Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

k-15

(Видео) Три децении сатира што нè одразува: неповторлива вечер со „К-15“, Цацко со Миле и Тошо одново одржаа лекција

Со голем јубилеен настан во спортскиот центар „Борис Трајковски“, легендарната хумористична група „К-15“ го одбележа триесетгодишното постоење. Илјадници обожаватели, гласно смеење и аплаузи. Со Цацко, Миле Паника и Тошо Малерот, повозрасните генерации се вратија низ времето, а поновите генерации се потсетуваа и на култните скечеви кои се достапни и на јутуб.Уште на самиот старт, цела публика се потсети на хитот „Градинарот цвеќето го расте“. Еден од првите скечеви беше посветен на играњето фудбал во канцеларија на Владата, каде Миле Паника е советник, но и на дриблањето на институциите кое го направи познат политичар кој сега веќе не е во Македонија. Низ скечот на фудбалот, Миле Паника би потсетил на уште еден политичар: „Ние намерно се враќаме да земеме залет, кога ќе скокнеме оп, директно во Брисел. А не како некои што прават со двоскок, Будимпешта, па Брисел“. Потоа, Миле Паника, како советник во Владата советува, дека за младите има два излези: првиот на аеродромот во Скопје, вториот во Охрид.На сцената потоа се појавија Климе од Охрид и Номче од Струга. Потсетија на легендарните реплики, но скроија и нови специјално за јубилејот. Потоа, Климе ја изведе „Многу љубам да веслам“.Во засебен скеч ги видовме Гоце Делчев, Никола Карев и Питу Гули, како во парна бања, инфлуенсерски го планираат Илинденското востание. Публиката занеме од смеа. Најголем инфлуенсер беше Јане Сандански. Следуваше и нов хит „Од економски причини“, кој го пееше цела публика.Тошо Малерот одржа вообичаен час по мода, како пред 30 години.„Нема ни концепт ни стил, не знаат да се облечат нити ништо. Јас бе кога ќе облечам бела панталона, бела чорапа, бела кондура, бела кошула, бело сако, бела кравата, кога ќе искочам во град, нема женска која не ми се свиѓа“, рече Тошо Малерот.Гостин на концертот беше врвниот хармоникаш Мишел Трајковски, на скечот со Блажо и Ристо. Тема беа македонските песни.Меѓу паузите, на екранот во салата беше емитувана сцената каде гостин во скечот е Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во „Пулс“ и истата беше поздравена со аплауз.Закажани се уште два настани, за денес и утре.

Магазин | пред 9 месеци

mickoski-filipce

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина, најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги објават во два циклуса, а првиот кон крајот на мај по состаноците на ИК и ЦК на ВМРО ДПМНЕ.„Тоа што можам да го соопштам и кое ми е чест, задоволство но и голема обврска и товар истовремено е дека нашите кандидати водат со 4 до 5 спрема 1 во однос на сите кандидати на опозицијата во буквално сите општини. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останати тројца на листите чии имиња се истражуваат. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а опозицијата прашање е дали ќе освои 2 до 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале може да не освои ниту една”, вели Мицкоски.Најави дека по редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата.„Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам ова уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единственото најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам сѐ тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот. Немаме време за губење и немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

20112024-Mickoski-1

Македонија мора да успее, порача Мицкоски пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски се обрати на 20-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени.„Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број и со каква енергија сме тука, јасно е дека идејата е сѐ уште жива, а мотивот поголем од било кога”, рече Мицкоски.Тој изрази длабоко уважување кон секоја жена која со мудрост, волја и ентузијазам придонесува за иднината на државава.„Македонија мора да успее. И тие победи мора да се случуваат секој ден, сантиметар по сантиметар, чекор по чекор, непрестајно да се бориме за нашата иднина”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

WhatsApp-Image-2025-05-18-at-14.49.34

Пратеникот Сулејмани го напушти Таравари, ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците на Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието.Тој наведува дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, а учеството во коалицијата ВРЕДИ било мотивирано од потребата за соочување со неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.Сепак, вели, во последниот период дошло до сериозно отстапување од првичните принципи, особено по приближувањето на Алијансата на Албанците до ДУИ во пресрет на локалните избори.„Ова политичко сојузништво е прекршување на нашите ветувања и недостојно претставување на Албанците. Не можам да бидам дел од Алијанса што прави компромиси со луѓе кои се спомнати на меѓународни црни листи поради сериозни афери“, нагласува Сулејмани.Според изборната листа на коалицијата ВРЕДИ од парламентарните избори, во Петтата изборна единица, по Салим Сулејмани, кој ја напушти пратеничката функција, следна е Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Ова значи дека ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника, но и дека Таравари сега ќе вреди четири пратеници кои според Деловникот не можат да формираат пратеничка група.

Македонија | пред 9 месеци

zaklina

Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја одржува 20-та Годишна конференција на Унијата под мотото „Жените громогласни за Македонија“.Таа истакна дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија.Унијата, рече, во текот на 2024 година реализирала над 2000 активности, од кои две третини биле од хуманитарен карактер.„Со гордост можам да кажам дека преку Унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот и покажуваме дека македонската жена има што да каже. Нашата истрајност не е само борба за правичност во партиските редови, туку е и стремеж кон поголема демократска застапеност, каде гласот на жените не само што се слуша, туку и активно влијае врз обликувањето на идните политички и општествени процеси. Не се залагаме за декларативна рамноправност, туку за суштинска, реална и заслужена. Жената не треба да биде почитувана по привилегија само затоа што е жена, туку преку својот труд, знаење, способности и квалификации”, рече Пешевска.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Зошто снема струја: утринава цела Македонија беше во мрак

Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Скопје, но и на Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево беа без електрична енергија.Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот.„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, соопшти АД МЕПСО.Електричната енергија се врати во функција за еден час, а во некои региони по часа за два часа по прекинот.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-18-at-11.55.35

Ставревски би бил грешка на Мицокоски ако стане гувернер, тој ќе остане запаменет по Груевски, и купување чоколади наместо леб, вели Хајредини

Името на ексминистерот за финансии, Зоран Ставревски, се споменва кога во прашање е идниот гувернер на Народна банка. Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, кој сега е дел од Советот за безбедност на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, смета дека ваквото назначување ќе биде грешка на премиерот Христијан Мицкоски.„Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку, толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески, кој е познат како десна рака на Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, потоа негов заменик.Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот "Скопје 2014" се потрошија една милјарда евра, пари на народот и " кога немавме леб купувавме чоколади".Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој.Во негово време се склучи и коруптивниот договор со кинеската компанија СИНОХИДРО, од која зедоа близу 30 милјони евра мито.П.с. Познат е и по случајот кога беше на власт, поради непозната адреса, поштата не можеше да му ја врачи поканата за да се јави на суд“, напиша Хајредини.

Коментари | пред 9 месеци

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ,вели ВМРО-ДПМНЕ

“Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни, од Струмица до Тетово, од каде што ги бираа”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда, да биде за едни мајка, за други маќеа.Судиите бирани во Струмица и Тетово, по партиските штабови на СДС и ДУИ продолжуваат верно да му слугуваат, спасувајќи ги од прогон оние кои ги бираа по партиска директива и во партиски штабови.Така и со пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица.Во петокот, тетовскиот суд донесе скандалозна и срамна пресуда каде што поранешните директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми ги осуди на по една и пол година затвор.Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и кои со правење или не правење придонеле за трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се само поранешни директори на болницата, а казната е минорна.Ваквите пресуди покажуваат дека луѓето блиски до СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законот правдата не ги стигнува, па така за кубење на косата на Шекеринска казна затвор од четири години, за изгорени 14 лица во моруларната, казна затвор во траење од година и пол.Оваа срамна пресуда е доказ дека СДС и ДУИ го контролираат правосудниот систем, а судиите одлучуваат по нивна волја, а не според закон и правни норми.Пресудата за Модуларната болница за поранешните директори е параван на СДС и ДУИ некој да се пушти низ вода и да се осуди на минимална казна, за да се спаси еден од најодговорните, Венко Филипче.Во моментот на несреќата, Филипче беше министер за здравство и одговорен за функционирањето на болниците низ државата, особено за модуларните во чие време е реализиран тендерот за нивно поставување.Правосудниот систем треба да се исчисти од луѓето во правосудниот систем, кои наместо да носат правда, штитат лица од СДС и ДУИ огрешени пред законот. Но, таму има чесни, професионални и луѓе со интегритет за кои законот е светост.Време е за одговорност и за правна држава.

Македонија | пред 9 месеци

kocani-6246245

(Видео) Неутешни, гласна тишина и пораки од родителите во Кочани: „Прошка нема, правда мора да има, време е!“

По два месеци од најголемата трагедија, и оваа сабота, родителите на загинатите во “Пулс”, потсетија дека чекаат правда и разврска на случајот. Порака упатија и до пратениците: голема (не)благодарност до нив.Преку транспаренти укажаа дека “Системот убива, додека институциите молчат”. Родителите, наместо своите деца, во преграгка ги држеа нивните фотографии.На овој марш се приклучи и иницијативата “Кој е следен?”.Томче, чие семејство го посети и екипата на „Претрес“, и денеска беше на „Маршот за ангелите“ во Кочани. Ја повтори пораката, чекаат на виделина да излезе сѐ што претходните 30 години било криено.

Македонија | пред 9 месеци

londonska-policija

Напад во Лондон, пет лица се избодени, полицијата го бара сторителот

Полицијата бара сторител, откако пет лица беа избодени на забава во југоисточен Лондон, објавија британските медиуми.Полицијата беше повикана на местото на нападот на улицата Натан Веј во Темзмид, југоисточен Лондон, во раните утрински часови.Пет лица беа избодени и се во болница каде што добиваат третман за повредите.Портпаролот на Метрополитенската полиција изјави: „Полицијата истражува инцидент во Темзмид утрово, каде што пет лица беа нападнати. Полицијата беше повикана на улицата Натан Веј во 4:19 часот наутро во сабота, 17 мај, по пријавите за повеќе лица повредени на настанот.“„Полицијата пристигна на местото на настанот со амбулантно возило и пет лица беа пронајдени со убодни рани. Тие беа однесени во болница каде што се проценуваат нивните повреди. Истрагата е во тек и полицијата ќе остане на местото на настанот во текот на целиот ден. Досега нема апсења“, рече портпаролот.Портпаролот на Лондонската служба за брза помош додаде: „Бевме повикани во 4:17 часот наутро во сабота, 16 мај, поради пријави за убод со нож во улицата Натан Веј. На местото на настанот, им пруживме прва помош на тројца пациенти пред да бидат однесени во болница.“Маж кој работи во двор за рециклирање недалеку од местото на инцидентот се огласи на социјалните мрежи и рече дека „неколку лица се избодени со нож“.Тој објави на Фејсбук: „Дворот ќе биде затворен денес. Преку ноќ, неколку лица беа избодени со нож, а потоа полицијата го затвори патот во двата правци.“

Свет | пред 9 месеци

lugje-karpos-esen-korona33

Скопјанка нападната од непознато лице во Карпош, оти не му дозволила да ја прегрне

Страотен случај во скопски Карпош.„На 15.05.2025 во 17.35 часот во СВР Скопје, 27 -годишна жена од Скопје пријавила дека на 14.05.2025 на подрачјето на Карпош, едно лице физички ја нападнало откако не му дозволила да ја прегрне“, вели МВР.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 9 месеци

grobista-2

Украдена биста на почината жена на гробиштата во Бутел

На 16.05.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје, Д.П.(67) од Скопје пријавил дека во периодот од 01.02.2025 до 14.05.2025 од гробно место од Градските гробишта Бутел со употреба на сила и погоден алат била одземена биста со лик на неговата почината мајка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 9 месеци

loson-mickoski

(Видео) Во овој договор не станува збор за прифаќање мигранти, туку соработка за справување со криминални групи, вели британскиот амбасадор

Британскиот амбасадор Метју Лосон објасни дали Македонија се обврзала да прифаќа мигранти со стратешкиот договор склучен со Обединетото кралство. Тој рече: „Сосема е друга приказна тоа што се зборува дека ќе се прифаќаат мигранти, не се работи за тоа“.„Сакам да бидам јасен во тој дел, она на што се договоривме дека ова е широко партнерство во делот на безбедноста, трговијата, одбраната, образованието, инвестиции. Знам дека има многу шпекулации, да во право сте што ме прашувате, но не се работи за тоа во овој договор. Се работи за соработка меѓу полициите, за справување со криминалните банди и групи“, рече Лосон.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-09-at-16.19.18

Богојески е милионер: новиот директор има биткоини, земјиште, влог во американски фонд, девизни сметки

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески во својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пријавил голема вредност на сметки, имот и криптовалути.Според информациите, тој поседува 11 биткоини за кои проценил дека вредат 59.734.070 денари односно околу еден милион евра, како и 129 етериуми купени во соседна Србија за 125.000 евра.Покрај крипто, Богојески поседува и сметка во соседна Бугарија, но засега нема информации за состојбата на истата.Тој поседува и стан со гаража во општина Карпош, кој го купил во 2012 година, а е со проценета вредност од 278.000 евра. Исто така, во Ракотинци оваа година купил и земјоделско земјиште вредно околу 26.000 евра.Тој лани, си купил и нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра.Како деловен удел, Богојески поседува 61% од компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра, а има и влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент.Богојески пријавил влог од 50.000 евра во американски валутен фонд и животно осигурување од 15.000 евра, како и осигурителни полиси за сопругата и децата. Неговите деца поседуваат и акции во банка во основање во САД, но не се наведуваат точни суми.Имотната листа вклучува девизни сметки во евра и долари, персонални сефови (еден во евра, друг во денари), сметка во бугарска банка и девизна готовина од 120.000 евра. Исто така, пријавил и златен накит вреден над 40.000 евра и икони со благородни метали проценети на околу 20.000 евра.Неговата месечна плата како директор изнесува 87.000 денари.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-17-at-10.24.06

(Видео) Модерно карго, патничка железница од Табановце до Гевгелија, болници - Мицкоски најави инвестиции по договорот со Обединетото кралство

Премиерот Христијан Мицкоски најави модернизација на вооружените сили, подлабока интеграција во НАТО стандардите, поголема безбедност на границите, спротиставување на шверцот, засилена соработката во образованието. Тој рече дека ова ќе дојде со новиот стратешки договор со Обединетотот кралство.„Овој чин е неповратен чекор напред во изградбата на иднината. Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности - слобода, демократија, владеење на правото, длабока посветеност кон проспиритетна европа, ова е многу повеќе од билатерален ангажман. Ја отвораме соработката во одбраната, во образованието, здравството, културата, економскиот развој и инвестициите. Со овој документ се праќа порака дека граѓаните се најважни. Овој договор е наш труд со месеци“, рече Мицкоски.Тој најави дека  партнерството со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус од 6 милијарди евра, кои ќе се употребат за инвестиции во инфрасткрутурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството, завршување на проектот на болницата во Штип заедно со студентскиот дом, изградба на болницата во Кичево, реконструкција на болницата во Тетово.Прашан како ќе дојдат средствата од 6 милијарди евра, тој рече дека работат на деталите.„Не е се уште завршено, иако сме блиску до конечно решение. Репер ни се два параметри - грејс период и долг период на отоплата“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

zena

(Видео) Шамарите од институциите врз жените жртви на насилство

Сето ова се случува пред наши очи. Сите сакаме функциониали институции, а имаме „ај не сега, ај ќе биде, ај дојди утре“ институции. Но некогаш - тоа утре може да не дојде. Затоа го направивме овој претрес и со Костовска, која е социјална работничка.„Од насилникот им е веќе начин на живот кој веќе го имаат прифатено, но кога ќе се одлучат да потегнат нешто, а институциите нема да реагираат, тоа е моментот кога се случува фаталниот пресврт тие да се повлечат, па доаѓаме до ситуацијата како со Рамајана (убиената жена од Шутка)“, вели Ивана Костовска, социјална работничка.Жена жртва на насилство, и по седум пати се враќа кај насилникот.„Наше не е да ја осудиме оти ќе се врати, оти ова е круг на насилство од каде тешко се излегува. Може кога ќе и речам 'пак ќе се вратиш' ќе биде кобниот пат кога нејзиниот живот ќе заврши. Не смееме да ги осудуваме. Тоа е процес кој тие мора да го поминат, индивидуално е“, додаде таа.Институциите не ги сфаќаат сериозно жените кога еднаш ќе ја повлечат пријавата.„Им коментираат после тоа 'Еј пак ќе ја повлечеш пријавата', тие не се расположени пак да го заведуваат случајот, пак да земаат податоци. И така често во МВР ќе го заведат како поплака, ќе се одолговлечи и ќе дојдеме до фаталниот исход - фемицид“, посочи Костовска.

Македонија | пред 9 месеци

zaklina-obvinitelka-vanja

(Видео) Се враќаат по лопатата оти ја заборавиле, тоа е јасен доказ дека планирале убиство на Вања, рече обвинителката

Обвинителките кои ги гонат Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, остануваат на тврдењето дека убиството на Вања Ѓорчевска е направено поради користољубие. Со старо-нова снимка во судницата, докажуваат дека сите заедно, се вратиле да земат и лопата, што за нив е јасен знак дека целта била Вања Ѓорчевска да биде убиена.„Во случајов се работи за користољубие, од почеток до извршување на делата, обвинените заедно се договарале за да ги преземат дејствијата, за да остварат користољубие. Со убиството на Вања се докажува дека сите ги презеле дејствијата“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.Прашана, кои се доказите дека станува збор за користољубие, бидејќи не побарале средства, туку веднаш го убиле девојчето, обвинителката одговори: „Причината поради која не е побаран било каков износ на парични средства или друго, било во контекст на целта која сакале да ја остварат“, ја па дополни нејзината колешка Ана Стојковиќ Димитровска која рече: „Дозволете за тој мотив дополнително да се изјасниме во завршните зборови. Денеска не беа изведувани докази на таа околност. Ќе ни дозволите до крајот на постапката да се изјасниме“.Обвинителките беа прашани, дали снимката на која се гледа дека обвинети се враќат по лопатата, што за Обвинителството е јасен знак за намерата да биде извршено убиство, е јасен знак дека таткото немал поврзаност со помагање при грабнување.„Снимката беше иснесена како одговор на тврдењата на обвинетите, дека тие немале мотив да убиваат туку тргнале да грабнуваат луѓе. Тоа што тие се враќаат да ја стават лопатата, да ја земат со себе, бидејќи им била заборавна, укажува дека тие биле подготвени за убиство. Од таа причина беше изнесен и тој како доказ. Ова беше побивање на нивниот мотив согласно дадената одбрана, а нема врска со вината на Александар Ѓорчевски никако ниту е обвинет за убиство, туку за помагање при грабнување на детето“, рече обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-16-at-18.57.32

(Фото) Млад скопјанец е фатен со лажните казни на ПОЦ, со што беа измамени граѓани: се гони за компјутерски криминал

Скопјанец на возраст од 21 година е фатен со фалсификувани паркинг налози со логото на ЈП Паркизни центар, а откако МВР му направило претрес во неговиот дом. Ова доаѓа откако граѓни се жалеа дека се мета на лажни казни, кои биле оставани на нивните возила, а кога ќе го скенирале кодот за да платат, се отворала страница иста како таа на јавното претпријатие. Кај скопајнецот се најдени картици и мемориски стикови.„Полициски службеници од Секторот за комјутерски криминал извршија претрес во дом и други простории кај Л.К. (21) од Скопје, по претходно спроведена истрага поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување” казниво по член 271 од КЗ, кривично дело „компјутерски фалсификат” казниво по член 279-а од КЗ, кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ казниво по член 149 од КЗ и кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по чл.251 од КЗ. При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР“, велат од МВР.

Скопје | пред 9 месеци

gjorcevvv

(Видео) Сторителите имале цел за егзекуција, враќањето на лопатата ја исклучува улогата на таткото, вели адвокатот на Ѓорчевски

За адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, снимката каде Велибор Манев и Боре Видевски се враќаат по лопатата откако ја заборавиле, денот кога имало неуспешен обид за грабнување на Вања – докажува дека таткото нема никаква инволвираност, а мотивот дефинитивно не е користољубие.Со снимката се докажува дека критичниот ден на 24. ноември и враќањето на Велибор Манев и Боре Видевски за да ја земат лопатата, а тоа е денот на неуспешниот обид на грабнување, практично исклучува било каква улога на таткото во овој случај и јасна цел имале сторителите за егзекуција односно ликвидација на личноста која подоцна е грабната од зградата. Со тоа оваа секвенца е испуштена минатиот пат кога е презентиран доказот“, рече Туфегџиќ.Тој смета дека се добиваат јасни контури на намерите на сторителите.„Се исклучува било каква инволвираност во однос на изнуда и она што е наведено во обвинението, користољубие. И целосно се исклучува улогата на таткото во овој настан“, додаде адвокатот.За изјавата на обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, која рече дека во завршни зборови ќе укажат на тоа која и каква е инволвираноста на таткото, Туфегџиќ рече: „Тоа е нивно гледање на работите. До сега не е изведен ниту еден доказ кој покажува било какво учество на таткото во ова злосторство“.

Македонија | пред 9 месеци

vanja-palco

(Видео) Го бараат ли обвинителките пиштолот со кои се извршени убиствата на Вања и Панче, како и човекот кој наводно го земал?

Јавната обвинителка Ана Стојковиќ Димитровска, прашана дали го бараат пиштолот со кој е извршено убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, рече дека тие имаат доволно докази кои ја докажуваат вината на сите обвинети. Потоа, беше прашана за да даде јасен одговор, дали го бараат ликот, кој обвинетиот Велибор Манев го посочи во својот исказ, а кој според него го „уништил пакетот“, мислејќи на пиштолот.„Ние во целата истражна постапка, а и додека трае судењето имаме преземено дополнителни дејствија, за да се утврдат сите факти и околности. За тоа што е дојдено со доказ кој може да има валидна вредност во судска постапка е предложен во судска постапка. Едно е да тврдиме, но ние сме обвинители и апсолутно ако немаме релевантен доказ, несериозно би било и за нас и за државата, да се произнесуваме со тврдења, паушални или било какви на главна расправа“, одговори обвинителката без да каже конкретно дали трагаат по лицето или не.Адвокатот Игор Ефремов во поткастот „Претрес со Ландов“, кажа дека Велибор Манев не бил викнат да даде дополнителен исказ во однос на тврдењата кои ги кажа во судница, а кои се однесуваа на пиштолот. Инаку, тој рече дека Палевски дал насоки да се уништи „пакетот“, односно ранчето со моторолите и пиштолот.

Македонија | пред 9 месеци

alek-radulovic

Вештакот се обиде да ја префрли вината врз моето дете, вели мајката на загинатиот Алек по судското рочиште

По неколку одлагања, се одржа рочиште за сообраќајната несреќа во која загина младиот Алек Радулов од скопски Илинден. Судијката Тамара Витларова го одби барањето да се изземат супервештаците поради претходна соработка со адвокатот на обвинетата. Иако семејството кажа дека се сомнева во нивните анализи и кредибилитет, сепак, Витларова не дозволи друг да во вештачи предметот. Мирјана, мајка на загинатиот Алек, вели дека рочиштето не се одржало до крај бидејќи во салата требало да се одржи друго судско рочиште – па ова било прекинато.„Од тројцата повикани, денес беше делумно сослушан само Јане Илијоски, бидејќи поради закажано друго судско рочиште не остана време за распит на останатите. Неговото сведочење се одвиваше во затегната атмосфера. На самиот почеток, Илијоски се обиде да го префрли целиот товар на вината врз моето дете, наведувајќи дека се движел со брзина поголема од дозволените 50 км/ч – тврдење што се коси со објективните докази и околности на несреќата“, вели Мирјана Радуловиќ, мајка на загинатиот Алек.Таа посочува дека вештакот се заплеткал во своите тврдења. Мајаката одново ги повтори аргументите зошто се сомнева во ова вештачење.„По неколку неуспешни обиди да се држи до претходната верзија, не можеше да го одбегне фактот и да потврди дека доколку не се презело дејство со свртување на лево до сообрачајната несреќа немало ни да дојде. Исто така фатен во тесно од прашањата на Обвинителството дали имала Сања Ивановска можност на 27 метри растојание кое тој го става во вештачењето да го види мопедот кој доаѓал од спротивната страна на рамен пат, во добри временски услови - кажа дека можела да го види. Неговите изјави држејќи се на поголема брзина според него 70.2 км/ч и давајќи му маса на мопедот од 290 кг ‘стручњаков’ донесува заклучок дека мопедот успеал да го помести рено клиото возило со тежина од 1700 кг уште неколку метри замислете и дека таа само околу метар имала навлезено во лентата по која се движи Алек, што очигледно заборавил дека скицата ја имаме сите и на неа јасно се гледа дека возилото целосно е навлезено во спротивната лента. Господинот Илијоски изгледа сакал да претстави многу поголема брзина да можел од фактичката состојба и при тоа повторно служејќи се со максимални бројки што ги нашол на интернет,имено само за појаснување тежината на ‘Априлиа’ мопед изнесува 108 кг , а не 290 кг како што тој тврди“, вели Мирјана Радуловиќ.Мајката на Алек, и директно се обрати до вештакот.„Господине Јане еве директно ќе Ви се обратам иако Вие не заслужувате ниту да Ве персирам. За срам, срам немате, за чест и да не зборуваме, за ситни пари си ја продадовте душата на ѓаволот! Ама деца имате ли???Останало ли нешто човечно во Вас??? Немојте да мислите дека мирно ќе спиете и дека нечујно ќе Ви дозволам да се тргнете од судската говорница и скришно исчезнете! За Вашата „стручност“ како вештак ќе се потрудам малку подобро да Ве презентирам во јавноста. За ова поигрување со едно семејство и правото што сте си го земале да газите по телото на мојот покоен син, само да знаете овие мајчини солзи и клетви некого ќе стигнат. Г-дине Славевски и г-дине Доневски вие сте на ред,на секој од вас секој збор ќе ви биде внимателно проследен на 10 јули!“, стои во изјавата на Радуловиќ.Семејството на загинатиот Алек, четири години чека правда за нивното дете. Семејството во детали го раскажа случајот во „Претрес“:?t=960

Македонија | пред 9 месеци

koj-e-sleden

(Видео) Два месеци од трагедијата во Кочани; „Кој е следен“: Ни порачаа да не ги вознемируваме семејствата, а тие не се грижеа за нивниот спокој

Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството. Со ова, потсетуваат на сите кои животот го загубиле во големи трагедии, меѓу кои е последната во Кочани.„Да ве потсетиме дека поминаа два месеци од најголемата трагедија во нашата историја, најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Зад бројките стојат човечки животи, а зад секој живот празно столче на трпезата и болка на која и нема крај. Во овие два месеци, хуманоста исчезна. Партиите се впуштија во препукувања, пратеници си земаа одмор, а медиумите на системот на правија сѐ за да ги демонизираат оние кои бараат правда. Семејствата на загинатите и повредените беа оставени сами, во прегратките на тишината. Системот секојдневно не повикуваше да не зборуваме, да не бараме правда. Ни порача: не ги вознемирувајте семејствата. Но тие никогаш не се грижеа за спокојот на семејствата. Тие беа загрижени за нивниот спокој, за нивниот партиско политички спокој и сакаа да ја прифатиме амнезијата како нова национална доблест“, рече претставничка на „Кој е следен?“.Тие рекоа дека нема да се помират со ова секојдневие, туку ќе има отпор против системот.„Хуманоста е нашето последно прибежиште, кое системот се обиде да го присвои и проба да нѐ убеди дека се менува. Системот не е хуман, хуманоста не е нивна, херојството не е нивно. Денес во ниво име зборува „Кој е следен?“, но важна е пораката која ја испраќаме, а не од кого доаѓа. Да не дозволиме болката да стане навика“, додадоа од иницијативата.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-16-at-13.09.12

По година и пол затвор добија ексдиректорите на тетовската болница, по пожарот во модуларниот објект каде загинаа 14 пациенти

Поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорим Бесими и Артан Етеми, кои сега се сега обвинети во процесот по пожарот во модуларната болница, се осудени дека го сториле делото „тешки дела против општата сигурност“. Судот им досуди затвор од по 1 година и 6 месеци. Тетовската болница треба да плати еден милион денари.Предметот се судеше одново, а судот за разлика од минатиот пат, досуди построги казни. За потсетување, претходно, двајцата ексдиректори добија условни казни.Ексдиректорот на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор Артан Етеми, не се гонат поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку бидејќи не ставиле пропишани уреди за гаснење на пожар. Докторот Бобан Вучевски, кој беше ослободен од вина, го судеа бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането. Ова е суштината на обвинетието за пожарот кое беше поднесено од тетовското Обвинителство. Во него стои дека пожарот се гаснел со ќебе и вода. За животот на пациентите се бореле двајца доктори, три медицински сестри и болничарка. Сите барале противпожарни апарати, но не успеале да ги најдат.Застапник на обвинението е тетовскиот обвинител Бесир Алиу.Во страотниот пожар што изби вечерта на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-16-at-10.48.41

Сите алиби моменти на Палевски ги сузбиваше Обвинителството: презентирани пораки праќани кон обвинетиот деновите кога се случиле убиствата

Обвинителството со докази ги сузбиваше тврдењата на Љупчо Палевски-Палчо, дека деновите кога се убиени младата Вања Ѓорчевска (17.11) и велешанецот Панче Жежовски (22.11), тој не бил на локациите на ликвидациите. Истовремено, се произнесе зошто чаурата најдена на местото каде е убиен велешеанецот, не е вештачена. Освен ова, Обвинителството го оспоруваше и тврдењето на каратистот Боре Видевски, дека деновите кога жртвите биле ликвидирани, тој бил на работа. Па така до судот достави податоци од Јавното комунално претпријатие „Дервен“-Велес кои одговориле дека тој не се евидентирал преку електронскиот систем критичните денови„Приговарам и се противам на изведувањето на овој доказ и на таа околност ќе предложам соодветен доказ“, рече адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев.Љупчо Палевски и неговиот адвокат Јовица Страшевски, во текот на претходните рочишта бараа вештачење на чаурата, за да се спореди со базата на МВР, а од што ќе може да се види дали во Жежовски било пукано од оружјето на Видевски, кое не е најдено. Последно, Видевски рече дека го извадил од домот, но не се сеќава каде го оставил. Но, МВР одговорило дека не може да се направи споредба на чаурата, бидејќи немало пробно испитување на оружјето.„Доказ 2: Известување по донесена наредба од ОЈО Скопје, од МВР Оддел за граѓански работи, Сектор/Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Велес, во однос на околноста дали е извршено пробно испитување од оружјето кое обвинетиот Боре Видевски го поседува во евиденцијата од МВР. Нема податоци за пробно испитување за оружјето кое тој го поседува во евиденцијата и тоа пиштол Зброевка 75Б калибар 9мм“, кажа обвинителката.На ова реагираше обвинетиот Љупло Палевски.„Во однос на овој доказ, му посачувам на судот дека барав вештачење на пронајдената чаура, која е доказ на одбраната а не на ОЈО. Барав да се вештачи е не да дава информации дали или не отисок од додената игла на конкретното оружје. Наместо наредба за вештачење, гледам наредба за доставување известување, кое го прави Форензика а не Сектор за оружје. Така да нема никаква употребна вредност, така што поседувам докази со кои ќе докажам на судот дека ОЈО неполни 18 часа по пронаоѓање на телото на отштениот Жежовски е запознаено со ова оружје, но тие документи на МВР не постојат ниту во истражните списи, не само во судските. И затоа сметам дека ова не може да биде изговор за да не биде вештачена предметната чаура со однапред познато оружје. Мене не ми смета нека биде изведен како доказ, но инсистирам на вештачење“, рече Палевски. .Потоа, беше презентирано и вештачењето направено од Секторот за форензика на МВР. Била направена анализа на пиштолот на Видевски, но не можело да се направи совпаѓање со чаурата оти немало пробно испукување.„За пронајдената чаура е направена споредба со базата која ја поседуваат. Видно од известувањето, доставена е информација дека предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9мм пара произведена од 2002 година, истата поседува траги.. механичките траги се внесени во автоматска компарација и не постигнати совпаѓања и поклопување на трагите, со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на државата. Била направена и компаративна анализа и за пиштолот на Боре Видевски, доставени од полицијата во Велес, од 6 мај 2025 година, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршени пробно испукување не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури од пробно испитување од конретното оружје не може да се врши компаративно испитување од предметната чаура“, кажа обвинителката.Палевски тврдеше и дека на 22 ноември, денот кога е убиен Жежовски, бил кај лицето Ерол Османи за му го поправа котелот. Обвинителството изведе фотодокументација со комуникација на обвинетиот и Османи. Комуникацијата е од 22 до 28 ноември.„Од пораките произлегува дека комуникацијата била најпрво на 22 ноември во 16:13 минути кога сведокот Османи испратил фотографија и порака: ‘ова го врзав директно. Не знам зошто, можеби има склопка, како се врзува поинаку? Сакам да ми работи на тивок режим’, а на ова не добил одговор. На 25 ноември во 19:17 минути, сведокот пратил порака до: ‘Ми требаш за греењето’, одговор нема. Од 22 до 25 не е извршено поправање на греењето“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска, со што докажува дека тврдењето на Палевски дека поправал котел кога Жежовски е убиен е неточно, а пак првата поплака на сведокот Османи била на 22 неомври, попладнето, кога Жежовски, според обвинението е веќе убиен.Потоа, следуваа пораките од сведокот кон Палевски на 27 ноември, кога е убиена Вања Ѓорчевска. Комуникацијата започнала во попладневните часови, кога Вања е веќе убиена.„На 27 ноември во 12:44 часот сведокот Ерол му праќа порака: ‘Идеш навака?’. И овде нема одговор, па истиот ден во 15:55 сведокот Ерол праќа порака: ‘Да купам нова електроника?’. Тоа значи дека обвинетиот Палевски ниту отишол кај сведокот Османи на 27 ноември ниту извршил поправка. Порака е пратена дури во 23:30 минути од обвинетиот Палевски кон Османи, од која е видливо дека до тој момент Палевски не отишол кај Османи“, додаде обвинителката.На ова пак реагираше обвинетиот Палевски.„На сликата пратена на 22 ноември е вентиатор, а не котел и тој се жали дека тој работи, ама нон-стоп. Нема потреба да го поправам кога веќе сум го поправил котелот и тој грее. Затоа и не одговарам на пораките. И самиот праша, прочитавте – дали да купи нова електроника. На 28 ноември тој тврди дека сум го поправам котелот кај него, а не на 27 ноември. Јавниот обвинител не покажа датум 28 ноември, не слушнавме ништо за тој ден. Денот 27 ноември е веќе расчистен и не знам што докажавте со котелот на Ерол на 27 ноември. Објаснете му на судот зошто во телефонската анализа сте го прескокнале денот 28 ноември“, рече Палевски.Палевски спореше и колку лица имало во автомобилите „рено кангу“ и „цитроен“ кога поминуваат покрај велешки хотел, упатувајќи се од/кон местото каде е ликвидиран Жежовски. Тој изведе службена белешка на која полицаец напишал дека се гледаат три лица. Според него, ова е потврда дека во грабнувањето на Панче учествувале три, а не четири лица.„Еден цитат од службената белешка, што е утврдено со неа, а влијае на фактите во врска со грабнувањето на Жежовски: ‘При прегледот на видеозаписите од 22. Ноември во 10.25 забележува патнички автомобил ‘рено кангу’ како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. Се забележува и ‘цитроен’ како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице“.Со дополнување на доказната постапка, овој предмет се ближи кон пресуда. Следуваат завршни зборови на обвинетите.

Македонија | пред 9 месеци

puls-8

Повредените од „Пулс“ се во стабилна состојба, четворица се враќаат од странските болници

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.„Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денес од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба.Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација“, вели Минситерството за здравство.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања