Промени тема
Контакт

СДСМ одговори дали Филипче има инвестиции во Дубаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-414213

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати. Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, велат од СДСМ.

— реклама —

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ праша „Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?“.

— реклама —
— реклама —

“Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза? Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции. Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryerfalp35h83kaFMXpBs

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме!

Македонија | пред 2 часа

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Македонија | пред 8 часа

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

Филипче: Мицкоски и Владата имаат суров и нечовечен однос кон лозарите

Македонија | пред 2 дена

media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

Филипче: Не сме исти, ние сакаме повисок стандард, плати и пензии – Мицкоски сака нов авион

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања