Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Screenshot-2025-05-16-at-10.06.40

„Кој е следен?“ викендов оди за Кочани, објави и повик

Граѓанското движење „Кој е следен?“, најави дека во сабота, ќе се придружат на маршот во Кочани, кој го организираат родителите на загинатите деца.„Граѓаните на Кочани протестираат макотрпно секоја недела и потребна им е нашата поддршка! Сега е моментот да покажеме дека сме еден народ, едно срце, една болка и една сила. Кочани, не сте сами. Македонија е со вас“, напишаа тие.Посочуваат дека тргнувањето ќе биде организирано од две локации, паркинзите на хотлот „Хилтон“ и спортскиот центар „Јане Сандански“.

Македонија | пред 9 месеци

policija-nokje-4141

Скопјанец силувал жена на паркинг во Сопиште: Ја удирал со боксови и нога по лице, на сила ја соблекол и принудил на однос

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ја допира жената, а потоа станал и насилен кон неа затоа што го одбивала.Ја удирал со боксови и тупаници, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и телесни повреди – подливи, нагмечување и скршеница на носните коски. Иако му кажала дека не сака да има ништо со него, на сила ја соблекол и ја принудил на полов однос. За цело време оштетената безуспешно се бранела и се обидувала да се оттргне“, велат од Обвинителството.Јавниот обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Скопје | пред 9 месеци

e861df12-3cd9-4ad4-badc-15c6f850213b

(Видео) Експлозии на Крим, гори руско складиште за муниција

Утрово, пожар избувна во магацин за муниција во селото Перевалне во окупираниот од Русија Крим, по серија експлозии предизвикани од украински напади со беспилотни летала, објави „Киев Индепендент“.126-та независна крајбрежна одбранбена бригада на руската Црноморска флота наводно се наоѓа во близина на селото Перевалне. Како одговор на инцидентот, локалните власти го блокираа патот што ги поврзува Симферопол и Алушта во централниот дел на полуостровот. „Кримски ветер“ објави снимки направени од локалното население на кои се гледа чад што се издига од повеќе локации низ Крим.Експлозии беа пријавени и во близина на воените воздухопловни бази Белбек и Кача во близина на Севастопол, како и во близина на ’ртот Фиолент, Балаклава и Бахчисарај.Украинските власти сè уште официјално не го објавија нападот, а информациите не можеа да бидат независно потврдени.За време на војната, Украина постојано извршуваше успешни напади врз руски цели во окупираниот Крим и околното подрачје, со што значително ја ослабна руската Црноморска флота.

Свет | пред 9 месеци

ukraina-grad-zelesnski

Русите тврдат дека зазеле село во близина на стратешки важен град, Украинците негираат сè

Руското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека руските сили зазеле уште две населби во нивното напредување низ источна Украина, додека Киев не го призна ова, но врвниот командант на Украина рече дека борбите се воделе по должината на повеќе од 1.100 км од фронтовската линија.Борбите на фронтовската линија продолжуваат бидејќи се договараат можни директни разговори меѓу украинските и руските преговарачи во Турција.Разговорите ќе бидат првите директни разговори меѓу завојуваните страни од март 2022 година, но надежите за напредок се ограничени бидејќи лидерот на Кремљ, Владимир Путин, ја игнорираше поканата од украинскиот претседател Володимир Зеленски за состанок.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четврток изјави дека нема да има напредок кон мир без состанок меѓу него и Путин.Во соопштението од руското Министерство за одбрана се вели дека руските сили го зазеле Новоолександривка, село во близина на Покровск, логистички центар кој Москва безуспешно го таргетира со месеци.Министерството соопшти дека неговите сили го зазеле и Торске на североисток, во близина на два други града што Москва сака да ги држи на долг рок, Славјанск и Краматорск.Генералштабот на украинската војска во соопштение доцна во ноќта ја наведе Новоолександривка како една од десетиците населби под руски напад. Персоналот не го спомена Торске, но популарниот блог DeepState објави дека руските сили се обиделе да ја освојат населбата, но биле одбиени.Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од фронтовската линија на двете страни. Русија, која ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, моментално контролира околу една петтина од украинската територија.Врховниот командант на Украина, Олександр Сирски, рече дека Киев сака „праведен мир“, но сè уште се соочува со „активни борби што продолжуваат на дел од фронтот што се протега на околу 1.100 км“.Сирски на состанокот на Советот Украина-НАТО рече дека Русија „ја претворила својата агресија против Украина во војна на исцрпување и користи комбинирана сила од до 640.000 војници“, објави тој на Телеграм.По почетниот неуспешен напад врз украинскиот главен град Киев во првите недели од инвазијата, руските сили ги фокусираа своите напори на Донбас на исток, кој ги опфаќа регионите Донецк и Луганск. Тие веќе неколку месеци освојуваат село по село, а украинските сили имаа одреден успех во спречувањето на напредувањето, особено околу Покровск.

Свет | пред 9 месеци

30032020_VRSM_NATO_postavuvanje_na_makedonsko_zname-1

Америка: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП во текот на следната деценија.Рубио ги даде овие забелешки во интервју за Фокс њуз откако присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија, Турција.Неговиот шеф, американскиот претседател Доналд Трамп, го намали финансирањето на НАТО за време на својот прв мандат од 2017 до 2021 година, честопати жалејќи се дека САД даваат неправедна сума на алијансата во споредба со другите членки.„Можам да ви кажам дека за шест недели имаме состанок каде што речиси секоја членка на НАТО ќе биде на два проценти или повеќе од БДП, но, што е поважно, многу од нив ќе бидат на над четири проценти, и сите ќе се согласат за цел од пет проценти во текот на следната деценија“, рече американскиот дипломат.Новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадефул претходно оваа недела изјави дека Берлин го поддржува барањето на Трамп земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП.Самитот на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Холандија.

Свет | пред 9 месеци

putin-erdogan

Објавено кога ќе се одржат состаноците во Турција, за крај на војната во Украина

Турција денес ќе учествува на два трилатерални состаноци во Истанбул, како дел од новиот дипломатски напор за ставање крај на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, според агенциите.Средбата меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. Американската страна потоа ќе биде заменета со руската страна, а турската, руската и украинската делегација ќе одржат разговори во 11:30 часот наутро по европско време, соопштија изворите, според Ројтерс.Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, се сретна со советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, во четврток вечерта, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, одржаа долги разговори.Министерството за надворешни работи на земјата домаќин додаде дека „не е сигурно дека состанокот ќе се одржи во квадрилатерален формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, според АФП.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема да има напредок кон мирот без средба меѓу него и рускиот лидер Владимир Путин, кој не сакаше да дојде во Истанбул.

Свет | пред 9 месеци

IMG_5070

Ќе продолжи концертот на Пеџа Јовановиќ, по дојавата за бомба во салата “Јане Сандански”

Концертот на Пеџа Јовановиќ, кој беше прекинат поради дојава за бомба - ќе продилжи. Проверките завршија, а по дојавата за бомба во салата “Јане Сандански”.“Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи”, велат од МВР.

Скопје | пред 9 месеци

IMG_5069

Евакуирана салата “Јане Сандански” каде има концерт, поради дојава за бомба

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба.Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани.Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Едно е да ме ругаш, но да ме фатиш за врат и да ми пцуеш бремена сопруга и дете - следен пат ќе го тепам во пленарна, рече Апасиев за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев за „Скопје1“ вели дека немало реакција на обезбедувањето на Собранието, кога се случил инцидентот со пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев во изјава за „Фокус“ тврди дека секојпат кога ќе се сретнеле, Ристески упатувал пцости кон него, бидејќи, пратениците на Левица зборувале за патните трошоци на пратениците.„Тој ме запре во ходникот и ми вели „прекини да ми објавуваш патни трошоци“. Јас му викам прекини да ми пцуеш жена и деца. Тој ми врати: „Не само што ќе ти пцујам, туку и ќе те изнатепам“. Јас пробувам да деескалирам, а тој немаше што да врати и ме фати за врат. Јас спуштив телефон и со филџанот во врат. Едно е да ме пцуеш, ругаш, но да ми се ставиш во аура и да ме фатиш за врат а притоа да ми пцуеш бремена сопруга и дете, тоа нема да го дозволам. Следен пат, нога во глава ќе добие ако ми пцуе жена и деца. Му реков ќе те тепам во пленарна“, вели Апасиев за „Фокус“.Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, кој го обвини Апасиев „дека плаче“.Собранието цел ден молчи за инцидентот иако неколку новинари побараа став и детали.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-16.03.29

Полиција излезе кај поранешно ОХИС во Кисела Вода, црна течност се излева од атмосферската канализација, вели МВР

Полиција излезе на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, во делот на поранешно ОХИС, откако на асфалтот почнала да истекува непозната црна течност.„Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во близина населба Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и расчистување на случајот“, велат кусо од МВР.

Скопје | пред 9 месеци

498690991_9879486142097082_2038012268043480049_n

„Бог ми даде втора шанса“, напиша гитаристот од бендот ДНК кој е повреден од пожарот во „Пулс“

Музичарот Горан Тонев, по два месеци од трагедијата во Кочани, се огласи на социјалните мрежи. Тој на „Фејсбук“ објави фотографија од болницата и персоналот, со благодарност затоа што сега живее втор живот.Гитаристот Тонев, заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска, се единствените преживеани членови на групата „ДНК“ од таа кобна вечер. Објавата побуди емоции кај бројни следбеници кои му испратија пораки со поддршка и желби за побрзо закрепнување.„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев.

Македонија | пред 9 месеци

apasiev-risteski

Тензии во собраниските ходници помеѓу Апасиев и Ристески; Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ: Аман Димче, не плачи, доста е

Пратениците Димитар Апасиев од Левица и Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ имале кавга во собраниските ходници, но Собранието веќе неколку часа не открива што точно се случувало на третиот кат од зградата. Ристески преку социјалните мрежи посочува дека Апасиев глуми жртва па додава „Аман Димче не плачи, доста е“. До моментот на објавување, нема став од Апасиев.„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е прв пат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме соодветно по принципот на среќна нова 49-та. Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на едно неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни. Неговата кавга е по принципот навреди на безбедно растојание, па 'мајка бежанија', која му ја исполни денешната цел и смисла на постоењето, а тоа е да добие дел од медиумското внимание, нешто кое се заслужува со подвизи, проекти, идеи, визија, програми, принципи, а не со циркуз каков што тој неретко приредува. Токму затоа и неговата партија е бетонирана на 4.5 проценти рејтинг, како одличен спаринг партнер на СДС и ДУИ, и токму затоа тој е драгоценост која мора да се негува и од тој аспект и кон него изразувам жалење за специфичната состојба во која овој лик се наоѓа и кој секој ден не пропушта да го руши угледот на институцијата. Сепак, наша улога како пратеници е да имаме конструктивен придонес во креирањето на политики и закони кои ќе овозможат развој и напредок на нашиот народ и држава, а вакви немили настани не дефикусираат од таа суштинска цел. Аман Димче, не плачи. Доста е“, напиша Ристески.Повеќе новинари побараа став од собраниската пресс служба, дали е точно дека имало реакција и на обезбедувањето, но досега нема одговор. Според неофицијални информации, немало физичка пресметка, а ситуацијата била тензична.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-medziti-vredi-koalicija

ВЛЕН останува засега со девет пратеници

Кабинетот на претседателот на Собранието извести за промените во составот на пратеничките групи, по излегувањето на Алијанса на Албанците на Таравари од Владата.Спикерот Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на ВЛЕН.Во согласност со известувањето:• Пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН.• Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.• Сегашниот состав на Пратеничката група на ВЛЕН ги задржува и сегашните девет пратеници:1. Африм Гаши2. Аднан Азизи3. Беким Ќоку4. Калтрина Беќири5. Имерлије Салиу6. Саранда Имери7. Фериде Хаџиу8. Мерита Колчи Коџаџику9. Беким СалиСо излегувањето на Таравари, доколку нема партиски прелети или ако нема договор за одредени закони во прашање се доведува бадентеровото мнозинство.

Македонија | пред 9 месеци

zaharova

Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне

Предложените преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во недела.Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во турската престолнина Анкара во четврток на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, додека во Истанбул, рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да започнат преговорите.Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот Есенбога во Анкара и е закажан да се сретне со Ердоган напладне по хрватско време.Путин во среда изјави дека испраќа делегација на мировните преговори во која не е него.Сега не е јасно како ќе одговори Украина, која сè уште јавно не објави кого ќе испрати.Русија ги испраќа претседателскиот советник Владимир Медински, заменик-министерот за одбрана и министерот за надворешни работи и шефот на воената разузнавачка агенција ГРУ.Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара со Путин само ако е доволно храбар.Кремљ одговори дека Русија не прифаќа ултиматуми. Двете страни последен пат одржаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди инвазија на Украина.Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.Американскиот претседател моментално е на турнеја низ Блискиот Исток, а во четврток изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку е соодветно“.Потврденото отсуство на Путин ги намали очекувањата за разговорите. Зеленски сака веднаш 30-дневен прекин на огнот, додека Путин сака прво да започне разговори, а потоа да ги разработи деталите за прекинот на огнот.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.05

Ќе се сечат 113 дрва од Градскиот парк во Скопје, донесено е решние

Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, донела решение да се исечат 113 дрва во Градскиот парк во Скопје, по барање на ЈП „Паркови и зеленило“. Ова решение е донесено откако екипите на претпријатието утврдиле дека дрвата се суви, шупливи и нападнати од габи, опасни да паднат и причинат материјална и човечка штета. На ова реагираа од „Зелен хуман град“ кои бараат претпазлив пристап, бидејќи ова ќе го смени изгледот на Градскиот парк. Во решението пак, се посочува дека предмет на сеча ќе се 23 јавори, 20 багреми, 16 гледичи, 11 јасени, 11 борови, 5 тополи, 4 туји, 4 каталпи, 3 колреутерии, 3 брези, 3 цреши, 4 костени, 2 липи, 2 кисели дрва, кедар, орев и слива. Истовремено, одобрено и кастрење на 303 дрва.„Граничка површина: ѕидот на ЗОО, делот кај Кафе Централ парк, гранично со водените канали, до пешачката патека на мајор коритото на река Варадар и пешачката патека покрај Луна паркот кај дискотеките. Сечењето и кастрењето на државата ќе го изврши ЈП Паркови и зеленило во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението“, стои во решението, кое може да се обжали до Министерството за животна средина и просторно планирање.Од Зелен хуман град најавија обиколка во понеделник, заедно со шумски иненери.[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/14-sl-2-1.pdf"]„Според тоа што ние гледаме на терен, има дрвја кои делуваат здрави и затоа побаравме од Град Скопје детално мапирање на секое дрво опфатено со ова решение, како и детално објаснување зошто секое дрво треба да се исече. Без разлика дека на нивно место ќе се засадат 300+ нови дрвја не помлади од 6 години, замена на децениски дрвја е невозможна - и за животната средина, и за сенката, и за кислородот и за екосистемот. Затоа на секаква интервенција врз зеленилото од кое и така има огромен недостиг во Скопје, мора да се пристапи премногу внимателно! По дискусија со Секторот за комунални работи, добивме покана да ги разгледаме извештаите од шумските инженери за секое дрво, и да направиме заедничка обиколка низ Градскиот парк за да се објаснат состојбите и причините за сеча на овие дрвја. Поканата ја прифаќаме, и штом обиколката се договори ќе објавиме јавно за секој да може да присуствува“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Бектеши е дома, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета со куќен притвор, со одлука на судот, а по предлог на Обвинителството. Информацијата за „Скопје1“ на потврди неговиот адвокат Еленко Милаков, кој посочи дека ќе го разгледа решението, па ќе одлучи дали ќе бара укинување и на оваа мерка за обезбедување присуство. Бектеши помина два месеци во притвор.Обвинителскиот тим кој постапува во предметот за пожарот во дискотеката "Пулс" ги привршува дејствијата на распити на сведоци - очевидци на настанот, соопштија вчера оттаму.„Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени - поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот“, велат од Обвинителството.Бектеши е осомничен во делот на издавање на лиценцата на дискотеката „Пулс“ која функционирала додека тој бил на министерската позиција. Лиценцата, според Обвинителството, била потпишана од него, како и секоја друга. Но истовремено, дискотеката не ги исполнувала критериумите за безбедност, за да може да работи.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре доколку мировните преговори за Украина постигнат напредок денес.Зборувајќи од Катар за време на четиридневната турнеја на Блискиот Исток, Трамп рече дека се надева оти Русија и Украина ќе можат да постигнат договор бидејќи војната мора да престане.„Би сакале да видиме како војната завршува и мислам дека имаме шанса да го сториме тоа“, додаде Трамп.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-13.42.20

(Видео) Нема веќе што да се договараме, порача Кошта во име на ЕУ; Мицкоски: Другата страна испорачува нула, додека е така, нема ништо да направам

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, чеке дека Македонија треба да испорача уставни измени и вметнување на Бугарите во највисокиот правен акт. Прашан дали ќе се договорат, ЕУ да испорача гаранции дека потоа Македонија нема повторно да биде блокирана - тој рече дека нема веќе што да се договара.Потоа, премиерот Христијан Мицкоски рече Македонија направи премногу - смени знаме, смени Устав, смени име. И смета дека тоа е премногу. Мицкоски ѝ порача на ЕУ, дека нема да прават ништо сѐ додека не видат дека Бугарија презема чекори.„Затоа што од другата страна имаме испорака 0. И би бил наивен да верувам дека ако нема испорака од другата страна, дека ние треба тоа да го направиме. Тоа додека сум премиер, нема никогаш тоа да го направам“, рече Мицкоски.Потоа, Кошта рече дека нема да има план „Б“ бидејќи планот „А“ со промени на Уставот мора да успее. На ова Мицкоски врати дека останува на истиот став.„За жал, претходната Влада прифати билатерално прашање да биде дел од нашата европска иднина. Јас ќе се борам, колку што можам, за да излеземе од овој процес во кој што сме сега. Јас не можам да излезам и немам совест да излезам пред македонските граѓани и да им кажам дека ќе биде променет Устсавот, а има најмалку 14 пресуди за Македонците на другата страна од границата, кои Бугарија треба да ги примени. Не можам ништо да преземам ништо со Уставот ако таа земја го оспорува мојот мајчин јазик и мојот идентитет. Кога ќе има став од ЕУ за нашиот многувековен идентитет-тогаш јас сум тука да разговарам“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

873x400-124

Претставниците на Рустија се статисти, вели Зеленски при пристигнувањето во Турција на преговори

Волдомир Зеленски пристигна во турската престолнина Анкара на разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган.Украинскиот претседател слезе од авионот и на пистата го пречекаа припадници на турската армија.Се очекува билатералната средба меѓу Зеленски и Ердоган да се одржи во рок од еден час.По слегувањето од авионот, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа краток говор на пистата на аеродромот Есенбога во Анкара.Тој додаде дека Украина е во контакт со американската делегација во врска со преговорите со Русија.Во врска со руската делегација во Истанбул, Зеленски рече: „Официјално, не знам на кое ниво се претставниците. Но, од она што го видовме, тие изгледаат како статисти“.Зеленски додаде дека Украина ќе одлучи за следните чекори по неговата средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-13.14.12

Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе се засили, иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство

„Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на нашата држава и за иднината на Западниот Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија“, рече премиерот Христијан Мицкоски и додава:Во оваа нова етапа, кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска влада, моја обврска како премиер е да зборувам отворено, искрено и достоинствено.Тоа го правам првенствено затоа што имам должноста кон народот, но и кон самата европска идеја што толку упорно настојуваме да ја реализираме.Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, затоа што веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство.Претседателот Кошта во неговиот говор пред малку кажа дека патот до полноправно членство во рамките на Европската Унија е фрустрирачки, тежок и предизвикувачки, но ние како граѓани, како народ можеме да кажеме дека години го одиме најтешкиот пат.Факт е дека тој пат го одеа и другите народи кои што сега се дел од европското семејство, но граѓаните на оваа, една од најмалку бројните земји во срцето на Балканот и во Европа, го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да се каже дека го одат бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години.Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството.И достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство. Јас сум убеден дека имаме вредности, имаме капацитет, имаме знаење и знаеме како да го изодиме тој пат на најбрз начин, а со помошта која што лично ја дава претседателот Кошта и поддршката и помошта која што ја имаме и од Европската комисија и од земјите членки, сигурен сум дека ќе направиме квалитетни реформи и реформи кои што ќе обезбедат европска иднина за нашата држава и за нашите граѓани.

Македонија | пред 9 месеци

h_57503169

АФП: ​​Отсуството на Путин ќе ја намали важноста на директните преговори меѓу Украина и Русија

Воените соперници Украина и Русија се подготвени да ги започнат своите први директни разговори по повеќе од три години, но рускиот претседател Владимир Путин не е на списокот на учесници.Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски се надеваше дека ќе се сретне лично со Путин во Истанбул, руската делегација е составена само од ниско рангирани функционери.Отсуството на Путин, според АФП, ќе ја намали важноста на првите директни разговори по неуспешниот обид на двете страни да постигнат договор неколку недели по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.Десетици илјади луѓе се убиени оттогаш, а Русија окупираше една петтина од украинската територија во војната, најголемиот воен конфликт во Европа од крајот на Втората светска војна.Украина и европските земји предложија 30-дневен прекин на огнот минатата недела, а Путин наместо тоа понуди разговори во Истанбул на 15 мај.Зеленски се согласи, но рече дека ако Путин не е присутен лично, тоа би значело дека не е навистина заинтересиран за мир.„Тоа е негова војна (...) па затоа треба да биде на преговорите“, рече Зеленски.Делегацијата на Кремљ ја предводи Владимир Медински, тврдокорен помошник на Путин и поранешен министер за култура, кој беше вклучен во преговорите во 2022 година.Путин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот за надворешна политика на Кремљ Јуриј Ушаков, кои се споменуваат како клучни преговарачи откако ги водеа претходните разговори со САД, не се на списокот на делегации.Медински е познат како многу влијателен во застапувањето на руското историско присвојување на украинската територија.Покрај него, во преговорите во Истанбул ќе учествуваат заменик-шефот на дипломатијата Михаил Галузин, заменик-министерот за одбрана Александар Фомин и директорот на Руската воена разузнавачка агенција (ГРУ) Игор Костјуков.Европските лидери се закануваат со нови санкции против Русија ако преговорите во Истанбул не дадат резултат.Пред разговорите, Зеленски рече дека ќе одлучи за следните потези на Украина врз основа на тоа кој ќе ја претставува Русија.„Украина е подготвена за секаков формат на преговори, не се плашиме да се сретнеме со нив. Утре, во Турција. Чекам да видам кој ќе ја претставува Русија, а потоа ќе одлучам за чекорите што треба да ги преземе Украина“, рече Зеленски во среда.Русија инсистира дека прво мора да се разговара за „главните причини“ за конфликтот, вклучително и „денацификацијата“ и демилитаризацијата на Украина.Москва, исто така, повторува дека Украина мора да отстапи територија окупирана од руски трупи.Киев тврди дека нема да ја признае освоената територија како руска, но Зеленски призна дека Украина може да ја врати само преку дипломатски канали.Државниот секретар на САД, Марко Рубио, кој се сретна со својот украински колега Андриј Сибига на состанокот на НАТО еден ден претходно, ќе биде во Истанбул во петок.

Свет | пред 9 месеци

zelenski

Конфузија во Истанбул: Дали воопшто ќе има преговори помеѓу Украина и Русија?

Рускиот претседател Владимир Путин денес ги испрати само своите помошници и заменик-министри на мировните преговори со Украина во Турција, отфрлајќи го барањето на Киев лично да се сретне со Володимир Зеленски.Во неделата, Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул, по што Зеленски рече дека ќе го чека во најголемиот град во Турција. Но, по неколкудневни шпекулации за плановите на Путин, Кремљ во среда именуваше делегација во која не е претседателот.Сега не е јасно како ќе одговори Украина, која сè уште јавно не објави кого ќе испрати. Русија го испраќа претседателскиот советник Владимир Медински, заменик-министерот за одбрана и министерот за надворешни работи и шефот на воената разузнавачка агенција ГРУ.Конфузијата продолжува дури и во самиот Истанбул, каде што новинарите се собраа до палатата Долмабахче, која Русите ја означија како место на преговорите. Турските власти не објавија информации за времето или локацијата на разговорите.Руската новинска агенција ТАСС објави дека тие требаше да започнат во 10 часот наутро по истанбулско време, но украински функционер го отфрли тоа, велејќи дека времето сè уште не е договорено.Зеленски, кој ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган во Анкара во четврток, претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара со Путин само ако го предизвика да дојде во Истанбул.Кремљ одговори велејќи дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат одржаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека Зеленски покажал добри намери со доаѓањето во Турција, но дека има „празен стол“ каде што треба да седи Путин.„Путин одолговлекува и очигледно нема желба да влезе во овие мировни преговори, дури и кога претседателот Трамп ја изрази својата достапност и желба да ги олесни овие преговори“, рече тој. Естонија, членка на ЕУ и НАТО, рече дека Путин им задава „шлаканица во лицето“ со испраќање тим од ниско ниво.Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори. Републиканецот ги повика да ја прекинат „оваа глупава војна“, додека Вашингтон постојано се закануваше дека ќе престане да се обидува да посредува во разговорите доколку нема јасен напредок.По расправијата со Зеленски во Овалната соба во февруари, Трамп стана сè понетрпелив кон Путин и ѝ се закани на Русија со повеќе санкции. Американскиот претседател моментално е на турнеја низ Блискиот Исток, а во четврток рече дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку е соодветно“.Потврденото отсуство на Путин ги намали очекувањата за разговорите. Зеленски сака веднаш 30-дневен прекин на огнот, додека Путин сака прво да започне разговори, а потоа да ги разработи деталите за прекинот на огнот.Државниот секретар на САД, Марко Рубио, на состанокот на НАТО во Турција изјави дека нема воено решение за конфликтот во Украина и дека Трамп е отворен за „буквално секој механизам“ што ќе доведе до мир.

Свет | пред 9 месеци

puls-35

По 80 илјади евра за семејствата кои имаат загинат во „Пулс“, работен ангажман за родителите, покривање трошоци - што има во законот за Кочани

Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани што се случи на 16 март во која кога животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени.„Овој закон предвидуваше сеопфатна, праведна и итна поддршка за жртвите, преживеаните и нивните семејства, со конкретни мерки и гарантирани права. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против – со што свесно ги ускратија семејствата од правична и заслужена поддршка“, велат од СДСМ и додаваат:Еве што точно одбија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:*80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата – еднократен паричен надомест за душевна болка и нематеријална штета*Финансиска поддршка за повредените според степен на инвалидитет– од 1.200.000 до 5.000.000 денари, во зависност од утврдениот степен*Покривање на трошоци за лекување – дома и во странство – хируршки интервенции, психолошка рехабилитација, лекови, помагала, сместување и транспорт*Образовна поддршка за ученици и студенти– онлајн настава, ослободување од приемни и матурски испити, стипендии до крај на студии*Платено отсуство за родители на повредени деца – најмалку 6 месеци платено отсуство и можност за продолжување по лекарска препорака*Скратено работно време за родители до една година – со покривање на придонеси за родителите кои работат во приватниот сектор*Психосоцијална и правна помош – за повредените и за семејствата на загинатите, најмалку една година*Домашна нега и поддршка од социјални работници– за лица со инвалидитет стекнат од несреќата*Државна поддршка за преквалификација и самовработување – за повредени кои не можат да се вратат на претходното работно место*Можност за адаптација на домот и набавка на возило– за лица со траен инвалидитет*Воспоставување на независна Комисија за проценка и следење– со стручњаци, претставници на институции и членови од семејствата на жртвите*Законот е применлив и за претходни трагедии со македонски граѓани– Ласкарци (2019), Тетово (2021), „Струма“ во Бугарија (2021)[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Предлог-на-закон-за-поддршка-на-настраданите-во-несреќата-во-дискотеката-во-Кочани-и-на-членовите-на-нивните-семејства-по-скратен.pdf" title="Предлог на закон за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, по скратен"]

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-04-07-at-13.20.14

Ќе се реконструира случајот за исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка

Апелациониот суд во Ниш наложи дополнување на истрагата во постапката за повторно одлучување во случајот со исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка Илиќ, оценувајќи дека е потребно дополнително да се разјаснат околностите и да се провери валидноста на собраните докази, вклучително и одбраната на сообвинетите.Според официјалното соопштение, новиот судски совет, со променет состав, ќе има обврска да спроведе реконструкција на настанот под идентични услови со цел попрецизно да се утврди фактичката состојба, но и повторно да ја испита мајката на Данка, Ивана Илиќ.„Реконструкцијата на настанот мора да се изврши според исказот на секој поединечен обвинет, особено според исказот на мајката Ивана Илиќ, која мора повторно да биде испитана како сведок - сите под исти метеоролошки услови, во исто време од денот, и со идентичен распоред на зградите и паркираното возило во дворот на куќата во населбата Бањско Поље, како и положбата на службените возила на улицата во близина“, се наведува во образложението.Реконструкцијата ќе се базира на досега собраните докази – вклучувајќи извештаи од местото на злосторството, скици од местото на настанот, фотографии и стручни мислења.Апелациониот суд истакнува дека описот на кривичното дело во однос на обвинетиот Радослав Драгиевиќ содржи внатрешни противречности и е правно неодржлив.„Се наведува дека Драгиевиќ е основано осомничен дека му помогнал на Срѓан Јанковиќ, соизвршителот на тешкото убиство, иако е опишано и како Дејан Драгиевиќ го убил детето, го донел телото дома и, со знаење на таткото, обвинетиот Радослав, повторно го преместил во напуштена куќа. Подоцна, самиот Радослав го преместил телото повторно на друга, непозната локација“, се наведува во одлуката.Со оглед на императивните одредби од Кривичниот законик, судот мора да утврди дали постои основа за обвинението против Радослав Драгиевиќ, со оглед на тоа дека според законот, лице кое му помага на крвен роднина по извршувањето на кривично дело или не го пријави тоа не е казниво.Според Блиц, ова значи дека судиите кои претходно биле вклучени во случајот (на пр. при одредување притвор, испитување на обвинителниот акт или негово проширување) не можат да учествуваат во новата одлука. Поради ова, Вишиот суд во Зајечар побарал назначување на нов совет, а Апелациониот суд во Ниш предложил случајот да се префрли на најблискиот повисок суд во регионот - Вишиот суд во Неготин.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

Шефот на НАТО: Топката е во дворот на Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека е „претпазливо оптимист“ во врска со можниот напредок во преговорите за Украина, под услов Русија да преземе „понатамошни чекори“.„Останувам претпазливо оптимист и мислам дека ако Русите се подготвени да ја играат играта, а не само Украинците (...) може да има напредок во текот на следните две недели“, рече Руте по пристигнувањето во Анталија, каде што се состануваат министрите за надворешни работи на НАТО.Но, за да се постигне вистински напредок во разговорите, Русија мора да ги преземе и своите одговорности, додаде Руте, потсетувајќи дека Украина е „подготвена да се вклучи во прекин на огнот и преговори“.„Топката сега е во дворот на Русија“, рече шефот на НАТО.Делегации од Русија и Украина се очекуваат во Истанбул во четврток на првите директни разговори меѓу двете страни од пролетта 2022 година. Рускиот претседател Владимир Путин не е на списокот на учесници на состанокот.„Сега е на Русите да преземат понатамошни чекори“, рече Руте.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања