Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Нафтената криза ги погоди летовите: Авиоиндустријата повторно во сериозни проблеми

Затворањето на Ормускиот теснец поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран предизвика сериозен потрес на глобалниот пазар на нафта, што директно ја погоди авиоиндустријата и доведе до драматичен раст на цените на горивото и авионските билети.Цената на авионското гориво во февруари изнесувала околу 96 долари по барел, а до 20 март се искачила на 197 долари, што е повеќе од двојно зголемување за само еден месец. Овој скок веднаш се одразил врз трошоците на авиокомпаниите – полнењето на авион како „Боинг 737-800“ поскапело од околу 17.000 на над 27.000 долари за краток период.Според Business Insider, дваесетте најголеми авиокомпании изгубиле околу 53 милијарди долари пазарна вредност од почетокот на конфликтот, иако пред тоа индустријата очекувала рекордни профити од 41 милијарда долари оваа година. Извршниот директор на United Airlines, Скот Кирби, веќе најави укинување на околу пет проценти од планираните летови.Аналитичарите предупредуваат дека авиокомпаниите се соочуваат со сериозен парадокс – повисоките цени на билетите ја намалуваат побарувачката, токму во момент кога им е најпотребна за да ги покријат зголемените трошоци. Експертот Ригас Доганис оценува дека станува збор за „егзистенцијален предизвик“, додека Deutsche Bank предупредува дека без брзо олеснување, можно е приземјување на илјадници авиони и прекин на работата кај послабите превозници.Покрај високите цени, проблем претставува и недостигот на гориво. Извршниот директор на TotalEnergies, Патрик Пујане, предупреди дека кризата веќе се шири од Азија кон Европа и може да има сериозни последици за потрошувачите.За европските патници, летувањето оваа година станува сè понеизвесно. Директорот на EasyJet, Кентон Џарвис, изјави дека компанијата може да гарантира летови само за неколку недели однапред.Податоците на Official Airline Guide покажуваат дека цените на билетите во првите два месеци од 2026 година веќе се зголемени за 24 проценти, а на популарните туристички линии се очекува дополнителен раст од 10 до 20 проценти.Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека земјите кои не се приклучуваат кон политиката на Вашингтон кон Иран „нема да можат да добијат авионско гориво“, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарот.Во меѓувреме, Европската комисија разгледува мерки за справување со енергетската криза, вклучително и ограничување на цените и намалување на даноците, додека енергетскиот комесар Дан Јоргенсен предложи граѓаните да патуваат помалку за да се заштеди гориво.Авиоиндустријата и претходно се соочувала со кризи, но оваа, според експертите, се издвојува по својата сложеност – нарушени рути, недостиг на гориво и огромни финансиски загуби. За патниците, пораката е јасна: билетите ќе бидат поскапи, летовите поретки, а неизвесноста ќе продолжи.

Свет | пред 4 дена

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран ја предупреди Бугарија: Не дозволувајте САД да ги користат аеродромите

Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека минатиот месец Иран ја предупредил земјата да не дозволува на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони кои учествуваат во воени операции во Иран.Информацијата стана јавна откако пратеникот Станислав Балабанов од партијата „Постои таков народ“ објави нота од 18 март, во која иранската влада протестира против присуството на американски воени танкери стационирани на аеродромот „Васил Левски“. Во нотата се наведува дека Иран „го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“.Автентичноста на нотата ја потврди заменик-министерот за надворешни работи, Марин Рајков. Тој истакна дека „Бугарија не е во војна“ и дека „ниту еден борбен авион не ја користи Бугарија за учество во воени операции“. Рајков додаде дека земјата продолжува да одржува нормални дипломатски односи со Иран.

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

Полски министер за одбрана: Нема НАТО без САД, но нема ни американска моќ без НАТО

Полскиот министер за одбрана, Владислав Косиниак-Камиш, реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја доведе во прашање американската посветеност на НАТО. Косиниак-Камиш истакна дека „Нема НАТО без САД, но исто така нема ни американска моќ без НАТО“ и нагласи дека единството и силните врски со Вашингтон остануваат клучни за безбедноста на Полска.Трамп во интервју за „The Telegraph“ го опиша НАТО како „хартиен тигар“ и ги критикуваше европските сојузници за ограничено учество во конфликтот на Блискиот исток, вклучително и за одбивањето да испратат воени бродови за повторно отворање на пловните патишта низ Хормушкиот теснец и ограничувањето на пристапот на САД до регионалните бази.Косиниак-Камиш истакна дека светот се наоѓа во тежок момент и дека е потребно намалување на тензиите. Тој подвлече дека Полска ја зајакнува својата одбрана, издвојувајќи речиси пет отсто од БДП за воени потреби, што е највисоко ниво меѓу членките на НАТО и значително над целта на сојузот од 2,5 отсто.Министерот потврди дека Полска нема да испрати свои системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Блискиот исток, и нагласи дека зајакнувањето на сопствените воени капацитети е клучно за одбрана на целиот сојуз. Од враќањето на функцијата во 2025 година, Трамп повторно ја критикуваше европската посветеност на одбраната и го доведе во прашање НАТО, создавајќи загриженост меѓу европските партнери.

Свет | пред 4 дена

media-libraryatjhttjnnp4p103Mfol

(Видео) Иран лансираше балистички проектили кон Израел

Иран денеска попладне испука околу десетина балистички проектили кон Израел, што претставува еден од најжестоките напади во последните недели и се случи непосредно пред еврејскиот празник Пасха. Израелските одбранбени сили (IDF) го потврдија лансирањето и активираа системи за противвоздушна одбрана за пресретнување на проектилите, јавува „The Jerusalem Post“.Војската апелираше до јавноста за одговорно однесување и почитување на безбедносните инструкции, нагласувајќи дека со тоа се спасуваат животи. Според првичните информации од итната служба Мagen David Adom (MDA), во нападот нема физички повредени, но неколку лица добиле помош поради анксиозност. Снимки објавени од МDA покажуваат значителна материјална штета на погодените објекти во централниот дел на Израел.Во одвоен инцидент, спасувачката организација ZAKA соопшти дека 25-годишен маж починал откако изгубил свест додека се огласувале сирените во Рамат Ган. Сè уште не е познато дали неговата смрт е директно поврзана со ракетните предупредувања.Гласноговорникот на IDF, бригаден генерал Ефи Дефрин, претходно денес предупреди на можност за координиран напад кон Израел за време на празникот Пасха. Израелските власти проценуваат дека ваквите напади често се темпирани ноќе или за време на викендите, со цел психолошки притисок, нарушување на секојдневието и создавање страв меѓу цивилното население.Пред овој напад, 16 лица, вклучително и повеќе деца, биле повредени од делови на проектили што паднале во централниот дел на Израел. Според МDA, во последните 24 часа нивните тимови згрижиле 72 лица – 50 со физички повреди и 22 поради анксиозност.

Свет | пред 4 дена

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп се заканува со излегување на САД од НАТО: Што би значело тоа за Европа?

НАТО е ставен под голем притисок поради конфликтот со Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше европските сојузници што не се приклучија на операцијата „Епски гнев“ на Блискиот Исток и остави отворена можноста САД да го преиспитаат своето членство во сојузот.Трамп го нарече НАТО „хартиен тигар“ и ги критикуваше Обединетото Кралство и другите сојузници за застарени воени сили и непочитување на американските барања. Тој го критикуваше британското воено присуство и стариот носач на авиони, додека истовремено нагласи дека европските одлуки за учество во операциите против Иран се недоволни.Експертите предупредуваат дека евентуално повлекување на САД од НАТО би било „голема штета за себе“ и би предизвикало стратешки шок за Европа, бидејќи безбедноста на Европа и Азија и натаму зависи од американската воена моќ. Сепак, дипломати и поранешни команданти сметаат дека стратешките интереси, вклучувајќи го и потребното одобрување од Конгресот, ќе натежнат во корист на останувањето на САД во сојузот.Ситуацијата ја открива растечката тензија меѓу САД и европските сојузници, нагласувајќи дека Европа мора да забрза со инвестициите во сопствената одбрана за да биде помалку зависна од американската моќ, особено во време на конфликти како оној со Иран.

Свет | пред 4 дена

market-pari

СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните со празни џебови и фрижидери

Македонските граѓани и работници се соочуваат со најниски плати во Европа и тешко врзуваат крај со крај, обвинуваат од СДСМ. Според партијата, „Владата на Мицкоски не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презема мерки за намалување на високите цени, но затоа ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието е ‘историско’“.Од СДСМ додаваат дека „историското зголемување колку вреди? 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел. Ете толку е од историското зголемување“. Тие посочуваат дека „за само три месеци новиот раст на цените е околу 2.500 денари, вредноста на синдикалната минимална кошница во март достигна скоро 68.000 денари“.„Поскапе и лебот, а Мицкоски уште чека, не воведува мерки. Очигледно Владата на Мицкоски мисли дека граѓаните не ги гледаат своите џебови, празните паричници и фрижидери“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги демантира тврдењата на Трамп за барање примирје

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека Техеран побарал примирје, истакнувајќи дека Иран не поднел таков предлог. Иранската државна агенција ИРИБ пренесува дека Арагчи наводниот ирански план од пет точки го опишал како медиумски „спекулации“.Министерот повтори дека Иран не бара примирје, туку целосно решение на конфликтот под сопствени услови. Според неговите изјави, војната ќе продолжи „додека агресорот не биде казнет и додека Иран не ја добие целосната отштета“. Иран веќе порано соопшти дека евентуален договор може да се постигне само по прекин на нападите, со гаранции тие да не се повторуваат и со исплата на воена отштета.Во меѓувреме, Трамп на социјалните мрежи објави дека „претседателот на новиот ирански режим“ побарал примирје и дека САД тоа ќе го разгледаат само кога Хормушкиот теснец ќе биде „отворен, слободен и чист“. Во објавата, тој рече: „Претседателот на новиот ирански режим, кој е многу помалку радикален и значително попаметен од своите претходници, токму од САД побара ПРИМИРЈЕ! Ќе го разгледаме тоа кога Хормушкиот теснец ќе биде отворен, слободен и чист. До тогаш, Иран го враќаме во камено доба!“Сè уште не е јасно на кој ирански лидер се однесуваат изјавите на Трамп – дали на иранскиот претседател Масуд Пезешкиан, кој е на функција од јули 2024 година, или на врховниот лидер Мојтабах Хамнеи, кој минатиот месец го наследи својот татко.Овие изјави се појавуваат во време кога Трамп во последните денови повторно тврди дека САД и Иран водат преговори за завршување на војната, но истовремено се заканува со ескалација на американските воени операции. Минатата вечер, новинарите во Белата куќа беа информирани дека американските цели во Иран ќе бидат остварени за „два или три недели“.

Свет | пред 4 дена

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Русија предупредува: Не патувајте во земји кои имаат договори за екстрадиција со САД

Руското Министерство за надворешни работи во средата ги предупреди своите граѓани да не патуваат во земји кои имаат договори за екстрадиција со САД. Во препораката за патување се наведува дека интензитетот на кривичниот прогон од страна на Вашингтон се зголемил од почетокот на војната во Украина во 2022 година и дека луѓето ризикуваат долги затворски казни доколку бидат екстрадирани во САД, пренесува „Reuters“.Министерството истакнува дека поради бројни екстериторијални санкции насочени кон стратешки сегменти на домашната економија, многу Руси, без да бидат свесни, можат да станат мета на американските правосудни и разузнавачки служби. Според соопштението, американските агенции често користат измамни шеми, привлекувајќи руски државјани со бизнис или туристички понуди во странство. Русите понекогаш се апсат веднаш по пристигнувањето во трета земја.Предупредувањето е упатено кон Руси кои имаат основани причини да веруваат дека би можеле да бидат предмет на кривичен прогон од американските власти или се на американските листи на санкции. Министерството ги наведе како ризични земји Велика Британија, Швајцарија, поголемиот дел од членките на Европската Унија, Канада, Австралија, Израел, голем дел од Латинска Америка, Либерија, Мароко и низа азиски земји.Русија тврди дека од 2008 година, кога на Тајланд бил уапсен трговецот со оружје Виктор Бут, повеќе од 100 нејзини државјани биле екстрадирани во САД.Бут во САД поминал 14 години во затвор поради трговија со оружје, перење пари и завера за убиство на американски државјани. Тој бил ослободен во 2022 година во размена за американската кошаркарка Бритни Грајнер, која во Русија била затворена поради внесување масло од канабис за електронски цигари.

Свет | пред 4 дена

media-libraryl7acfa2tog60deWgl47

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите.Во своите излагања, обајцата укажаа на детерминираноста на членството, не само од успехот на внатрешната трансформација (европеизација), туку и од политичката волја на европскиот совет, којшто одлучува со консензус.Милатовиќ го концептуализираше процесот преку четири можни сценарија: првото се однесува на неуспехот на државата да ги искористи пристапните механизми за институционална и демократска консолидација, што има негативни импликации и за самата држава и за Европската Унија; второто сценарио подразбира постигнат реформски напредок без соодветна политичка поддршка од соседите и од Унијата, што доведува до стагнација и ерозија на јавната доверба; третото сценарио укажува на формална геополитичка поддршка без суштински реформи, што ја компромитира одржливоста на процесот. Како најпосакуван, тој го истакна моделот на интензивни реформи проследени со забрзан напредок кон членство.Сиљановска-Давкова го анализираше евроинтеграцискиот процес низ поширок историски и вредносен контекст. За неа, европската интеграција е не само економска, политичка и правна цел, туку и цивилизациска определба, втемелена на вредности и принципи, важни за ЕУ како филозофија на живот.Тврдењето го поткрепи со компаративни примери, како оние на Грција, Шпанија и Португалија, за коишто членството во Европската Унија значеше демократизација и стабилизација.Слично на Милатовиќ, Сиљановска-Давкова членството го врзува примарно за реформскиот напредок, како и на соодветното политичко препознавање и признавање на истиот.Таа укажа на големите предизвици, со коишто се соочува земјата со оглед на предолгиот кандидатски статус, стекнат во далечната 2005 година, главно предодреден од влијанието на највисоките политички претставници на членови во Европскиот совет водени од нерационални условувања, врзани за историјата и културата, а не од меритократски причини.Споредувајќи ги извештаите на земјите кандидати за отпочнување на преговорите, Сиљановска Давкова оцени дека, македонската држава е поподготвена од многу други земји кандидати за отпочнување на преговорите. Во однос на веќе направените бројните уставни измени, таа потсети дека изостанаа ЕУ ветувањата.Отсуството на правни гаранции дека станува збор за последно политичко барање на патот кон полноправно членство во ЕУ, се заканува со логична опасност од губење на реформската енергија заради фокусирање на историски и културни прашања, наместо на хармонизација со европското право.Сепак, според неа, со оглед на фактот дека членството во Унијата е стратешка надворешнополитичка цел, особено важно е да се искористи сегашниот моментум, подеднакво важен за македонските политичари, и за оние на ЕУ.„Европската унија, низ призма на актуелната геополитичка состојба, мора да го перцепира проширувањето како најважно безбедносно прашање. Европскиот совет е соочен со наоѓање модус за брза и целосна интеграција на Западниот Балкан во Унијата, ако сака навреме да го заштити регионот од сериозни закани, од една страна, но и европската безбедност, од друга. Крајно време е реториката за европската перспектива да се замени со реална политичка поддршка на Западниот Балкан од страна на Европската Унија“, порача Сиљановска-Давкова.По предавањата, следеа низа прашања од студентите во врска со владеењето на правото и борбата со корупцијата во обете држави, политиката vs меѓународното право, важноста на заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ, како и опасноста од евроскептицизам во македонското и во црногорското општество.

Македонија | пред 4 дена

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Силни ветрови и опасни бранови ја зафаќаат Шпанија

Туристите кои во овие денови патуваат во Шпанија можат да се соочат со многу нестабилно време, предупреди државната метеоролошка служба на земјата.Силни удари на ветер ќе ја зафатат Шпанија, при што крајбрежните подрачја и најпосетуваните туристички острови ќе бидат најпогодени оваа недела, јавува британскиот „Експрес“.Државната метеоролошка агенција Aemet издаде низа предупредувања за силен ветер ширум земјата, со очекувано вознемирено море. Подрачјата каде се очекуваат најсилни ветрови ги вклучуваат Арaгон, Каталонија, Балеарските острови и регионот на Валенсија. За вторник и среда на сила се портокалови предупредувања, а ударите на ветер веќе достигнуваа брзина до 100 км/ч во изложените области, вклучувајќи ја Емпорда кај Жирона и делови од Сарагоса.Балеарските острови се исто така погодени, па на Менорка и на северот на Мајорка се очекуваат удари на ветер до 90 км/ч. Тешките услови на море би можеле да предизвикаат бранови високи и до 10 метри.Се очекува временските услови делумно да се смират во четврток, кога предупредувањата ќе бидат намалени на жолто ниво, но метеоролозите сепак предупредуваат на силни ветрови до 80 км/ч во области како Тарагона, Сарагоса и Кастељон.Меѓутоа, на Канарските острови, локалното население и туристите кои таму престојуваат за време на празниците се повикуваат на внимание поради пристигнувањето на познатиот временски феномен „калима“ од Сахара. Огромен облак песок, долг повеќе од Велика Британија, го придвижува системот на низок притисок кон шпанскиот архипелаг.

Свет | пред 4 дена

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Хорор во центарот на Хамбург: Волк нападна жена и ѝ нанесе тешки повреди на лицето

Во Хамбург, млад волк нападна 65-годишна жена пред продавница на познатиот ланец Икеа, при што ѝ нанесе тешки повреди на лицето.Жената се обидела да се оддалечи од животното, но волкот ја каснал на левата страна од лицето, предизвикувајќи повреди на усните и образот. Таа веднаш била пренесена на медицинска помош, каде ѝ биле зашиени раните, јавува „Bild“.По нападот, волкот побегнал низ градот и скокнал во езерото Inner Alster, а полицијата речиси еден час се обидувала да го фати користејќи штитови. На крајот, животното било фатено и сега е под ветеринарен надзор, додека не се донесе одлука за неговата понатамошна судбина.Овој редок инцидент отвори прашања за безбедноста по повторното населување на волците во Германија пред околу 30 години. Според експертите, ова е прв физички напад на човек регистриран уште од 1998 година.Стручњакот за шумарство и диви животни, д-р Андреас Кинзер, изјави дека ваков случај е без преседан, нагласувајќи дека младите волци се особено љубопитни и игриви, слично на младите животни.Во меѓувреме, германската влада усвои закони за контролиран лов на волци со цел регулирање на нивната популација и заштита на стоката. Карстен Шнајдер потенцира дека целта не е отстранување на волците, туку пронаоѓање одржливи начини за нивно заедничко живеење со луѓето.

Свет | пред 4 дена

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: Војната со Иран би можела да ја погоди Европа повеќе отколку пандемијата на ковид

Фридрих Мерц, германскиот канцелар, повика на брз прекин на американско-израелската воена кампања против Иран, предупредувајќи дека ескалацијата во поширок регионален конфликт сериозно би ја оптоварила европската економија, јавува Anadolija.„Ако овој конфликт ескалира во голем регионален судир, тоа може да ја оптовари Германија и Европа дури и повеќе отколку што доживеавме за време на пандемијата на ковид-19 или на почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година“, изјави Мерц на заедничка прес-конференција во Берлин со сирискиот претседател Ахмед ел Шар.Мерц истакна дека за време на разговорите со сирискиот претседател биле разгледани најновите случувања на Блискиот Исток и опасностите од продолжен или поширок конфликт.

Свет | пред 4 дена

media-librarysiv84f20dlv853MZ5Ef

(Видео) Бразилец воодушевен од љубезноста на хрватски работник на бензинска пумпа

Еден бразилски турист доживеа необична, но симпатична ситуација за време на патувањето низ Хрватска. На една бензинска станица сакаше да ја наполни својата гасна боца, но работите не се одвиваа според планот. Работникот на станицата првично не разбираше што сака туристот – најпрво помисли дека му треба нова боца, сѐ додека не сфати дека Бразилецот само сака да ја дополни својата.Поради јазичната бариера, комуникацијата беше несмасна и полна со импровизации. Работникот објасни дека на станицата не може да се наполни боца и дека никогаш порано не видел таква, а туристот се обидуваше да разбере со помош на гестови и зборови. Сепак, двајцата вложуваа труд да се разберат, што многу корисници на социјалните мрежи го најдоа за забавно.Туристот особено нагласи дека го воодушевила спремноста на работникот да помогне и покрај потешкотиите и заклучи дека Хрватите се срдечни и гостопримливи, со посебна наклонетост кон Бразилците. Оваа ситуација останува како уште една позитивна приказна за хрватското гостопримство.

Магазин | пред 4 дена

loto

Со шанси 1:140 милиони, непознат играч освои речиси 71 милион евра

Лото-лист кој бил уплатен во Рајнската област донел добивка на играч кој пополнил девет редови со улог од 18,75 евра, пренесе Bild.Европски џекпот се игра во Германија и во уште 18 европски земји, а шансите за освојување на главната награда се 1:140 милиони. На крајот на февруари, играч од Хајлброн освоил сличен добиток од околу 75 милиони евра.Во Србија, синоќа беше извлечена лото-седмица во вредност од 5.200.000 евра, а добитниот ливче бил уплатен во Параќин.

Магазин | пред 4 дена

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

ЕУ доделува 1,4 милијарди евра на Украина од замрзнати руски средства

Европската Унија ќе ѝ додели на Украина 1,4 милијарди евра финансиска поддршка, средства добиени од каматите на замрзнатиот имот на Русија. Средствата веќе се префрлени на сметките на ЕУ и се наменети за одржување на украинската држава и поддршка на нејзините вооружени сили, јавува European Pravda.Дополнителните приходи од 1,4 милијарди евра потекнуваат од каматите на средствата на замрзнатиот имот на руската централна банка, која е блокирана како дел од санкциите на ЕУ воведени поради руската агресија врз Украина. Имотот останува замрзнат, но каматите не припаѓаат на Русија, па Европската комисија предложи тие да се искористат за поддршка на Украина.„Овие 1,4 милијарди евра ќе бидат насочени таму каде што се најпотребни: за одржување на украинската држава, функционирање на клучните јавни служби и поддршка на храбрите украински вооружени сили. Нашата посветеност на победата и слободата на Украина е непоколеблива“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.Од вкупниот износ, 95% ќе се пренесат преку Механизмот за заемна соработка со Украина (ULCM), кој обезбедува неповратна поддршка за сервисирање на макрофинансиските заеми на ЕУ и заеми од билатерални доверители од Г7. Преку овој механизам Украина може да добие до 45 милијарди евра. Преостанатите 5% од средствата ќе се доделат преку Европскиот инструмент за мир (EPF) за итни воени и одбранбени потреби.Оваа одлука следи по замрзнувањето на рускиот имот во Европа на неодредено време, одобрено од ЕУ во декември 2022 година, со цел да се избегне можен вето од премиерот на Виктор Орбан.

Свет | пред 4 дена

Hrvatska-policija

Трагедија во Хрватска: Сопруг ја убил сопругата

Околу 13:30 часот полицијата примила пријава за пукање во Глинско подрачје во Хрватска, по што полициски екипи излегле на местото на настанот. Таму било пронајдено мртво тело на жена, додека повреден маж бил пренесен со возило на Итна медицинска помош во здравствена установа, соопшти полицијата од Сисачко-мославинска жупанија.На местото на настанот увидот го раководи заменичката на жупаниската државна обвинителка во Сисак, додека истражителите продолжуваат со криминалистичко испитување за да ги утврдат сите околности.Според неофицијални информации на „Јутарњи лист“, сопругот С.Ш. ја убил сопругата К.К. Има извештаи дека тој бил пренесен на лекување, но тоа сè уште не е официјално потврдено.

Свет | пред 4 дена

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран: Тврдењето за примирје е лажно

Министерството за надворешни работи на Иран го оцени како „лажно и неосновано“ тврдењето на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека Техеран побарал примирје.Од Министерството истакнаа дека ваквите изјави се неточни и немаат основа во реалните дипломатски контакти.

Свет | пред 4 дена

media-library06go5cls328ccyseqYv

(Видео) Тензии меѓу Израел и Иран: Техеран и Тел Авив погодени во напади

Израел и Иран продолжија со размената на оган, и покрај тврдењата на Доналд Трамп дека Техеран побарал прекин на огнот. На социјалните мрежи се објавени снимки од двата града, чија автентичност ја потврди Скај Њуз. Видеозаписите споделени на социјалните мрежи прикажуваат густи облаци од чад како се издигнуваат над иранскиот главен град. Истовремено, неколку проверени снимки од Тел Авив прикажуваат тешко оштетена зграда на која ѝ се заканува уривање.

Свет | пред 4 дена

media-libraryeg3bbgur6lot32g2NzB

(Видео) Камп приколка се преврте на Крчкиот мост во Хрватска

Силна бура предизвика сериозна сообраќајна несреќа на Крчкиот мост во Хрватска, откако камп-приколка се преврте и остана да виси на заштитната ограда, поради што мостот беше затворен за сите возила.Несреќата се случила околу 14:30 часот, кога возач на комбе со приколка ја игнорирал забраната за движење која важела за одредени категории возила, меѓу кои и возила со приколки. Во моментот на преминување, бурата дувала со брзина поголема од 140 километри на час, што довело до превртување на приколката.Засега нема информации за повредени лица, но отстранувањето на приколката ќе биде сложена операција, при што се очекува ангажман на спасувачките служби во ризични услови. Поради инцидентот, блокираните сообраќајни ленти и силниот ветер, мостот повторно бил затворен околу 15 часот.Ова не е единствениот случај на неодговорно однесување во текот на денот во Хрватска. Претходно, непознат возач на патничко возило ја искористил можноста да помине зад противпожарно возило, и покрај тоа што налетите на ветер достигнувале и до 180 километри на час.Од противпожарната служба во Крк информираа дека ваквото однесување сериозно ја загрозува безбедноста, како на возачите, така и на службите кои интервенираат во екстремни услови. Сепак, во тој случај не биле пријавени последици.

Свет | пред 4 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: САД планираат наскоро да се повлечат од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „прилично брзо“ ќе се повлечат од Иран, но предупреди дека остануваат подготвени да се вратат со „прецизни удари“ доколку тоа биде неопходно, јавува Ројтерс.Изјавата доаѓа само неколку часа пред најавеното обраќање на Трамп до нацијата. На прашањето кога ќе се смета дека војната во Иран е завршена, тој одговори дека не може точно да прецизира, но нагласи дека повлекувањето ќе следи наскоро.Трамп тврди дека американската воена акција обезбедила Иран да не може да развие нуклеарно оружје.„Нема да имаат нуклеарно оружје, бидејќи сега се неспособни за тоа. Потоа ќе се повлечам и ќе ги повлечам сите сили. Ако биде потребно, ќе се вратиме за да извршиме прецизни удари“, изјави американскиот претседател.Воедно, тој упати остри критики кон НАТО, изразувајќи незадоволство од, како што оцени, недоволната поддршка на Алијансата за американските цели во Иран. Трамп потврди дека „апсолутно“ ја разгледува можноста за повлекување на САД од НАТО.

Свет | пред 4 дена

media-libraryq98pil9rlmd17eKi6OF

Перински: Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината.Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „Со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината на општината и поставуваат темели за генерациите што доаѓаат“.Министерот посочи дека Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини, бидејќи силната локална самоуправа е основа за рамномерен развој на државата.Во рамки на посетата, министерот оствари средба со градоначалникот, членовите на Советот и општинската администрација, на која се разговараше за тековните активности и секојдневните предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите за нивно надминување преку заедничка соработка и поддршка.На средбата беше истакната важноста од меѓуопштинската соработка, при што беше нагласено дека споделувањето на ресурси и заедничкото планирање претставуваат значаен инструмент, особено за помалите општини, за поефикасно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој.Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542. евра.Владата преку двата јавни повика за Новаци одобри за финансирање два инфраструктурни проекти во вредност од 29.119.020 денари.Министерството за локална самоуправа и во наредниот период ќе продолжи активно да ги поддржува општините преку конкретни мерки, проекти и експертска поддршка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и намалување на регионалните разлики.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryann6vt8l04n26UnPfSW

(Видео) Погодена хемиска фабрика на југот на Израел

Производителот на активни состојки и средства за заштита на растенијата, ADAMA, потврди дека неговата хемиска фабрика во Мактешим на југот на Израел била погодена од иранска ракета или од остатоци од пресретната ракета. Засега нема извештаи за повредени лица, објави Reuters.ADAMA, дел од кинеската групација Syngenta, истакна дека сè уште не е познат обемот на штетата на фабриката. Израелската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека на југот на Израел, во индустриската зона Neot Hovav, избувнал пожар поради иранскиот ракетен напад, најверојатно предизвикан од остатоците на пресретната ракета. Во оваа зона се наоѓаат неколку хемиски и индустриски фабрики.Противпожарната и спасувачка служба ги предупреди работниците во и околу зоната да се повлечат на безбедно место. Пожарот беше прогласен за „инцидент со опасни материи“, а работниците се повикани да се скријат во заштитени објекти.Претходно, израелската армија соопшти дека открила ракети лансирани од Иран. Денес на Израел биле испукани повеќе бранови ракети, но за пожарот на југот не беа пријавени штети или повреди.Во меѓувреме, во Кувајт, иранскиот ракетен напад врз воен камп предизвикал повредување на десет кувајтски војници и материјална штета на кампот. Во последните 24 часа врз Кувајт биле испукани 14 балистички ракети и 12 беспилотни летала, објави кувајтската армија на платформата X.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел ја проширува безбедносната зона на границата со Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по состанокот во штабот на Северното командување на израелската армија во Сафед, изјави дека израелските акции создаваат „видливи пукнатини во терористичкиот режим во Техеран“.„Иран повеќе не е ист. Хезболах повеќе не е ист. Хамас повеќе не е ист“, рече Нетанјаху и додаде дека овие три непријателски групи „се борат за сопствен опстанок“. „Наместо тие да нѐ изненадуваат нас, ние ги изненадуваме нив. Ние сме страната која дејствува, која напаѓа, која иницира и се наоѓаме длабоко на нивна територија“, изјави премиерот.Во исто време, тој најави проширување на израелската офанзива на југот на Либан, каде израелските сили го таргетираат Хезболах. Потврди дека на војската ѝ наредил дополнително проширување на постоечката безбедносна заштитна зона и нагласи дека сака темелно да ја промени безбедносната ситуација на северната граница.„Токму наредив понатамошно проширување на постоечката безбедносна заштитна зона. Одлучни сме темелно да ја смениме ситуацијата на северот“, рече Нетанјаху во видеообраќањето од Северното командување.Тој додаде дека целта на одлуката е зајакнување на безбедносната позиција на Израел на северната граница, во време на зголемени тензии и прекугранични судири кои ја зголемуваат загриженоста за можна поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Расчистено вчерашното убиство во Виница, кривична пријава за осомничениот 80 годишен грчки државјанин, лишени од слобода четири лица

На 28 март, во близина на градските гробишта во Виница, е пронајден починат Д.А.(56) од село Липец, виничко, соопшти МВР. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80) и С.Р.(55), сите од Република Грција, како и С.З.(57) од село Жабени, битолско.Во рамките на истрагата, извршени се претреси во возилата што ги управувале и во апартманите каде што престојувале, при што биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња ловечка муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.Против Г.П.(80) ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик, а против останатите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО Кочани.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ - предадени се националните интереси

Со последната изјава на Христијан Мицкоски дека „поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, признал дека ја турка Македонија во изолација и спречува членство во Европската Унија.Од партијата истакнуваат дека ваквиот став значи со децении загарантирана сиромаштија, зголемено иселување на младите, како и неконтролиран криминал и корупција на штета на граѓаните.„Мицкоски, со часовници вредни 60.000 евра, бизнис мрежа и тендер коалиција што врти милиони, им вели на граѓаните дека ќе чекаат децении. Но, народот и работниците, со ниски плати и високи цени, ќе бидат принудени да бараат спас надвор од земјата“, велат од СДСМ.Партијата додава дека целта на Мицкоски е личен и партиски криминал, додека националните интереси и граѓаните се доведени на колена. Според СДСМ, ветувањата за враќање на името и подобра преговарачка рамка се излажани, а Македонија сега се соочува со сериозни последици од неговата политика.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања