска безбедност во централните води на Пацификот.Властите соопштија дека со оваа акција е спречена дистрибуција на околу 334.000 дози дрога. Според официјални лица, вредноста на запленетата стока надминува 21 милион долари, што претставува значителна финансиска загуба за криминалните организации.

Свет | пред 1 месец

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп повторно бара помилување за Нетанјаху, сега поради војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот повторно побара од израелскиот претседател да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој е обвинет за корупција, пренесува Ројтерс. Трамп порача дека Нетанјаху треба целосно да биде фокусиран на војната со Иран.„Претседателот Херцог мора да го помилува Биби уште денес. Не сакам Биби да се занимава со ништо друго освен со војната со Иран... Херцог е срам... пет пати ми вети дека ќе го помилува Биби“, изјави Трамп во интервју за израелската телевизија Н12, користејќи го прекарот на Нетанјаху.Од кабинетот на израелскиот претседател Исак Херцог одговорија дека додека Израел е во војна, нема да се занимаваат со прашањето за барањето за помилување на Нетанјаху. Херцог додаде дека длабоко го почитува придонесот на Трамп за безбедноста на Израел и неговиот став за Иран, но нагласи дека Израел е суверена држава која ја почитува владеењето на правото.„Претседателот ќе го разгледа барањето во согласност со законот, интересите на државата и сопствената совест, без каков било внатрешен или надворешен притисок“, се наведува во соопштението од кабинетот на Херцог.Нетанјаху е првиот израелски премиер кој за време на мандатот е обвинет за кривично дело. Тој ги негира обвиненијата за примање мито, измама и злоупотреба на довербата, кои беа подигнати во 2019 година. Трамп и претходно неколкупати го повика израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху, кој официјално поднесе барање за помилување во ноември.Херцог претходно ги оспори тврдењата на Трамп дека му ветил помилување. Повикот на Трамп доаѓа во време на зголемени тензии, откако САД и Израел во саботата започнаа заедничка кампања на бомбардирање на Иран.Според израелскиот закон, претседателот има овластување да помилува осудени лица. Сепак, нема преседан за давање помилување додека судскиот процес сè уште трае, а правната процедура може да биде долготрајна.

Свет | пред 1 месец

kineski-voeni-avioni-10

Драматична воздушна борба: Ирански авиони речиси ја нападнале најголемата база на САД, но биле соборени

Ирански бомбардери биле на само неколку минути од напад врз најголемата американска воена база на Блискиот Исток, но биле пресретнати и соборени од катарски борбени авиони во нивната прва воздушна борбена мисија, откриле за Си-Ен-Ен два извора запознаени со операцијата.Иранската револуционерна гарда во понеделникот наутро испратила два тактички бомбардера Су-24, произведени уште во советско време, кон воздухопловната база Ал Удеид во Катар, каде што се стационирани околу 10.000 американски војници. Втората цел била Рас Лафан, клучен објект за преработка на природен гас и темел на катарската економија.Според еден од изворите, иранските авиони биле на само „две минути“ од своите цели. Друг извор потврдил дека леталата биле визуелно идентификувани и утврдено било дека се вооружени со бомби и наведувано оружје.Катарските сили испратиле радио-предупредување, но не добиле одговор од екипажите на бомбардерите, кои се спуштиле на висина од само 25 метри за да избегнат радарска детекција.Поради „временските ограничувања“ и врз основа на достапните докази, леталата биле класифицирани како непријателски. Катар потоа ги подигнал своите борбени авиони, а еден катарски Ф-15 влегол во воздушна борба со иранските летала и ги соборил, изјавил изворот.Остатоците од иранските авиони паднале во катарските територијални води. Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи Маџед ал Ансари изјавил дека е во тек потрага по членовите на екипажот.Инцидентот се случил во момент на силна ескалација на конфликтот, откако Иран започна одмазднички напади со стотици проектили и беспилотни летала кон арапските држави во Персискиот Залив како одговор на американските и израелските воздушни напади врз Иран. Во првиот бран од тие напади во саботата беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, кога беше погоден неговиот комплекс во Техеран.Овој потег означува првпат Техеран да употреби авиони со екипаж за напад врз соседна држава по смртта на Хамнеи, но и првпат катарските воздухопловни сили да се вклучат во вистинска воздушна борба.Американскиот генерал Ден Кејн, началник на Здружениот штаб, го потврди инцидентот на прес-конференција во Пентагон, но не прецизираше која била целта на иранските бомбардери. „Катарски борбени авиони за првпат соборија два ирански бомбардера кои се движеа кон нивната локација“, изјави тој.Во разговор со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани го опишал инцидентот како потег што води кон ескалација и покажува недостиг од искрена намера на Иран да ги намали тензиите.Според податоци на регионалните влади, од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, Техеран испукал повеќе од 400 балистички проектили и над 1000 беспилотни летала кон државите од Заливот. Иако поголемиот дел од нив биле пресретнати, шест американски војници загинале во неделата кога еден ирански проектил ја пробил противвоздушната одбрана и погодил импровизиран оперативен центар во кувајтското пристаниште Шуаиба.

Свет | пред 1 месец

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против иранските дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави побарале од Украина помош во одбраната од беспилотни летала на Блискиот Исток.Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс појасни дека станува збор за конкретно барање за поддршка во одбраната од иранските дронови од типот „Шахед“.„Добивме од Соединетите Американски Држави барање за конкретна помош во одбраната од ‘Шахед’ на подрачјето на Блискиот Исток“, напиша Зеленски.Тој додаде дека веќе издал наредба да се обезбедат потребните средства и да се ангажираат украински експерти кои можат да ја гарантираат потребната безбедност.

Свет | пред 1 месец

media-library9lrdms959j756mpCku2

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на група пратеници, денеска до Собранието ги поднесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително, Зајкова поднесе и барање за одржување на седница на собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените.Пратениците од сите политички партии во Собранието повторно ќе имаат можност да дискутираат по предлогот на претседателката Зајкова и ќе добијат шанса со давање поддршка, вистински да застанат на страната на жртвите на насилство.„Денес повторно го поднесуваме Законот за електронска нараквица со кој што се овозможува дополнителна заштита на жртвата, покрај нејзината пријава, која обезбедува аларм на жртвата  доколку сторителот се наоѓа во нејзина непосредна близина. Доста системот молчи, доста говориме за жените без да преземеме конкретни мерки. Пред Собранието повторно ќе се најде закон со кој што ќе може да покажеме дека навистина сакаме да обезбедиме заштита и превенција“, изјави претседателката Зајкова при поднесувањето на предлогот до Собранието.Покрај забраната за приближување, клучно е воведувањето на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство, која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри, со што ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за нејзино повторно изложување на насилство.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymdau6qp1i9ridkkmNZp

(Во живо) Пилот на државниот авион: Утре евакуираме 7 наши државјани од Египет, вршиме хумана работа

Емил Георгиев кој 16 години е пилот на државниот авион е гостин во „Претрес со Ландов”.„Апсолутно е потребна набавка на нов, технолошки модерен авион, кој ќе им служи на граѓаните. Немаме летало да им помогнеме на граѓаните. Со набавка на ново летало може да се врши и транспорт на органи”, вели Георгиев.Утре патуваат со државниот авион во Египет да преземат наши државјани кои од кризните места на Блискиот исток дошле во Египет од каде ќе бидат евакуирани. Летот до Египет ќе трае 3 часа и можат утре да донесат 7 патници. Другите ќе бидат пренесени со чартер летови.„Генерално ништо не е безбедно, но се е во рамките на нормалата. Одиме на хуманитарна мисија и мислиме се ќе биде во ред. Одредена е трасата, но до утре може да се провери, може и во тек на лет да ни ја променат. Не води мислата дека вршиме добра и хумана работа за државата и човештвото”, вели пилотот на државниот авион.

Скопје | пред 1 месец

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија остро ги отфрли наводите на Белата куќа за соработка со американската војска

Белата куќа денеска соопшти дека Шпанија наводно прифатила воена соработка со Соединетите Американски Држави во услови на ескалација на конфликтот со Иран, но шпанската влада веднаш ги отфрли овие тврдења.Соопштението од Вашингтон следуваше еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Мадрид со целосен прекин на трговските односи, објави шпанската јавна телевизија РТВЕ.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави пред новинарите дека „Шпанија во изминатите неколку часа се согласила на соработка со американската војска“, додавајќи дека, според неа, шпанските власти „многу јасно ја слушнале пораката на претседателот“. Таа истакна и дека американската армија се координира со своите колеги во Шпанија.До најновите тензии дојде откако Шпанија претходно одби да им дозволи на Соединетите Американски Држави користење на своите воени бази за операции насочени против Иран. Како реакција на таа одлука, Трамп вчера најави дека ќе ја прекине „сета трговија со Шпанија“.Сепак, шпанската влада категорично ги негираше наводите на Белата куќа дека е постигнат каков било договор за воена соработка со американската армија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryc8c4me0hbj677AAeVdQ

Голем дел од Куба остана без струја

Голем дел од Куба, вклучително и главниот град Хавана, во средата остана без електрична енергија, потврди националната електроенергетска компанија UNE, наведувајќи дека се работи на повторно воспоставување на снабдувањето.Најголемиот карипски остров беше погоден од масовен прекин на струјата, објави Ројтерс. Според соопштението на државната компанија, прекинот го зафатил подрачјето од централната покраина Камагуеј до Пинар дел Рио на крајниот запад на островот.Куба во последниот период се соочува со сè почести рестрикции на електрична енергија, што властите ги поврзуваат со американската блокада на испораките на нафта – гориво кое земјата го користи за функционирање на својата електроенергетска мрежа.

Свет | пред 1 месец

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Иран започна нов бран напади врз Израел

Иранската Револуционерна гарда започна нов бран ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел, објавија иранските државни медиуми, по ескалацијата што следуваше откако израелската војска претходно изврши обемен напад врз ирански воен комплекс.Според соопштението на Израелски одбранбени сили (ИДФ), цел на нападот биле повеќе командни центри и припадници на внатрешната безбедност во источен Техеран, вклучително и седиштето на Иранската револуционерна гарда.Во меѓувреме, неименуван командант на морнарицата на Иранската револуционерна гарда изјавил за државните медиуми дека Иран во Персискиот Залив ќе таргетира американски и британски бродови што превезуваат товар за Израел, без оглед на знамето под кое пловат.Тој додал дека Иран досега во текот на конфликтот нападнал повеќе од десет бродови и танкери. Изјавата следува по претходните ирански закани дека бродови би можеле да бидат нападнати доколку се приближат до Ормуски Теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта.

Свет | пред 1 месец

h_57503169

Путин: Би можеле да го прекинеме снабдувањето со гас за Европа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија би можела веднаш да престане со снабдување на европските пазари со гас и да се насочи кон, како што рече, „поперспективни пазари“, додека Европската Унија подготвува нови ограничувања за увоз на руска енергија.Според информации на европски претставници и документ во кој увид имал Ројтерс, Европска комисија на 15 април ќе поднесе законски предлог за трајна забрана на увозот на руска нафта, само три дена по парламентарните избори во Унгарија.Во разговор со новинарот на руската државна телевизија Павел Зарубин, Путин изјави дека се отвораат нови пазари кон кои Москва би можела да се пренасочи.„Сега се отвораат други пазари. Можеби би ни било поисплатливо веднаш да престанеме со снабдување на европскиот пазар и да се насочиме кон тие пазари и таму да се етаблираме“, рече рускиот лидер.Тој нагласи дека станува збор за размислување, а не за донесена одлука.„Ова не е одлука, туку размислување наглас. Сепак, ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании“, додаде Путин.Рускиот претседател повтори дека Русија, според него, отсекогаш била сигурен снабдувач со енергија и дека ќе продолжи да соработува со партнери кои ги смета за доверливи, меѓу кои ги посочи Словачка и Унгарија.

Свет | пред 1 месец

media-library97390g7p20nh33tzuU3

Известување за градежни активности УЗ Стар Град

Се известуваат жителите на УЗ Стар Град, дека активностите за санација на ул. Цар Самоил продолжуваат. Поради тоа во периодот додека траат активностите на овој дел ќе има посебен режим на сообраќај.

ОО | пред 1 месец

media-library8kbkl1u3q8pd2dZdgam

Спортски ден во Велгошти

По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт.Во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Катерина Стојаноска, советник во Советот на Општина Охрид.– Ми претставува особено задоволство што денеска сум дел од оваа спортска манифестација, со која се испраќа силна порака за афирмација на спортските дисциплини и промоција на здравите животни навики.Од дополнително значење е што овој спортски собир се одржува во чест на 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров и тоа што е дел од една убава спортска приказна во Велгошти.Општина Охрид како и до сега продолжува да дава голема поддршка во спортот. Континуирано се вложува во подобрување на условите за тренинг, во училишните спортски програми, во спортската инфраструктура и во поддршка на младите таленти. Веруваме дека вложувањето во спортот е вложување во здрави генерации, во дисциплина, во тимски дух и во вистински вредности.Ваквите настани имаат особено значење, затоа што спортот не е само натпревар, спортот е училиште за животот. Овој спортски ден е можност да се дружите, да создавате пријателства и да ги покажете своите способности во фудбал, баскет, пинг-понг и шах.Секој од вас што денес е на теренот е победник, затоа што избрал активност и здравје. Секако, најуспешните ќе бидат наградени со пехари и медали, но најголемата награда е искуството и радоста што ги носи спортот.Драги ученици, продолжете да спортувате, да сонувате и да верувате во себе. Општина Охрид ќе продолжи да биде ваш партнер и поддржувач на секој чекор од вашиот спортски и личен развој.Во мое лично име и во името на Општина Охрид, ви посакувам успешни натпревари, фер игра и многу насмевки, истакна Стојаноска во своето обраќање.Во рамки на спортската манифестација беа организирани натпревари во следните дисциплини: фудбал за 6-то и 7-мо одделение; баскет во женска и машка конкуренција, за 8-мо и 9-то одделение; шах за ученици од 1-во до 9-то одделение и пинг-понг за ученици од 6-то до 9-то одделение.

ОО | пред 1 месец

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран: Подготвени сме за долга војна, најнапредното оружје сè уште не е употребено

Иран е подготвен за долготрајна војна против САД и Израел и досега не го употребил своето најнапредно вооружување, соопшти денеска иранското Министерство за одбрана.„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго отколку што непријателот планирал за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството Реза Талаеи-Ник, пренесе државната новинска агенција ИРНА. Тој додаде дека Техеран нема намера да го распореди целото напредно оружје и опрема во првите денови од конфликтот.Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда соопшти дека вечерва испукала нов бран проектили кон Израел.„Започна шеснаесеттиот бран од операцијата ‘Вистинско ветување 4’, со голем број ракети и беспилотни летала што воздушно-вселенските сили на Револуционерната гарда ги лансираа кон срцето на окупираните територии“, се наведува во соопштението, при што се мисли на Израел.

Свет | пред 1 месец

media-librarymqsielc95u6kbyOtIlg

Американска организација тврди: На војници им се кажува дека војната во Иран е дел од Божји план

Поединечни американски воени команданти им зборуваат на своите војници дека војната што се води во Иран е дел од библиски план кој води кон крајот на светот каков што го познаваме, се наведува во низа пријави поднесени од повеќе од сто припадници на вооружените сили. Жалбите ги собрала Фондацијата за верска слобода во војската (MRFF), а за нив известува HuffPost.Основачот и претседател на организацијата, Мајки Вајнштајн, изјавил дека пријавите пристигнале од повеќе од триесет воени единици распоредени во најмалку триесет различни воени бази. Според него, поплаките почнале да пристигнуваат веднаш по почетокот на американско-израелските бомбардирања врз Иран.„Луѓето ни кажуваа дека нивните команданти се воодушевени од случувањата и им порачуваат: ‘Не грижете се, сето ова е дел од Божјиот план’“, рекол Вајнштајн.Тој предупредил дека ваквите пораки се повикуваат на библиската Книга на Откровението и на апокалиптичната битка кај Армагедон, опишувајќи визии за „река од крв“ долга стотици километри. Според него, проблемот е што војниците практично не можат да им се спротивстават на надредените кога религиозните убедувања се претставуваат како дел од службени наредби, бидејќи непослушноста во војската претставува казниво дело.Една од жалбите била поднесена од подофицер кој се наоѓа надвор од Иран и очекува распоредување, а кој реагирал во свое име и во име на уште 15 војници од различни вероисповеди. Нивниот командант, според пријавата, им наредил на припадниците на единицата да им кажуваат на другите дека војната во Иран е „дел од божествениот план“, при што цитирал пасуси од Откровението и зборувал за скорото враќање на Исус Христос.Подофицерот навел дека ваквите пораки го нарушуваат моралот и единството во единицата и претставуваат сериозно прекршување на уставното начело за верска слобода. Во пријавата се тврди и дека командантот изјавил оти претседателот Доналд Трамп бил „помазан од Исус“ да започне војна во Иран со цел да го поттикне Армагедон.Некои војници, според Вајнштајн, дополнително пријавиле дека биле поканувани на библиски средби во домовите на нивните команданти, каде што се разговарало за тоа дека актуелните воени настани се исполнување на христијанските есхатолошки пророштва.Тој нагласил дека поднесувањето официјални жалби во рамки на војската носи ризик за самите војници, бидејќи може да доведе до изолација и негативни последици во кариерата. Иако постојат механизми како обраќање до воени инспектори, правници или капелани, Вајнштајн предупредил дека и тие понекогаш не нудат вистинска заштита.Според него, ваквите појави не се изненадувачки со оглед на религиските тенденции во делови од администрацијата на Доналд Трамп и Министерството за одбрана. Тој потсетил дека министерот за одбрана Пит Хегсет неодамна изјавил дека САД се „христијанска нација“, како и дека молитвени собири редовно се одржуваат во Пентагон.Белата куќа засега не одговорила на барањето за коментар, додека MRFF предупредува дека мешањето на религијата со военото командување може да предизвика долгорочни последици врз американската војска и општество.

Свет | пред 1 месец

media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

(Видео) Нападнато седиштето на иранската државна телевизија

Според првичните извештаи, Израел извршил воздушен напад во Техеран насочен кон пропагандните структури на исламскиот режим.Цел на ударот на израелските воздухопловни сили било седиштето на иранската државна телевизија и радио.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjkofmm6s50kof2PN98O

(Видео) Американците објавија снимка: Со „невидливи“ бомбардери го нападнавме Иран

Американските воздухопловни сили синоќа извршиле напад врз ирански постројки за балистички проектили со стелт-бомбардери Б-2, соопшти Американската централна команда (CENTCOM) на платформата Икс.CENTCOM, заедно со видеоснимка од бомбардерите, објави дека „американски стелт-бомбардери Б-2, вооружени со бомби тешки 900 килограми, синоќа нападнале утврдени ирански постројки за балистички проектили“, додавајќи дека ниту една држава не треба да се сомнева во американската решителност.Соединетите Американски Држави и минатата година користеа бомбардери Б-2 во напади врз ирански нуклеарни постројки лоцирани длабоко под земја, кога леталата полетаа од воздухопловната база Вајтман во сојузната држава Мисури. Засега не е објавено од каде полетале авионите употребени во најновиот напад.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Полицијата спречи самоубиство на малолетник, откако била детектирана објава на социјални мрежи, велат од МВР

Секторот за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи на Македонија информира дека во изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, била детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.Веднаш по добиените сознанија, институцијата постапила итно и координирано, при што биле преземени сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време малолетникот бил пронајден, извршен е разговор и било констатирано дека е безбеден и во добра состојба. За настанот биле известени и родителите, кои се запознаени со состојбата и понатамошните чекори.Од Министерството посочуваат дека случајот уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Апелираат до родителите да одржуваат редовна и отворена комуникација со своите деца, да покажуваат интерес за нивните активности на социјалните мрежи и навремено да реагираат при забележување повлеченост, вознемиреност или загрижувачки содржини.Воедно, апел упатуваат и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи, доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување или безнадежност, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на самата платформа, а доколку им е познат идентитетот на лицето, да известат родител, старател, наставник, друго возрасно лице или најблиската полициска станица.„Навремената реакција може да спаси човечки живот“, нагласуваат од Секторот за компјутерски криминал, додавајќи дека остануваат посветени на заштитата на граѓаните во дигиталниот простор и на рано откривање и превенција на ризични појави.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryijngr6udobhc20OnfSz

Иранската револуционерна гарда тврди дека уби и рани 560 американски војници

Иранската револуционерна гарда (IRGC) објави дека извршила напади на американски и британски цели на море и копно, тврдејќи дека погодиле три нафтени танкери и дека во нападите врз американските бази во регионот биле убиени или повредени 560 американски војници.Според тврдењата на гардата, нивните сили гаѓале три нафтени танкери за кои велат дека припаѓаат на САД и Велика Британија. „Со проектили погодивме три офанзивни нафтени танкери кои припаѓаат на САД и Британија во Заливот и Хормушкиот теснец“, се наведува во нивната изјава. Покрај нападите на море, IRGC соопшти дека извршила и удари врз копнени цели. „Целевме разни американски бази во регионот, што резултираше со смрт и повреди на 560 припадници на американскиот воен персонал“, соопштија од гарда.Од американска страна, Американското централно командување (CENTCOM) потврди дека три американски војници загинале, а уште петмина се тешко повредени во операцијата наречена „Епски гнев“. „Неколку други војници имаат полесни повреди од шрапнели и потреси на мозокот и се враќаат на должност. Опсежните борбени операции продолжуваат, а нашиот одговор е во тек“, се наведува во соопштението.Сè уште не е познато на кој начин точно се случиле повредите и смртта на војниците.

Свет | пред 1 месец

media-library093jodaperk06n2YUWW

Страв и хаос во ОАЕ по иранските напади

Во ОАЕ минатата ноќ беше немирна, а стравот меѓу жителите и туристите се зголеми по 36 часа постојани ирански напади. Стотици ракети и дронови беа пресретнати во воздушниот простор на земјата, додека силни експлозии одекнуваа низ градовите. Граѓаните преку итни предупредувања на мобилните телефони беа повикани да побараат засолниште и да се држат подалеку од прозорците, додека предупредувањата тресеа градот три пати во интервал од само десет минути, во согласност со звукот на експлозиите.Додека соседите разменуваа пораки за најблиските засолништа, некои ноќта ја поминаа спиејќи во ходниците и бањите, обидувајќи се да бидат што подалеку од опасноста. Снимки од нападите врз аеродромот во Дубаи покажуваат големи парчиња кршевина на подот на терминалот, а четворица вработени се повредени. Набрзо беше погоден и аеродромот во Абу Даби. Владата на ОАЕ потврди дека во нападите загинале три лица, а 58 се полесно повредени, додека воздушниот сообраќај во целата област останува запрен, оставајќи многу туристи во неизвесност.Ситуацијата дополнително ја влошува густ чад кој се крева над пристаништето Џебел Али во Дубаи, додека сеуште не е познато што предизвикало експлозијата. Призорите на сив чад над градската плажа предизвикуваат паника, а во близина се распоредени и американски поморски средства по најавата на поранешниот претседател Доналд Трамп за испраќање „армада“ во регионот. Британското амбасадорство втор ден по ред им препорачува на граѓаните да побараат засолниште, додека владата на ОАЕ им нуди надомест на туристите чии патувања се нарушени.И покрај тоа, многу луѓе со автомобили се упатија кон Оман, единствената заливска земја која вчера не беше погодена од нападите, веројатно поради улогата на посредник. Иако властите тврдат дека системите за противвоздушна одбрана функционираат ефикасно, призорите на хотели во пламен на островот Палма, повредените цивили и звукот на пресретнати ракети предизвикаа паника. Супермаркетите се празни, а стотици луѓе чекаат во редови за основни намирници.Дипломатскиот советник на претседателот на ОАЕ, д-р Анвар Гаргаш, предупреди дека Техеран ја преминал црвената линија. „ОАЕ нема да седат со скрстени раце пред иранските напади и ќе ги разгледа своите опции“, изјави тој за Sky News Arabia.

Свет | пред 1 месец

media-library04v0q7h3nsq6bIsLQz4

Убиен Али Хамнеи: Како САД и Израел изведоа воздушен напад во Техеран

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, беше убиен во саботата наутро во воздушен напад врз неговиот комплекс во центарот на Техеран. Според извори на The Telegraph, неговиот живот минатата година веќе висеше на конец за време на дванаесетдневниот конфликт со Израел, кога израелските власти имаа можност за атентат, но беа запрени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп, што принуди двете страни на неизвесно примирје.Осум месеци подоцна, преговорите за иранскиот нуклеарен и ракетен програм закочија, а американскиот претседател го изгуби трпението. Иранските државни медиуми потврдија дека Хамнеи е убиен за време на состанок со најмалку пет други високи претставници на режимот. Израелските сили фрлија десетици бомби врз неговиот комплекс, а истовремени напади беа извршени и на најмалку две други локации во градот, во операција чија цел беше обезглавување на иранското раководство.Снимките, чија автентичност ја потврди The Telegraph, покажуваат густи столбови чад како се издигнуваат над Техеран од урнатините на канцеларијата на Хамнеи, закривајќи го сонцето. Сателитските снимки откриваат дека поголемиот дел од зградата е претворен во прав и пепел. Од урнатините, според извори, е извлечено телото на врховниот лидер, прострелано со куршуми, а фотографии од телото наводно биле покажани и на Трамп и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.По минатогодишното искуство со блиска смрт, Хамнеи се повлекол во себе, а дури и неговите објави на социјалните мрежи станале ретки. Неговиот бункер се наоѓал толку длабоко под земја што лифтот потребувал повеќе од пет минути за да стигне до него. Нападот бил изведен во средината на денот, за време на Шабат и Рамазан, што ги изненадило иранските власти. Еден висок офицер го опишал како „масивен и исклучително храбар дневен напад“ кој „го погоди врвот на власта веднаш на почетокот“.Според истите извори, нападот бил поддржан и од Саудиска Арабија, а американската администрација имала информации за присуство на Хамнеи на состанокот. Иако првично иранските власти тврделе дека лидерот е безбеден, државните медиуми потоа признале дека Хамнеи е мртов во неделата рано наутро.Доналд Трамп веднаш објавил дека Хамнеи е убиен, нарекувајќи го „еден од најзлите луѓе во историјата“. Според неговата изјава, САД и Израел соработувале за да се следи Хамнеи и да се изврши нападот.Иранските власти најавиле одмазда, а неговиот најблизок соработник, Али Ларијани, изјавил: „Ќе ги натераме ционистичките злосторници и безобразните Американци да зажалат за своите дела. Храбрите војници и големиот ирански народ ќе одржат незаборавна лекција на пеколните меѓународни угнетувачи.“

Свет | пред 1 месец

media-libraryc48idtleuk55cYtkBTi

Масовно пукање во Америка: Најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 14 беа повредени во масовната пука во еден бар во Остин, Тексас, рано утрово, соопшти полицијата. Сите повредени се пренесени во болница, при што тројца се во критична состојба, објави Reuters.Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во престрелка со полицајци. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за нападот сè уште не се објавени од властите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран возврати напад: Иран испрати ракети кон ОАЕ и Кувајт – најмалку 12 загинати

Израелските итни служби денеска соопштија дека осум лица загинале во иранскиот ракетен напад врз градот Бејт Шемеш, додека Обединетите Арапски Емирати пријавија три жртви, а Кувајт една жртва во одмаздата на Иран.Иранската револуционерна гарда објави дека со четири балистички проектили ја гаѓала американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, пренесуваат иранските државни медиуми. Според Агенцијата за поморска трговија на Обединетото Кралство, еден брод бил погоден со непознат проектил на 17 наутички милји северозападно од пристаништето Мина Сакр во емиратот Рас Ал Хајма во ОАЕ.Големи облаци чад се видени во пристаништето Зајед во главниот град на Емиратите, Абу Даби, изјави очевидец за Reuters. По воздушните напади на Иран низ Персискиот залив, советникот на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, повика Техеран „да се врати во разум“, истакнувајќи дека ова не е војна со соседните арапски заливски држави.Израел денеска започна нови напади врз Техеран, со цел да доминира на небото откако силите на Израел ликвидираа ирански висок функционер. Портпаролот на израелската војска, потполковник Надав Шошани, изјави дека остануваат бројни цели, вклучувајќи објекти на воената индустрија. „Имаме капацитет и цели да продолжиме колку што е потребно“, додаде тој, нагласувајќи дека во изминатите 24 часа израелските авиони ги демонтирaле повеќето системи за воздушна одбрана во западен и централeн Иран.

Свет | пред 1 месец

media-libraryu2p91kvetonp59LETAZ

(Видео) Иран ја нападна француската морска база во Абу Даби

Иранскиот Корпус на чувари на Исламската револуција (IRGC) соопшти дека покренал нов бран проектили и дронови кон земјите во регионот.Од облаците чад се подигнуваат од област во близина на пристаништето во Абу Даби по силните детонации што се слушнале над градот.На снимките се гледа чад над пристаништето, додека жителите пријавиле дека слушнале летала над градот. Остатоците од ирански дрон погодиле седиште на израелската амбасада во Абу Даби. Иран тврди дека гаѓал и француска морска база.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања