Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

ohrid-markica

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Македонија по повод меѓународниот ден на Власите.– Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит Националниот ден, 23 Мај. Како заедница вие оставате големи треаги во градењето на македонската држава и сте значаен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Вие сте лојални граѓани на својата татковина и секогаш работите и творите за нејзините интереси и сте нераскинлива нишка од македонската нација.Ова е значен ден за Вас. На овој датум со посебен декрет во 1905г. турскиот Султан Абдул Хамид Втори , ве признал како посебен народ, со посебен етнички, јазичен и култрен идентитет. Минете го овој ден во најдобро расположение и семејна хармонија – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

ОО | пред 8 месеци

Нема фотографија

ОХРИД ДОМАЌИН НА 8.МЕЃУНАРОДЕН ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ

Охрид е домаќин на 8. Меѓународен хорски фестивал кој се одржува од 20-ти до 25-ти мај 2025 година во организација на ТSM – TURKISH MUSIC CHOIRS FESTIVAL од Анкара, Турција.Во рамки на фестивалската програма, утре на 23-ти мај 2025 година со почеток во 19:30 часот ќе се одржи голем хорски концерт на сцената на Античкиот театар. Концертот е бесплатен и е дел од програмата за чествување на Денот на Сесловенските просветители  Свети Кирил и Методиј. На концертот ќе настапат седум хорски ансамбли од Турција и охридскиот градски хор Vox Lichnidos.Фестивалот на турски музички хорови за прв пат се одржал во Самсун, Турција во 2016 година. Домаќини на овој хорски фестивал до сега биле Анталија, Мардин, Хатај и Кападокија во Турција, областа Батум од Грузија и туристичкиот центар Шарм Ел Шеик во Египет.Во пресрет на концертот во Охрид, претставниците на хорските ансамбли денеска беа во посета на Општина Охрид и остварија средба со Ана Крстеска, заменик градоначалник. На средбата се разговараше за културниот и туристички развој на Охрид. Беше потенцирана континуираната културна соработка со Република Турција, со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%9c%d0%b8%d0%bd-%d0%bd%d0%b0-8-%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d1%85%d0%be%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%84/?fbclid=IwY2xjawKmYuJleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR7Z_AwV3SiBHRGtaNB0laSF8HJO9KVNwwgKiMpScGCCOAwJ3QwAFgn7akKUhA_aem_8wEpyKspTEL4gFZCXeHrLg

ОО | пред 8 месеци

Tribina05222025003

НАУЧНА ТРИБИНА ВО ЧЕСТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Градоначалникот Кирил Пецаков се обрати на научната трибина „ Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Охрид и Преспа“ што претпладнево започна во Охрид.Пред присутните во Конгресниот центар градоначалникот Пецаков рече:– Го изразувам задоволството да Ви се обратам на трибината „Кирилoметодиевското културното наследство во регионот на Охрид и Пресна“, во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Станува збор за значаен дел од Програмата на Генералната асамблеа организирана во Скопје на 20.5. 2025. Значењето на настанот го мериме со податокот дека тој е дел пошироката програма на Културните рути на Советот на Европа, и специјално се јавува како дел од мрежата на Европската рута на Кирил и Методиј.Кирилометодиевското културно наследство има долга и длабока традиција уште од средновековниот период до денес на пошироката територија на Охрид. Традицијата и писанијата на светите Кирил и Методиј во својот изворен вид ја пренесуваат Климент и Наум Охридски во дејствувањето на Охридскиот книжевен и духовен Центар. Она што двајцата просветители го создале и предале станува основен дел во културната меморија и во современите облици на живот во нашиов град. Станува збор за подрачје каде е евидентно присуството и одржувањето на култот на Светите Кирил и Методиј низ вековите. Она што тие го создале и пренеле како свето благо се гледа во нивните најстари фрескоживописи во црквата „Св. Софија“ од 1045 г.. Археолошките и историските факти поврзани со Кирилометодиевската традиција потврдуваат богата материјална култура на теренот на Охрид, согледана во постоење на цркви и манастири, историски монументи, артефакти, фрескоживопис и средновековното ракописно наследство, директно поврзано со светите Кирил и Методиј и со Светите Климент и Наум Охридски. На плоштадите во Охрид во центалното градско подрачје широко ќе ве пречекаат за добредојде спомениците на Светите Кирил и Методиј, на Светите Климент и Наум Охридски. Овие податоци говорат за порзување на рутата на нивното движење и дејствување на пошироко европско подрачје, од подрачјето на Моравија доБи сакал да посочам за гостопримството на охриѓани и нивниот благопријатен дух, а во рамките на Европската рута на светите Кирил и Методиј согледувам идеален простор за сорабока и заеднички истражувања на фонот на унапредување и популаризација на Кирилометодиевското наследство особено во домен на богатата туристичка понуда на Градот Охрид- подвлече ПецаковНа настанот се разговараше и за возобновување на членството на Охрид во културните рути на Советот на Европа и вмрежување во Европската рута „Кирил и Методиј“. Со трибината официјално започнуваат чествувањата за сесловенските просветители „Кирил и Методиј“.https://ohrid.gov.mk/%d0%bd%d0%b0%d1%83%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b8%d1%80%d0%b8%d0%bb-%d0%b8-%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b4/?fbclid=IwY2xjawKmYuJleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR4E6n_6_vlrNmbfjz6OE4X6ltcdxBtk4KKHv0DMU9Z8P6novB28EkpIo9kgAw_aem_G3QGHdWkhfNoJFlk6gWLbA

ОО | пред 8 месеци

ohrid-markica

СВИКAНА ПЕДЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 28.05.2025 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 56-та седницаПредлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 годинa.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работaта на ЈП„Билјанини извори“- Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Статутот на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на пречистен текст на Статутот на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година за периодот од 01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година (Н1) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 (НА) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година (Н2) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 (НБ) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 (ВА) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2025 година за периодот од 01.01. до 03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата урбана опрема-изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година подпрограма ЈДЕ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улици во село Пештани.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година подпрограма ЈДФ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улица во село Подмоље во град Охрид.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-програма за измена и дополнување на Развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година (НА).Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид.Предлог-одлука за усвојување на социјален план на општина Охрид за период 2025-2028 година.Предлог-одлука за давање согласност на измени на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за именување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“-Охрид.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во општина Охрид.Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.Предлог-одлука за утврдување Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 4 – опфат 1, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид, 2023-2028.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-7820/121.05.2025 год.О х р и дhttps://ohrid.gov.mk/%d1%81%d0%b2%d0%b8%d0%baa%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%81%d0%b5%d1%82-%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81-2/?fbclid=IwY2xjawKmYbxleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR7hydQfebtMfoGXl-SnCem1_RBphNb9HQCnXjOjjBQzkXJ18Eac1JU66Xxzxg_aem_WytwXDnmmyLuAlD4ih3VmA

ОО | пред 8 месеци

1000028569

ВО ОХРИД ЗА ПРВПАТ СЕ СЛАВЕШЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА КУЛТУРНАТА РАЗНОВИДНОСТ

Со пригодна свеченост денеска во Охрид за првпат се одбележа Светскиот ден за разновидност на културите, за дијалог и развој. Во рамките на проектот „Разликите зближуваат“ преку разни мултикултурни активности децата порачаа дека јазикот и традицијата не смеат да бидат пречка за комуникација и другарување.Различните верувања, обичаи, празници треба да ги зближуваат младите, никако да ги разделуваат. Колку подобро се запознаваат и учат едни за други, толку повеќе ќе се почитуваат, порачаа организаторите.„Целта е децата да научат да ја слават различноста, но и да сфатат дека разликите се богатство и привилегија. Музиката е универзален јазик па затоа токму преку песна и игра ги споивме да станат блиски да умеат да ги почитуваат и слават различностите. Целта е да се промовираат заедничките вредности што сите ние ги имаме, без оглед на социјалните, политичките или етничките и верските разлики. Младите треба да ги почитуваат различните обичаи, традиции и култура, а тоа може да се случи доколку одблизу се запознаат со нив. Да изчезнат меѓуетничките предрасуди и да се гради едно општество за сите“, велат од Здружението за развој и унапредување на културата, екологијата и туризмот „Нова порта“ носител на проектот кој е поддржан од Општина Охрид.Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски вели дека е посебно горд што Општината за првпат слави одбележување на Денот на културната разновидност и најави дека негувањето на мултикултурализмот и промоцијата на различностите ќе прерасне во традиција.„Денеска сум посебно горд што со реализацијата на овој проект Општина Охрид стана водечка општина во земјава која ја слави различноста преку културната разновидност со која најдобро се гради едно општество за сите. Само доколку ја разбереме мултикултурата како национално богатство можеме да кажеме дека сме успеале да создадеме подобар свет за живеење, полн со разбирање и толеранција.“, кажа Божиновски.На денешниот настан децата од основното училиште „Братство Единство“, кое денеска одбележува 75 години од своето постоење, ги презентираа традицијата и обичаите како и народната носија препознатлива за нивната етничка припадност.„Од ова училиште сите ние успеавме да изградиме дом. Дом во кој децата зборуваат различни јазици, но играат и се смеат на ист начин. Дом во кој наставниците се припадници на различни култури, но предаваат со едно исто срце. Дом во кој секоја вера се почитува, секоја традиција се прифаќа, а секоја различност се слави“, кажа директорот Мехмед Џемал.https://ohrid.gov.mk/%d0%b2%d0%be-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%88%d0%b5-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be/?fbclid=IwY2xjawKmYbtleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR63htacZFLbFIsUxSwiqfd3aSe5B6athr9KgYBCujedJ2Zo4ak1pfnRSV9DyQ_aem_ArUQoGQ5lknUIrEQ9uvExg

ОО | пред 8 месеци

Maturanti05212025006

МАТУРСКА ПАРАДА 2025

И покрај дождот и лошите временски услови, разиграно и весело охридските матуранти ја одржаа традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“, матурантите како и секоја година го одиграа танцот Квадрил.Истовремено со нив танцуваа и нивните врсници од Скопје, Струга,Струмица, Гевгелија и Куманово како и од градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.На почетокот на настанот матурантите ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков кој посака пред се да се изградат во добри и одговорни луѓе на кои останува овој Свет.– Денешниов е ден на радоста, младоста и убавината. Светот во мало доаѓа кај нас. Танцот на нашите деца кои на музика од Штраус го играат познатиот Квадрил е всушност симболичен крај на детството и безгрижните денови од една и почеток на младоста која нуди многу интересни можности од друга страна.Вие сте оската на една топка. На која страна ќе се свртите , дали на светлата или мрачна зависи само од вас самите и од никој друг. Всушност на тој начин се одредува колку домашното воспитување, култура и знаење кои несебично ви ги дарувале родителите и професорите допреле до вас.Сонувајте со отворени очи, мечтаете по убави нешта и никогаш не скршнувајте од вистинскиот пат. Бидете добри луѓе со добра мисла и желба да направите добри дела за себе и за луѓето околу вас. Само така ќе бидете задоволни од себе и ќе градите здраво Општество со здрави навики.Вашите години, вашата младост дозволува се. Стив Џобс не случајно рекол „Луѓето што се доволно луди за да мислатдека можат да го променат светот, се оние што го менуваат“. Бидете и вие дел од нив, менувајте ги нештата но на подобро Моментот кога ќе сфатите дека можете да го промените вашиот живот, дека можете да го обликувате, тоа е најважната работа. Да се ослободите од погрешните идеи дека животот е некаде таму и дека тогаш ќе живеете – наспроти прифаќање, промена, однесување… пронајдете го вашето значење во сето тоа“.А секако Светот ќе го менувате само ако сте добро потковани со знаење. Знаењето е моќ, ви ја исправа главата високо горе и ви овозможува цврсто да газите на земја. Затоа драги мои, учете и во иднина не застанувајте тука. Животот ќе ви одржи многу лекции, како ќе ги прифатите предизвиците што ви ги нуди и како ќе се справите со нив зависи од вашата интелектуалната способност и психичка стабилност. Затоа се што ќе правите нека е со љубов. Верувајте, не е битно што ќе бидете во иднина, работник на машина, домаќинка, доктор, професор или судија. Важно е она што ќе го работите да биде сработено со внимание, од срце. Само така задоволството и успехот се неизбежни.„Ништо не ми значи да бидам најбогат мртовец на гробишта.Но кога навечер ќе легнам во кревет знаејќи дека сум направил нешто фантастично , тоа е она што ми е важно“Прочитајте приказни за успешните луѓе и ќе сфатите дека освен материјално, имаат и нешто друго: идеи, талент, вештини, креативност.Денес Имате неограничен број можности, можете да се поврзете со кој било вид социјална мрежа. Може да ја објавите сопствената работа, да ја промовирате сопствената музика, да создавате свои производи и на тој начин да овозможите финансии за себе. Притоа секако не станувајте роботи и робови на сосијалните мрежи користете ги паметно во ваша полза, а не штета.Можете да направите сè што сакате, не мора да чекате некој друг да ги открие вашите таленти. Единствено што ве задржува е вашата волја да се обидете.Пред вас од денес се отвораат нови животни врати, бидете внимателни и одговорни низ која ќе влезете, од тоа зависи вашата иднина. Одговорно и посветено учeте и работете но не заборавајте да уживате во најубавите години што се пред вас. Години на вашата младост која не застанува, минува за час. Другарувајте, шетајте, уживајте во заносот на првата сериозна љубов. Нашето – вашето време се ограничени затоа не го трошете да живеете туѓи животи. Живејте го својот како добри луѓе, со добра мисла. Правете добри дела и создавајте добра иднина за вас и вашите поколенија.Многу брзо ќе дојде време кога вие ќе застанете од оваа страна, можеби, некој од Вас ќе биде градоначалник, Претседател на државава, дипломат во странство. Но пред се бидете луѓе, добри луѓе кои му се потребни на овој Свет.Танцувајте и радувајте се на животот што е пред вас, деца наши. Среќно- подвлече градоначалникот Пецаков.Матурската парада за прв пат се одржа во Љублјана – Словенија во 2001 година.https://ohrid.gov.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%82%d1%83%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0-2025/?fbclid=IwY2xjawKmYbpleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR6TRr_AbBWq-xzlZ8cx4afktnLoWr1HT54DTjfituzRWsd2vg3PFa5QbnR2IQ_aem_NH3NamgLPpx9PaiM5iMGEA

ОО | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-30-at-12.01.49

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ-150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МЕТОДИ ПАТЧЕ

Со свечена академија и пригодна културна програма денеска во Охрид беше одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на охридскиот револуционер Методи Патче.На настанот кој се одржа во спомен куќата на „Христо Узунов“ пред присутните гости се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Овој меморијален центар е чувар на охридската револуционерна историја и во континуитет не потсетува на сите херои што го поклониле својот живот за слободата на Охрид и Македонија. Денеска, овде, сите заедно ќе имаме можност да ја слушнеме херојската приказна за еден од најистакнатите охридски револуционери, Методи Патче.Неговото име се изговара со посебна гордост, тој е борец чие срце чукало во ритамот на слободарските идеали, кои се уште силно одекнуваат низ камените ѕидини на стариот град.За нас е голема привилегија што како генерација имаме можност да организираме еден ваков настан, со кој се одбележува значаен јубилеј посветен на овој голем револуционер.150 години не се само обична бројка, тие се век и пол сведоштво за раѓањето на искра што не згаснува. Методи Патче не е само историско име – тој беше гласот на неправдата и еден од оние што докажаа дека љубовта кон татковината се покажува со дела, а не со зборови. Тој беше меѓу оние охриѓани кои не ја чекаа слободата како подарок, туку ја извојуваа со вера, со визија и со волја.Важно е да се спомене дека Методи Патче не беше сам во својата борба. Негов најзначаен соработник беше војводата Христо Узунов. Тие двајца заедно ја пишуваа илинденската историја на охридскиот крај со храброст и братска верност, рамо до рамо во тајните собири, комитети, во стратегиите и акциите. Нивната поврзаност е симбол на тоа како вистинската борба се темели врз доверба, пријателство и заедничка жртва за повисока цел.Денес, додека ја одбележуваме оваа значајна годишнина, не славиме само едно херојско име, го славиме Охрид —како град на борбата и на достоинството,Општина Охрид, во својата програма за култура, со особена почит и одговорност се грижи за историската меморија. Наша должност е да ги одбележуваме делата на сите оние што го вградија својот подвиг во темелите на нашата слобода и иднина.Нека споменот за Методи Патче остане живо сведоштво во срцата на идните генерации. Да ги учиме младите дека хероите не исчезнуваат, туку живеат вечно доколку ги споменуваме и чествуваме. Нека е вечна славата на Методи Патче! Нека е вечен Охрид. Нека е вечна борбата за слобода и човечко достоинство. Нека е вечна Македонија! истакна Божиновски во своето обраќање.Свеченоста беше збогатена со културно-уметничка програма. Од страна на учениците од ООУ „Ванчо Николески“ беше изведена драматизација на адаптирани историски факти: „Гласот на револуцијата“ од м-р. Михаил Патчев, а свои настапи имаа женскиот хор „Acordis“ и музички таленти од ОМУ „Методи Патче“.Во рамки на свечената програма на Општина Охрид по повод 150 години од раѓањето на Методи Патче беше положено и свежо цвеќе пред неговиот споменик во градскиот парк. Цвеќе положи делегација на Општина Охрид, ОМУ „Методи Патче“, Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, претставници на фамилијата Патчеви, политички партии и здруженија на граѓани.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d1%98%d1%83%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d1%98%d0%be%d1%82-150-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d1%9a%d0%b5/?fbclid=IwY2xjawKmYaxleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR6Q46rCgCVlVWK926wDrhE5RZ6TjjlMUC5Rlssl6Vovn1ccikS3Ovgf9QIG8g_aem_t-yT9AcObWfs3VCDmz7-pQ

ОО | пред 8 месеци

1000028375

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески присуствуваше на свеченоста со која по традиција во просториите на Територијалната противпожарна единица се одбележа Денот на македонските пожарникари– 20 Мај.Секретарот ја изрази благодарноста до охридските пожарникари за безрезервниот придонес при справување со елементарни непогоди и спасување човечки животи и укажа дека локалната самоуправа работи за постојано осовременување на условите за работа и дообучување на персоналот.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d0%b6%d0%b0/?fbclid=IwY2xjawKmYatleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR63pstQFI9XtohvB-CkcGvcq6O0i6qgjm_ctexslV6LuDgD5tZ0DFyDqhczZw_aem_ktLxTDWs55d9Ar7AHNFDnQ

ОО | пред 8 месеци

IMG_5583

Кој е одговорен за трагедијата во „Пулс“? Заврши истрагата, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени, следува обвинение

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во истражната постапка постапуваа вкупно 13 обвинители од основните јавни обвинителства во Кочани, Скопје, Штип и Куманово кои презедоа голем број дејствија со кои обезбедија докази со цел утврдување на фактичката состојба.По наредба на јавните обвинители, полициски службеници и истражители од истражните центри на обвинителството, на лице место на трагичниот настан и на повеќе други локации, прибраа материјални докази и документација кои беа предмет на вештачење. Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причините за смрт на секој од починатите, како и за видот и карактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење. Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. Од бројни електронски уреди (компјутери и мобилни телефони) се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција.Доказите кои се прибрани во текот на оваа истражна постапка, а се однесуваат на постапувањето на полициските службеници, обвинителскиот тим ќе ги достави на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде Специјализираното одделение до овој момент спроведува истрага против 14 полициски службеници. Овој дел од истрагата ќе продолжи и во следниот период со цел целосно испитување на сите факти и околности.Јавнообвинителската одлука за секој од осомничените поединечно ќе биде донесена врз основа на целокупниот доказен материјал. Дополнително, доколку од анализата на овие или други докази се утврдат елементи на кривично дело и кај други лица, кои до овој момент не се опфатени со истражната постапка, обвинителството ќе постапува согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

Rakometari05202015006-1

ДРЖАВНИТЕ ШАМПИОНИ ВО РАКОМЕТ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионердската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2.Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од РК „Вардар“.Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната игра и убедливиот триумф и посочи дека и во иднина локалната самоуправа ќе го поддржува овој ракометен клуб.ГРК Охрид е предводен од Наум Бабачев, формиран е во 2011 година, а од 2013 година е подржуван од охридската локална власт.https://ohrid.gov.mk/%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88%d0%b0%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4/?fbclid=IwY2xjawKmYRRleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR68D5pCj7JyEYb2xZKTUGvTKhWNNi8zpl_DLBHq2z3wzwwnLxoWvRPx4saapw_aem_JFRyfXaRfwTkTTxnAuuEQQ

ОО | пред 8 месеци

500557241_1270439817774346_1380968827352760672_n

(Фото) По четири децении – целосно обновен патот од Охрид до Св. Наум

„Завршува во рок рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум која за прв пат се случува по четири децении. Рехабилитиравме 24,3 км и инвестиравме 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈППД“, објави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.Тој додава: „Ја подигнавме безбедноста во сообраќајот, го подигнавме квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион, и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија. Извршивме растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и монтиравме заштитна челична мрежа на косините. На овој начин се подобри прегледноста на патот што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот.Привршуваме со поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и со означувањето на хоризонталната сигнализација т.е боење со патарска боја. Привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда. Овој магистрален пат е исклучително значаен не само затоа што е главна туристичка сообраќајна делница, туку и затоа што не поврзува регионално. Реализараме проекти со кој ја подобруваме патната мрежа во охридскиот регион и во нашата убава Македонија!“

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-30-at-11.51.08

Верници најавуваат протест за изборот на митрополит на Дебарско-кичевската епархија; „МПЦ-ОА има Устав, тој ги исполнува критеруми“, вели Спасеновски

Верници на МПЦ-ОА од неколку епархии ќе организираат протест поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. На социјалните мрежи се организира протест за денеска во 18 часот во Охрид.„Драги мои сограѓани, православни верници ! Според објавите на социјалните мрежи, денес за 18,00 часот е закажан протест во нашиот град за поддршка на Епископот Партениј. Имам обврска како некој кој живее и ќе живее во овој град и во нашата Македонија, но и како православен христијанин и потомок на стара свештеничка лоза да кажам неколку работи пред работите да тргнат во непосакуван правец: Партениј го познавам од раните деведесетти години на минатиот век, од времето кога добар дел од вас кои најавувате протести веројатно не сте биле родени. Го паметам и манастирот од тоа време. Наспроти историјата која се пишува како официјална на веб страната на Бигорски, во име на вистината треба да кажам дека не е тој првиот монах кој по падот на комунизмот се настанил во манастирот. Тоа беше Иларион (Брегалнички) кој колку што паметам беше замонашен една година пред него. Пред тоа неколку години пак, во манастирот живееја две монахињи. Иако комунистите ја одржувале однадвор архитектурата на стариот конак, однатре истиот беше руина. Како и да е, денес манастирот е со обновен живот и економија. Старата „Застава 128“ е заменета со модерен возен парк, манастирската архитектура е велелепно возобновена, ама сменето е и старото искинато монашко расо на Епископот Антаниски со велелепни и скапи одежди, а патот му е послан со ружини латици. Но, сето тоа е неважно во очите Божји и не е наше да судиме никого. Од призма на Вечноста за нас како христијани најважна е само Љубовта и само по неа ќе не препознаат дека сме Христови! Затоа кога ќе протестирате не заборавајте и тоа да го правите со Љубов. И второ, но не помалку важно: Имајте предвид дека не луѓето, ами Духот Свет ја раководи Црквата! Следствено на тоа ниеден човек, роден од мајка не е повикан да поставува и разрешува епископи: членовите на синодот гласаат, ама Светиот Дух одлучува! Да останеме во Љубов! Да останеме Христови!“, напиша охриѓанецот Војо Димоски.Свој осврт даде и Александар Спасеновски, кој вели дека се случува избор, но не и правда.Го познавам владиката Партениј повеќе од дваесет години. Бев средношколец кога првпат отидов во Бигорскиот манастир. Тој веќе беше игумен. Оттогаш поминаа децении. Го гледав постојано. Видов како ја носи голема тежината на своето духовно раководење; како го гради не само Бигорскиот Манастир, туку целиот духовен простор околу себе: обнова на други манастири, изградба на нови светилишта, враќање на младите луѓе во Црквата, дијалог со различните... Видов и како стои цврсто покрај тие што страдаат; како доаѓа ненаметливо, токму таму каде што не доаѓаат другите... Изборот на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија треба да биде момент на заедништвото и на радост. Наместо тоа, добиваме нетранспарентност, молк и една крајно чудна постапка: шест месеци без ниту едно официјално соопштение; без вклучување на верниот народ; и на крај само еден кандидат, предложен во последен можен момент. Еден?! Како да нема други?! Како Црквата да е некаков елитистички тесен круг на самодоволни луѓе, а не тело Христово отворено кон сите?! А каде е владиката Партениј во тој процес? Тој е човек на Црквата што целиот живот ја врши таа служба. Тој е викарен епископ, со важна духовна и административна одговорност токму над епархијата што сега бира нов водач. И покрај тоа, не само што не беше избран, туку не беше ниту предложен. Како да се сака да се избрише постоењето на таа можност. Како некој однапред да решил - било кој, само да не е тој. МПЦ-ОА има Устав. Во член 73 јасно се наведува: Епископ се избира од редот на монаштвото кој не е помлад од 30 и не е постар од 60 години, има богословско образование и го краси добар глас помеѓу верниците и свештенството. Владиката Партениј не само што ги исполнува овие критериуми, тој на свој начин сведочи за нив со години. Ретки се монасите што со толкава посветеност останале на едно место и уште поретки се духовните водачи чие дело се гледа и во Црквата и надвор од неа. Неговото присуство е веќе длабоко впишано во животот на Дебарско-кичевската епархија. Ваков Избор не е избор! Тоа е процедура за легализирање на една малцинска волја. Тоа е одлука што се крие зад формалности. Тоа е одбивање да се валоризира очекувањето на народот. А нашиот народ не молчи. Тој шепоти низ црквите; прашува по социјалните мрежи; потпишува петиции и - најважно од сè - ја покажува емоцијата што ја има кон големината на националното дело на Бигорски. Таа емоција не се создава со декрет. Таа се гради со години: во болниците, во исповедите, во средбите во најтемните периоди од нечие лично страдање...Овој избор нема да помине без последици, не само затоа што се заобиколува Владиката. Туку и затоа што процесот беше затворен, нетранспарентен и, уште полошо, неискрен и злонамерен. Доколку на вистинскиот кандидат не му се дава ниту можност, тогаш што навистина се штити во оваа постапка?Чија удобност? Чиј авторитет? Го пишувам ова не како напад, туку како сведоштво. Сведоштво на еден од оние илјадници млади луѓе што од отец Партениј научија дека смирението не е слабост, туку сила! Дека верата не се проповеда со зборови, туку со дела! Дека вистинскиот пастир не оди пред стадото за да го води од високо, туку е меѓу нив, за да го разбере и да го носи кога ќе падне! Народот го чувствува тоа! Црквата го чувствува тоа! Само, за жал, некои изгледа сè уште не сакаат да го видат!Но еден ден, ќе мораат. И тогаш можеби ќе биде доцна. Не за владиката Партениј. Тој, познавајќи го, верувам дека ќе продолжи да служи. Туку за довербата што ја изгубивте. Ако некогаш сте се прашале зошто младите си заминуваат од Црквата, зошто луѓето се разочаруваат, еве ви еден дел од одговорот: затоа што кога конечно доаѓа можност да се направи вистинскиот избор, вие и' го завртевте грбот на правдата“, напиша Спасеновски.

Македонија | пред 8 месеци

majki-naunova-taseva

Нова сабота, истата болка: мајките на загинатите Стефан и Надица со емотивно обраќање до другите мајки

Нов марш на родителите на загинатите деца е најавен за утре, а мајките јавно ги повикуваат другите мајки да им се приклучат. Истиот ќе се одржи во Кочани, како и секоја сабота, од 16:05 минути.„Ајде мајки, без разлика на вера, нација, припадност, партија, придружете нѐ нас мајките, за нашите ангели и ангелите во иднина што треба да го живеат животот, иднината е во ваши раце, нашите деца веќе ги нема“, напиша мита Тасева, мајка на загинатиот Стефан Тасевски.Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова исто така преку емотивна објава ги повика мајките.Сакам да се обратам до сите мајки кои не излегоа со нас на маршевите за правда - за нашите починати и повредени деца. Дали тие мајки не чувствуваат болка кога ќе слушнат за изгубено младо срце? Дали нивните срца се од камен? Дали тие чуваат деца дома и мислат дека никогаш нема да бидат на нашето место? Ова не е борба само за нашите деца, туку за сите деца. Молам, разбудете се пред да биде доцна за неко ваш! Ние не бараме ништо повеке од правда и безбедна иднина“, напиша Наунова.

Македонија | пред 8 месеци

502583738_1007413188232654_3736537858854856345_n

(Фото) Недозволено царство во Идризово: 50 грама марихуана и 37 мобилни зад решетки

Управата за извршување санкции објави дека правеле претрес во КПД Идризово и тоа отвореното одделение.„Во КПД Идризово беше извршен претрес во отвореното одделение и беа пронајдени и одземени поголема количина на недозволени предмети. При оваа акција беа запленети 50 грама марихуана, 48 полначи, 37 мобилни телефони, 3 УСБ стикови, 5 блутут слушалки, 3 батерии за мобилен телефон и апчиња метадон. Продолжуваме со борбата и сузбивањето на криминалот во затворите“, сти во објавата со фотографии.

Македонија | пред 8 месеци

panco

Против Панчо засега нема да има судска постапка за прскалките, оти е во лоша здравствена состојба, обзнани Коцевски

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, синоќа во интервју за ТВ „24“, изјави дека поради сериозната здравствена состојба на Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, во моментов не може да се води кривична постапка против него.„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју за ТВ24.ТВ24: Дали е меѓу нив осомничениот кој беше дел од бендот ДНК?Коцевски: Такви информации не можам да споделувам, но има и такви.ТВ24: Кој директно беше нели меѓу осомничените за пиротехникатаКоцевски: Така.Претходно, беше соопштено дека членови на бендот ги внеле и активирале прскалките.„Постои сомнение дека членовите на бендот околу 2.32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани, кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената, од кои веднаш се опожарил покривот од објектот и пожарот се проширил на целиот објект“, рекоа при соопштување на детали од истрагата.Блажев е осомничен за внесување и употреба на пиротехнички средства во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.

Македонија | пред 8 месеци

electricity-meter-96863_1280

Инженерите бараат сметки за струја според реално измерени податоци

Здружението на инженери реагира и бара сметките за струја да не бидат паушални, туку да се издаваат врз основа на реално измерените податоци од струјомерите.Бараат бришење на член 31 од Правилникот за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја. Потсетуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реалната потрошувачка.

Македонија | пред 8 месеци

gaza1

Израел прифати прекин на огнот во Газа, Хамас воздржан

Израел ја прифати новата понуда на САД за привремен прекин на огнот со Хамас, соопшти Белата куќа.Хамас, пак, е воздржан. Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, изјави за Асошиетедпрес дека предлогот не одговара на барањата на неговиот народ и бара пред сè запирање на војната и гладта.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбива да ја заврши војната пред да бидат ослободени сите заложници и Хамас целосно разоружан или протеран.Хамас, пак, бара траен прекин на огнот, целосно повлекување на Израел и размена на заложниците за палестински затвореници.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Царините на Трамп повторно важат, но привремено, одлучи Апелациониот суд

Апелацискиот суд на САД во четвртокот го прифати барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за привремено запирање на претходна пресуда со која беа укинати речиси сите негови предложени трговски царини.Белата куќа, претходно најави дека ќе побара итна интервенција од Врховниот суд, ако не се запре спроведувањето на одлуката на Судот за меѓународна трговија.Апелацискиот суд нареди дека спроведувањето на таа пресуда е привремено стопирано додека не се разгледаат поднесените документи.Питер Наваро, советник за трговска политика во Белата куќа, изјави дека администрацијата на Трамп ќе се обиде да ги наметне царините преку други средства доколку не ги добие правните битки.

Свет | пред 8 месеци

IMG_5583

Заминувањето на докторката Кате отвора нова рана кај повредените од пожарот во Кочани

По трагичниот пожар што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неколкумина повредени граѓани се соочуваат со долготраен процес на физичко и психолошко закрепнување. Токму во тие најтешки моменти, здравствената поддршка што ја добиваа во ЈЗУ Општата болница – Кочани беше од суштинско значење. Меѓу медицинскиот персонал, клучна улога одигра докторката Катерина Паниќ – препознатлива по својот професионален, но и човечки пристап. Сепак, од понеделник, 1 јуни 2025 година, докторката Паниќ повеќе нема да биде дел од болницата, што кај повредените предизвикува сериозна загриженост за континуитетот и квалитетот на нивната здравствена нега. Во продолжение го пренесуваме нивното јавно обраќање, во кое ги истакнуваат причините за својата вознемиреност и апелираат до надлежните институции за итна реакција:„Ние, повредените лица од пожарот што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега.Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни 2025, докторката Катерина Паниќ (позната како докторката Кате), која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница - Кочани. Таа заминува во друга болница, и иако никој нема да може да ја замени, ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување.Вистината е - не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа, или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. А ние веќе се прашуваме – дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме – секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка.Докторката Кате не беше само лекар - таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој ни пристапуваше - со човечност, посветеност и разбирање – не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба - доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ период на траума и неизвесност.Апелиравме, зборувавме, информиравме. Нè игнориравте. Наместо да добиеме подобри услови – ги изгубивме единствените што вредеа. Наместо поддршка – добиваме молк. Наместо стабилност - неизвесност. И покрај бројните јавни апели директно од нас за субстандардните условите во болницата и хроничниот недостаток на медицински персонал - нашите гласови не беа слушнати. Наместо дополнителна нега и зголемување на медицински персонал ние остануваме без единствената докторка која 24/7 се грижи за нас. Наместо итно решавање на санитарните проблеми во болницата, ние сè уште ги третираме нашите рани во мијалници од пред 50 години. Ќе имаме ли институционален одговор на тие апели? Дали некој реално се справува со овој проблем? Дали некој ќе го слушне нашиот глас?Нашата намера не е да критикуваме, туку да апелираме. Ова не е личен, туку општествен проблем. Заминувањето на докторката Кате остава сериозен вакуум, а ние – директно засегнатите - ја носиме целата тежина од тоа. Со оваа изјава сакаме да испратиме силна порака - не сме невидливи. Имаме право на континуирана и квалитетна здравствена грижа. Бараме институциите итно да реагираат, да понудат одржливо решение и да ѝ овозможат на докторката Кате, да продолжи со прегледите - дури и на волонтерска основа, како што самата изрази подготвеност.Ние не бараме сочувство - бараме одговорност. Ние не сме статистика. Не сме тивко минато. Заслужуваме подобро, заслужуваме вистинска грижа, не половична. Заслужуваме сигурност, не само надеж. Заслужуваме иднина. Немојте повторно да нè оставите“, велат повредените лица од пожарот во Кочани

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

Пет месеци по исчезнувањето: Миле Тодоров наводно забележан кај планината „Серта“, кога му довикале отишол во шумата

Марија Атанасовиќ, сестра на исчезнатиот Миле Тодоров по кого се трага речиси пет месеци, алармираше дека тој бил забележан како се движи по планината „Серта“, но очевидецот, не успеал да го запре. За ова, пријава добила и полицијата која постапила. Атанасиевиќ, посочува дека ликот на Миле бил видоизменет, односно дека имал долга коса и брада.„Ве молам споделувајте, по сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, исчезнат на 30.01 е виден како се движи покрај планината 'Серта', доста бил ослабнат и со долга коса и брада. Ве молам ако се движите таму и видите таков човек, да пријавите во полиција“, стои во нејзината објава.[caption id="attachment_329622" align="alignnone" width="682"] Screenshot[/caption]Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пред два дена, добиле ваква пријава од зетот на изчезнатиот Миле. Тој на службениците им пријавил дека очевидецот е негов познаник, а исчезнатиот го видел утрото околу 05:30 часот, додека се движел во правец Неготино-Штип.„Кај планина Серта, забележал лице кое наликувало на исчезнатиот М.Т. и откако му довикнал, лицето се упатило по некатегоризиран пат што води кон шумски предел. Истиот ден, во периодот од 12.00 до 18.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино во содејство со РЦ ГР Југ и Frontex, извршиле пребарување на терен во атар на село Лакавица, штипско, но лицето не е пронајдено“, велат од МВР.Тие посочуваат дека нивните екипи продолжуваат да преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-29-at-00.20.26

„Протест со ѓубре“: Ганиу го брани потегот, МВР откри дека е одземено возилото со кое истураа пред Град Скопје

По „драмата“ што се случи на пред објектите на Град Скопје, каде група граѓани исфрлија отпад со товарно возило, а беа предводени од градооначалникот на Чаир, Висар Ганиу, реагирале инспекторатите и МВР. Главниот актер на настанот, Ганиу, јавно призна дека дејствието било противзаконско, но како што вели – било чин на очај и протест.„Знам дека е противзаконско, немав што друго да правам. Немав друго чаре. Сакав да го сензибилизирам, за да им кажам дека Чаршијата е наша, на нашата држава. Да доаѓаат туристи и да ни го сликаат ѓубрето - тоа... Немаше никој од тие кои работат во Чаршијата.. Секој што критикува одма има инспекција - дали за тенди, столчиња, маси, тортура се прави. Еден наш колега излезе, само што беше на пресот, утре дента му го сменија работното место на неговото девојче. Ова не е во ред, доаѓа време, некој ќе треба да одговара“, рече Ганиу.Од МВР известија дека е одземено возилото со кое се истурало смет.„Во врска со настанот од 28.05. пред објектите на Град Скопје, ве информираме дека во 23,05 часот беше пријавено дека група луѓе (од 30 до 40 граѓани) се движат од објектот на Владата на РСМ кон Градскиот парк, а во 23,20 часот од страна на инспектор од Град Скопје е пријавено дека пред бараките на Град Скопје повеќе лица со камион исфрлиле отпад. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место, преземени се сите службени дејствија, извршени се разговори а од страна на екипа на ЕУМНА извршено е фотографирање на лице место. Со оглед дека е констатирано прекршување по основ на Законот за јавна чистота, од страна на инспектори при Град Скопје товарното возило марка „Мерцедес“ е одземено и во придружба на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција истото е однесено во „Дрисла““, велат од МВР за „Скопје1“

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2024-10-27-at-11.48.11

Бојан Христовски не направил лажна исправа со намера таквата исправа да ја употреби како вистинска, вели Обвинителството

„По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, за кривични дела – Фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина“, велат од Обвинителството и додаваат:Пријавите се повикуваа на јавно објавени податоци според кои пријавениот при аплицирање за позиции директор во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, асистент на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) користел уверение за познавање англиски јазик од Language School Julia CO.LTD, Пловдив, Бугарија, кое според сознанијата на подносителот не спроведувало тестирање за TOEFL iBT, ниту пак издавалo меѓународно признати сертификати какви што се барале на огласите.Постапувајќи по пријавата, за да ги испита ваквите наводи, надлежниот јавен обвинител веднаш по оформувањето на предметот во ноември 2024 година упати барање за меѓународна правна помош до Република Бугарија за да прибави потребни податоци и докази за правниот субјект Language School Julia CO.LTD, односно дали ова правно лице е регистрирано во правниот промет, кој е управител, каква дејност врши, дали е сертифицирано како центар за полагање и издавање меѓународно признати сертификати за странски јазици, кои и за кој период, како и тоа дали е издаден сертификат за познавање странски јазик за пријавениот од овој правен субјект. Во исто време, од Владата на РСМ беше побарано целокупното досие кое било формирано за лицето во врска со објавениот оглас за избор на Директор на АНБ во 2024 година и пропратната документација.Согласно одговорот од бугарските надлежни органи доставен во март 2025 година, по барањето за меѓународна правна помош во Бугарија постапувало Окружното јавно обвинителство Пловдив, кое по извршените проверки констатирало дека правниот субјект Language School Julia CO.LTD бил регистриран во Трговскиот регистар како „Джулија КО“ ООД и тоа за вршење повеќе дејности меѓу кои и преведувачка дејност, услуги за преводи и легализирање документи и организација на приватни јазични школи. Прибавени биле целосни податоци за управителот на правното лице и била упатена покана до неа да се јави во својство на сведок и да се изјасни за сите прашања од замолницата. Но, проверките на бугарското Министерство за внатрешни работи покажале дека сопственичката подолг период се наоѓа надвор од границите на Бугарија. Од тие причини барањето за меѓународна правна помош од страна на бугарските надлежни органи не е во целост извршено и е вратено назад до македонското обвинителство, со прилог прибавена документација.По ова, надлежниот јавен обвинител продолжи со проверките и ја прибави документацијата од комплетното досие за пријавениот од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.По извршениот увид во целосната документација од сите институции каде аплицирал пријавениот се констатира дека меѓу останатите документи тој приложувал Сертификат од Училиште за странски јазици Julia Co. LTD со број Е-ENG од 23.03.2022 година – курс за подготовка за испитот TOEFL, но и Сертификат за положен TOEFL IBT од 26.03.2022 година со освоени 75 поени од кој се констатира дека полагањето било извршено во домашни услови преку Испитниот центар за Република Бугарија. Овој сертификат издаден од ETS визуелно, по форма и содржина се разликува од сертификатите кои што се доставени во прилог кон кривичната пријава, а во кои стои дека се издадени од правниот субјект Language School Julia CO.LTD.Јавниот обвинител изврши проверки и на јавно достапните податоци во ETS – Сервисот за едукација и тестирање, како единствената организација која е меѓународен тестатор за TOEFL сертификати, при што согласно прирачникот за спроведување на TOEFL ibt тестирање за 2022-2023 година евидентно е дека во тој период постоела можноста тестирањето за TOEFL ibt сертификат да се спроведе и во домашни услови. Во тој случај испитот се мониторирал онлајн од страна на човек – супервизор, а по содржина и форма тестот е ист со оној што се полага во лиценциран испитен центар. Разликата е во тоа што TOELF ibt домашно идание можел да се полага во секое време, четири дена во неделата, по претходна регистрација. Резултатите и сертификатот од тестот се достапни во електронска форма 6-10 дена по тестирањето преку корисничкиот профил на лицето кое што го полагало тестот, а доколку поминале повеќе од две години од полагањето, како што е во случајов, ETS не може да даде известување или да ги верификува резултатите и тестот.По целосно спроведените проверки јавниот обвинител констатираше дека во наведениот случај пријавениот не направил лажна исправа со намера таквата исправа да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска, ниту пак како доказ во правниот сообраќај употребил исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити. Приложениот сертификат согласно распожливите докази бил издаден по полагањe на TOEFL ibt тест во домашни услови во текот на 2022 година и истиот се разликува од сертификатот издаден од Language School Julia CO.LTD.Согласно член 122 од Кривичниот законик, исправа е секој предмет што е подобен или одреден да служи како доказ на некој факт што има вредност во правните односи. Оттука, дури и да постои дилема за веродостојноста на документот за завршен курс за подготовка за испитот TOEFL издаден од Language School Julia CO.LTD, тој согласно обезбедената документација не предизвикал правна последица, ниту бил од какво било значење за правните односи и за именувањето за директор, бидејќи во досието е презентиран друг валиден документ за познавањето на странски јазик. Од тие причини во дејствијата на пријавениот не се содржани елементите на пријавените кривични дела.Јавниот обвинител ги провери наводите во пријавите и во однос на уверенијата за високо образование на истото лице, при што ја прибави целокупната документација од Економскиот факултет на Универзитетот Скопје, предметот од Државната комисија за спречување на корупцијата и извештајот од вонредниот Државен просветен инспекторат кој веќе извршил целосен увид во досието и не утврдил никакви неправилности. Имајќи ги предвид сите овие докази, јавниот обвинител констатираше дека и во ваквите наводи не се исполнети обележја на кривично дело.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-29-at-12.42.05

Спасовски: Дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Чаир?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а се однесуваше на најновите случувања со утврдените дивоградби, во општина Чаир, дали тие ќе се отстрануваат и како тоа би се реализирало.Во продолжение интегрален текст на прашањето:Третото прашање сакам да го поставам до министерот за транспорт и врски. Се однесува на најновите случувања кои се однесуваат на утврдените дивоградби, да речеме во општина Чаир.Меѓутоа, тоа не е само случај во една општина. Според најавите, според информациите – особено по случајот во Кочани – постојат многу објекти, дивоградби, за кои се утврдени, издадени решенија и слично, но не се извршени. Навистина сметам дека ова се многу сензитивни прашања, во однос на дивоградбите, особено по случувањата во Кочани, бидејќи една од клучните работи е да видиме што и како понатаму.Дали ќе се решаваат на некаков начин, дали ќе имаме одредено решение?Знаеме дека беа засегнати и угостителите, бидејќи еден добар дел од тие објекти се издадени со некакви одлуки за времени објекти, урбана опрема итн. Но, сигурно дека постојат и објекти кои се изградени без никаква дозвола, или сè уште се градат без никакви одобренија за градба.Знаеме дека, сега неколку пати дојде до промени на законското решение – во делот на Законот за градење, токму во делот на издавањето на дозволите.Имаше промена во која, ако се издаде незаконска дозвола или не се исполнат условите, тој што ја издава ќе носи одговорност – и тоа е така и треба да биде.Меѓутоа, другата промена е: доколку ги исполнува сите услови апликантот, а не му се издаде дозволата – да нема никаква одговорност од страна на градоначалникот или оној што ги издава.Моето прашање е конкретно во однос на овие ситуации:Сега кога знаеме дека дојде до промена на законската регулатива, според која сите државни инспекторати преминаа под надлежност на соодветните министерства, дали – по овие најави и случувања, не мора само генерално за една општина, има одреден план?Дали Државниот инспекторат за градежништво, под надлежност на министерот, извршил контроли на нови објекти?Дали постои план што и како ќе се прави во однос на овие градби?Дали тие градби имаат можност да се легализираат – дали се вклопуваат во деталните планови? Дали ќе се оди кон отстранување на дивоградбите и како тоа би се реализирало?Мислам дека е добро да знаеме – и ние, и македонската јавност.

Македонија | пред 8 месеци

unnamed-1

Мицкоски со повик до пратениците: Ајде да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик за една изборна единица, но како што рече да се дозволи и дијаспората да гласа.„Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат градоначалници, советници итн. Не е целта дали имаме резиденти или нерезиденти. Но, кога веќе го поставувате тоа прашање, јас еве би ве повикал заедно сите да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица. И во таа една изборна единица да дозволиме и дијаспората да гласа, да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од Дипломатско конзуларните претставништва“, вели тој и додаде:„Еве јас сум подготвен одма, ги гледам пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржиме тој закон каде што ќе имаме една изборна единица. И да не филозофираме зошто олку или толку советници, еве одма да го отвориме ова прашање и да го затвориме. Да имаме една изборна единица, и во таа една изборна единица да се гласа вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората и тоа не само во ДКП, туку насекаде онаму каде што дозволува законот на таа држава да се гласа надвор од ДКП. Веднаш сум подготвен да го поддржам тој закон и ви давам збор дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи“.

Македонија | пред 8 месеци

unnamed

Мицкоски со повик до опозицијата: Да лобираме заедно за Европскиот Парламент да го изгласа извештајот за многувековниот и посебен македонски идентитет и јазик

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик, а воедно на темата уставни измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции.Премиерот Мицкоски посочи дека предизвикот со промена на Уставот за вклучување на дел од нашите сограѓани кои за себе велат дека се припадници на бугарската заедница, за да можеме да ја одржиме Втората меѓувладина конференција го прифатила претходната влада со прифаќање на Францускиот предлог и ова е факт, а на сегашната влада и преостанува да прави стратегија како да се надмине тоа без да се дозволат нови барања.„Како влада кога го имате ова пред вас, седнувате и правите стратегија, и велите дали во оваа игра сме за да се најдеме на стартната рамнина или да ја завршиме трката. Ако гледате државнички и пошироко, тогаш ќе речете што добиваат граѓаните и државата, имајќи предвид дека министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед кажа дека ова е само почеток, а не е крај на барањата, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Кога го имате овој факт, тогаш логично е да креирате стратегија за понатаму и како влада креираме стратегија за понатаму“, рече премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека сега имаме прв тест, од страна на земјите членки на ЕУ треба да биде усвоен документот за малцински права подготвен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и да видиме како ќе реагира нашиот источен сосед Бугарија.„Но, пред тоа има еден друг вовед, а тоа е извештајот на известувачот за состојбите тука во Македонија кој во среда ќе се најде пред европските пратеници каде ќе се зборува за посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кои се поврзани со нацијата, а не територијата на државата, и тоа е многу важно затоа што Македонци има насекаде во светот. Ќе видиме како ќе се однесуваат пратениците кои доаѓаат од Бугарија. Од тоа што го имаме како информација и поднесените амандмани не сум оптимист за нивното проевропско однесување, туку прилега повеќе на приликите од Средниот век. Во овој извештај стои дека имаме посебен македонски идентитет различен од нивниот, не после 1945 туку векови претходно и македонски јазик, и ако не е тоа проблем, еве европските пратеници имаат прилика и таму се гласа со мнозинство, не едногласно и затоа барам од опозицијата кои се дел од одредени политички семејства кои имаат европратеници да лобираат во насока да се прифати“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека на тој начин за прв пат во историјата Европскиот Парламент во извештај ќе вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик чие гласање треба да биде во јули.„Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа влада“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања