Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи во Охрид и охридското крајбрежје, истакна вицепремиерот Александар Николоски на настанот каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски го означија проектот за реконструкција и надградба на охридскиот аеродром.Проеките што се работат околу аеродромот, вели вицепремиерот Николоски, ќе го подигнат капацитетот и квалитетот на услугите за сите патници. Само за првите два месеци од годината на охридскиот аеродром има зголемување од 20 % на патници во однос на минатата година, односно за 30 % раст на скопскиот аеродром.“ Покрај директните инвестиции на аеродрoмот, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат. Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации воведовме 24 нови дестинации. За мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции” - истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryep70pbskngpvfFMnEeW

Муслимани упаднаа во христијански град во Сирија: пукаа по продавници

Расправија меѓу двајца мажи во христијанскиот град Сукајлабија во централна Сирија прераснала во сектантски напади, при што беа оштетени куќи, продавници и автомобили. Нападите, кои ги извршија десетици лица на мотоцикли од блискиот сунитски град Калаат ал-Мадик, се најнови во низата насилства насочени против сириската христијанска заедница. Засега нема информации за жртви.Жителите велат дека конфликтот започнал како лична расправија, но брзо се проширил на имотот на христијаните. Лијан Двеир, чија продавница била изрешетана, изјави дека неговите деца биле преплашени додека траел нападот. Други жители пријавија обиди за подметнување пожар, кои беа спречени од соседите.Владините сили испратиле засилување во Сукајлабија и го смириле насилството, додека стотици жители излегоа на улиците барајќи одговорност и најавија штрајк додека сторителите не бидат казнети.Од падот на режимот на Асад во декември 2024 година, припадниците на алевитската, друската и христијанската заедница биле изложени на напади од вооружени групи лојални на новите исламистички власти, при што во ваквите напади загинале стотици луѓе.Сукајлабија претходно беше под контрола на сили лојални на Асад, додека Калаат ал-Мадик беше под контрола на бунтовнички групи. Ситуацијата се влошила по одлуката на властите да забранат конзумирање алкохол во Дамаск, што особено го погодило христијанското население познато по рестораните и баровите.Христијаните пред војната сочинуваа околу 10 проценти од вкупното население на Сирија. Под владеењето на Асад, тие уживаа слобода на вероисповед и имаа неколку високи државни функции, но по 2024 година нивната положба значително се влошила.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryt6351tqbamgk4xpWE8Q

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација, политиките на Владата дадода резултати, годинава планираме над 3,5 милиони патници

Политиките што ги работиме во ависообраќајот носат сериозни резултати. Воведовме 24 нови авиолини кон европските центри, забележивме преку 3,3 милиони патници, за годинава планираме бројка над 3, 5 милиони патници и тоа што за мене е важно е тоа што авиокомпаниите воведуваат летови без да бараат субвенции што значи дека ја препознаа Македонија како атрактивна дестинација, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на започнувањето со реконстркуција и надградбата на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.“Имаме експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски, успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми” – изјави  вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykj6n1m3depk8bloFG3Y

(Видео) „Христијанско братство“ застана зад осомничениот за убиство во Охрид: Не судете пред време

Од организацијата Христијанско братство, чиј член е Жарко Гроздановски, осомничен за убиство на охриѓанецот Климе Митрески поради користољубие, излегоа со јавна поддршка за него.Во кратко обраќање објавено на социјалните мрежи, член на организацијата порача дека тие „цврсто стојат зад братот Жаре“ и апелираше до јавноста да не носи заклучоци пред да се утврди вистината во постапката.„Ние како членови на Христијанско братство цврсто стоиме зад братот Жаре и ве молиме не го осудувајте човекот пред време, се додека не се докаже спротивното“, се наведува во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryofr1hrhf7or27XFDU7F

ЗНМ и ССНМ: Повикот на Обвинителството може да се сфати како притисок врз медиумите

Здружение на новинари на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници реагираа на соопштението на Основно јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации да „гарантираат“ почитување на етичките стандарди.Реакцијата доаѓа откако во јавноста се отворија прашања за неизборот на обвинителката која го водеше процесот против полицајците за случајот „Пулс“, односно дали оваа промена може да влијае врз текот и времетраењето на постапката.Од ЗНМ и ССНМ посочуваат дека ваквиот повик, без прецизно наведување на конкретни случаи на неетичко известување, може негативно да се протолкува во јавноста и да остави впечаток на обид за стишување на критичките гласови и ограничување на јавната дебата за прашања од висок јавен интерес.Како што информираат, ова било посочено и во директна комуникација со претставници на обвинителството, со цел да се надминат недоразбирањата.Тие нагласуваат дека професионалното и етичко известување е обврска на новинарите и медиумите, додека новинарските организации имаат улога да ги промовираат стандардите и да реагираат при нивно прекршување, но не можат и не треба да гарантираат за секоја објава или уредувачка одлука.Воедно потсетуваат дека постојат механизми за постапување при сомнеж за неетичко известување, меѓу кои претставки до Советот на честа при ЗНМ и до Советот за етика во медиумите во Македонија.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0ooag7vkjlt75zK8v7l

(Видео) Балистички напад предизвика пожар во Неот Ховав

Голем пожар избувна во индустриската зона Неот Ховав, јужно од Бер Шева, по последниот ирански балистички напад, соопштија спасувачките служби. Засега во тој регион нема пријавено повредени.

Свет | пред 1 седмица

media-librarypb0hu429g7rt6jxqTRZ

Ирачката влада во тешка позиција помеѓу САД и Иран

Ирак, кој досега успеваше да ја одржува рамнотежата за да ги зачува своите сојузи со Вашингтон и Техеран, поради војната на Блискиот Исток сѐ потешко успева да избегне смртоносна ескалација, објавува France Presse.По нападите кои им се припишуваат на САД, Багдад го заостри тонот и го одобри „правото на одговор и одбрана“ на поранешните паравоени формации Хашд ал-Шаби, познати како Сили за народна мобилизација. Овие формации се дел од државните сили, но обединуваат и проирански вооружени фракции кои се бореле против Исламската држава и редовно преземаат одговорност за напади со беспилотни летала и ракети врз американските цели. Од почетокот на американско-израелската офанзива против Иран на 28 февруари, тие повеќепати ја нападнале американската амбасада во Багдад.И покрај војната, Ирак се обидува да одржи одредена рамнотежа меѓу својот американски партнер и иранскиот сојузник. Владата повика на разговор американски службеник по смртоносниот напад врз Хашд ал-Шаби, како и иранскиот амбасадор по нападите со балистички проектили во кои загинаа шест војници од автономниот Курдистан.Експертите предупредуваат дека владата се наоѓа во тешка позиција: не може да влезе во отворен конфликт со САД, но не може ниту да ги спречи проиранските групи да вршат напади во земјата и надвор од неа. Со појачаните воздушни напади врз овие формации, ризикот од ескалација и можен граѓански конфликт расте секојдневно.Силите Хашд ал-Шаби, кои бројат околу шеесет фракции, се концентрирани во провинциите Ал-Анбар, Нинива, Киркук и Џурф ал-Сахар, каде што делуваат заедно со редовната војска. Целта на американските напади е да се ослабат лидерите и командните центри на овие групи, но тие сепак задржуваат можност за штета со ракети и беспилотни летала.Експертите истакнуваат дека без политичка стратегија, овие напади ќе доведат само до фрагментација и хаос, а ирачката влада сѐ уште нема средства да ги принуди групите да се разоружаат без ризик од граѓанска војна.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryc0259ossq4c51yizE9s

Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба

Започнуваме со сериозен проект за реконструкција, надградба и модернизација на охрискиот аеродорм Св. Апостол Павле, што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор што е за 2.500 квадратни повеќе од постојниот простор. Ова е прва реконструкција и надградба од овој обем по изградбата на овој аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи.Вицепремиерот во својот говор истакна дека ова е значајна инвестиција во време кога Владата со своите политики сериозно го развива авиосообраќајот преку воведување на 24 нови авиолинии, превезени преку 3, 3 милиони патници и крупни инфраструктурни проекти околу аеродромот.“Ова е навистина еден посебен ден, затоа што можете сите да видите дека започнуваме so сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Ова практично се случува во оваа големина и на овој начин прв пат откако аеродромот е изграден. После добивањето на концесијата со ТАВ се прошири и се модернизираше аеродромската писта, а сега еве прв пат имаме сериозно проширување, надградување и реконструкција на аеродромот што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор, што е некаде зголемување за 2.500 квадратни од постојниот простор.Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, за патници кои што пријатно ќе се чувствуваат кога се летуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ќе значи многу повеќе можност за туризам, за бизнис и за поврзаност. Инвестицијата е во повеќе фази. Едната е оваа што се гледа и што се работи, но постојат и многу споредни инвестиции кои што сакам да ги спомнам.Прво, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на Скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат.  Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу, многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека ние сме држава од милион и осумстотини жители и дека, секако, ова бројка која што е далеку над таа можност, држава која што нема излез на море, така што во вакви услови навистина двата аеродроми имаат одличен перформанс” – се обрати вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Министерство за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Н.А.Л. (43) од Скопје.Од страна на лекар била констатирана смрт, по што бил извршен увид на местото на настанот.По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Скопје | пред 1 седмица

media-library80jetpgm7du01vy95rD

Астрономите открија ѕвезда со тајни за првата светлина во универзумот

Астрономите открија исклучително ретка ѕвезда која носи хемиски траги од првата генерација ѕвезди во универзумот, давајќи уникатен увид во космичката зора. Ѕвездата, наречена PicII-503, е толку сиромашна со тешки елементи што морала да се формира веднаш по првите ѕвезди што го осветлиле раниот универзум, објавува ScienceAlert.PicII-503 е најсиромашна со железо ѕвезда пронајдена надвор од Млечниот Пат и се наоѓа во старата џуџеста галаксија Пиктор II, стара повеќе од 10 милијарди години. Оваа галаксија се смета за „фосилна“ бидејќи во неа не се формирале нови ѕвезди со милијарди години, што ја прави идеално место за пронаоѓање ѕвезди од втора генерација формирани од остатоците на првите ѕвезди.Астрономите користеле податоци од истражувањето MAGIC за да ја идентификуваат ѕвездата PicII-503, која веднаш се истакнала по својот необичен спектар. Таа има околу 43.000 пати помалку железо и 160.000 пати помалку калциум од Сонцето, додека количината на јаглерод е огромна – околу 3.000 пати поголема во однос на овие елементи. Оваа нерамнотежа укажува дека ѕвездата потекнува од остатоците на слаба супернова, каде тешките елементи како железото и калциумот се враќале во јадрото, додека полесните елементи како јаглеродот се распрскувале во вселената.Откритието дава и можен увид во древните ѕвезди во халото на Млечниот Пат, бидејќи нашата галаксија во текот на својата историја апсорбирала многу помали галаксии, и Пиктор II би можела на крајот да ја доживее истата судбина. Истражувањето е објавено во списанието Nature Astronomy.

Магазин | пред 1 седмица

media-librarymd7157lmn8j21StAFPa

Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати: Иран мора да плати отштета

Анвар Гаргаш, дипломатски советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, во објава на X истакна дека секое политичко решение во врска со иранската агресија против арапските земји од Персискиот Залив мора да вклучува јасни гаранции за спречување на идни прекршувања, зачувување на принципот на ненапаѓање и обврска на Иран за компензација за напади врз цивили и клучна инфраструктура.Гаргаш додаде дека Иран пред војната ги излажал своите соседи за своите намери и покажал претходно планирана агресија, поради што овие два пристапи се неопходни во справувањето со режим кој се претвори во главна закана за безбедноста на арапскиот Персиски Залив.

Свет | пред 1 седмица

krv-karpos-3

Лицата со крвна група Б имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2

Лицата со крвна група Б би требало да обрнат малку поголемо внимание на животните навики што се поврзани со ризикот од дијабетес. Според сеопфатен преглед објавен во 2024 година, лицата со крвна група Б, без разлика на Rh факторот, имаат малку поголем ризик од развој на дијабетес тип 2 во споредба со лицата што ја немаат оваа крвна група, објавува Science Alert.Ризикот е во просек поголем за околу 28 проценти. Иако не станува збор за голем процент, тоа може да биде значајно, особено ако постојат и други фактори на ризик. Тимот предводен од епидемиологот Фанг-Хуа Лиу од болницата Шенгџинг при Кинескиот медицински универзитет истакнува дека ова е единствена убедлива поврзаност пронајдена меѓу стотици анализирани податоци за крвните групи и здравствените исходи.Лиу и нејзините колеги ги прегледале 51 систематски преглед со мета-анализи, покривајќи вкупно 270 различни поврзаности. По детална анализа, само поврзаноста помеѓу крвната група Б и ризикот од дијабетес тип 2 ги задоволила највисоките критериуми за докази.Лиу објаснува дека иако ризикот од 28 проценти е релативно мал во споредба со влијанието на исхраната, телесната тежина или начинот на живот, сепак е нешто што луѓето можат да го земат предвид при проценка на личниот ризик. На пример, внесот на само 50 грама преработено месо дневно го зголемува ризикот за 37 проценти, додека седечкиот начин на живот може да го зголеми ризикот за дури 112 проценти.Истражувачите не се занимавале со причините за оваа поврзаност, но една студија од 2025 година сугерира дека цревниот микробиом може да игра улога, што ќе бара дополнителни истражувања.Студијата ја нагласува потребата од поцелосни и посериозни истражувања за разбирање на врската меѓу крвната група и различни болести. Истражувањето е објавено во списанието BMC Medicine.

Магазин | пред 1 седмица

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Долно Седларце, возачот избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 20:50 часот во село Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во 70-годишниот пешак З.С. од Тетово, по што возачот го напуштил местото на настанот.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Малолетник нападнат на автобуска станица во Карпош

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година околу 23:00 часот, на автобуска постојка на подрачјето на општина Карпош во Скопје, малолетник од село Волково, скопско, бил физички нападнат од група малолетници.Од МВР велат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: повредени малолетничка и пешак

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле на 28 март 2026 година на подрачјето на Скопје, во кои се повредени малолетничка и повозрасна жена.Првата незгода била пријавена околу 12:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Зеф Љуш Марку“ и „Фан Ноли“, каде што патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И. (55) од Штип, удрило во детски тротинет управуван од малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината малолетна сопатничка, која се превезувала на тротинетот. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Втората незгода се случила околу 09:15 часот на крстосница од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“, каде што патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.К. (68) од Скопје, удрило во 75-годишната Р.Т. од Скопје. Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди, исто така констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Увид на двете места на настаните извршиле екипи од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Велес

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 07:00 часот на улицата „Сараевска“ во селото Горно Оризари, велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.Според информациите од МВР, во незгодата учествувале патничко возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Х. (51) од селото Горно Оризари и патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Ј.А. од истото село.Во несреќата, Ј.Х. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ј.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Приведени две лица во Свети Николе, пронајдена прашкаста материја

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишиле од слобода две лица, А.П. (25) од селото Горобинци и Д.Т. (30) од Свети Николе.Како што соопштува МВР, по претходно издадена судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени прашкаста материја, шише со течност и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. При тоа, кај А.П., која била затекната во домот, исто така била пронајдена и одземена прашкаста материја.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на Аеродромот Свети Апостол Павле, оценувајќи дека станува збор за значаен момент за развојот на охридското крајбрежје и регионот.Тој истакна дека со реконструкцијата ќе се зголемат капацитетот и квалитетот на аеродромот, со очекување проектот да биде завршен во предвидениот рок.Мицкоски информираше дека во првите два месеци од годинава е забележан значителен раст на бројот на патници, при што на Меѓународен аеродром Скопје има зголемување од 30 проценти, а на охридскиот аеродром околу 20 проценти. Според него, очекувањата се годинава да заврши со двоцифрен раст на двата аеродроми.Премиерот најави и интензивни активности со странски туроператори за привлекување туристи, при што со еден од нив преговорите се во завршна фаза. Станува збор за договор што би донел околу половина милион ноќевања надвор од летната сезона.„Анализите покажуваат дека овие гости трошат просечно околу 170 евра дневно, што значи дека само надвор од сезоната ќе се остварат околу 85 милиони евра во туризмот и угостителството на охридското крајбрежје“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека ваквите инвестиции ќе овозможат задржување на работниците во туристичкиот сектор и во периодот надвор од главната сезона, како и зголемување на бројот на туристи од земји како Скандинавија, Обединетото Кралство, Германија и Франција.Мицкоски порача дека реконструкцијата на аеродромот е значаен чекор кон развој на туризмот и економијата во регионот, изразувајќи очекување придобивките наскоро да ги почувствуваат граѓаните и бизнисите.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се занимава со нас

Од СДСМ денеска ја критикуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, секојдневни напади и „црна кампања“ против партијата и нејзиниот претседател, министерот за здравство Венко Филипче. Според партијата, опозицијата шири измислени афери, лажни анкети и негативни објави во дел од медиумите.„ВМРО-ДПМНЕ се обидува да не дискредитира од сите страни – преку јавен линч, небулозни прес-конференции, совети за реформи и платформи за рушење на СДСМ од внатре“, се вели во соопштението на партијата.Од СДСМ додаваат дека, и покрај овие напади, граѓаните ги препознаваат резултатите на партијата, која, според нив, ги исполнила ветувањата, вклучувајќи ја и смената на името на државата.Партијата исто така укажува на потребата за внимателно работење со анкетите и медиумските трошоци, со цел да се одржи довербата на граѓаните.„Македонија повторно горда“, завршува соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран тврди дека има целосна контрола врз клучните води во близина на Ормускиот теснец

Командантот на иранската морнарица упати предупредување за можна одмазда кон американските сили во регионот, пренесуваат иранските медиуми.Како што известува агенцијата Тасним, командантот изјавил дека Иран ќе чека американските сили да се приближат на дострел, предупредувајќи дека тие би можеле да бидат гаѓани со брегови ракетни системи.Тој тврди дека носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ бил принуден да се повлече стотици милји од иранските територијални води поради иранските ракетни операции и маневри.Дополнително, командантот истакнал дека источниот дел на Ормускиот теснец и Оманското Море сега се под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library9i6k2llcnt7m6xiBumf

Алкохол и без дозвола: Приведени возачи низ Македонија

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие полициските службеници лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со возило.Според Министерство за внатрешни работи, двајца од приведените управувале возило без возачка дозвола, едно лице управувало мотоцикл без положен возачки испит, додека тројца возеле под дејство на алкохол.Во Гевгелија е затекнат возач кој управувал мотоцикл без дозвола, а слични прекршоци се евидентирани и во општина Чашка и во Скопје.Во однос на возењето под дејство на алкохол, случаи се регистрирани во Битола, Скопје и Охрид, при што кај возач во Охрид биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Воедно, упатен е апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryun5kpsb8ue559Ki37yl

Се огласи синот на осомничениот убиец: Наместо разбирање, медиумски линч! Македонија знае кој е мојот татко

По убиството на Климе Митревски во Охрид, случај кој предизвика силни реакции во јавноста, се огласи Божидар Грозданоски, син на осомничениот Жарко Грозданоски, упатувајќи јавна поддршка за својот татко.Во објава на социјалните мрежи, тој реагира на, како што вели, односот кон неговото семејство во јавноста.„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот татко, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија. За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил“, напиша Божидар Грозданоски.Тој во пораката истакнува дека, според него, јавноста има поинаква перцепција за неговиот татко.„Брвенчани, тетовчани, но и граѓаните низ цела Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, наведува тој.

Македонија | пред 1 седмица

vojo-dimoski-696x401-1

Адвокат за убиството во Охрид: „Никој не заслужува ваков крај, којзне уште колку Палчовци има“

Адвокатот Војо Димоски, кој во минатото бил правен застапник на убиениот Климе Митрески, остро реагираше по трагичниот настан во Охрид, посочувајќи на сериозни системски слабости и небезбедност во општеството.„Покојниот Климе Митрески, жртвата на убиството во Охрид, ми беше клиент уште од првите денови на мојата адвокатска пракса. Никој не заслужува да го заврши животот на таков начин“, напиша Димоски.Тој во својата реакција посочува дека состојбите во државата се загрижувачки, обвинувајќи за отсуство на систем и институционален капацитет.„Чудо едно е во каква средина се има претворено оваа наша Македонија, која наизменично им ја доверуваме на владеење на луѓе на кои не би им ја довериле ни главата на шишање“, наведува адвокатот.Димоски тврди дека поради нефункционалноста на системот, опасни лица не само што остануваат на слобода, туку и се организираат.„Поради отсуството на систем, не само што психопатите се на слобода, туку истите се организираат во полулегални милитантни секти. Којзнае уште колку Палчовци чучат во темни подруми“, пишува тој.Во реакцијата, тој упатува критика и кон институциите, посочувајќи дека постои недостиг на јасни приоритети во борбата против криминалот.„Листата на задачи кои Премиерот му ги издиктира на Државниот обвинител укажува на немањето компас за приоритетите на борбата со криминалот“, наведува Димоски.Сепак, тој завршува со порака дека одговорноста не е само кај поединците.„Ама пак ќе речам: не се тие криви“, напиша адвокатот Војо Димоски по убиството на Климе Митрески.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Полициска акција во Карпош и Кисела Вода – приведени лица и десетици казни

Полицијата во ноќна акција во скопските општини Карпош и Кисела Вода изврши контроли во казина и угостителски објекти, при што беа констатирани повеќе прекршоци и изречени соодветни санкции.Акцијата била спроведена во периодот од 20:00 до 03:00 часот, со цел одржување на стабилна безбедносна состојба.„На 27/28.03.2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и казина и презедоа повеќе мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба“, информираат од МВР.Во Карпош биле контролирани шест угостителски објекти и две казина, при што едно лице било лишено од слобода за поседување дрога, три лица биле приведени за утврдување идентитет, а била изречена и една мерка по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.Дополнително, биле изречени 37 мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а две возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.Во Кисела Вода, пак, полициски службеници заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контроли во седум казина и седум угостителски објекти.„Во шест казина констатирани се прекршоци од Закон за пушење, Закон за лична карта како и Закон за приватно обезбедување, а кај еден угостителски објект е констатирано дека нема одобрение за летна тераса, а кај еден угостителски објект е констатиран прекршок за пречекорено работно време“, соопштуваат од МВР.За сите утврдени прекршоци се изречени соодветни мерки, а од полицијата најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Скопје | пред 1 седмица

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Одлуката на Советот на јавни обвинители да не го продолжи мандатот на обвинителката која повеќе од половина година работеше на предметот „Пулс“ предизвика сериозна загриженост кај семејствата на жртвите, кои бараат континуитет и ефикасност во постапката за еден од најтешките случаи во државата.Родителите посочуваат дека станува збор за обвинителка која гонела функционери, застапувала високо-профилни случаи и покренала обвинителни предлози и обвинителен акт против полицајци и началници од МВР кои ги смета за одговорни.„Нејзиниот неизбор доаѓа токму по завршување на истрагата и покренување на постапките за еден од најтешките и најчувствителни случаи во јавноста“, наведуваат тие.Според нив, континуитетот во ваков случај не е формалност, туку клучен предуслов за ефикасна постапка.„Со промената на обвинителот, предметот преминува кај нов обвинител кој ќе треба од почеток да се запознае со теоријата на случајот, доказите и целокупната постапка. Ова носи реален ризик од дополнителни одложувања, пролонгирање на судските процеси и нарушување на континуитетот“, посочуваат родителите.Тие додаваат дека дел од рочиштата веќе се одложени, а најголем дел од предметите сè уште се во фаза на чекање.Случајот „Пулс“, поврзан со пожарот во кој загинаа 63 лица, според нив, бара максимална сериозност и одговорност од институциите.„Токму затоа, секоја промена што може да влијае врз текот и динамиката на постапката отвора сериозна загриженост“, наведуваат тие.Родителите истакнуваат дека обвинителката Трајчева веќе е целосно запознаена со предметот и дека нејзиното отстранување не е во интерес на правдата.„Советот на јавни обвинители се повикува на ‘правична застапеност’, додека на обвинителката Трајчева ѝ се ускратува да продолжи со предметот кој сама го водеше – ова отвора сериозно прашање: дали формата се става пред суштината — правдата?“, наведуваат тие.Во пораката до институциите, родителите упатуваат јасно барање.„Затоа, јасно и гласно бараме: обвинителката да биде вратена на случајот. Ова не е прашање на поединец. Ова е прашање на систем и одговорност. 63 изгубени животи не смеат да станат предмет на административни одлуки без последици“, порачуваат тие.Тие нагласуваат дека јавноста има право да бара постапката да продолжи без прекин, институциите да постапуваат независно и професионално и сите одговорни да бидат утврдени согласно закон.„Ова е момент кога институциите треба да покажат дека стојат на страната на правдата. Правдата не смее да биде доведена во прашање. Таа мора да се спроведе — до крај“, порачаа родителите на дел од загинатите во „Пулс“.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања