Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

vasil-jovanov-1

Обвинителот бара Јованов да остане во притвор, адвокатот се противи, обвинетиот: „Немам никакво барање“

Обвинителството побара мерката притвор за неправосилно осудениот Васил Јованов, да му биде продолжена. Тие сметаат дека тој може да го повтори делото или да се даде во бегство. Адвокатот Сашко Дуковски се противеше на ваквата мерка и рече дека неговиот клиент не може да повторно да го стори истото дело. Јованов само кратко рече дека нема никакво барање.„Предлагам мерката притвор да се одржи до ефективното издржување на казната заствор, поради исполнетоста на законските услови, односно поради фактот дека сѐ уште постои опасност од бегство на обвинетиот и постои основан страв дека ќе го повтори кривичното дело“, рече обвинителот Александар Маркоски.Одговори и Јованов.„Поаѓајќи од воспоставената пракса на овој и другите судови и изрекувајќи на казна од вакво траење, му оставам на судот да се произнесе и да определи дали продолжувањето на притворот е потребно во смисла на одребите на законот, односно поради опасност од бегство. Апсолутно се противам за продолжување на притворот по изрекување на пресудата, односно повторување на делото. Се работи за кривично дело кое што не се врши секојдневно, а обвинетиот не може да го повтори ваквото дело“, рече Дуковски.На крајот, судот побара изјаснување и од Јованов.„Немам никакво барање“, рече Јованов.

Македонија | пред 9 месеци

vasil-j

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторно возило“, рече судијката Снежана Марковска.Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата.„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.Судијката кажа кои се отежителните околности.„Ја имавме в предвид тежината на делото, отежнивачките и олеснителните околности. Ги ценевме поранешниот живот на сторителот, и другите околности на личноста на сторителот. Судот го ценеше интензитетот на дејствието и другите објективни околности - а се состои од многу прекршувања на бланкетни норми од Законот за заштита на патиштата, кои се фиксирани задолженија и забрани, кои возачот морал да ги почитува, а упатуваат на висок интензитет на инкриминрано дејствие. Настанатата смртна последица според законот не може да се цени за отежителна околност, но судот ја цени загубата на млада девојка, која ја чувствува семејството со висок интензитет, кое побара највисока казна. Судот како отежителна околност го ценеше и неговиот поранешен живот - обвинетиот е претходно правосилно осуден за кривично дело неовластено производство на психотропни дроги, на казна затвор од 3 години и 10 месеци. Се уште ја нема издржано и не се знае како би влијаела. Тој наместо да се одврати со било какви судири со законот, додека чекал правосилност на таа постапка, тој управувал возило без возачка, под дејство на алкохол, развил брзина на движење во населено место, па на запалено црвено светло, продолжи со движење и удрил пешак кој се движел прописно на зелено светло и кој со ниту едно дејствие не придонел за сообраќајната несреќа. Против обвинетиот Јованов има неколку прекршочни предмети - забрана за управување на возило под дејство на алкохол, непочитување на безбедноста во сообраќајот, возење на црвено светло. Односот на лицето е игнорантски, дрзок...“, рече меѓудругото судијката Марковска.Судот ги ценеше и олеснителните околности, рече судијката.„Ги ценеше доказите од одбраната - благодарниците, дипломите. Тој е спортист кој добивал признанија. Тоа се за личните прилики, за неговите склоности. Судот ја ценеше и возраста на обвинетиот, делото го сторил на 20 години, тој спаѓа во категорија постари малолетници. Кај обвинетиот постои чувството на вина, истиот е свесен за последиците по губитокот на животот на жртвата. И кај него и кај потесното семејство. Презема одговорност за делото кое го сторил, изразил сочувство, се извини за тоа што го сторил. А откако ги согледал последиците од сосптвените дејствија - прикажува жал и себе прекорување, што се гледа и од видео записот од лице место. Овие околности кои го изразуваат неговиот однос, неговото признание на вина, судот исто така ги ценеше како олеснителни околности“, посочи Марковска.Во судската сала, беа присутни родителите на загинатата Фросина Кулакова, како и родителите на Васил Јованов.На првото рочиште, Јованов призна вина и се извини на семејството на Фросина.„Разбирам за што сум обвинет. Ќе се произнесам за мојата вина. Сакам да изразам најдлабоко сочувство кон целото семејство. Да се извинам за тоа што го сторив. Да суде, виновен сум“, рече Јованов на првото рочиште.Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Македонија | пред 9 месеци

gmail

Апел од МВР до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

„Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Овие пораки лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или барања за преземање на активности“, велат од МВР и додаваат:Важно и значајно е граѓаните односно компаниите да знаат дека пораката не е испратена од вистинската компанија, да не кликнуваат на линковите или прилози во пораката, да не одговараат на пораката, да не споделуваат лични информации и веднаш да ја избришат пораката.Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами. Доколку сте примиле ваква порака или сте жртва на слична интернет измама, веднаш пријавите го случајот во најблиската полициска станица.Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик.Оттаму, Министерството за внатрешни работи со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, апелира внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба.

Македонија | пред 9 месеци

koalicija-vredi-89786

Не се враќаш кај народот туку на црната листа, не излегуваш туку ја предаваш Владата, му вели Меџити на Таравари

Изет Меџити, лидерот на Демократското движење и еден од предводниците на коалицијата „Вреди“, реагираше остро на одлуката на Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата за Албанците да ја напуштат владината коалиција. Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата – туку ја предал.„Ти не донесе промени. Не се враќаш кај народот – се враќаш на црната листа. Не излегуваш од Владата, туку ја предаваш“, истакна Меџити во својот пост.Тој додаде дека, според него, Таравари претставува разочарување за секој Албанец кој гласал со надеж за промена. Меџити порача дека коалицијата Влен ќе продолжи со борбата за промени и ги повика сите активисти, поддржувачи и гласачи кои се чувствуваат изневерени и изоставени да им се придружат.Од друга страна, Арбен Таравари синоќа по состанокот во Тетово соопшти дека неговата партија ја напушта Владата и преминува во опозиција. Тој изјави дека, иако лани ја донеле промената во албанскиот политички блок по две децении, промените кои граѓаните ги очекувале не биле реализирани, поради што тие секојдневно се соочувале со критики.

Македонија | пред 9 месеци

zaev-filipce-1

СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го дозакопа Филипче и се заплетка во сопствените лавиринти на лаги“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додаваФилипче по стапките на шеикот од Муртино Заев денес едно, утре друго.СДС еднаш тврди дека Филипче нема златна виза, па дека нема имот во ОАЕ, за подоцна самиот Филипче да потврди дека има златна виза за Дубаи.Филипче три месеци се обидува да смисли што да одговори на јавноста за златната виза во Дубаи и повторно се заплетка во соппствените лаги.СДС и Филиче да кажат од каде му е златната виза за Дубаи?Со примањата на Филипче како пратеник лекар и министер тешко дека се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.Дали Филипче му е бизнис партнер на Заев во Дубаи додека му го чува столчето во СДС?Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50 катница во Дубаи?Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза?СДС и Филипче да не ја потценуваат интелегенцијата на народот и да каже дали е инвеститор со Заев во Дубаи.Заев и Филипче со години ја осиромашуваа државата за сега со украдените народни пари да добиваат златни визи и да инвестираат низ Дубаи.Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција.

Македонија | пред 9 месеци

vasil-jovanov

Се очекува пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Јавноста бара правда, Јовановски знае дека ќе добие затвор

Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе ја соопшти пресудата за случајот што ја потресе македонската јавност: прегазувањето на 22-годишната студентка Фросина Кулакова од Неготино, која на 29 јануари беше усмртена на обележан пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.Обвинетиот, 20-годишниот Васил Јованов, управувал со возило без возачка дозвола и поминал на црвено светло, при што ја удрил Кулакова која починала на самото место.Јавното обвинителство го квалификува делото како тешко кривично дело сторено со умисла, што претставува најтешка форма на кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот.Случајот предизвика масовни протести во Скопје и Неготино, каде граѓаните бараа правда за Фросина и повикуваа на одговорност од институциите.Семејството на Фросина, во својство на оштетени, се запозна со доказите собрани од обвинителството и дадоа исказ во текот на истрагата.Пресудата ќе биде клучна не само за семејството на Фросина, туку и за јавноста која очекува правда и поостри мерки против несовесните возачи.

Македонија | пред 9 месеци

zelenski

Зеленски: Чудна тишина во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се обрати до нацијата во видео објавено на неговиот официјален канал на Телеграм, велејќи дека Русија сè уште не одговорила на предлогот за прекин на огнот.„Тукушто разговарав со претседателот Ердоган. Тоа беше суштински разговор. Благодарен сум за неговата поддршка. Ја потврдив подготвеноста на Украина за директен и суштински дијалог со Путин. Украина отсекогаш ја поддржувала дипломатијата. Подготвен сум да дојдам во Турција“, рече Зеленски.Украина отсекогаш ја поддржувала дипломатијата. Подготвен сум да дојдам во Турција. За жал, светот сè уште не добил јасен одговор од Русија на бројните предлози за прекин на огнот.Руското гранатирање и напади продолжуваат.„За жал, светот сè уште не доби јасен одговор од Русија на бројните предлози за прекин на огнот. Русите сè уште гранатираат и напаѓаат. Москва цел ден молчеше во врска со предлогот за директна средба. Оваа тишина е доста чудна. Но, Русија ќе мора да ја заврши оваа војна на еден или друг начин, и би било подобро ако го стори тоа што е можно поскоро. Нема смисла да се продолжи со убивањето“, нагласи тој.Тој додаде дека Турција е подготвена да биде домаќин на средбата и дека е важно и американскиот претседател Доналд Трамп да ја поддржи идејата за разговори. „Би сакале претседателот Трамп да биде во Турција“, рече Зеленски.„Украина не ја сакаше оваа војна, ниту една секунда откако започна. Заедно со партнерите, работиме на обезбедување безбедност, изградба на цврста основа за мир и преземаме чекори за да ја направиме дипломатијата навистина ефикасна“, заклучи тој.

Свет | пред 9 месеци

sednica-co-sdsm-1

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија.Во неколку месеци Мицкоски успеа да искомбинира катастрофални економски резултати, со бесцелни патувања во странство иако државата е комплетно изолирана дури и од нашите НАТО и ЕУ партнери со кои имавме децениска одлична соработка.На сето ова треба да се додадат и гоштевањата со народни пари, милиони потрошени за бејби-биф, папаја, манго, октоподи, додека власта се противи на барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, а синдикалната кошничка и трошоците за живот се зголемуваат секој месец.Им нема крај ниту на скандалите во општините со кои „скандинавски“ раководат градоначалниците на Мицкоски, на кои приоритет им е единствено местење на тендери, а граѓаните се оставени сами да се снаоѓаат во хаос.Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да излезат од Владата и да се вратат заедно со народот. Ова е потврда дека доскорешните партнери на Мицкоски се евакуираат откако во јавноста беа споделени низа на скандали за власта.За прв пат во 35 години независност и плурализам се случува за толку кратко време најголемиот коалиционен партнер да ја напушти Владата, и тоа оваа на Христијан Мицкоски.На крајот, Мицкоски ќе остане осамен и опкружен само со неговите клиентелисти и амбицирани криминалци. Граѓаните јасно гледаат низ прозирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-21.45.09

Таравари си оди во опозиција: Третманот на вработените во администрацијата е полош од порано!

Арбен Таравари, кој застапува едно од крилата на Алијанса за Албанците, излегува од Влада. Тој сега почна да го критикува и ВЛЕН, па рече: „Третманот за вработените во администрацијата е полош од порано“. За Македонија, рече дека ќе минува низ тежок период.„Ја донесовме промената во албанскиот блок по 20 години, меѓутоа, промените кои ги ветивме не ги испорачавме. Затоа одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме доверба на локалните избори. Со ВЛЕН се обидовме да изнајдеме решение за кандидатите за градоначалници – не успеавме. Ако имаме сомнежи, нема што да бараме таму“, рече Таравари.Тој посочи дека одат во опозиција, а во октомври ќе се вратат со добри резултати.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-11-at-13.22.33

(Видео) Дечкото што влечеше куче во Крива Паланка: Го скокна седиштето, се скина ланчето, рипна од прозорецот

23-годишникот кој го влечеше кучето со автомобил во Крива Паланка, за здружението „Happy Paws“ објаснува дека немал намера да го повреди ниту мачи, туку кучето скокнало од прозорец. Тој објасни дека го транспортирале кучето во викендица, а било вдомено пред еден месец.„Кучето беше ставено во бажаникот на колата. Го скокна седиштето и се скина ланчето на него. И рипна од прозорот, бев на кривината, не смеев да застанам. И затоа ја намалив брзината, за да ме видат и заобиколат сите, излегов на пошироко за прегледност, го земав кучето го подигнав и застанав на страна“, вели тој.На прашањето кој дел е скинат, кога кучето се влече за врвката, тој вели: „Имаше такво едно, поводник, тој го скина тоа“.Тој се извини јавно и посочи дека не сакал тоа да се случи и се расплаче.„На секој може да му се случи, куче како куче“, додаде тој.

Македонија | пред 9 месеци

04112024_Taravari

Таравари излегува од Владата, пред да го испие кафето со Мицкоски

Крилото на Алијанса на Албанците, предводени од Арбен Таравари ја напушта Владата.Таравари пред да го испие кафето за збогување во Мицкоски почна со критики упатени на адреса на Владата.Од Врапчиште синоќа порача дека дека не сакале да бидат марионети во Владата.„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме подготвени да ја напуштаме.Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, рече Таравари.Во наредните два дена Тараври ќе ја официјализира одлуката, која се очекува да биде потврдена уште вечерва на состанок на партиските тела.ВРЕДИ атакува да седне министерската фотелја во здравство.Она што е непознато е како ќе дејстуваат и петте пратеници на Алијансата, но без нив виси бадентеровото мнозинство за гласање.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-14.43.13

(Видео) Дел од полицијата на улица, бараат повисоки плати и праведна судска пракса: Не сме од втор ред

Дел од полицајците членови на Независниот синдикат на полицијата денеска протестираа на скопските улици. Тие се незадоволни се поради ниските плати и, како што велат, неправедната судска пракса. Порачуваат дека вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Според претседателот на НСП, Мартин Ефремов, мора да се почитува Законот за минимална плата.„Во моментов имаме илјадници предмети кои полициските службеници ги водат против Министерството за внатрешни работи во кој бараат да се досуди разлика до минималната плата. Полициската плата е составена од основна плата, плус зголемување, минат труд, додатоци, а по Законот за минимална плата основната плата не може да биде под минималната плата“, рече Ефремов во изјава за медиумите за време на протестот.Според претседателот на НСП, Ефремов, полицискиот протест пред судовите исто така е упатен и за изеднување на судската пракса на целата територија на државата. Во моментов има илјадници предмети кои полициски припадници ги водат против МВР во кои што бараат да се досуди разлика до минималната плата.„Во различни градови, судовите кажуваат дека на едни полицајци треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме. Со пресуди, одредени полицајци имаат наплатено и е докажано. За жал, скопските судови велат дека тоа не следува. Тука доаѓа до огромен револт и неизедначување на платите. Платите е многу едноставно да ги пресметате – треба да го помножите бодот со бројот на бодови што ги имаме. Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре, а бодот во МВР е 35,47 денари. Со години, полициската плата е многу под минималната. Доколку не се одважат на нашите барања, ќе ги известиме сите наши братски синдикати, амбасади и европски институции и ќе продолжиме со протестите. Нема да се откажеме од тоа што ни следува и од законот“, додаде Ефремов.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-12.26.21

(Видео) Се одлучувало за животите на повредените од „Пулс“: Мицкоски вели тоа била најтешката одлука во неговиот живот

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека на негова одговорност, биле транспортирани повредените, бидејќи дел од медицинарите му укажале дека во таква состојба тие не можат да бидат пренесени во болниците во соседството. Посочува дека ако не биле пренесени, ќе имало повеќе жртви.„Јас имам 47 години, но кога би анализирам кој бил најтежок ден во мојот живот, тоа беше тој ден. Беше 3:30 наутро, кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Тоа беше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, бидејќи не го гледав телефонот. Нормално, спиете тогаш. Веднаш се совземав и ги повикав луѓето од мојот тим да одиме веднаш во Кочани. Во 05 часот стигнавме таму“, рече Мицкоски.Тој рече дека најтешки биле одлуките кога доаѓала понуда за помош од секаде, а особено од регионот, а ние немаме брилијантни односи со некои од соседите.„И тогаш кога треба да носите одлука мора да водите сметка за сите последици. А од друга страна дел од медицинските лица ви велат дека пациенти во таква тешка состојба не се за транспоритрање. Кога прашав кога е опцијата - тие рекоа ние да ги негуваме, а веројатно ќе имаме повеќе жртви од сега. И тогаш размислив неколку секунди. Им реков да ги спремат пациентите и веднаш да се транспортираат. Еден од нив рече дека е на моја одговорност, а јас реков: да, на моја одговорност“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Велосипедист со тешки повреди, лицето со кое се судриле во Аеродром - избегало

На 11.05.2025 во 09 часот во СВР Скопје било пријавено на велосипедска патека на бул.„Јане Сандански“, во близина на крстосница со ул.„Васко Карангелески“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 9 месеци

IMG_6897

Скопјанец ја тепал сопругата, па и се заканувал со остар предмет

„Денеска (12.05.2025) во 00.05 часот на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.К.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет“, велат од МВР.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 9 месеци

brza-pomos-nokje-3

Осум повредени: тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

На 11.05.2025 во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните сопатници Ф.И.(31), Х.Д.(54) и тројца малолетници, сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, велат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 9 месеци

policija

Вчера 968 сообраќајни казни, 636 за брзо возење - но има казни и за возила без видливи регистрации

Во рамки на вчерашните (11.05.2025) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 968 платни налози.„Од нив, поради непочитување на пропишаната брзина на движење беа изречени 636 платни налози, а за неправилно паркирање 57. Санкционирани се и 29 прекршоци заради некористење сигурносен појас, а 11 за користење мобилен телефон. Вчера се откриени и санкционирани и 81 лице поради непоседување возачка дозвола, а 27 возачи управувале возило под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила – четири возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 21 возило затоа тоа што не биле со валидна регистрација“, велат од МВР.Тие додаваат: „Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“.

Македонија | пред 9 месеци

teodora

Сестрата на загинатата Теодора со емотивен статус потсетува дека чека правда: Треба да знаете кое унишување сум го доживеала

Ева Ристовска, сестра на загинатата Теодора од Тетово која беше прегазена на пешачки премин, во емотивен статус посочува како четири месеци по трагедијата го видела возачот повторно во автомобил, со насмевка. Таа посочува дека се виделе очи во очи.„Мислам дека ова треба да го знаете кое уништување сум го видела и дожевеала јас,а сум немала можност да кажам и да да зборувам пред судот бидејќи не се водам како оштетена страна.... После загубата на мојата сестра ни 4 месеца после таа голема трагедија за нас јас го гледам човекот како излегува од супермакет и се качува во својот автомобил и повторно вози. По четири месеци. Движење во близина на нашите работни места и покажување на блага насмевка од негова страна и гледање во очи,Болката,трепет стрес и плач, во мене. После една година во кафанаа слави со јадење и пиење насмеан!“, напиша Ристовска.Потоа сведочи за судската постапка.„Започнување на судската процедура де не дошол тој, де не дошла адвокатката, па не била доволно запознаена со случајот - одложување, непризнавање на вина, не ја видов, Алах сакал тука да и заврши животот - зборовите на Менсур. На пешачки ми ја усмрти сестра ми бе! Одложување повторно рочиште сакале супервештачење - одложуваме, кај нас беше повикан вештакот кој беше на лице место на самиот настан,залудно одлагање “господинот” ќе признаел (пазар бе)“, додава таа.Остатокот од статусот прочитајте го тука:

Коментари | пред 9 месеци

alkatraz

Никој никогаш не избегал од Алкатраз, вели Трамп; Еве ја приказната за оние кои избегале

И покрај репутацијата на неосвоива тврдина, од Алкатраз сепак е можно бегство. Сè што било потребно е храброст, досетливост и околу 50 мантили, објави CNN.Беше 11 јуни 1962 година. Тројца затвореници - Френк Морис и браќата Кларенс и Џон Англин, сите во триесеттите години - поминаа месеци тајно правејќи дупки во ѕидовите на своите ќелии. Таа ноќ, се протнаа низ нив, низ вентилационо вратило, се искачија на покривот и исчезнаа од островот на сплав што го направија. Побегнаа директно во ледените, брановидни води на заливот Сан Франциско.Повеќе од 60 години подоцна, претседателот Доналд Трамп предлага повторно отворање на затворот. Тој е убеден дека Алкатраз бил и останува неосвоив.„Никој никогаш не избегал од Алкатраз“, рече Трамп од Овалната соба. Но, вистината е малку покомплицирана. Иако тројцата никогаш не беа пронајдени, многумина веруваат дека преживеале и допливале до брегот, вклучувајќи ги и нивните роднини.„Тој случај никогаш не исчезнува“, рече Арт Родерик, поранешен американски маршал кој помина речиси 40 години истражувајќи го бегството.Френк Морис и браќата Англин завршија во најозлогласениот затвор во Соединетите Држави од едноставна причина - тие се обидоа да избегаат од секој претходен. Нивните досиеја на ФБИ се полни со белешки за бегствата и упорноста.„Навистина не им се допаѓаше да бидат во затвор“, рече Дејвид Виднер, внук на браќата Англин и автор на книга за нивното бегство.Ние не ја сакаа ниту сиромаштијата. Тие пораснаа во рурална Џорџија со околу десетина други браќа и сестри, а повеќето од нивните злосторства беа поврзани со кражби и провали.„Тие сакаа убави работи, а не знаеја како да ги добијат освен со кражба“, вели Виднер.Последното злосторство што ги одведе во затвор беше ограбувањето на мала банка во Алабама. Тие беа уапсени неколку дена подоцна во Охајо, заедно со нивниот постар брат Алфред, и осудени на 15 години затвор.Тие беа префрлени во Алкатраз по обид за бегство од федерален затвор во Канзас. Таму, Кларенс, со помош на својот брат, се обидел да избега криејќи се во две големи метални кутии за леб. Не стигнал подалеку од затворската пекара, но нивното семејство не било премногу изненадено.Кога биле сместени во соседни ќелии со Френк Морис - уште еден затвореник познат по своите бегства - било јасно дека ќе се обидат повторно. Само било прашање кога.Врз основа на она што го собрале од доказите и сведочењето на затвореникот Ален Вест - кој учествувал во планирањето, но на крајот останал во својата ќелија - американското ФБИ реконструирало неверојатно бегство кое се подготвувало шест месеци:Затворениците украле гумени мантили и составиле сплав со димензии 6 x 14 стапки, кој го зајакнале со цевки за пареа. Претвориле мотор од правосмукалка во електрична дупчалка, а обични лажици во шрафцигери. Направиле хармоника - инструмент сличен на хармоника, единствениот што легално го купиле со затворски средства - во мев за надувување на сплавот. Според истражителите, мозокот на операцијата бил Френк Морис, за кој се вели дека имал коефициент на интелигенција од 133.Најгенијалниот дел од планот биле лажните глави направени од парчиња цемент, памук, прамени коса од затворската берберница, лепак и боја. Грубо и малку морничаво, но доволно убедливо за да ги измами ноќните чувари и да остави впечаток дека затворениците спијат.„Мајка ми и семејството секогаш велеа дека се како Мекгајвер - досетливи и паметни. Можеа да направат нешто од ништо“, рече братучедот на бегалците, Кен Виднер.Истражителите на ФБИ се согласија. „Работата што ја направија во подготовката на бегството е зачудувачка“, напиша Френк Л. Прајс, тогашен шеф на канцеларијата на ФБИ во Сан Франциско.Дотогаш, Алкатраз беше на работ на затворање - беше премногу скапо за одржување, а персоналот беше при крај. Затворскиот управник Олин Блеквел им рече на новинарите дека реновирањето ќе чини 5 милиони долари, повеќе од 50 милиони долари денес.„Затворот беше во лоша состојба, ништо не се поправаше, а луѓето повеќе не доаѓаа да надгледуваат“, се сеќава еден пензиониран американски маршал.Затворениците поминаа недели дупчејќи дупки во ѕидовите на своите ќелии со електрични алатки скриени во импровизирана дупчалка, покривајќи ги дупките со картон обоен за да одговара на ѕидовите преку ден. Потоа се искачија на покривот низ сервисен тунел, се симнаа по оџак и скокнаа преку ограда.Тие го дизајнираа сплавот користејќи илустрации од списанието „Спортс илустрејтид“, а потоа отпловија во студените, темни води на заливот Сан Франциско во ноќта на 11 јуни 1962 година.Потоа се појавија интригантни траги - но ниедна не доведе до јасен заклучок.„Никогаш во мојата кариера не сум имал случај со толку многу ќорсокаци“, рече поранешниот истражител Родерик.Во рок од неколку часа од бегството, започна масовна потера. Вклучени беа полицијата, крајбрежната стража, војската, хеликоптери и бродови. Дури беше наредено и ново пребарување на самиот Алкатраз - за секој случај бегалците воопшто да не го напуштиле островот.Повеќе од сто војници го пребараа островот Ангел, за кој Ален Вест тврдеше дека е дестинација на бегалците. Но, таму не беше пронајдена никаква трага. Во меѓувреме, случајот стана медиумска сензација.„Немаше вести од кабелската телевизија, но целиот свет гледаше што се случува“, подоцна изјави поранешниот агент на ФБИ, Џон Аренд.И потоа се случи бизарен пресврт - разгледница, адресирана до „Управникот на Алкатраз“, на која пишуваше: „ХА ХА, УСПЕАВМЕ“.Тие се потпишаа како „Френк, Џим, Кларенс“, секој со различен ракопис. ФБИ направи графолошка анализа - беше заклучено дека потписот на „Кларенс“ најверојатно бил фалсификуван, додека немало доволно примероци за другите двајца.

Свет | пред 9 месеци

filipce-414213

СДСМ одговори дали Филипче има инвестиции во Дубаи

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати. Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, велат од СДСМ.Претходно, ВМРО-ДПМНЕ праша „Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?“.“Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза? Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции. Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ukraina1

Русите лансираа 108 дронови во Украина

Русија лансираше 108 дронови низ Украина преку ноќ и погоди цивилен товарен воз, повредувајќи го машиновозачот, соопштија украинските власти, откако европските лидери му се придружија на претседателот Володимир Зеленски во повикот за 30-дневен прекин на огнот од понеделник.Украинската воздушна одбрана уништи 55 дронови лансирани од Русија од 23 часот во неделата, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за пораки Телеграм. Нападот вклучуваше и 30 дронови кои беа изгубени на пат, не погодувајќи ништо. Дроновите беа соборени во источна, северна, јужна и централна Украина, соопштија воздухопловните сили.Машиновозач на цивилен товарен воз е повреден во напад со беспилотно летало врз железничката инфраструктура во источниот регион Донецк, соопштија украинските железници.„Предлозите за прекин на огнот се игнорираат, непријателските напади врз железничката инфраструктура... продолжуваат“, соопштија украинските железници, Укрзализниција, во објава на Телеграм.Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече барањата за прекин на огнот „ултиматуми“ и за возврат предложи директни разговори со Украина со цел да се стави крај на војната во четврток, иницијатива прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Свет | пред 9 месеци

internet-terorizam

Во Европа се раѓа нова генерација терористи: тие се помлади и на властите им е тешко да ги откријат

Во последните месеци, десетици малолетници, некои на возраст од само 14 години, беа уапсени низ цела Европа под сомнение за планирање напади врз музички места, трговски центри и верски објекти. 14-годишно девојче од Црна Гора беше уапсено во Австрија во мај минатата година под сомнение за планирање напад врз „неверници“. Полицијата пронајде секира, нож и пропагандни материјали на Исламска држава во нејзиниот дом. Друго 14-годишно девојче беше уапсено во февруари под обвинение за планирање напад врз железничка станица, соопштија австриските власти.Три концерти на Тејлор Свифт во Виена минатата година беа откажани откако тројца млади мажи на возраст од 17 до 19 години беа уапсени под сомнение за планирање напад за кој американската ЦИА рече дека бил „добро испланиран“ и можел да резултира со стотици жртви.Младите луѓе сè повеќе се приклучуваат на онлајн заедниците кои шират екстремистички ставови, теории на заговор и насилство. Додека Соединетите Држави долго време се справуваат со пукања во училиштата, заканата што ја претставуваат малолетниците во Европа главно доаѓа од исламистички кругови, објавува Волстрит џурнал.Зад бранот на тинејџерска радикализација стои комбинација од фактори: невиденото ширење на екстремистичката пропаганда, делумно поттикната од вештачката интелигенција; моќното влијание на платформите на социјалните медиуми како TikTok, кои сè повеќе можат да го привлечат вниманието на младите; и настани како војната во Газа, која стана дефинирачки, но болен момент за генерацијата политичка зрелост.Тинејџерите сочинуваа две третини од 60-те исламистички екстремисти уапсени за терористички акти низ Европа во првите осум месеци по почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, според Питер Нојман, професор по безбедносни студии на Кингс колеџ во Лондон, кој го истражуваше периодот за книгата.Младите членови на крајната десница, исто така, сè повеќе претставуваат закана. Во јануари, белгиската полиција уапси 14-годишно момче со неонацистички ставови, осомничено за планирање напад врз џамија. Во Белгија, една третина од сите случаи на тероризам вклучуваа малолетници од 2022 до 2024 година. Во Велика Британија, речиси еден од пет осомничени за тероризам е дете. За време на пандемијата, бројот на апсења за тероризам се намали кај сите возрасни групи, освен кај децата.„Ново е бројот на млади луѓе кои се директно вклучени во планирањето насилни напади, вклучително и многу млади лица“, рече Томас Ренард, директор на Меѓународниот центар за борба против тероризмот во Хаг.Според експертите, речиси сите млади екстремисти се радикализирани преку Интернет, што ги прави многу потешки за откривање. Во последните пет години, дури 93% од смртоносните терористички напади на Западот биле извршени од поединци кои дејствувале сами, според Институтот за економија и мир. Интернетот го забрзал процесот на радикализација - додека во 2002 година биле потребни просечно 16 месеци, во 2015 година тоа време било скратено за 40%. Денес, само неколку недели се доволни.На Интернет, идеолошките граници често се нејасни, а екстремистичките погледи на светот кои делат слични ставови, како што се мизогинијата и тоталитаризмот, често се испреплетени. Младите супремацисти ја имитираат идеологијата на Исламската држава, додека младите џихадисти го користат јазикот и естетиката на екстремната десница. Наместо да издаваат наредби, терористичките групи ги преплавуваат социјалните медиуми со пропаганда која им обезбедува на младите луѓе идеолошка рамка и поттик за насилство, велат експертите.Пример за видот екстремист од кој се плашат европските власти моментално е на суд во Белгија. Абдул Керим Гадаев, 19-годишен чеченски бегалец, сè уште чувствува гнев откако неговиот татко беше депортиран од Франција во Русија пред четири години. Тој се отуѓи од училиштето и почна да ја изразува својата желба преку интернет да го повтори нападот од 2015 година врз Батаклан во Париз, во кој загинаа 90 лица. Белгиските обвинители минатиот месец тврдеа дека тој планирал „Батаклан 2.0“.Белгиската полиција го уапси Гадаев и уште тројца осомничени, на возраст од 15 до 17 години, минатата година. Во неговиот телефон беа пронајдени докази дека ги истражувал нападите врз Батаклан и списанието „Шарли Ебдо“, како и случајот со Абдулах Анзоров, 18-годишен Чеченец кој обезглави наставник во средно училиште во Франција во 2020 година. Исто така, беше пронајдена и фотографија од отсечената глава на наставникот.На неговото судење минатиот месец, Гадаев изгледаше вознемирен додека беше испрашуван за неговите објави со говор на омраза на социјалните медиуми. Имаше ретка брада и без мустаќи, нервозно се чешаше по зглобот и ги влечеше ракавите преку рацете.„Не мислев дека правам нешто погрешно“, рече тој.Радикализацијата на малолетници придонесува за растечката терористичка закана за Западот. Според податоците на Европол, бројот на извршени, неуспешни и спречени напади во Европската Унија се зголемил четири пати од 2022 до 2023 година, на вкупно 120.Иако беа спречени многу напади, бројот на смртни случаи поврзани со тероризам на Западот се зголеми за 61% од 2023 до 2024 година, додека бројот на успешни напади се дуплираше на 67, според Глобалниот индекс на тероризам. Американските власти не објавуваат податоци за возраста на осомничените за тероризам, но експертите тврдат дека трендовите во радикализацијата на крајнодесничарската во САД се слични.„Додека Сирија, Ирак и Авганистан до неодамна беа главни извозници на џихадистичка идеологија, САД денес се еден од главните извозници на крајнодесничарска идеологија“, рече Ренард. „Онлајн опкружувањето нуди бројни можности за терористите да се поврзат со млади луѓе преку навидум безопасни апликации и платформи за видео игри“, изјави портпаролот на ФБИ.Со површно разбирање на идеологијата, повеќето млади екстремисти првично се привлечени од насилни наративи кои реагираат на нивните сопствени фрустрации - психолошки проблеми, осаменост, чувство на исклученост. Тие наоѓаат заедница преку интернет околу колективните трауми и глобалните кризи, како што се стравот од миграција или војната во Газа, што ја поврзуваат со сопствените проблеми.„Луѓето се идентификуваат со страдањето на другите. И сакаат да направат нешто во врска со тоа“, рече Кевин Волон, портпарол на Белгиската единица за анализа на закани, владин центар кој анализира екстремистички закани. Групите млади радикали најчесто се организираат преку интернет, без водач или религиозен авторитет. „Екстремистичкиот пејзаж денес е многу децентрализиран“, вели Волон.Во Шодфонтен, малата белгиска општина каде што Гадаев се населил со својата маќеа откако неговиот татко бил депортиран, тој се борел во училиште. Тој пронашол заедница преку интернет околу спортот и религијата, особено на TikTok, и неговите интереси постепено станале политизирани.„Постојано бев на телефон“, рече тој.Во февруари минатата година, тој се приклучи на „оперативен“ канал на апликацијата Signal, каде што членовите - некои на возраст од само 13 години - почнаа да планираат напад. Тие разговараа за набавка на оружје и споделија фотографии од целта: концертната сала Botanique во центарот на Брисел. Гадаев рече дека е спремен да учествува ако планот биде добро извршен.Во март 2024 година, белгиската федерална полиција го уапси Гадаев и уште тројца малолетници на различни локации низ земјата. Француската полиција, исто така, притвори уште тројца малолетници во поврзан случај. Шесте малолетни осомничени беа процесирани во малолетнички системи во обете земји, подалеку од очите на јавноста. Белгиските обвинители бараат седум години затвор за Гадаев.Адвокатите на Гадаев тврдат дека неговите објави на социјалните мрежи биле „извршни по природа“. Тврдењето го илустрира предизвикот со кој се соочуваат западните безбедносни служби: како да се разликува говорот на омраза од вистинската намера за дејствување.„Веќе некое време предупредуваме дека сложеноста на нашите истраги е неспоредлива во претходните случаи - ширината и длабочината на она што го следиме денес е едноставно неверојатна“, рече Вики Еванс, главен координатор на британската полиција за борба против тероризмот. Таа ги повика технолошките компании да преземат поголема одговорност.Алгоритмите на социјалните медиуми ги хранат младите луѓе со сè поекстремна содржина и ги влечат во дигитални „бездни јами“. Вештачката интелигенција го влошува проблемот, вели Џулија Ебнер, експерт за онлајн радикализација на Институтот за стратешки дијалог и Универзитетот во Оксфорд.„Видеата и сликите генерирани од вештачка интелигенција длабоко навлегуваат во емоциите и човечката психа“, вели таа. „Вештачката интелигенција и алгоритмите го прават она што некогаш го правеа харизматичните регрутери - само сто пати поефикасно“.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

САД и Кина постигнаа договор

САД и Кина се согласија значително да ги намалат тарифите за стоките на другиот крај за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд.Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115%“ откако се согласија на 90-дневна пауза.Тоа е значително деескалирање на трговската војна што ескалираше минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија тарифите за кинеските стоки на 145% (вклучувајќи дополнителни 20% наметнати за ограничување на увозот на фентанил во САД), додека Пекинг возврати со тарифи од 125% за американскиот увоз.Бесент им рече на новинарите дека „двете страни покажаа големо почитување“ за време на разговорите и дека „двете страни сакаат избалансирана трговија“.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-08.34.16

Независниот полициски синдикат на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата

Независниот синдикат на полицијата денеска напладне ќе излезе на протест на кој ќе бараат да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.Протестот е закажан да се одржи пред судовите во Скопје, на крстосницата кај „Мавровка“.„Утре е денот кој го поздравија и поддржаа речиси сите балкански полициски синдикати, освен нашите таканаречени, кои не собраа храброст ниту да го споделат повикот за протест. Утре е денот кога синдикалци од Црна гора и Србија ќе патуваат по неколку часа да застанат рамо до рамо со нашите колеги и да дадат поддршка, а нашите синдикалци ќе се кријат по канцелариите од колегите на кои од утре ќе треба да им објаснат зошто постојат и зошто не се одзваа на поканата“, стои во повикот за протест објавен на фејсбук страната на независниот полициски синдикат.„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.

Македонија | пред 9 месеци

Rama1

Рама на прагот на четврти мандат

Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама, по вчерашните избори е на пат да освои повеќе од 50 отсто од гласовите.Според Централната изборна комисија во Албанија, до утринските часови пребројани се 1083 гласачки кутии од вкупно 5225. Од досега обработениот материјал, Социјалистичката партија на Еди Рама е во убедливо водство со 53,26% од гласовите.Социјалистите досега освоија 82 мандати, со најдобри резултати во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.А коалицијата предводена од Демократската партија има 50 мандати.Лидерот на Демократската партија Сали Бериша, на прес конференцијата синоќа не беше јасен дали ќе ги признае изборните резултати и само нагласи дека силеџиите од Драч имаат намера да ги фалсификуваат.И Излезните анкети покажуваат триумф на Еди Рама.„Социјалистите освоија 51,8 проценти од гласовите на денешните парламентарни избори во земјата, покажуваат податоците од излезните анкети објавени од Албениан пост”, објави Топ чанел.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања