Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

thumbnail-2

Генералка викенд во Охрид

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа изминатиот викенд во Охрид.Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“.  Во теренските активности  беше опфатен потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин каде чистеа вработените од Шпаркасе Банка. На потегот од Грашница до подрачното училиште „Св. Климент Охридски“, чистеа вработените од „Костал Македонија“. Училишниот спортски клуб „Волеј“ чистеше на просторот околу Горна Порта, на потегот од каналот на Билјанини Извори до плажа Горица чистеа учениците од ОСУ „Св.Климент Охридки“, РЦСО„Ванчо Питошески“ И СОСУ „Св.Кирил и  Методиј“ како и Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“. Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото. Вработените на Централна Кооперативна Банка засадија 10 садници од брези во дворното место на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.https://ohrid.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b5%d0%bd%d0%b4-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-5/?fbclid=IwY2xjawKX7PdleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFwZkVyeHdlQjNodjdsWXk1AR6hkYyS1Xvz3GpNrBo8_Qk6GEoef5xdhv7ty_b6t-IU5xOzDilvupnL-Txw_w_aem_2UxbVdwZZMC6btcl4jYgPQ

ОО | пред 9 месеци

neparkiraj

Известување од Охрид

Започна партерното уредување на тротоарот на ул. „Димитар Влахов“ од лева страна. Активностите ќе бидат по цела должина на јавниот простор во насока кон  ОСУ „Св. Климент Охридски“.Тротоарот ќе биде поплочен со камен, шкрилец.Се замолуваат охриѓани да бидат внимателни при движење и да не паркираат возила во тој дел од улицата.

ОО | пред 9 месеци

IMG-fb89288f42f5f29fac3183e24d503dcf-V-e1747312225292

Еколошки куќички за птици на Охридското кале

Денеска надлежните од  Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид заедно со  вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп поставија 30 дрвени куќички за птици на потегот од  пешачката патека од Горна порта до  Лабино и Канео. Куќичките се  целосно изработени  од природен и траен материјал. Овие живеалишта се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се справат со климатските промени и ќе се зголемува нивниот број.Станува збор за општествено одговорен проект на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп којшто е подржан од Општина Охрид.

ОО | пред 9 месеци

Avstraliski_ambasador05142025003

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австраија, Питер Трасвел

Средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски, денес, оствари градоначалникот Пецаков.На средбата се разговараше за традиционално добрите односи кои се негуваат помеѓу двете држави, а се стави акцент на продлабочување на соработката помеѓу збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка. Амбасадорот изрази подготвеност да биде дел од комуникацијата помеѓу Охрид и двата австралиски градови како би се интензивирала соработката.Средбата беше искористена и за разговор во насока на стимулирање на невладините организации од регионот за поактивно учество на повиците за грантови кои ги објавува Амбасадата.

ОО | пред 9 месеци

Pozarnikari-volonteri05172015001-1

Презентиран планот за противпожарна заштита на Охрид и Дебрца пред стручна австриска делегација

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.На средбата присуствуваа претставници на Противпожарната единица од Охрид при што беше извршена Презентација на Планот за противпожарна заштита на Општина Охрид и Дебрца.Во рамки на презентацијата беше опфатено подрачјето на делување на противнпожарната единица, противпожарната опрема и капацитетите на возниот парк, како и кадровските потенцијали за делување на терен. Во дискусијата беше потенцирано дека во Општина Охрид има неколку критични точки за делување, а тоа е Стариот град, Централното градско подрачје и крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот кон Свети Наум.Беше потенцирано дека Противпожарната служба со 39 вработени, во текот на 2023, 2024 и 2025 година имала вкупно 1280 интевенции од различен карактер и дека има потреба од дополителни кадровски потенцијали особено во периодот на летните месеци.Во тој контекст беше потецирана и потребата од активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари во Охридскиот регион. Стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид.Беше разговарано и за донацијата на едно противпожарно возило која е веќе обезбедена за ова противпожарно друштво, како и за можни идни проекти за дополнителна опрема и обуки за волонтерската единица преку Канцеларијата на државните власти од Тирол, Австрија во соработка со Општина Охрид.Градоначалникот изрази големо задоволство од посетата на австриската делегација, со надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

ОО | пред 9 месеци

ohrid-info

Од утре времен режим на сообраќај во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно.

ОО | пред 9 месеци

Rakometari05202015006

Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионердската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2.Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од РК „Вардар“.Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната игра и убедливиот триумф и посочи дека и во иднина локалната самоуправа ќе го поддржува овој ракометен клуб.ГРК Охрид е предводен од Наум Бабачев, формиран е во 2011 година, а од 2013 година е подржуван од охридската локална власт.Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид

Охрид | пред 9 месеци

filipce-sdsm-co-2

Не се свесни за револтот и гневот кај луѓето, граѓаните ќе го кажат резултатот на локалните избори, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека граѓаните ќе кажат каков ќе биде резултатот на локалните избори, а откако, премиерот Христијан Мицкоски им прогнозираше дека нема да освојат ни еден градоначалник. Филипче смета дека има револт кај граѓаните.„Чаурата на власта каде се наоѓа, е сѐ потесна. Не се свесни за револтот и гневот кој луѓето го чувствуваат. Заради платите, трошоците, притисокот кој го прават на фирмите, немањето на поврат на ДДВ, револтот кој се излива на улиците по трагедијата во Кочани каде загинаа 62 деца. Никој не ги примил и сослушал родителите кои имаат што да кажат и побараат“, рече Филипче.Тој додаде дека не бил поддржан ниту законот на СДСМ за Кочани, во кој немало политика, туку само помош.„Каков ќе биде резултат на локалните избори, може да кажат граѓаните. Дали сакаат да живеат во ваква, на периферија во Европа, задолжена до гуша, со камати или проспритетна и европска“, додаде Филипче.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-19-at-12.13.01

(Фото) Во Штип, демолирани рамките со фотографиите од загинатите во Кочани

Искршени рамките со фотографиите од момчињата кои загинаа во трагедијата во Кочани, а кои беа поставени на плоштадот „Слбоода“ во Штип. Порталот „Мнет“ објави и фотографии од кои се гледа дека една од фотографиите е извадена од рамката, а од другата е изваден додатокот на рамката на кој истата се потпира.Овие фотографии се поставени на плошадот повеќе од два месеци. Граѓаните оддаваа почит, а првите денови, на ова место се палеа и свеќи во знак на жалост.

Македонија | пред 9 месеци

filipce-51

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата, вели Филипче за заемот од Обединетото кралство

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека Владата не смее да се задолжи кај Обвинетото кралство, без да и соопшти детали на јавноста. Тој посочи дека задолжувањето од 6 милијарди евра се сума на пари поголема од нашиот буџет.„Сметам дека јавноста за жал, ниту политичките субјекти, за ваков договор за заем, немаат доволно детали. Сметам дека Владата треба да излезе со детали, бидејќи ваква рамка, за волкав заем, немаме потпишано со ниту една институција, ниту една Влада. Станува збор за огромни суми на пари, камати кои не знаеме колкави се, а ќе ги враќаат неколку генерации“, рече Филипче.За договорот за стратешко парнтерство со Обединетото кралство, праша, дали Владата се согласила во иднина да се разговара за во Македонија да се сместуваат мигранти. Притоа, посочи дека договорот за стратешко партнерство има поддршка од СДСМ.„На 'ABC news' имаше информација дека откако Албанија одбила, лидерите на Косово, Северна Македонија кажале дека не се согласуваат за кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање, дали се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување имигранти во нашата земја?“, рече Филипче.

пред 9 месеци

90

Сега има алтернатива на затворот - пуштени во употреба алките, со кои осуденици и дома може да ја издржуваат казната

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на промоција на надградениот систем за електронски надзор во тренинг центарот на КПД Идризово.Овој процес кој е резултат на сериозна работа и посветеност на Министерството за правда, Управата за извршување на санкциите и поддршката од нашите партнери, претставува чекор напред во реализацијата на европските стандарди за извршување на казните и унапредување на човековите права.„Електронските алки не се само технолошки уреди – тие се алатка за реформа.Тие се симбол на една нова, современа пробациска политика. Преку нивното користење, овозможуваме:Алтернатива на затворот,Намалување на пренатрупаноста во казнено-поправните установи,Подобра ресоцијализација иПоголема безбедност за граѓаните.Ова не е само техничка надградба – тоа е јасна определба дека правдата може да се спроведува со достоинство и почитување на човековите права”,истакна министерот Филков.Дополнително, со новиот Закон за пробација, чиј предлог е веќе подготвен во Министерството за правда, многу скоро ќе биде објавен на ЕНЕР, воспоставуваме правна рамка која овозможува поширока примена на куќен притвор, условен отпуст и ресторативна правда, сето тоа под буден, но хуман надзор.„Со тоа,ги охрабруваме надлежните да пристапат кон пробацијата многу похрабро за во иднина заеднички да ја отстраниме црната дамка која што беше фрлена досега на изречените мерки- куќен притвор. Довербата и сигурноста во системот мораме да ги вратиме.Ќе продолжиме да работиме на реформи кои носат вистинска промена, и ќе изградиме правосудство кое е достапно, правично и во служба на граѓаните,”порача министерот за правда, Игор Филков.

Македонија | пред 9 месеци

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните- модернизација на железницата од Коридорот 10 и група на проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на законите, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски даде изјава и во врска со историскиот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.„Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори, како што е Обединетото Кралство, толку подолгорочна ќе биде стабилноста и перспективата на Македонија како држава, но и на граѓаните. Јас на овој договор гледам како на чекор напред во таа насока. Убеден сум дека ваквиот вид пријателство и партнерство може да донесе само добри работи за граѓаните.“, изјави премиерот Мицкоски.„Во економска смисла- тоа е втората причина- веќе споменавме дека имаме рамка со која ни се ставаат на располагање околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Станува збор за два типа на проекти кои се договорени за работа.Првиот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата што е дел од Коридорот 10, на потегот од Табановце до Гевгелија.Втората група проекти се поврзани со здравството: конечно завршување на Клиничкиот центар Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом со 200 легла, завршување на здравствената установа во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.“„Продолжуваме и понатаму да ја искористуваме рамката што ни стои на располагање. Тука, секако, спаѓаат проекти од енергетиката, проекти особено од транспортот, како и проекти од областа на медицината и здравството.“, истакна Мицкоски.„Можно е, во догледно време, доколку сè функционира на начинот на којшто очекуваме, да биде изграден и големиот клинички центар во Скопје . Така што, придобивките ќе се мултиплицираат, и јас сум убеден дека како држава сме на прагот на еден трансформационен период.Станува збор за трансформациони проекти кои што имаат за цел да додадат вредност- не само во квалитетот на живот на граѓаните тука, туку и генерално во македонската економија.“, дециден е премиерот Мицкоски.Во престојните денови ќе биде остварена и посета на Лондон каде високи делегации од двете влади ќе потпишат договор.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Ќе биде ли Османи гонет за продажба на македонскиот идентитет?

Откако го обвинуваше Бујар Османи за велепредавство и продавање на македонскиот идентитет, премиерот Христијан Мицкоски одговорина новинарско прашање, дали ќе покрене случај против ексминистерот за надворешни работи. Тој кажа дека тоа им го препуша на обвинителите.„Ако некој презема, треба да преземе Обвинителството. Тука јас не би имал што да додадам. Тоа е независен орган. Нив треба да ги прашате дали се прекршени закони, Уставот..“, рече Мицкоски.Во низа наврати, Мицкоски го обвинуваше Османи дека прегоаварајќи со земјите од соседството и ЕУ, тој го продавал македонскиот идентитет, прифаќајќи неповолни условувања за Македонија, кои треба да се „платат“ за за се чекори по европскиот пат.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за изборот на нов гувернер: Нема несогласувања со Сиљановска, разговаравме за кандидати, деновиве треба да се видиме

Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека името на предлогот за нов гувернер ќе се знае идните денови. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема одлучено кого ќе предложи иако во игра се имињата на Трајко Славески и Зоран Ставревски. Мицкоски тврди дека нема несогласувања со претседателката.„Јас добив информација од претсеателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот. Претседателката имаше консултации викендов. Деновиве ќе треба да се видиме и да поразговараме“, рече Мицкоски.Прашан дали тој и претседателката имаат несогласувања, одговори: „Нема несогласувања.. Не сме разговарале за кандидат, туку кандидати“.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-3

Големи структурни промени во ВМРО-ДПМНЕ од крајот на годинава, а оваа недела многу работи ќе бидат појасни за структурата на Владата

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, вели дека по редовниот конгрес кој е закажан за кон крајот на годинава, ќе има големи промени во рамки на партијата.„По редовниот конгрес, нормално е да има големи промени во рамките на структурите на партијата, но и на општинските комитети. Тоа многупати сум го најавил“, рече Мицкоски.Прашан кога ќе предложи нов министер за здравство, Мицкоски рече: „Оваа недела ќе има многу работи појасни. А едно е јасно - на пет месеци до локалните избори имаме два блока - а тоа блокот од минатото кој е блок на криминалот и спортуваше во кабинетите; и втор блок е блокот на граѓаните“.„А кај Владата, мислам дека периодот кој што е пред нас, треба да емотив за сите нас, да дадеме дополнителна енергија, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. Треба многу работи да се решаваат“, посочи тој.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-19-at-11.39.47

Можеби нема да освојат ниту еден градоначалник, иако се конкурентни во четири општини, вели Мицкоски за СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски, прогнозира СДСМ да не освои ниту еден градоначалник, а вели дека засега се конкурентни во четири општини. Тој посочува дека опозициската партија води политика преку која критикува сѐ што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и вели: „Не може да не чини сѐ што ние правиме. Не може сѐ по било која основа да се критикува, вклучувајќи го договорот со Обединетото кралство“.„Јас очекувам врз основа на бројките, убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Јасен бев вчера, можеби таму каде е конкурентен СДСМ се максимум четири општини, иако да бидам искрен, ако вака неодговорно се однесуваат, можеби и да нема да освојат општина на следните локални избори“, рече Мицкоски.На крајот од месецов, односно на 28 мај е закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Ќе направиме листа со десетици имиња кои ќе ги претставам на Извршниот комитет, а ако добијат зелено светло одат на Централен комитет за да се одобри кандидатурата на идните градоначалници“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп му посака брзо закрепнување на Бајден кој има агресивна форма на рак на простата

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите коски.Бајден, кој има 82 години, со неговото семејство моментално разговараат за опциите за лекување со своите лекари.Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење за веста дека поранешниот претседател Џозеф Бајден боледува од рак на простата, посакувајќи му брзо закрепнување.„Меланија и јас сме тажни што слушнавме за медицинската дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли и најдобри желби на семејството, а на Џо му посакуваме брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Непрофитна организација: Терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Koj плаќа за сината ознака на платформата X (порано Твитер) denes? Според нов извештај од непрофитната организација „Проект за транспарентност на технологијата“ (TTP), одговорот е: многу терористи.Истрагата на TTP откри дека повеќе од 200 корисници на X, вклучувајќи лица поврзани со Ал-Каеда, Хезболах, Хамас, бунтовниците Хути и разни милиции од Сирија и Ирак, сите од кои се означени како странски терористички организации (FTO) од страна на американската влада, плаќаат претплатнички такси за премиум услуги на платформата предводена од Елон Маск.Едноставно кажано, Маск работи со луѓе поврзани со терористички групи, што уште еднаш открива сериозни недостатоци во политиката за модерирање на содржината на X.Претплатите им обезбедуваат на терористичките корисници сина ознака за верификација, што им дава на нивните сметки изглед на легитимитет, но и пристап до моќни алатки: можност за монетизација на содржината, објавување подолги објави и видеа и зголемување на досегот на објавите.„Покрај тоа што сакаат престиж на сината ознака, нивните претплати се користат за ширење долги пропагандни пораки и видеа“, изјави Кејти Пол, директорка на TTP, за „Њујорк тајмс“. „Користењето на премиум услуги значително го олеснува дистрибуирањето и монетизацијата на пропагандата, како и промоцијата на кампањи за собирање средства.“Според правилата на X, корисниците не смеат да купуваат премиум услуги ако се поврзани со организации кои се предмет на економски санкции од САД, вклучувајќи ги и оние што ги надгледува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД.Ни X ниту Министерството за финансии не одговорија на барањата од NYT.Иако X тврди дека спроведува ревизии на сметки за да ја потврди подобноста, бидејќи Маск ја направи ознаката достапна за секој што плаќа, тој систем повеќе не функционира.Минатата година, слична истрага од страна на TTP откри повеќе од дваесетина корисници поврзани со тероризам кои имале сини ознаки. Некои беа суспендирани или нивните ознаки беа отстранети по објавувањето на извештајот, но неколкумина оттогаш повторно добија пристап до премиум опции, истакнува The New York Times.

Свет | пред 9 месеци

mkd-eu-makedonija-eu-nato

И на нас ни е од почеток јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени, но тие да бидат последен билатерален услов, вели Муртезани

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, за пораките испратени од Европската Унија, вели дека им е јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени и вметнувањето на Бугарите.Тој вели: „Наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. Нема проблем ако сите земји членки имаат дополнителни барања, но да бидат за европски стандарди, а не да содржат билатерални прашања.„Нашето инсистирање не е на еден предлог, туку да нема билатеризирање на преговорите. За да се случат разговорите, мора да градиме меѓусебна доверба со Бугарија и да веруваме во ЕУ“, рече Муртезани.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_4069

Предлогот на Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ денес во Собрание, ќе се гласа во вторник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска до Собранието ќе го достави предлогот за нов гувернер на Народната банка, а пратениците ќе гласаат во вторник.Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува на 21 мај.Таа беше првата жена на оваа позиција, избрана со двотретинско мнозинство во 2018 година, со поддршка од сите пратенички групи.Во јавноста веќе се споменуваат неколку потенцијални имиња за нов гувернер. Меѓу нив се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, потоа актуелната гувернерка Бежоска и поранешната вице-гувернерка Маја Кадиевска Војновиќ.

Македонија | пред 9 месеци

murtezani-tirana-2

И други пратеници ќе го напуштат Таравари, најавува Муртезани

Министерот за Европски прашања, Орхан Муртезани, смета дека трендот, пратеници да го напуштаат крилото на Арбен Таравари, ќе продолжи.„Според нашите неофицијални информации, ќе продолжи. Револтот таму е голем. Трендот ќе продолжи“, рече Муртезани.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_1920

Ќе му се суди на мажот кој се закануваше на судија од Гостивар, му е обраќал со висок тон

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.„На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања.Обвинетиот влегол во дворот на семејната куќа на судијата, го прашал дали го познава и директно почнал да му се заканува, споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон си заминал.Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот“, велат од обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Трамп денес ќе разговара со Путин за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Украина, додека европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот од Втората светска војна.Путин испрати илјадници војници во Украина во февруари 2022 година, предизвикувајќи ја најсериозната конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.Трамп, кој вели дека сака да биде запаметен како миротворец, постојано повикува на прекин на „крвопролевањето“ во Украина, кое неговата администрација го прикажува како посредничка војна меѓу САД и Русија.Под притисок на Трамп, претставниците од завојуваните земји се состанаа во Истанбул минатата недела за прв пат од март 2022 година, откако Путин предложи директни разговори, а Европејците и Украина повикаа на итен прекин на огнот.„Темите на повикот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“, кое убива просечно повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно, и трговија“, напиша Трамп на својата веб-страница Truth Social.„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе се постигне прекин на огнот и дека оваа многу насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши.“Трамп, кој рече дека напредокот во прекинот на огнот е малку веројатен додека не се сретнат тој и Путин, рече дека ќе разговара со Путин во понеделник во 16 часот. Кремљ соопшти дека подготовките за повикот се во тек.Трамп, чија администрација јасно стави до знаење дека Русија може да се соочи со дополнителни санкции ако не ги сфати сериозно мировните преговори, рече дека ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и разни членки на НАТО.Путин, чии сили контролираат една петтина од Украина и напредуваат, цврсто стои на своите услови за завршување на војната, и покрај јавниот и приватниот притисок од Трамп и повторените предупредувања од европските сили.Во неделата, Русија го започна својот најголем напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на војната. Украинското разузнавање соопшти дека верува и дека Москва има намера да лансира интерконтинентална балистичка ракета во недела, иако немаше потврда од Русија.

Свет | пред 9 месеци

498161146_18143627293385573_8125913579072797884_n

Никушор Дан, проевропеец и антикорупционер е нов претседател на Романија

Никушор Дан, градоначалник на Букурешт, поранешен олимпиец по математика и активист против корупцијата и дивоградбите, е избран за нов претседател на Романија. Како независен кандидат со проевропски и антикорупциски пораки, тој го победи националистот Ѓеорѓе Симион во вториот круг од изборите, освојувајќи околу 55% ​​од гласовите.Како градоначалник, неговиот модел на управување се засноваше на транспарентност, објавување на сите јавни набавки и инсистирање на законитост, што му донесе углед на чесен политичар.„Ова е победа на илјадници и илјадници луѓе кои веруваат дека Романија може да се развива во вистинската насока“, им рече Дан на своите поддржувачи.Симион го призна поразот.„Би сакал да му честитам на мојот противник, Никушор Дан. Тој победи на изборите, тоа беше волјата на романскиот народ”, напиша на ФБ Симион.

Свет | пред 9 месеци

ustaven-sud

Уставен со судија помалку, изборот на Елизабета Дуковска, известител за Законот за јазици бил незаконски

Се комплицира работата на Уставниот суд по пресудата на Управен дека изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година е незаконски.Судскиот совет тогаш го ускратил правото на еднаква можност на останатите кандидати да се претстават и за нив да се гласа, откако констатирал дека Дуковска го добила потребното мнозинство и ја прекинал постапката.Собранието потоа со 64 гласа „ЗА“ ја избра Дуковска за уставна судијка. Тогаш претседателка на Судски совет била Весна Дамова, а претседател на Собранието Талат Џафери.Африм Гаши, претседател на Собранието го извести Судскиот совет за новонастанатата состојба. Сега треба да почне нова постапка за избор на уставен судија. Гаши по оваа одлука очекува предлог за нов член на Уставниот суд.Дуковска инаку беше судијка известител во предметот за Законот за употреба на јазиците.Нејзиното заминување од Уставниот суд отвора можност за одложување на одлуката за Законот за употребата на јазиците. Уставниот суд веќе донесе заклучок дека за овој предмет мора да одлучува во полн состав на судии.Што ќе се случи и со другите предмети на кои Дуковска работела, пример измените во Кривичниот законик, со кои всушност се спасија корумпирани функционери. За потсетување Дуковска тогаш беќе со став дека за оценување на уставноста и законитоста на овие измени, Уставниот суд не е надлежен да одлучува.Инаку, тужител за изборот на Дуковска беше судијката Антоанета Димовска, која тогаш беше една од трите кандидатки за уставен судија, a сега е актуелен член на Судскиот совет.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања