Промени тема
Контакт

Шпанија остро ги отфрли наводите на Белата куќа за соработка со американската војска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library7bhfilhab3q242gTs5q
unsplash / karl-callwood

Белата куќа денеска соопшти дека Шпанија наводно прифатила воена соработка со Соединетите Американски Држави во услови на ескалација на конфликтот со Иран, но шпанската влада веднаш ги отфрли овие тврдења.

Соопштението од Вашингтон следуваше еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Мадрид со целосен прекин на трговските односи, објави шпанската јавна телевизија РТВЕ.

— реклама —

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави пред новинарите дека „Шпанија во изминатите неколку часа се согласила на соработка со американската војска“, додавајќи дека, според неа, шпанските власти „многу јасно ја слушнале пораката на претседателот“. Таа истакна и дека американската армија се координира со своите колеги во Шпанија.

— реклама —

До најновите тензии дојде откако Шпанија претходно одби да им дозволи на Соединетите Американски Држави користење на своите воени бази за операции насочени против Иран. Како реакција на таа одлука, Трамп вчера најави дека ќе ја прекине „сета трговија со Шпанија“.

— реклама —

Сепак, шпанската влада категорично ги негираше наводите на Белата куќа дека е постигнат каков било договор за воена соработка со американската армија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylq01ndtm5edr9jAR4P9

(Видео) Невреме со поројни дождови во Шпанија: Загина маж, патиштата се претворија во реки

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Морето во Шпанија собори рекорди: Измерени над 33 степени

Патувања | пред 1 седмица

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Крадци за само четири минути однеле златно богатство старо 3.000 години во Шпанија

Свет | пред 3 седмици

media-library2r3mh7quotgh5tpnTV7

Шпанија повторно во пламен: Изгореа 3.700 хектари, огнот создава огнени облаци

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања