ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Нема фотографија

780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски, вели СДСМ

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг“, вели Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ и додава:На ангро се перат пари.Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови?Денеска ќе објавиме уште еден скандал.Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците немаат никакви услови, кочанската болница е во хаос, Владата предводена од Мицкоски троши милиони од државниот буџет за да си го „билда“рејтингот!Владата склучила договор со бугарска фирма за фотографирање, снимање видеа и спроведување кампањи. Не за граѓаните, туку за промоција на Мицкоски и неговите „успеси“. И тоа – не било каде, туку преку бугарска компанија.Додека во Македонија граѓаните едвај преживуваат, не можат да наполнат цела кошничка во маркет, Владата ќе фрла астрономски суми, 1.500 денари за една фотографија и над 15.000 денари за едно видео.Вкупно 380 илјади евра!Претходно Владата склучи договор вреден 400.000 евра за анкети за мерење на рејтигнот на Мицкоски. Анкети, спотови, слики – 780.000 евра народни пари за да се продава лажната слика.Пари за реални проблеми нема. Пари за болници нема. Пари за семејства од Кочани – нема.Но затоа има пари за „спотче“, сликичка и комуникациски кампањи за Мицкоски!780 илјади евра за маркетинг на владата само со две јавни набавки!Ова е класичен грабеж и перење на народни пари и ништо друго.СДСМ бара итна истрага за начинот на кој се трошат државните пари. Ги повикуваме Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да отворат постапки за овој случај. Доста беше молк и амнестија!Македонија не смее да стане заложник на тендерски шеми на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат правда, поддршка и вистински проекти – не пропаганда!

Македонија | пред 8 месеци

IMG_2107

Обвинител ја чека Арсоска да ја сослуша за заканите, па да провери - за дивоградбите во Чаир очекуваат таа да соработува со нив

Обвинителството испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска: ако знае за криминал на градоначалникот на Чаир, Ганиу – нека го пријави! Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува по известување од СВР Скопје и издало повеќе наредби. Надлежните органи бараат јасни податоци за сомнителни парцели и згради, додека Министерството за внатрешни работи се вклучува поради наводните закани кон Арсовска.„Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија. Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал“, велат од Обвинителството.Се постапува и по заканите за кои Арсовска сведочеше во телевизиско интервју, дека ги добивала.„Во однос на заканите, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат. Основното јавно обвинителство Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

volodimir-zelenski1-830x0

Зеленски: Москва прави сè што може за да го направи следниот состанок неуспешен

Претседателот на Украина ја доведе во прашање посветеноста на Русија за напредок во мировните преговори откако Москва потврди дека испраќа тим во Истанбул на разговори задутре, објави Би-Би-Си.Русија сè уште не ги испратила своите преговарачки предлози до Украина, што е клучно барање од Киев. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека условите на Москва за прекин на огнот ќе бидат дискутирани во Турција, но Володимир Зеленски ја обвини Москва дека прави сè што може за да се осигури дека следниот состанок ќе биде неуспешен.„За состанокот да биде значаен, дневниот ред мора да биде јасен и преговорите мора да бидат правилно подготвени“, рече тој. Украина ги испрати своите предлози до Русија, потврдувајќи, како што рече, својата подготвеност за целосно и безусловно прекин на огнот.Првата рунда разговори во Истанбул пред две недели не донесе голем напредок, но беше постигната размена на воени заробеници. Рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија моментално контролира околу 20 проценти од територијата на Украина, вклучувајќи го и јужниот полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Во периодот пред разговорите, и Русија и Украина пријавија експлозии.Во украинскиот Херсонски регион, тројца луѓе се убиени, а десет се повредени, според Олександр Прокудин, началник на воената администрација на регионот. Тој објави на социјалните мрежи дека руската армија погодила станбени области на населби во регионот. Едно лице е убиено и во Сумискиот регион, објави тамошната администрација.Службениците соопштија дека најмалку едно лице е повредено во експлозиите во градовите Харков и Изјум. Во меѓувреме, најмалку четиринаесет лица се повредени во експлозија во рускиот Курски регион, според изјавата на вршителот на должноста локален гувернер Александар Кинштајн за руската државна новинска агенција ТАСС.Вчера, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха повтори дека Киев веќе испратил своја визија за идните чекори до Русија, додавајќи дека Москва мора да прифати безусловно примирје за да се отвори патот за пошироки преговори. „Заинтересирани сме да видиме како ќе продолжат овие состаноци бидејќи сакаме војната да заврши оваа година“, рече Сибиха за време на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Хакан Фидан.Путин и Зеленски нема да дојдат на разговорите задутре, но Фидан рече дека Турција се надева дека на крајот ќе биде домаќин на самит на високо ниво. „Искрено сметаме дека е време претседателот Трамп, претседателот Путин и претседателот Зеленски да седнат на маса“, рече тој.Песков рече дека предлозите на Русија за прекин на огнот нема да бидат објавени јавно и дека Москва ќе ја разгледа идејата за самит на високо ниво само ако има значителен напредок во прелиминарните разговори меѓу двете земји.

Свет | пред 8 месеци

belgrad

Дојави за поставени бомби на повеќе локации, Белград под полициска опсада

Министерството за внатрешни работи на Србија, соопшти дека бомби се пријавени на неколку локации во Белград.Една од пријавените бомби била и на пазарот на булеварот „Крал Александар“.Полициска истрага е во тек.Во минатото низ Белград имаше лажни дојави за бомби во училишта, универзитети и градинки.

Свет | пред 8 месеци

IMG_2106ll

ВРЕДИ обвинува: Апасиев е во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

ВРЕДИ во соопштение ги обвини ДУИ, Апасиев и Данела дека се во „коалиција на срамот”.„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВРЕДИ.„Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН.Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“, пишува во соопштението на ВРЕДИ.

Македонија | пред 8 месеци

drzavna-matura

Почна полагањето матура со предупредување: Фатен препишувач – пауза една година

Повеќе од 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Испитот е задолжителен за сите ученици, а најголем дел се пријавени за македонски (9969), албански (4339), турски (292) и српски јазик (10).Според Државниот испитен центар, вкупно се пријавени 15.004 кандидати – од кои најмногу од стручни училишта (8816), гимназии (5966) и уметнички училишта (222).Следниот екстерен испит, кој е изборен, ќе се полага на 11 јуни. Најмногу ученици ќе полагаат англиски јазик (13.457), а останатите се пријавени за математика, германски, француски, естетика, филозофија и други предмети.Испитите се одржуваат во училишта со соодветни услови, а каде тоа не е можно во факултетски амфитеатри. Околу 2000 тестатори се вклучени во процесот на надгледување.Матурантите кои нема да ја положат матурата сега, ќе имаат поправна можност во августовската сесија.„Сакам да упатам апел до сите учесници. Набљудувачите, тестаторите и директорите на училиштата да бидат на висина на задачата и да придонесат за објективност на целиот процес. Да не дозволиме да се повторуваат непријатни ситуации и нерегуларности кои ги гледавме во минатото. Правната регулатива е затегната и секој сноси одговорност. Учениците да си ја сфатат сериозно обврската. Верувам дека го повториле материјалот кој е веќе совладан и соодветно на тоа, нема треба од иновативни обиди за изигрување на системот и правилата. Знам дека дел од нив поседуваат голема креативност, но таа да се искористи за нешто друго, наместо непотребно да се ризикува. Верувам никој не сака негативни последици. Фатен препишувач, си го стопира времето за цела една година, да не може да полага и да ја добие дипломата од која му зависи понатамошна едукација или вработување. Среќно на сите”, им порача министерката Весна Јаневска.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-31-at-09.57.38

Камион се удри во Боинг на лондонскиот Хитроу, возачот ги измеша сопирачката и гаста

Камион се удри во Боинг 787-9 на „Сауди Арабиан ерлајнс“ на аеродромот Хитроу пред три дена околу 14:54 часот, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи долги одложувања, објавува „Мирор“.Возачот ја изгубил контролата врз камионот, кој се удри во авионот на земја откако ги помешал гасот со сопирачката. Ова се случило само неколку минути откако патниците на летот SVA105 од Меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, Саудиска Арабија, се истоварија на Терминал 4 на лондонскиот аеродром.Ракувачите со багаж на местото на настанот опишаа што се случило.„Возачот веројатно се обидувал да изврши протокол за безбедносен маневар каде што мора да ги активира сопирачките неколку пати додека се приближува кон авионот“, велат тие.Тие имаат протокол каде што мораат целосно да застанат неколку пати додека се приближуваат кон авионот. Мислам дека го помешал педалот за гас со сопирачката и се удрил во авионот. Со оглед на тоа што трупот бил дупнат, пристигнале противпожарната служба и полицијата.„Тој авион нема да може да лета долго време бидејќи мора да се замени и, се разбира, мора да се затвори дупката за да лета“, објасни персоналот. Следниот лет од Хитроу до Џеда беше откажан, а патниците на оригиналниот лет мораа да чекаат кај местото за подигање багаж.

Свет | пред 8 месеци

FA7F9C6D-5D57-4B53-91C1-D1C262968A1D_1_105_c

Болката одново ќе се излие на кочанските улици, родителите на загинатите и денеска на улиците

Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за вистина и правда, да им се придружат на маршот. Мајките на загинатите деца се обратија до мајките. Машрот се организира секој викенд, во истиот термин.На минатиот марш, тие порачаа правосудните институции да не си играат со нивното трпение, а дека нивниот молк кажува многу.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека истрагата за пожарот е завршена. Вкупно 46 лица се осомничени за тешки кривични дела против општата сигурност, меѓу кои и 14 полициски службеници, чии предмети се водат од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Македонија | пред 8 месеци

putin-4124

Кибер-војна започната: Лондон формира нова елитна команда за сајбер војување против Русија и Кина

Во свет каде што војните повеќе не се водат само на бојното поле, туку и зад екранот, Велика Британија инвестира повеќе од милијарда фунти за да создаде нова воена единица што ќе ги обедини сајбер и електронското војување.Наречена Команда за сајбер и електромагнетно војување, новата единица ќе има задача да ја заштити Велика Британија од растечките дигитални закани, но и да биде подготвена за напади во дигиталниот простор, објави „Телеграф“. Веста доаѓа во време кога Велика Британија се соочува со сајбер напади секојдневно, а министерот за одбрана Џон Хили не ја крие сериозноста на ситуацијата: „Тастатурата е едно од најмоќните оружја денес. Се соочуваме со речиси постојани напади од Русија, Кина и мора да бидеме подготвени да одговориме за секунда.“Новата команда, која ќе работи под покровителство на генералот Сер Џејмс Хокенхал, командант на Стратешката команда на Велика Британија, ќе ги обедини капацитетите на армијата, морнарицата и воздухопловните сили во дигиталната сфера. Тоа ќе биде клучно за спроведување на Стратешкиот одбранбен преглед (SDR), документот што ја дефинира одбранбената стратегија на Велика Британија за следната деценија.Дел од инвестицијата ќе биде насочен кон развој на напреден систем за дигитално таргетирање, познат и како „мрежа за убивање“, кој користи вештачка интелигенција за поврзување на сензори, оружје и борбени единици во реално време. Системот овозможува, на пример, сателитски сензор или радар базиран на брод да идентификува цел, а потоа F-35, беспилотни летала или тим за хакерство да дејствува речиси веднаш.„Победата ќе ја постигнат оние кои се не само подобро опремени, туку и подобро поврзани и побрзи во иновациите“, нагласи Хили, додавајќи дека новата структура ќе овозможи реакции „со брзина што никогаш порано не е видена“.Покрај сајбер можностите, командата ќе игра клучна улога и во електронското војување, вклучително и попречување на беспилотни летала и ракети, пресретнување на комуникациите и нарушување на непријателските командни и комуникациски системи. Министерството за одбрана вели дека технологијата одиграла клучна улога во запирањето на рускиот напредок во Украина, дозволувајќи им на украинските сили брзо да ги идентификуваат и елиминираат заканите.Според официјалните бројки, Министерството за одбрана било цел на повеќе од 90.000 сајбер напади во последните две години, што е двојно повеќе отколку во 2021 година. Најчестите напади доаѓаат од Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, а вклучуваат шпионажа, саботажа и напади со рансомвер.Министерството нагласува дека новиот пристап кон сајбер безбедноста има пошироки цели, не само заштита на вооружените сили, туку и зајакнување на националната безбедност, дигиталната отпорност и економската стабилност. Предупредувањата стануваат сè погласни: извештајот на Комисијата за јавни сметки на Парламентот претходно овој месец предупреди на застарени ИТ системи во јавната администрација, кои веќе се преземени од сајбер криминалците.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Трамп најави удвојување на царините за увоз на челик: „Ќе ја продлабочам трговската војна“

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на американски челик од 25 на 50 проценти, зголемувајќи го притисокот врз глобалните производители на челик и ветувајќи дека ќе ја продлабочи својата трговска војна.„Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за американскиот челик од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја заштити американската челична индустрија“, рече тој на митинг во Пенсилванија.Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на фиксни 25 проценти „без исклучоци или ослободувања“ во еден од неговите први потези за да им помогне на индустриите кои се борат со странска конкуренција.Царините ќе се применуваат на милиони тони челик и алуминиум увезени од Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја и други земји кои извезуваат без царина во САД.

Свет | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-44-2850PM

Бугарите масовно протестираат против воведувањето на еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе бидеме уште посиромашни“

Се очекува Бугарија да добие зелено светло од Брисел за усвојување на еврото во јуни, но оваа перспектива ги вознемирува многу граѓани.„Ако Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качува на Титаник“, изјави за АФП Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест со кој се бараше задржување на валутата на земјата, левот.Од јануари, противниците на единствената европска валута во Бугарија организираат протести и бараат референдум за ова прашање, среде поплава од дезинформации.Сеќавањата на економската криза од 1996-1997 година, во која пропаднаа 14 банки, а хиперинфлацијата надмина 300 проценти, исто така се оживеаја, поттикнувајќи го противењето.Неколку неодамнешни анкети покажаа дека речиси половина од испитаниците велат дека се противат на приклучувањето на Бугарија кон еврозоната.Дебатата повторно ја разгоре анти-ЕУ пропагандата, при што многу од оние кои се противат на усвојувањето на еврото мавтаат со руски знамиња.Бугарија, која се приклучи на Европската унија во 2007 година, е најсиромашната земја во блокот.И „сиромашните се плашат дека ќе станат посиромашни“, рече Боријана Димитрова, директорка на Институтот за истражување Алфа.Тоа, заедно со недовербата во институциите по години нестабилност, создаде плодна почва за населението од 6,4 милиони да се плаши од економски промени.Тој страв го разгореа некои политички групи, вклучувајќи ја и крајно десничарската партија Вазраждане, која повика на нов антиевро митинг во главниот град во сабота.Претседателот на земјата, Румен Радев, даде изненадувачка најава на почетокот на мај, исто така повикувајќи на референдум за ова прашање.Оваа недела тој ја обвини владата дека не ги спровела потребните мерки за да им овозможи на „најранливите“ да го издржат шокот од усвојувањето на еврото.Според Евростат, една третина од Бугарите се соочиле со заканата од сиромаштија или социјална исклученост минатата година.Дезинформациите што се широко распространети на социјалните медиуми лажно тврдат дека со воведувањето на еврото, „Брисел ќе ги конфискува вашите заштеди за да ја финансира Украина“.Во меѓувреме, проевропските гласови се борат да бидат слушнати.„Во Софија и поголемите градови, населението - побогато, подобро образовано и помладо - го гледа тоа како логичен следен чекор во процесот на европска интеграција“, рече Димитрова.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Дали ова е најлудата војна што Трамп некогаш ја водел? Сè беше наговестено во говорот на Венс во 2021 година

За време на минатогодишната претседателска кампања во САД, Доналд Трамп предложи давање автоматски дозволи за престој во САД на странски студенти по дипломирањето, жалејќи се дека тие заминуваат за да основаат успешни компании во Кина и Индија.Сега вратен во Белата куќа, неговата реторика драматично се промени.Со цел да ја уништи академската заедница што ја смета за свој непријател, Трамп започна невидени потези против странските студенти за кои експертите предупредуваат дека веројатно ќе доведат до запишување на помалку студенти, што потенцијално ќе доведе до одлив на врвни таленти.За неколку дена, администрацијата на Трамп се обиде да им забрани на сите странски студенти да влезат во Универзитетот Харвард, една од најпрестижните институции во Америка, а државниот секретар Марко Рубио вети дека „агресивно“ ќе ги поништи визите за студентите од Кина, долго време најголемиот извор на студенти во Соединетите Држави, иако неодамна беше надминат од Индија.Рубио веќе поништи илјадници визи, главно поради неговиот активизам против израелската офанзива во Газа, но исто така и за помали сообраќајни и други прекршоци.„Соединетите Американски Држави, историски гледано, имаат репутација низ целиот свет како многу отворена клима за научни и технички истражувања, а тоа привлекува многу луѓе, особено луѓе од земји кои не мора нужно да ја имаат таа отвореност“, рече Фиби Сенгерс, професорка по информатика и студии за наука и технологија на Универзитетот Корнел, еден од најпрестижните универзитети во Америка.Таа рече дека бројот на странски студенти сигурно ќе „нагло се намали во наредните години“.„Предизвикот со тоа е што студентите што доаѓаат тука нема само да исчезнат. Тие ќе останат во своите матични земји или ќе одат во други земји каде што можат да добијат техничко образование и ќе градат компании во тие земји и ќе се натпреваруваат директно со нашите компании“, објасни таа.Американските универзитети долго време се меѓу најдобрите во светот, но тие се исто така меѓу најскапите за студирање.Меѓународните студенти со целосна школарина се витален извор на приходи, како и федералните истражувачки грантови, кои администрацијата на Трамп исто така ги намалува.Стејт департментот ги оправда своите мерки тврдејќи дека американската технологија е „украдена“ од Кина, а Трамп зборуваше за создавање повеќе места за студенти родени во Америка.Но, внатрешниот круг на Трамп одамна јасно ги стави на знаење своите намери да отвори оган врз универзитетите, чии често левоориентирани факултети, високите трошоци и селективноста ги прават совршен контраст на администрацијата насочена кон спротивставените елити и странци.Потпретседателот Џ.Д. Венс јасно стави до знаење дека се надева дека ќе ја уништи моќта на академијата во говорот од 2021 година насловен како „Универзитетите се непријател“.Тој самиот се искачи од сиромаштија до моќ студирајќи право на Јеил, една од најелитните институции во земјата.Универзитетите имаат огромно влијание врз економијата, при што меѓународните студенти директно придонесуваат со 50 милијарди долари во економијата на САД во 2023 година, според Министерството за трговија на САД.Многу од водечките претприемачи во Америка се имигранти кои дошле како студенти, вклучувајќи го и сојузникот на Трамп, Елон Маск, Јужноафриканец, а околу половина од компаниите од листата Fortune 500 се основани од имигранти или нивни потомци.Кришна Биста, професор на Државниот универзитет Морган, кој ја проучува меѓународната студентска мобилност, рече дека тонот што го постави администрацијата на Трамп „може да ги одврати дури и најквалификуваните кандидати“ од Соединетите Држави.„Не е само прашање на виза, туку влијае на чувството на безбедност, припадност и академска слобода на студентите“, рече тој.„Другите нации градат политики за регрутирање таленти и е ирационално САД да го отфрлат тоа“, додаде тој.Соединетите Држави привлекуваат меѓународни студенти низ администрациите, иако бројките се намалија од нападите на 11 септември 2001 година поради зголемените ограничувања за сите визи.Рекордни 1,1 милиони странски студенти студирале во Соединетите Држави во академската 2023-24 година, според извештајот на Институтот за меѓународно образование, кој беше поддржан од Стејт департментот.Но, меѓународните студенти сочинуваат нешто помалку од 6 проценти од универзитетската популација во САД, што е далеку под Обединетото Кралство, другата водечка дестинација за меѓународни студенти, каде што бројката е 25 проценти.Можноста за промена на курсот можеби веќе е пропуштена.„Дури и ако сè се смени утре, нашиот углед како отворено и гостопримливо општество веќе претрпе значителна штета“, заклучува Сенгерс.„Ќе биде потребен заеднички напор за да се вратат работите таму каде што беа пред четири месеци.“

Македонија | пред 8 месеци

modul

Тетово и Кочани – две вистини, две трагедии, а каква правда: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со прес-конференции денес

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе открива која е вистината за запалената модуларна болница во Тетово, каде живи изгореа пациенти и нивни блиски кои биле на посета. Во исто време, СДСМ соопшти дека ќе ја објавува вистината за Кочани оти се штителе функционери од власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе за започне денеска на пладне.„Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово. 14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Еден час подоцна, прес за Кочани ќе одржи СДСМ.„СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери! Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат. Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 8 месеци

243941276_1069883230416652_6973794369084620008_n

Демографската слика сè поцрна – Македонија се празни

Негативниот природен прираст, кој со години се продлабочува, не е само прашање од висок национален интерес, туку станува и прашање на опстанокот на државата – предупредуваат експертите. Без луѓе, нема ниту држава.Најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) се алармантни. Во првото тримесечје од 2025 година се родиле 3.526 деца, а починале 5.398 лица – што значи дека се бележи негативен природен прираст од минус 1.872 луѓе. Во однос на истиот период лани, бројот на новородени е намален за 2,9%, додека бројот на починати е зголемен за 3,8%.Дополнително загрижува и значителниот пад на бројот на склучени бракови – во првите три месеци од годинава се регистрирани само 1.846 бракови, што е за 25% помалку отколку во истиот период во 2024 година.Демографските бројки покажуваат опасен тренд – се раѓаат сè помалку деца, сè повеќе луѓе умираат, а се склучуваат сè помалку бракови. Ако ова продолжи, Македонија ризикува да се претвори во празна држава.

Македонија | пред 8 месеци

heroin-111

Најмлад регистриран корисник на дрога е помлад од 5 години, 8 годишни се на хероин

Застрашувачки се податоците за употребата на разни видови дроги кај децата во Македонија.Четиригодишни деца дишат лепак, осумгодишни се на хероин. Најмалото евидентирано дете во Македонија кое зема дрога, е под 5 годишна возраст.Според анализата на Народниот правобранител, 50 деца користат марихуана, како и други психотропни супстанции како што се халуциногени и стимуланси. Системот за превенција, рано откривање, третман и рехабилитација на овие деца е недоволно развиен, а институционалните капацитети остануваат ограничени. Овие деца се препуштени сами на себе и најчесто треба да дочекаат полнолетство, за да пристапат во некоја од програмите за лекување и одвикнување.Според сознанијата добиени од полициските извештаи, 130 малолетници се дрогираат на улиците, најчесто со марихуана и амфетамин, додека помалку со екстази и хероин.„Децата најчесто користат халуциногени и стимулативни дроги, како и марихуана“, вели Васка Бајрамовска Мустафа, заменик народниот правобранител.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-44-6490PM

Бугарскиот парламент усвои нова декларација за Македонија

Бугарското Собрание денеска усвои нова резолуција за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. Резолуцијата била едногласно поддржана со 194 гласови „за“.Во резолуцијата, поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Македонија строго да ги спроведуваат договорите што ги прифатиле, јави БТА. Во резолуцијата се наведува дека се неприфатливи какви било обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од веќе постигнатите договори.Во документот се истакнува дека европскиот консензус е договор меѓу земјата кандидат за членство во ЕУ, од една страна и Унијата како целина, од друга страна и затоа не претставува билатерално прашање. Меѓу другото, се истакнува дека европскиот консензус се заснова на Заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, преговарачката рамка на Република Македонија и заедничките протоколи меѓу Бугарија и Република Македонија за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година.

Македонија | пред 8 месеци

izbori-makedonija-Copy

Не сме Северна Кореја: Независните бараат учество во изборната трка со 50 потписи

Граѓанските организации бараат рамноправно учество во изборите и пополнување на правната празнина по одлуката на уставните судии.Предлагаат со измените во Изборниот закони да се намали цензусот и услов од најмногу 50 собрани потписи за независни листи на кандидати за претстојните локални избори. Ова го побараа седум граѓански организации: „Шанса за Центар“, „Зелен хуман град“, „Независни за Карпош“, „Поинаку“ од Битола, „Зелените“ од Гази Баба, „Подобро за Тетово”.На прес конференцијата во Скопје тие го повикаа Министерството за правда да ги вклучи нивните претставници во процесот на меѓупартиски консултации околу измените во изборната регулатива.„По одлуката на Уставниот суд да ги укине двата члена од Изборниот законик со кои драстично беше подигнат прагот за собирање на потписи на независните кандидати потребно е да се пополни правната празнина. Се виде дека партиите имаат страв од независните листи. Со тоа Македонија покажа дека е на листата на држави кои не покажуваат никакви демократски капацитети. Напротив, сега сме не само како Северна Македонија туку и стануваме како Северна Кореја каде не е дозволен настап на независни кандидати и листи”, изјави Јана Белчева од граѓанската организација „Шанса за Центар“.Тие бараат да се дозволи и собирање на потписи на терен и надвор од канцелариите на ДИК, како во европските земји. Бараат да се зголеми периодот на собирањето на потписите на 30 дена, да се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на гласачкото ливче, да се промени одредбата за пристап до медиумскиот простор и финансирање на изборната кампања.

Македонија | пред 8 месеци

BKuzeska2

СДСМ: Скандалозна одлука за Христовски - Обвинителството како партиски инстриумент на ВМРО-ДПМНЕ

„Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се претвора во пртиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Наместо целосно независен орган ослободен од прангите на политиката се става во одбрана на незаконското назначување за директорот на АНБ.Селективниот пристап и бројните недоследности фрлаат црна дамка за целата постапка која е контрадикторна со веќе завршени постапки со судска разрешница.Зошто Обвинителството не побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?Зошто не е постапено исто како со двете директорки на училишта и директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени токму за користење лажни ТОЕФЛ сертификати од истото место како Христовски?Има судски пресуди за кои одговорите се обезбедени директно од ETS и тоа за само неколку денови. Сега, кога станува збор за партискиот кадар на ВМРО-ДПМНЕ, оваа постапка е игнорирана.Шест месеци Обвинителството чека одговор од Бугарија, при што признава дека тој одговор е нецелосен. И врз база на нецелосен одговор како се носи одлука?При тоа целосно се игнорираат и јавно достапните истражувања, документи, снимки и изјави кои јасно укажуваат на тоа дека ова јазично студиот не издава ТЕОФЛ сертификати.Дополнително, има и други отворени контрадикторности: Христовски тврди дека полагал во Пловдив, а Обвинителството вели дека полагал од дома. И сè тоа треба да веруваме дека е во ред?Или ако си кадар на ВМРО-ДПМНЕ се може?Ова е селективна правда, ова е политичка одбрана за спас на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.Оваа скандалозна одлука не само што ја руши довербата во институциите, туку и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски.Се потврдува дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема и не може да има правда.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за Британија: Држава што не го признаваше нашето име и молчеше за геноцидот врз Егејците – не ни е партнер

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, остро реагираше за склучувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија. Преку објава на социјалните мрежи, Апасиев го оцени потегот како „геополитичка слепост“, наведувајќи дека е апсурдно да се гради сојуз со држава која, според него, во минатото нанела сериозни историски неправди на македонскиот народ, па наведува: „како што се геноцидот врз Егејците и непризнавањето на уставното име“.Покрај сите историски неправди кои ни ги има направено Велика Британија (геноцидот на Егејците и непризнавањето под уставното име), да склучиш некаков си договор за "стратешко партнерство" со неа денес - во епоха на цивилизациско назадување на западниот хегемонизам и појава на Нов мултиполарен свет предводен од супериорниот систем на Кина - треба да си геополитички аналфабет. Или да објасниме попластично: тоа ти е исто ко да си некоја мала папет-држава во XV век, кога е извесен падот на Византија - и ти, наместо да се престроиш и склучиш пријателство со ОСМАНЛИИТЕ (кои ќе го владеат овој дел од светот во наредните 500 години), склучуваш пријателство со ВИЗАНТИЈЦИТЕ (кои ќе пропаднат во наредните 50 години)!? Со вакви кусогледи "лидери", ќе ја изгубиме државата во следната генерација, ако не се опаметиме. А немаме многу време, бога ми“, напиша пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Коментари | пред 8 месеци

Ohridmol05282025005

СВЕЧЕНО ОТВОРЕН „ОХРИД МОЛ“

Со пригодна свеченост која се одржа денеска, започна со работа новиот трговски центар „Охрид Мол“. Пред бројните бизнисмени, гости и граѓани, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– Ми претставува особена чест што како охриѓанец и како градоначалник имам можност да бидам дел од овој свечен настан за отворање на првиот современ трговски центар во нашиот град, новиот симбол на урбаното живеење во Охрид.Нашиот град, кој е надалеку познат по своето културно и духовно наследство, од денес добива нова содржина која ја збогатува понудата за охриѓани но и за сите туристи, посетители и гости.Со овој свечен настан не го пуштаме во употреба само овој трговски објект, туку отвораме и нова страница во економската и туристичката приказна на Охрид.„Охрид Мол“ не е само збир на продавници и брендови, тој ќе биде нова енергија во пулсот на градот, нова точка за забава, место каде што секој чекор ќе значи можност за работа, купување, за дружење, за инспирација…Овој простор ќе значи спој меѓу традицијата и модерното живеење и е еден важен доказ дека Охрид може ја чува својата историја, но и храбро да чекори напред кон иднината.Познатиот британски економист и филозоф Адам Смит рекол „Размената е почеток на секој просперитет. Таму каде што луѓето тргуваат, таму има напредок. Трговијата е она што ја носи цивилизацијата напред. Проширувањето на пазарот е секогаш знак на економски напредок“.Искрено верувам дека овој цитат во целост ќе ни го долови значењето оваа инвестиција за економскиот развој на Охрид, отворање на нови работни места и поддршка за локалната економија, а економијата е темелот врз кој се гради квалитетот на животот, сигурноста на семејствата и иднината на младите.Оваа можност ја користам да упатам честитки до инвеститорите кои со својата визија и храброст го препознаа потенцијалот, онаму каде што другите можеби гледаа предизвици. Исто така, упатувам честитки и до сите компании и деловни субјекти кои отворија свои продавници и претставништва во овој мол.Почитувани, Ви благодариме што верувавте во Охрид! Ви благодариме што решивте токму тука, на брегот на охридската убавина, да ја реализирате својата бизнис идеја.Денешниот ден покажува дека ваквите економски проекти го менуваат секојдневието, го збогатуваат животот на една средина и оставаат трајна вредност за генерациите што доаѓаат.Посакувам „Охрид Мол“ да биде жив, динамичен, полн со насмевки и нови почетоци! Нека биде место каде што ќе се вкрстуваат патиштата, идеите и искуствата.Со надеж дека ова е само почеток на ново поглавје во економската иднина на Охрид – посакувам многу успех, раст и одлични резултати!, истакна Пецаков во своето обраќање.Новиот трговски центар има вкупна површина од над 17.000 м2 и сопствен паркинг за над 250 возила. Во „Охрид Мол“ ќе работат фирмите: NewYorker, Sinsay, D Sport, DM drogerie markt, маркети „Жито“, „Meга Фешн“, Office Plus, Duki Daso, Sara Fashion, „Виа Фарм”, „La Familia“, парфимерија Piano, IQOS, Umbrella, игротека „Уно“, Playpark, Nocciolino Lounge Bar” и експозитура на „Хaлк Банка“.Се очекува трговскиот центар да има над 200 нови работни места преку продажните и услужните дејности, како и преку логистиката, услугите и снабдувањето.

ОО | пред 8 месеци

ohrid-markica

СЕ ОДРЖА 57- ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Заврши 57- та Седница на Советот на Општина Охрид. Градските избраници го усвоија Записникот од 56-та Седница со 49 точки, а дневниот ред беше проширен со Предлог одлука за измени и дополнување на одлуката за донесување детален урбанистички план во УЗ 12, УБ 12.3- Опфат 2 за период од 2022- 2027 и истата беше усвоена.Советниците ги усвоија и Предлог-одлукит за усвојување на извештајот за работењето на Јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба Охрид“ , „Градски Пазар“, „Охридски комуналец“, „Градски гробишта“ , „Билјанини извори“ за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Усвоени беа и Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за изменување на Статутот на ЈП Нискоградба и согласност на пречистен текст на претпријатието. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Се усвоија и Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација, за млади и невладини организации, за култура, за образование за капитални инвестиции , за детска заштита за периодот од 01. до 31.03.2025 година. Беа усвоени и Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 (ВА) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2025 година за периодот од 01.01. до 03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата урбана опрема-изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година подпрограма ЈДЕ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улици во село Пештани.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година подпрограма ЈДФ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улица во село Подмоље во град Охрид.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-програма за измена и дополнување на Развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година (НА).Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид.Предлог-одлука за усвојување на социјален план на општина Охрид за период 2025-2028 година.Предлог-одлука за давање согласност на измени на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за именување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“-Охрид.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во општина Охрид.Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.Предлог-одлука за утврдување Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 4 – опфат 1, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид, 2023-2028.

ОО | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-30-at-12.12.19

55 ГОДИНИ ОД ТВОРЕШТВОТО НА ЈОРДАН МАНАСИЈЕСКИ

ОО | пред 8 месеци

Turski-ambasador05272015001

ВИСОКА ТУРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Р. Турција во земјава Н. Е. Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид.На средбата со градоначалникот Кирил Пацеков се разговараше за скапоцените Ракописи, Укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се сопственост на видна турска фамилија од Охрид. Се разгледуваа можностите за изградба на објект со поставки каде што тие би биле изложени за пошироката јавност како интересна туристичка понуда.Двете страни се сложија дека неопходна е реконструкција на централната зграда од ООУ „ Братство Единство“, проект кој требаше финансиски да биде поддржан од ТИКА , а Локалната власт по налог на градоначалникот веднаш ја среди потребната документација и одобрението за градба. На состанокот се најави и средба меѓу градските власти и претставници од ТИКА со цел да се забрза очекуваната реконструкција за која градоначалникот даде „зелено светло“.https://ohrid.gov.mk/%d0%b2%d0%b8%d1%81%d0%be%d0%ba%d0%b0-%d1%82%d1%83%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%b5%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/?fbclid=IwY2xjawKmYuhleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR5T7fDp5gUf8KT7PkzSue0riIvGBm70pRSk0o7RaMVI5_6YvPlRp4LU3iiadA_aem_-KHb8raKxKuTpWPI4fpjNQ

ОО | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-30-at-12.10.59

ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо свеќе пред монуенталниот споменик на Светите Кирил и Методиј, а по повод 24 Мај – Денот на Сесловенски просветители Кирил и Методиј.https://ohrid.gov.mk/%d1%86%d0%b2%d0%b5%d1%9c%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%b8%d1%80%d0%b8%d0%bb-%d0%b8-%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b4%d0%b8/?fbclid=IwY2xjawKmYudleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR7DVtSOVlIy-AARNVJdSp5KUdBv7JDj2j4G31bOcAnVH_ovvuSxSb5-hKevaw_aem_-w7kHKBhgSo5W6VwIWXY3A

ОО | пред 8 месеци

Sv.Kiril-i-Metodij05242025043

СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ ОСНОВЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ОХРИД

Како дел од свечената програма за чествување на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– Поради името што го носам, 24-ти мај секогаш сум го доживувал како мој личен празник, како мој важен дaтум. Но денес, кога стојам тука, пред споменикот на нашите светители, тоа чувството е уште посилно и повозвишено.Денес, тоа чувство се преточува во гордост и чест, затоа што на ваков достоинствен начин го прославуваме празникот на писменоста, словото и љубовта кон знаењето.Почитувани охриѓани, ценети наставници, драги ученици, уважени гостиСветите браќа Кирил и Методиј, апостолите на словенството, ги втемелија корените на писменоста и културата на нашиот народ. Затоa, со длабока благодарност и исконска почит, се поклонуваме пред нивното дело – дело што не е само духовен патоказ, туку и столб на нашиот идентитет.Благодарение на љубовта која ја имале кон нашиот род, ни подариле глас во црквата, име меѓу народите и светлина во душите.„Ги прославувам тие што ни го оставија словото, со кое ја запишавме поуката на Светото Писмо и ја пееме славата Божја на нашиот јазик. Нема поголем дар од оној што ни го дадоа – писменоста, преку која го познавме законот и го запишавме вечниот живот.“Овој цитат на нивниот ученик Свети Климент Охридски нека одекне силно и нека биде наш мотив да продолжиме да чекориме на вистинскиот пат и да го чуваме и вреднуваме името на светите браќа, како најголем аманет.Тоа е особено важно, затоа што се уште се соочуваме со предизвици околу нашето историско право и се уште е актуелна борбата за одбрана на нашиот национален идентитет, на нашата историја, култура и традиција.Мисијата на овие први учители е порта кон нашето спознавање, а нивното дело ни докажува дека не сме случаен народ. Ние сме народ со своја азбука, свој јазик, своја духовност– народ што говори со срце и пишува со душа.Почитувани,Охрид како древен град, скапоцен бисер и тврдина на словенската писменост, со посебно внимание го чува споменот на Светите Кирил и Методиј. Тука нивното дело доби живот, во секој камен, во секоја буква, во секое писание. Тука се создадоа првите училишта, се напишаа првите книги, се изградија храмовите на македонската културна и духовна судбина.Токму затоа, денес, со огромна пофалба, им оддаваме признание на нашите најуспешни ученици – младите охридски надежи, кои со својот труд и талент се вистинска гордост за сите нас.Драги деца, вие се продолжувачи на светата мисла. Вие сте идните чувари на знаењето и на вистината. Учете, истржувајте, сонувајте и продолжете да бидете свои на своето. Вие сте лицето на Охрид и современа Македонија – образована, достоинствена и самобитна.Општина Охрид секогаш ќе стои на страната на образованието. Ќе вложуваме уште повеќе, ќе ги поддржуваме учениците, наставници и институции – затоа што иднината на еден народ се гради врз просветата.Нека живее делото на Кирил и Методиј! Нека е за многу години! Нека е вечен Охрид нека е вечна Македонија! Ви благодарам!На настанот, беа доделени вкупно 357 признанија на ученици од сите основни и средни училишта од Општина Охрид кои освоиле 1-во,2-ро,3-то место на официјални натпревари, по повеќе наставни предмети.Во рамки на чествувањата по повод празникот во ЦК „Кирил и Методиј“ во населба Кошишта се одржа панихида и фолклорен концерт, а на плоштадот Свети Климент Охридски се одржа Фестивалот за поезија за деца „Стихувалки“.

ОО | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања