Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Screenshot-2025-05-15-at-09.35.57

(Видео) Потресно сведоштво на скопјанка мета на насилство - излегол на одмор од затвор ја затворил и тепал: Спремна сум на најлошото!

Потресна приказна на млада скопјанка, која била мета на насилство. Не е семејно, но е страшно. Според нејзиното сведоштво, нејзин долгогодишен семеен пријател, кој сакал да и биде повеќе од тоа, ја затворил во нејзиниот, па неговиот дом, по што ја тепал. Голготата, според сведочењето траела три дена. Едвај се спасила, бидејќи не можела да го напушти домот, а тој и го одзел и телефонот. Овој случај уште не е процесуиран до Обвинителството.„Бев затворена во мојот стан, па ме однесе во неговата куќа. Избувна целата ситуација откако кажав дека не сакам да имам љубовна врска со него. Јас не смеев да одам на работа. Кај него дома, додека он ме малтретира и тепа, јас се онесвестив...“, сведочи жената.Бидејќи лицето е осуденик, делото го извршил додека користел затворски привилегии. Тој е вратен зад решетки, но стравот дека ќе излезе и ќе ја убие - постои, сведочи таа. Истовремено, од зад решетки и испраќа закани. Во низа наврати е дојавувано до институциите, но ова, според жртвата, се уште не е спречено.„Не е едноставно некој да ти се закани дека ќе те убие. И да знаеш дека истиот тој лик е спремен на тоа и може тоа да го направи. Не е едноставно да живееш со мислата дека ќе излезеш и нема да се вратиш дома поради лик кој не е казнет. Заканите продолжуваат“, рече жртвата, додавајќи: „Јас сум спремна на најлошото кога ќе излезе од затвор, јас не се чувствувам безбедна.?t=1732

Македонија | пред 9 месеци

gaza1

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа: Мртовечниците преполни со тела

Откако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас заврши во март со израелски воздушни напади, бомбардирањето продолжи низ Газа.Повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, објавува Би-Би-Си.Најмалку 36 тела наводно се однесени во болниците на југ, каде што беше пријавено интензивно израелско гранатирање во текот на ноќта.Целта на нападите бил Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.Извор во болницата Насер во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и едно бебе. Нападите погодиле домови и шатори во кои се сместени раселени семејства во и околу градот.Локалните новинари објавија дека мртовечницата на главната болница во градот е преполна со тела, додека собите за итни случаи се преполни со ранети.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-21.17.38

(Видео) „Претрес“ за стравот и болките на жртвите на семејно насилство: Убиената Рамајана од Шутка пријавувала, но залудно

Повод за вечерашниот Претрес со Ландов е трагичниот случај со Рамајана, жртва на семејно насилство, случај кој ја бранува јавноста.Операторката на СОС националната линија, Надире Селман, вели дека жените жртви на семејно насилство немаат сила и храброст да се јават и да ги пријават насилниците.Рамајана се обидувала да се јави во други невладини организации, но немала економска моќ да се справи или да го напушти насилникот кој ја убил пред нејзината 5 годишна ќерка.Во Претрес има и болни сведоштва на жените кои се нашле во вртлогот на насилство, како и искуства при работа со жртвите но и со насилници.Надире Селман, апелира сите жртви да се јават на Националната СОС линија за пријавување родово базирано насилство (141 700).

Македонија | пред 9 месеци

filipovic

(Видео) Семејството на загинатиот пешак кај МНТ разочарано од вештаците, сметаат дека тоа што го кажуваат не е реалноста

На рочиштето беа испрашувани тројца сообраќајни вештаци, а се изведуваа и материјални докази од трагичиот настан, пишува „Канал5“. Овој случај се суди повеќе од две години.Од семејството на загинатиот Ангеловски се разочарани од исказите на вештакот на одбраната, кои според нив, не соодветствуваат со реалноста..Адвокатот на одбраната, пак, Владимир Туфегџиќ бара да се утврди дали починатиот претходно имал контакт и со друго возила..

Македонија | пред 9 месеци

bektesi

Крешник Бектеши да биде пуштен од затвор и да оди во куќен притвор, бара Обвинителството

Обвинтиелството бара Крешник Бектеши осомничен во предметот за пожарот во кочански „Пулс“, да биде пуштен од ефективен притвор во куќен притвор. Според обвинителите, тој не може повеќе да влијае на сведоци, па не треба да му биде изречена ниту најстрогата мерка.„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката "Пулс" ги привршува дејствијата на распити на сведоци - очевидци на настанот. Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени - поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

Има услови за третман на изгорениците во кочанската болница, се прави во посебни сали, тврдат од Министерството за здравство

Министерството за здравство, тврди дека во Болницата во Кочани, има сали каде се третираат пациентите со изгореници. Според нив, станува збор за двајца вакви пациенти, кои лекувањето сепак го продолжуваат во Клиниката за пластичка хирургија во Скопје. Ова доаѓа откако организацијата „Support Kocani“ објави за овој проблем во текот на вчерашната вечер.„Од болницата информираат дека во меѓувреме се обезбедени и услови и за набавка и монтирање када за подобар треман на пациентите кои имаат потреба да бидат третирани на овој начин (станува збор за двајца вакви пациенти). Инаку, овие двајца пациенти го продолжуваат лекувањето на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија до заздравување на раните. На одделот за хирургија во ОБ Кочани има посебни сали каде се третираат пациентите со изгореници, меѓу кои и за миење и преврзување и тоалетата се врши навремено и соодветно“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.Тие посочуваат дека тимови од Клиниката за пластична хирургија веднаш по враќањето на првите пациенти од странство, во договор со хирурзите од ОБ Кочани секојдневно се во контакт и се врши редовна контрола на повредените.„Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти. Исто така и специјалисти по физикална медицина и соецијалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници“, додаваат тие.Тие признаа дека хипербарната комора комора уште не е во употреба, но имаат свое објаснување зошто е тоа така..„Согласно информација од ОБ Кочани, во моментот е во тек сертификација на кадарот за користење на капсулата на хипербарната комора, по што пациентите ќе бидат третирани со овој апарат. Значи веднаш по добивање на апаратот, се преземени неопходните чекори за обука на кадарот за негово користење. Во кочанската болница во тек на 24 часа има континуирано присуство на хирург и стручно лице за физикална терапија.

Македонија | пред 9 месеци

kocani1111

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Support Kocani“: Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните на повредените!

Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани во кочанската болница. Доцна синоќа, тие објавија и фотографии од ужасните повреди на нивните сограѓани. Посочуваат дека тоа е вистината за повредените и дека ќе продолжат со такви објави, со цел, државата да преземе одговорност.„Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните. Хипербаричната комора се уште не е во употреба“, стоеше во кусата објава на организацијата.[caption id="attachment_328539" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]„Скопје1“ побара одговори од Министерството за здравство, зошто не се обезбедени услови за третирање, како и зошто комората не е во употреба, а потоа прашавме дали има доволно персонал и соодветна апаратура за третирање на повредените. Штом добиеме одговори, ќе ги проследиме.[caption id="attachment_328540" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]Во меѓувреме, од „Support Kocani“, споделија две вознемирувачки фотографии.„Во следните денови редовно ќе споделуваме сведоштва од повредените и нивните најблиски. Фотографии од раните. Доколку не можете да гледате експлицитна содржина, можете да го отследите профилот, бидеќи за жал, ова е реалноста во Кочани“.[caption id="attachment_328541" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-12.34.08

Зошто е укината одлуката на Апелација за Васил Јованов: направена е процесна грешка, повредени биле правата на обвинетиот

Скопска Апелација направила процесна грешка, поради што, била укината одлуката за пресудата против Васил Јованов, во предметот за дрогата. Во образложението на Врховниот суд стои дека судиите од Апелација, не го известиле адвокатот на Јованов, дека ќе се одржи седница, а донеле одлука. Според Врховен суд, ова е повреда на одредбите на кривичната постапка во жалбена постапка, како и правото на еднаквост на оружјата и правото на правично судење.Видно од жалбата изјавена од обвинетиот В.Ј., преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од С., со истата било истакнато барање, согласно член 421 став 3 од Законот за кривичната постапка, обвинетиот и неговиот бранител да бидат известени за седница на советот пред второстепениот суд. Согласно член 421 став 3 од Законот за кривичната постапка, за седницата на советот ќе се извести јавниот обвинител и оној обвинет и неговиот бранител, или приватниот тужител кој во рокот предвиден за жалба или за одговор на жалбата барал да биде известен за седницата или предложи одржување на расправа пред второстепениот суд. Имајќи ја предвид содржината на погоре цитираната законска одредба, произлегува дека, за седницата на советот, обвинетиот, бранителот и приватниот тужител ќе бидат известени, ако тоа тие го побарале во поднесената жалба односно одговорот на жалбата. Во конкретниот случај, второстепениот суд не ги известил обвинетиот и неговиот бранител за одржувањето на седницата иако такво барање било истакнато, во жалбата изјавена од обвинетиот“, стои во образложението на Врховен суд.Тие посочуваат дека праксата на Европскиот суд за човекови права, правично судење подразбира секоја од странките да добие можност да го претстави својот случај, што во конкретниот случај не било овозможено.„ Според Европскиот суд за човекови права, кога апелациониот суд е повикан да испита дали казната на апликантот треба да се зголеми и кога жалбената постапка може да покрене прашања, вклучително и прашања како личноста и карактерот на апликантот, што ја прави таквата постапка од клучна важност за апликантот бидејќи исходот може да биде од голема штета за него, второстепениот суд не може правилно да го испита случајот без директно да го сослуша жалителот и да стекне личен впечаток за него“, се додава во одлуката на Врховен суд.Тие наведуваат и други повреди од судиите во скопска Апелација.„Поради тоа, овој суд оценува дека Апелациониот суд Скопје сторил повреда на одредбите на кривичната постапка во жалбената постапка, повреда на правото на одбрана на осудениот и повреда на правото на еднаквост на оружјата, а тоа влијаело или можело да влијае врз законито и правилно донесување на пресудата и правото на осудениот на правично судење“, пишува во образложнието на Врховен суд, потпишано од претседател на советот, судија Цветанка Периќ.[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/васил.pdf" title="??????? васил"]

Македонија | пред 9 месеци

brza-pomos-partizanska

Дете прегазено во Скопје, има тешки повреди

На 13.05.2025 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 9 месеци

275617093_454127579802329_825047755514626700_n

Млада кумановчанка го запуштила детето, па го терала да питачи на Табановце - доби кривична пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’.Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи.

Македонија | пред 9 месеци

zakon-za-finansiska-poddrka-kocani

Во Собрание не помина законот за помош на семејствата од Кочани, предложен од СДСМ

Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани, нема да биде ставен на дневен ред. Ова е конечната одлука, согласно гласовите на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ, но и другите партии не го поддржаа предлогот на СДСМ, за кој гласаа 18 пратеници „за“ и еден „воздржан“, од 94 присутни во салата.Епилогот од ваквото гласање доаѓа по низа јавни повици на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка за заедно да го изгласаат овој закон.Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејствата на загинатите, како и низа мерки од сферата на социјалата, здравството и работните односи за сите настрадани.

Македонија | пред 9 месеци

taravari

Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

„Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ?Неговото неразумно однесување, мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДС и ДУИ.За нештата да бидат појасни, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А таа е следната.Таравари на состаноците во Владата, никогаш не бил слушнат да зборува за застојот во ЕУ интеграциите, кој се случи благодарение на неговите старо нови партнери, СДС и ДУИ.Таравари не беше слушнат да говори за тоа дека не биле добро третирани албанските прашања, затоа што и самиот тој многу пати има говорено дека Владата и тоа како се грижи за Албанците.Во недостаток на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети.Иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДС и од ДУИ? Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив?Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-11.14.04

До крајот на месецов ќе се знаат предлозите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

До крајот на овој месец, Христијан Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе излезе со предлози за градоначалници за престојните избори. За ова се разговарало и на вчерашниот состанок на Извршниот комитет.„Редовен состанок на Извршниот комитет. Имаше кадровски прашања. Очекувам до крајот на месецот да излезам со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму оди на Централниот комитет“, рече Мицкоски.Засега, неофицијално, познато е дека неколку од градоначалниците, како од Скопје, така и од внатрешноста, нема да бидат поддржани за нов мандат.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-11.14.10

Весна Јанеска воздржана за министерската функција во здравство, Мицкоски најави дека следната недела ќе се знае сѐ

Името на министерката за образование, Весна Јаневска, уште од вчеравечер беше лиферувано во јавноста, за потенцијален министер за здравство. Таа, не одговори дали се гледа во овој ресор.„Оваа држава има премиер, претпоставувам има и преговарачки тимови. Јас ќе бидам таму каде премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене“, рече Јаневска, а на прашањето, дали се гледа во ресорот здравство, таа додаде: „Веќе ви одговорив на прашањето“.Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан дали ресорите кои ги напушта Алијансата на Албанците, предводена од Арбен Таравари, ќе ги земе ВМРО-ДПМНЕ, на што одговори дека тоа ќе се знае идната недела.„Во периодот кој следува многу работи ќе бидат појасни. Да бидеме трпеливи и да разговараме. А сигурен сум дека ќе има договор. Очекувам веќе следната недела да има повеќе на оваа тема“, рече Мицкоски.Тој добил и овластување од ВМРО-ДПМНЕ за да номинира нови имиња за ресорите кои ги напушта Алијсаната односно крилото на Таравари.„Членовите ме овластија, добив практично дозвола да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на тие кои одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-10.42.53

Ниту еден судија од Велес не прифатил привремено да суди во Кочани, Судскиот совет ја избра Емине Калач

Судијката од Основниот суд Велес, Емине Качал, следните два месеци ќе работи во судот во Кочани, бидејќи таму има недостаток и невозможно е навремено да се носат судските одлуки. Со 11 гласа „за“, Калач времено е испратена да работи во тој суд. Ова доаѓа по големата трагедија и покренувањето на истрагата за пожарот во „Пулс“.Претходно, членот на Судскиот совет, Весна Дамева, кажа дека ниту еден судија од Велес не прифатил, самоволно, да суди во Кочани.„Одржана е вонредна седница на Кривичниот оддел во Велес и сите судии не се согласија да бидат делигирани. Им држат аргументите дека ќе биде нарушена ефикасноста на судот. Секако дека ќе има побавна правда, но за тоа не се виновни ниту Основен Велес, ниту Судски совет, ниту Кочани“, рече членот на Судскиот совет, Весна Дамева.На седницата на Судскиот совет, беше кажано дека веројатно ќе има потреба да се пратат плус двајца судии во Кочани, кога ќе се покрене обвинение.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-13-at-11.26.38

Ништо не може да ја врати Фросина, но овојпат навистина не можам да видам грешка во судскиот систем, пишува Јордановска

Казната од 12 години затвор за возачот Васил Јованов е во рамки на европската пракса, сподели адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. Праксата во Европската Унија за казнување на возачи кои учествувале во сообраќајни несреќи со смртни последици е од една до три години кога е сторена од небрежност, а од 7 до 12 години кога лицето било во бегство, возело под дејство на алкохол или сторило низа сообраќајни прекршоци. Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска вели:„Ако некој со ладна глава и без нарцисоидност има волја да прочита каква е праксата во ЕУ за казнување во сообраќајки со смртни последици, а не само да урла по судовите и кога треба и кога не треба“.Новинарката Мери Јордановска, посочува дека затворите пак создаваат нови криминалци.„12 години затвор за сообраќајна несреќа со смртни последици е највисоката изречена казна, барем според судската статистика што ја следев до пред 3 години. Ништо не може да ја врати Фросина назад, за жал, трагедијата е преголема, нема зборови со кои може да се опише болката, но овојпат навистина грешката не можам да ја видам во судскиот систем. Половина од казните изречени за сообраќајни несреќи со смртни последици се УСЛОВНИ. Во случајов, имаме 12 години, што значи дека човек ќе влезе во Идризово на 21 година, а ќе излезе на 33 години. Утре ќе се протестира и ќе се бара тој да излезе на 41 година, оти тоа е максимумот, не може повеќе. А дали некој помислува дека тој затвор создава само нови криминалци и ментално онеспособени личности, кои кога ќе излезат, ќе бидат сѐ освен рехабилитирани и подготвени некако да придонесат во општеството? Не. Затворите раѓаат уште поголеми криминалци и онеспособени лица. Но, тој аспект често се занемарува. Знам дека нагонот да се бара доживотен затвор често ни личи како излез од сѐ, но не е. Реалноста покажува дека не е. И тука повторно доаѓаме до системот, дека ние немаме превенција. За ништо. Лечиме последици, причините ни се во заден план. Да не речам во непостоечки план. Од милион причини, за кои допрво треба да се дебатира. И за тоа треба да протестираме“, напиша Јордановска.

Коментари | пред 9 месеци

zemjotres

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Егејското Море. Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, почувствуван е и во Египет.Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 64,4 километри, околу 20 километри оддалечен од грчкиот остров Касос. Досега нема пријавени жртви или материјална штета.На жителите на Родос и Касос им било упатено предупредување за можна опасност од цунами.

Свет | пред 9 месеци

vasil-jovanov

Врховен му ја укинал пресудата со затворска казна на Јованов, изречена во предметот за дрогата

Врховниот суд ја укина тригодишната казна на возачот Васил Јованов, кој беше осуден за трговија со дрога. Оттаму без многу детали, но посочуваат дека одлуката ја донеле откако жалба поднел адвокатот на Јованов. Па така, сега предметот одново е во рацете на Апелација, а откако условната осуда која ја изрече Кривичен, тие ја преиначија во затворска казна.Одлуката е донесена на 7 мај, односно една недела пред Јованов да биде осуден и за прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универзална сала. На рочиштето каде тој доби 12 години затвор за ова дело, ниту адвокатот, ниту судијката знаеше за оваа одлука. Напротив, изречената казна за дрогата беше ценета како отежителна околност.До овој момент, не успеавме да ја најдеме писмено изработената одлука на Врховниот суд во која ќе треба да се наведени причините за укинувањето.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_6897

Имама со продажба на станови: скопјанец склучувал фиктивни договори за продажба, а недвижности - немал

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.„Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-13-at-13.08.14

Фрчкоски за кривичната: Срамен притисок врз критичарите на власта, немаат ни срам ни перде

„Власта и Министерството за надворешни работи направило срамна, банална и полна со неточности кривична пријава за проф. Љубомир Фрчкоски и неговата функција Амбасадор при ООН во Њујорк - за да изврши притисок врз неговите јавни настапи кои се критички кон власта“, вели ексамбасадорот на Македонија во Њујорк, Љубомир Фрчкоски.Неговиот допис во целост:После голема пауза на проценка дали професорот ќе молчи или ќе ја критикува власта за погубните политики, МНР сепак одлучило да изврши притисок со појава на комична и полна неточности кривична пријава за целата екипа на Амбасадата на НРМ во Њујорк со цел ширење страв и замолчување.Во пријавата без срам и перде се наведува дека имало:- пречекорување на сметките за мобилни (?)- поправка на возило без дозвола на МНР (?)- земање на аванс за службено патување (иако целиот аванс е вратен во буџетот, сепак МНР не било задоволено (?))- вонредни авио билети по повод смртен случај во фамилија (исто така редовно вратени во буџетот), но МНР пак не било задоволно (?)Според Законот за МНР и Правилникот за плати и надоместоци на МНР, Амбасадор е овластен и може законски да врши пренамена на средства според потребите на работата на амбасадата и сите сторени “пречекорувања“ се сторени во рамките на неговите законски овластувања.- Но најголемо незнаење е манипулацијата со парите добиени од сукцесија (продажба на објектот на СФРЈ) во Њујорк, кои дојдоа на сметка на Мисијата. Имено, се вели дека наспроти инструкциите на МНР и Финансии не бил ВЕДНАШ уплатени во буџетот сиот износ, туку на неколку рати бил уплаќано (сиот износ сепак е уплатен без сомнеж). Тоа било нужно да биде така бидејќи финансиските служби на Њујорк инсистираат да останат средства од сукцесијата на сметката – како гаранција за наплатен данок. Додека купувачот на објектот не го плати данокот (тој е задолжен за тоа) средства мора да има на сметките на сите републики од бивша СФРЈ во Њујорк - за да може во ситуација на проблем данокот сепак да биде нплатен од нивните сметки. Тоа е обврска и задолжение од финасиските власти и сите републики не ги вратиле парите во своите буџети туку задржале дел на своите сметки на мисиите во Њујорк. Така направила и Македонија. Кога данокот (по една година дена) е наплатен од купувачот тие средства се ослободени за сите републики и тие ги вратиле во своите буџети. Така направила и Македонија. Но МНР бидејќи нема поим за тоа го обвинува Амбасадорот – не постапил по инструкциите на МНР и Финансии да ги врати сите пари веднаш?! Тој и да сакал не можел. Но тоа е тоа, со законски непознавања останува само лоша намера за притисок по секоја цена.Љубомир Фрчкоски, 13 мај 2025, Скопје

Македонија | пред 9 месеци

7478438452_99cbe66773_b

Кривична против Фрчкоски: го гонат за злоупотреби додека бил во Њујорк

На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ.„Пријавениот Љ.Д.Ф. во својство на службено лице - Шеф на Постојаната мисија на РСМ при ООН во Њујорк, во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што постапил спротивно на Инструкција од Министерството за надворешни работи и Мислење од Министерство за финансии. Љ.Д.Ф. од уплатените парични средства во вкупен износ од 3.998.721,72 американски долари на сметката на ПМ на РСМ при ООН во Њујорк по однос на заедничката продажба на сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк, на сметка на буџетот на РСМ уплатил парични средства во износ од 3.940.000,00 американски долари, односно преостанатите парични средства на сметката на ПМ на РСМ во Њујорк во износ од 58.721,72 американски долари од продажбата на сукцесискиот имот не ги уплатил на сметка на буџетот на РСМ. Овие средства, незаконски и ненаменски ги потрошил и постапил спротивно на Правилникот за финансиско и материјално работење, Упатството за водење на финансиското и материјалното работење, Правилникот за плата, додатоци на плата и надоместоци на определени трошоци и Интерната процедура за начинот и постапката на планирање, спроведување и реализација на јавните набавки. Покрај ненаменски потрошените 58.721,72 американски долари од продажба на имот, истиот со незаконското и ненаменско користење на буџетските средства по основ на земени аванси за службен пат, помалку вратен депозит за резиденцијата на амбасадорот, пречекорувања на дозволениот износ за мобилен телефон, како и неоправдани и дупли плаќања на одредени сметки за телефон, нерасчистено салдо во касата на ПМ на РСМ при ООН во Њујорк, направени издатоци за репрезентација повеќе од дозначените средства, подигнати парични средства од касата на ПМ за поправка на службено возило без претходна согласност од МНР, причинил материјална штета во износ од 57.855,18 американски долари.Пријавените К.Г., Ј.И. и И.С.– во својство на сметкополагачи во ПМ на РСМ при ООН во Њујорк во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година ја злоупотребиле својата службена положба и овластување. Тие иако биле должни согласно законските прописи да ракуваат со одобрените средства и туѓите средства, да ја проверуваат сметководствената точност на документот врз чија основа се издаваат налози за исплата, да изготвуваат точно и ажурно извештаи за финансиско и материјално работење на претставништвото и нивно навремено доставување до МНР, да учествуваат во составување на предлог годишниот финансиски план и негово следење при извршувањето, да вршат други работи од финансиско-материјалното работење по барање на МНР, да преземаат соодветни мерки за наменско и законско користење на средствата на претставништвото, да вршат контрола на приходите од конзуларни услуги во претставништвото и да вршат усогласување на состојбата на паричните средства на жиро сметката и благајната на крајот на секој месец, со неизвршување на своите службени должности противзаконски му исплаќале парични средства од благајната, вршеле плаќања од банкарската сметка на ПМ на РСМ при ООН во Њујорк и не ги евидентирале неправилностите направени од страна на пријавениот Љ.Д.Ф. во однос на располагањето со финансиските средства. Со наведените дејствија пријавените Љ.Д.Ф., К.Г., Ј.И. и И.С. причиниле штета на буџетот на РСМ во вкупен износ од 116.576,9 американски долари“, велат од МВР.

Македонија | пред 9 месеци

frosina-4512513245

Утре во 17 часот кај Универзална за Фросина: „Ова е плукање врз нашата болка, не е пресуда“

„Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство. 12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина“, вели Росица Кулакова, сестра на загинатата Фросина.Таа додава:„Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина. Во оваа фарса убијците добиваат милост, а невините жртвите завршуваат во правни архиви. Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вриштел врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е “спортист”? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб. Овој суд не донесе правда. Донесе јасна порака: во оваа земја, убиството се исплаќа. Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете. Ова е доказ дека во нашата судска пракса неказнивоста стана правило, а на правдата и се врзани рацете.Срам да ви е! Ние нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде! Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала - на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби. Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста“.

Македонија | пред 9 месеци

frosina-majka-

Ова е уште една шлаканица, убиецот на Фросина доби милост, казната не е правда, вели мајката на загинатата Фросина

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина Кулакова, вели дека 12-годишната казна затвор за Васил Јованов е нова шлаканица за сите кои веруваат во закон и човечност. Според неа, Јованов добил милост.“Ова не е правда. Ова е уште една шлаканица за сите кои веруваат во морал, во закон, во човечност. Моето дете – мојата Фросина – е згасната на најсуров начин, а нејзиниот убиец, дури и со признание и со криминално досие, денес доби милост. Каква порака испраќаме? Дека живот вреди помалку од зборови и препораки? Оваа казна не е правда – ова е понижување на жртвата и на сите нас што се бориме за вистината, за правдата, за човечноста“, вели Кулакова.Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.

Македонија | пред 9 месеци

vasil-jovanov-1

Исти сообраќајки се казнувале со помали казни, вели Дуковски кој најави жалба за 12 годишната казна затвор за Јованов

Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов, рече дека ќе се жалат до Апелација на 12-годишната затворска казна. Според него, сите вакви случаи се казнувале со помали казни, па и тој бара истата да се намали.„Бидејќи признавме вина, очекувана беше осудителна пресуда. Ваква пресуда не е во согласност со воспоставената пракса. Иста ваква сообраќајка, во 2019 година, на истото место, завршена е со правосилно со 3,5 години затвор. Сетете се на пресудата во Велес, само со еден прекршок повеќе - правосилно заврши со осум години. Само за тоа преговарам. Не може од овој настан да се спроведува нова казнена политика. Сметам дека не е ценето во доволна мера признанието на вина“, рече Дуковски.Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторно возило“, рече судијката Снежана Марковска.Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата.„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-13-at-11.26.38

Возачот Васил Јованов вратен во затворот, во судницата тензии

Возачот Васил Јованов кој на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова, останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка.„По советување и гласањето, судот донесе решение, спрема обвинетиот Васил Јованов, се продолжува до правосилноста на пресудата, но не подолго од должината на изречената казна затвор“, рече судијката Снежана Марковска.Во судницата имаше тензии. Тодор Кулаков, татко на Фросина се обрати до родителите на Васил Јованов, при што интервенираше судската полиција.„Родителите на Васо беа релаксирани, за разлика од претходното рочиште кога беа вкочанети. Да не ја знаеја казната?“, рече надвор Кулаков.Реакција кон неправосилно осудениот Васил Јованов, имаше и од пријатели на семејството, со пцости. И тие беа отстранети.Претходно, Обвинителството побара мерката притвор за неправосилно осудениот Васил Јованов, да му биде продолжена. Тие сметаат дека тој може да го повтори делото или да се даде во бегство. Адвокатот Сашко Дуковски се противеше на ваквата мерка и рече дека неговиот клиент не може да повторно да го стори истото дело. Јованов само кратко рече дека нема никакво барање.„Предлагам мерката притвор да се одржи до ефективното издржување на казната заствор, поради исполнетоста на законските услови, односно поради фактот дека сѐ уште постои опасност од бегство на обвинетиот и постои основан страв дека ќе го повтори кривичното дело“, рече обвинителот Александар Маркоски.Одговори и Јованов.„Поаѓајќи од воспоставената пракса на овој и другите судови и изрекувајќи на казна од вакво траење, му оставам на судот да се произнесе и да определи дали продолжувањето на притворот е потребно во смисла на одребите на законот, односно поради опасност од бегство. Апсолутно се противам за продолжување на притворот по изрекување на пресудата, односно повторување на делото. Се работи за кривично дело кое што не се врши секојдневно, а обвинетиот не може да го повтори ваквото дело“, рече Дуковски.На крајот, судот побара изјаснување и од Јованов.„Немам никакво барање“, рече Јованов.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања