Промени тема
Контакт

Мицкоски со повик до опозицијата: Да лобираме заедно за Европскиот Парламент да го изгласа извештајот за многувековниот и посебен македонски идентитет и јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
unnamed

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик, а воедно на темата уставни измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции.

— реклама —

Премиерот Мицкоски посочи дека предизвикот со промена на Уставот за вклучување на дел од нашите сограѓани кои за себе велат дека се припадници на бугарската заедница, за да можеме да ја одржиме Втората меѓувладина конференција го прифатила претходната влада со прифаќање на Францускиот предлог и ова е факт, а на сегашната влада и преостанува да прави стратегија како да се надмине тоа без да се дозволат нови барања.

„Како влада кога го имате ова пред вас, седнувате и правите стратегија, и велите дали во оваа игра сме за да се најдеме на стартната рамнина или да ја завршиме трката. Ако гледате државнички и пошироко, тогаш ќе речете што добиваат граѓаните и државата, имајќи предвид дека министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед кажа дека ова е само почеток, а не е крај на барањата, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Кога го имате овој факт, тогаш логично е да креирате стратегија за понатаму и како влада креираме стратегија за понатаму“, рече премиерот Мицкоски.

— реклама —

Премиерот Мицкоски истакна дека сега имаме прв тест, од страна на земјите членки на ЕУ треба да биде усвоен документот за малцински права подготвен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и да видиме како ќе реагира нашиот источен сосед Бугарија.

— реклама —

„Но, пред тоа има еден друг вовед, а тоа е извештајот на известувачот за состојбите тука во Македонија кој во среда ќе се најде пред европските пратеници каде ќе се зборува за посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кои се поврзани со нацијата, а не територијата на државата, и тоа е многу важно затоа што Македонци има насекаде во светот. Ќе видиме како ќе се однесуваат пратениците кои доаѓаат од Бугарија. Од тоа што го имаме како информација и поднесените амандмани не сум оптимист за нивното проевропско однесување, туку прилега повеќе на приликите од Средниот век. Во овој извештај стои дека имаме посебен македонски идентитет различен од нивниот, не после 1945 туку векови претходно и македонски јазик, и ако не е тоа проблем, еве европските пратеници имаат прилика и таму се гласа со мнозинство, не едногласно и затоа барам од опозицијата кои се дел од одредени политички семејства кои имаат европратеници да лобираат во насока да се прифати“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека на тој начин за прв пат во историјата Европскиот Парламент во извештај ќе вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик чие гласање треба да биде во јули.

— реклама —

„Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа влада“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања